1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Демони

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од KejtiKaulitz, 27 ноември 2010.

  1. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    Па верувате ли во опседнатост од демони, јас лично да ради тоа случката со Emily Rose што уствари во реалниот живот се викала Anneliese Mitchel, тоа кога го гледам на YT значи умирам од страв.
    Досега тоа ми е единствен доказ за постоење на демони, но не такви како во Волшебнички и други фантастични серии..
     
    На StarSky му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    464
    Демони ?!

    еве јас да ти пишам прва.... :) јас искрено, верувам во сите тие работи.. мислам дека треба да се земе во предвид, дека човештвото сеуште не дошло до врвот на можноста на нашите умови, нити до врвот на науката, и откритијата... сметам дека и за тие појави, еден ден ќе откријат логично научно објаснување, можеби паралелни светови, можеби нешто друго, што сеуште ние не знаеме што е, па го нарекуваме паранормално, или пак, демони, ангели, господова работа, и тн....
    Конкретно, за оваа тема, и јас исто како тебе, пред да го глеам филмот со Емили Роуз, мн сакав хорор филмови, но тој филм едноставно ме ужасна... поради тоа што беше базиран на вистинска приказна, и после филмот исражував малце на интернет, сватив дека има мн такви случаеви низ светот... има и мн слики и видео записи.... за кои што секако секогаш постои можност да се монтажа. но што ако му дадеме предност и на тоа дека можеби се вистина..? има луѓе и што ги познавам и имале такви чудни искуства, затоа јас секогаш велам: можно е. не знаеме ние доволно. се е можно...
    некогаш дури и си викам, сакам да ми се случи некое такво паранормално искуство, само за да се убедам себеси.. но и воедно ми е страв :)
    и како што реков, верувам дека е можно тоа... но како што рече ти, не верувам дека е така како во филмовите тие со волшебнички, тоа е стварно нереално, само фантазија...
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    Демони ?!

    Леле и јас :$
    Ама некогаш навечер си праам верзии секакви .. и затоа ми е страв.. треба да го гледаш The Last Exorcist ако не си го гледала досега,и тој е така морничав, си го крши вратот девојчево, се штипе..
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Демони ?!

    И јас после филмот Егзорцизмот на Емили престанав да гледам хорори. Тоа се случи пред околу 2 години и од тогаш наваму секогаш спијам со отворена врата за да ми влегува светлина од ходникот. Јас верувам дека постојат ни самата незнам зошто, ама ептен станувам параноична барем и 5 секунди да сум во темна соба навечер. Немам некое логично објаснување зошто верувам дека постојат, а мислам дека и оние што не веруваат немаат логично објаснување... Или претпоставуваат само врз основа на наука. Но сметам дека ова е повеќе од наука, нешто за што човекот сеуште не нашол одговор.
     
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    464
    Демони ?!

    леле, знам го спуштил братучед ми ама никако да седнам да го глеам, страв ми е, зш после само на тоа мислам, и Оффспринг се согласувам со тебе, ова е нешто за кое што човекот сеуште не нашол одговор, но како и да е, страшно е тоа што не го знаеме... но, во секој случај, мислам дека постои нешто. дека не измислуваат само лажни работи тие што викаат дека им се случило нешто вакво,... мислам дека можно е..
     
  6. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Демони ?!

