Демоните на Да Винчи (Da Vinci's Demons)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Trendafilka, 30 април 2013.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Демоните на Да Винчи е нова серија, која досега има извадено 3 епизоди, односно во тек е првата сезона. :)

    [​IMG]
    Го прикажува Леондардо да Винчи во младоста, неговата страст за наука и уметност, неговите изуми, политичките интриги кои се кројат помеѓу Фиренца, Милано Рим и Ватикан, папата како и моќната фамилија Медичи.

    Глумците се прилично анонимуси, но убаво се снаоѓаат во улогите.
    Прочитав доста негативни коментари, како анимациите и илустрациите биле многу вештачки, цртежите на Да Винчи бесмислени, како капите кои ги носат статистите биле Наполеоновски, :D несоодветни за временскиот период во кој живеел и творел Да Винчи, но ова е пред сè серија за забава и потполно го задржува вниманието.

    Ви ја препорачувам, бидејќи одржува интерес, има брзо дејствие, интригантна е, забавна.
    Малку различна од другите серии кои се нудат во моментов.
    Во меѓувреме можеме да си коментираме и за сите несовршености на кои можеле да внимаваат малку подобро. :D

    Јас сметам дека Да Винчи бил малку поинтровертен, позатворен тип, а тука е прикажан како авантурист и многу енергична личност.
    Медичи исто така сметам дека бил садист и бајаги чукнат, но има време да се покаже и таа негова страна. :D

    Очекувам коментари, имате домашна задача. ;)
     
    На Sanniii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Пак некоја серија каде што ќе се извртува историја? Се прикажува некаде на сателитскиве канали или пак торенти треба да се бараат? :yawn:
     
  3. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав прва сезона!
    Многу е различна од други серии, Леонардо со своите фикс идеји од една страна, а од друга страна прав пријател и нежен љубовник.Жал ми е за Џулијано мислам дека можеа да го искористат и во втора сезона, баш ми се допаѓаше неговата улога, а со Ванеса беа преслатки.
    Лукреција-Каква убавина од жена!На почетокот кога видов дека таа е шпионот се разочарав но подоцна кога дознав дека имала причина за тоа и простив.Уште Леонардо да и прости :lol: На крај се извади со тоа што ја спаси жена му на Лоренцо.
    Мене омилени ликови ми се Нико и Зоро.Секогаш подготвени за акција и на помош на Леонардо.
    Финалето мислам дека можеа и подобро да го направат.Последната епизода беше неизвесна но крајот ништо посебно.Ајде ќе чекаме сега една цела година и дури во 2014 ќе ја даваат 2 сезона |(
     
  4. Paradox

    Paradox Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Зарем никој веќе не ја следи серијава?

    Само што почна втора сезона, излегоа првите две епизоди, и морам да кажам дека сум презадоволна од епизодиве.

    Негативни коментари има многу, ама не им обрнувам многу внимание, сепак серијава е фикција, тотална фикција инспирирана од едно време на творење и уметност, мистерии и езотерични учења, религија и војни.

    Зашто да не се искористи тоа и да се создаде еден спин оф на историјата, ако ништо друго мене оваа серија не ме натера да верувам дека Медичи и Леонардо биле пријатели, дека Леонардо бил шармантен as hell, и појма неам уште што, туку ме натера да пребарувам повеќе, да дознаам за историјата на Фиренца, за фамилијата Медичи и претензиите на Ватикан.
    И како личност што е доста запознаена со животот и творбата на Леонардо, воопшто не ми сметаше да видам една нова по модерна верзија на Лео, исто како што не ми смета новата модерна верзија на Шерлок.

    Од ликовите нај интересни ми се Лоренцо, Зо, Џулијано, Риарио.
    Со ликот на Лео неможам да се приврзам незнам дали поради глумецот или како го имаат претставено. Не ми смета, ама некако посакувам да го претставеле малце по интровертен.

    Во секој случај одлична серија, 7/10 од мене.
    И продолжувам да ја следам :)
     
    На alekce83 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  5. BV87

    BV87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    81
    Обновена е серијава, ке се снима и трета сезона :clap: . Јас сум задоволна од серијата а посебно ми се допаѓа глумецот Tom Riley ( е сега од кај да знам дали го доловува леонардо или не, да не сум го видела па да знам да сопредувам дали требало да биде повеќе интровертен или геј или што занм што :D :D :D ) а за сите оние што мрчат дека не е историски точна бла бла епа оваа е ТВ шоу а не документарец, а плус е корисна за оние што не се баш по историја (како мене) да ги поттикне да истражуваат и да се заинтересираат повеќе Медичи, Леонардо, Фиренца, ренесансата... па да споредуваат што е точно а што не и да научат нешто ново
    п.с а прочитав дека Нико в о серијата е уствари Макијавели
     
    На Paradox му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Една од сериите што ги следам. Не ми пречи тоа што настаните не се историски точни, затоа што во тој случај би гледала документарец. Добро е засега, интересно и немам замерки за глумциве. Се успори и оваа серија малку, а највеќе од се' ме нервира што има големи паузи. Како за инает, сите серии каснат годинава.
     
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    4.681
    Пол:
    Женски
    Баш се израдував кога видов дека има серија за Да Винчи. Почнав да ја гледам бидејќи Да Винчи многу го сакам, ама не ми се свиѓаше актерот и целосно како ликот Да Винчи е претставен во серијата, па престанав да ја гледам. Премногу ми е весел и женкар и среќен и не можев да ја гледам.