    Ја најдов вистинската приказна Од филмот Емили Роуз,па би сакала да ја споделам со вас :)
    Вистинската Anneliese Michel била млада и убава девојка родена на 21 септември 1952 год во едно мало село во Баварија.Имала нормално детство и како што растела нејзиното семејство станувало по религиозно.На 17 годишна возраст животот на Anneliese се претворил во кошмар.Таа почнала да има невообичаени напади во текот на ноќта.Симптомите биле како парализа,енормна тежина на нејзините гради,нејзиното тело станувало ригидно и не била способна да зборува.Лекарите од клиниката за психијатрија во Вирцбург дијагностицирале дека боледува од епилепсија.По појавата на својот трет напад,скоро една година поминала во психијатриската болница во Митлберг.За време на нејзиниот престој во болницата почнала да гледа демонски ликови особено во нејзините секојдневни молитви нејзиниот глас им велел дека таа е проклета.Лекарите почнале да ја лекуваат со некој вид на антиконвулзивни фрустрации,но тоа не и помогнало и таа продолжила да ги гледа лицата и да се чуствува депресивно.Откако била пуштена од болницата,Anneliese продолжила со средното училиште есента 1970год,дипломирала и потоа се преселила во градот за да студира на универзитетот во Вирцбург.Нејзините родители биле убедени дека лекот нема да и помогне и верувале дека тоа е духовно нанесување.Од црквата побарале да се изврши егзорцизам,но тие одбиле да го сторат тоа бидејќи сметале дека таа треба да се посвети на еден порелигиозен живот.
    Заболувањата на Anneliese продолжиле да се влошуваат,почнала со самостојно осакатување ги касала членовите на семејството,јадела муви,јаглен и пајаци,дури почнала да лае како куче.Исто така ги уништувала религиозните симболи,крстови и слики од Исус.По пет години во нејзиното ужасно искушение нејзините родители од повеќе свештеници побарале да се изврши егзорцизам.Црквата имала одредени барања кои морало да бидат исполнети пред одобрување на егзорцизам,вклучувајќи ги и натприродните моќи,кои зборуваат на други јазици и несакана реакција на било кој верски објекти.Откако конечно било потврдено дека Anneliese била опседната со демон,во септември 1975год Владиката наредил да се изврши егзорцизам.Се вели дека неколку демони го опседнале телото на Anneliese,меѓу нив биле Хитлер,Каин,Нерон,Јуда,Легија и Луцифер.Ексорцизмот продожил до крајот на јуни 1976.За 10 месеци на обреди се изведувале еднаш или два пати неделно,понекогаш продолжувале и по четири часа во исто време.Во многу од тие сесии Anneliese имала силни напади,зборувала со демонски глас во неколку различни јазици,вклучувајќи и некои кои се изумрени.Здравјето се повеќе и се влошувало,одбивала да јаде.За ова време таа напишала писмо до свештеникот,во кое се наведува дека таа повеќе не сака да продолжи со егзорцизмот.Таа изјавила дека Дева Марија доаѓала до неа и и нудела две опции: да биде ослободена од демоните или поседувањето да продолжи и да се откриела опасноста и моќта на демоните низ целиот свет,исто така и кажала дека пред нејзината смрт таа ке биде ослободена од демоните и ќе умре во благодатта.Anneliese одлучила да остане поседувана.На полноќ на 1 јули 1976 Anneliese кажала дека ќе си легне конечно во мир и никогаш не се разбуди.
    Извештајот од обдукцијата потврди дека таа починала од неухранетост и дехидрација.Ниту еден од тестовите извршени во текот на обдукцијата,вклучувајќи ги и микроскопското истражување на мозокот,релилтирал на некои причини за нападите.истрагата заклучи дека Anneliese била буквалноо изгладнета до смрт,нејзините родители и свештеникот биле обвинети за убиство. :tmi:

    Доста интересна приказна...сигурно има уште многу вакви случаи :(
     
    На Draginja и MissCupcake им се допаѓа ова.
  7. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    464
    Демони ?!

    да и јас сум гледала видеа на јутјуб во врска со вистинската приказна на Емили Роуз, но сепак не сум ги знаела овие детали што ги кажа ти, но баш ми е интересно да читам вакви работи,фала за постот,и ако имате уште нешто вакво напишите тука, да прочитам..инаку, во мојот град е актуелно, и сега актуелно но и одсекогаш било, вршење на овој обред егзорцизам, но кај муслиманите во мојот град.. тие мн често имаат ваков проблем, и има и луѓе кои што се специјализирани за вршење на вакви егзорцизми,имам другарка албанка, и нејзиниот чичко ги правел овие работи, таа ни раскажуваше и се ужаснав од работите што ги раскажа, муслиманите таквите духови што го запоседнуваат шовековото тело ги нарекуваат џинови, и раскажуваше дека мн често доаѓале кај чичко и такви луѓе , и дека обично духот од нив зборува, а не тие самите, и раскажуваше дека пцуеле луѓето по чичко и,и знаеле мн работи за него , на пр од минатото негово, тој имал две жени предходно, и сите тие работи, ги зборувал духот,го пцуел му викал и ти си нечесен, ....
    вака д асе слуша е мн страшно, си викам, тие работи можеби ги има и во наша непосредна близина.... страшно...
     
    На Draginja и Alanna им се допаѓа ова.
  8. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Демони ?!

    Го имам гледано филмот со Емили..Морбиден, морничав филм кој ќе направи со денови да мислиш на тоа.... :tmi: ... Симптоми како нејзините сигурно се последица на некое силно душевно пореметување...Во демони и сл. глупости не верувам...Иако постојат паранормални појави кои науката сеуште не ги објаснила...Но..... Тој што работи по 9 - 10 саати на ден и ќе дојде дома мртов уморен и ќе затекне куп неизмиени садови и растурена постелнина...Што попрво? Дали да исчистиш, раскренеш, зготвиш јадење....? Не знаеш главата кај ти е...Вечерта само во креветот ќе ти бидат мислите, да легнеш и да отспиеш некој саат, пошто сабајлето повторно те чекаат куп работни обврски(дури и викенди да не си слободен..).... Епа драги мои тогаш ќе ве прашам дали имате време да да мислите за демони, монструми, духови, вештерки.. и сл...
     
  9. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Демони ?!

    Многу морничава тема. Јас не верувам многу во тие работи, ама мајка ми кога сум била јас бебе, зад вратата на собата кај што сме спиеле видела човек со шешир.Само што го изгасила светлото, тој и прозборел и рекол , сега што ќе правиш??? Таа со пола глас рекла Ништо, и ја оставила ламбата да гори цела ноќ. И многу ноќи додека не и поминал стравот. Јас да сум била, мислам дека од куќата ќе сум се одселела :sweat:
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Демони ?!

    The Exorcism of Emily Rose, The Exorcism of Anneliese Michel, The Las Exorcism и PARANORMAL ACTIVITY
    значи додека ги гледав филмовите се преплашив целата косата ми се ежеше но сепак ги гледав до крај...Многу морбиден и морничав филм :sweat: .. Верувам во демони иако можеби тука ги нема или не се случило некоја таква случка но јас сепак верувам :worried:
     
  11. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    Демони ?!

    закон ... бас ми е интересно да цитам вакви работи или да гледам таков тип на хорори иако не верувам во такви ствари.
     
  12. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    50
    Демони ?!

    За магии и виши сили знам дека постојат. Значи кога го кажам зборот знам, 100% сум сигурен во тоа нешто, најчесто ми е видено со свои очи. Демони...повеќе би го објаснил како состојба на умот. Доколку ти самиот си зацрташ некои нешта во својот ум, тие за тебе ќе бидат вистина. Пример ако упорно си мислиш дека те боли раката, по некое време ќе чувствуваш болка. Дали ти се има нешто случено на раката? Не, се нема случено ништо. Но твојот ум се лаже самиот себе дека ти чувствуваш болка. Ова е научно докажано. Како што видов сте спомнале духови, проколнати куќи и слично. Тоа според мене е енергија која не е упатена на вистинското место. Физиката си го прави своето. Се што треба да се направи е да се преброди стравот. Бидете спокојни! ;)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Демони ?!

    Не знам дали да верувам или не. Се изгледа некако невозможно, а од друга страна сепак реално. И јас сакам да гледам хорори. Го имам изгледано Paranormal Activity и што знам .. не се исплашив нешто претерано. Вчера гледав на интерен нешто за овој Егзорцизмот на Емили Роуз (ваљда точно го напишав :?: ) и сега кога ве читам тука и се мислам дали да гледам или не. Посебно постот на Оффи некако ме предомислува :D . А и кога ќе ми текне дека е основан на вистинска случка ..
    На овие теми сите имаат свои различни мислења и доживувања, ама не знаеме кои се вистинки. Се надевам некогаш ќе се дојде до одговорот да овие дискутабилни, комплицирани, (не)возможни и страшни теми.
     
  14. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    50
    Демони ?!

    Епа ајде да тргнеме од некоја логика. Зошто луѓето одат во црква? Одат за да се помолат на Господ, како некоја виша сила, да им помогне. Значи, како луѓето веруваат во добрите сили, така веруваат и во лошите, односно демоните.
     
  15. bejbi.91

    bejbi.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    27
    Како што постои добро на овој свет така постои и лошо, мора да има рамнотежа која не смее да биде нарушена, секаде и во сите религии се спомнува вечната борба помеѓу доброто и злото, тоа ви е исто како и јинг и јанг, колку што има бело мора да има и црно, и секогаш и ќе постои тоа натегање да преовладее едно од двете, за жал место за битката на тоа добро и лошо е земјава, а секако дека постојат и ангели и демони, верувајте не се излезени од нигде и туку така, ако не постоеле не би се ни проткајувале низ историјата, запрашајте се сами колку често ви се случило од нигде никаде во некоја ситуација да добиете помош во било која форма или од нигде да се појави некој кој ќе ве наведе со мислите и постапките кон буквално самоуништување, човечкиот мозок и душа сеуште го немаат достигнато степенот на препознавање на паралелниот свет кој бара начин за премин во нашиов "реален" свет, како и да е, дефинитивно постои таа виша сила и не воопшто за потценување
     
    На x-MajaEsposito-x, anabel-a и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  16. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    не верувам ама ич мислам дека оваа појава е плод на човечката фантазија :P :P
     
    На shururup му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Прво го гледав филмот на Emily и после тоа го најдов на YT i google пред 2 години и од тогаш немам гледано хорор , зашто на филмот и на YT се посрав од страв ..... а и тие што се осмелив да ги гледам се НИШТО во споредба со него , така што по него нема хорор филм ( по вистинска случка е )

    п.с ако некој има сила да го гледа нека го гледа и тоа на YT нека изгаси светло , нека земе пуканки , нека седне на нокшир и земе тоалетна хартија :D
     
    На Offspring и cristaline им се допаѓа ова.
  18. cristaline

    cristaline Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    16
    Демоните ги опседнуват душите на луѓето кои се со ниска вибрација.Така да ,ако една особа се однесува деструктивно кон себе и другите т.е. ако е секогаш гневна ,постои омраза,љубомора,гордост,суета,сака да наштетува и ред др. работи ,тогаш има подлога за опседнување од демони.Но ,исто така демоните ги напаѓаат и многу светлите и чисти души се со цел да ги искушуваат во нивната верба и посветеност на единствениот извор на светлината или им се доделува таква мисија која е за добробит на целото човештво како во случајот на Анабел,но само ако душата се согласи со тоа.Затоа што ако не беше тој случај немаше да бидеме свесни за постоењето на демоните кои сега земаат замав и опседнуваат се живо и диво што нема духовен имунитет.А,духовен имунутет се постигнува само преку благодарствена молитва и секојдневно поврзување со Бог.
     
  19. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    Не верувам во ништо додека не видам....А и повише се плашам од луѓе отколку од демони. Ко човек што може да те за*бе никој неможе ]:) А филмот баш и не е страшен...
    Иначе малце оф топик... Ви текнува на филмот Blair Witch Projekt...
    Во кратки црти, наводно во 1994 тројца студенти сакаат да снимат документарец за вештерка што пиела крв од деца... Сеедно, наводно сите умреле и во 1999 најдена е снимката...
    Не убедуваа дека е вистина, дека не е ништо режирано... И на премиерата ги гледаш мртвиве студенти јадат пуканки во прв ред.... и после ај верувај во филмови што наводно се правени по вистински причи.... :!:
     
    На Draginja и shururup им се допаѓа ова.
  20. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    760
    Не верувам во демони од едноставна причина СТРАВ...со самата помисла дека постојат ми се ежи кожата и дефенитивно ке спијам со запалено светло :)
    Но еве јас што најдов на нет освен за Анелиз Мишел. Има повеќе луѓе кои што биле опседната од демони :x

    Мајкл Тејлор (1974)
    Живеејќи во малото британско градче Осет, на Мајкл Тејлор му се посреќило да биде опседнат од демон. Според известувањата на свештеникот кој го изведувал ритуалот на егзорцизам, тој бил опседнат од дури повеќе од четириесет демони.

    Сопругата на Тејлор се сомневала дека тој можеби бил во љубовна врска со врскиот водач. Без оглед на тоа дали нејзините сомнежи биле точни или не, тој имал серии на насилни избувнувања со свештеникот, што довело до истражување на неговиот случај. Според него, тој го чувствувал присуството на злото во него. Поведувајќи се по неговите зборови, свештеници од целата земја се собрале за задно да ги истераат демоните. Во октомври 1974 година од телото на Тејлор биле истерани четириесет демони. И покрај тоа, сепак и понатаму нешто не било како што треба.Свештениците биле исцрпени од дводневниот ритуал и му дозволиле на Тејлор да се врати дома за тие да можат да се одморат. Сепак, тие го предупредиле дека тој се уште е опседнат од неколку демони, од коишто едниот бил демонот на убиството. Тејлор на тоа најверојатно реагирал со „како, како?!“ одмавнувајќи со рака, и потоа мирно си заминал кон својот дом.
    Штом стасал дома, тој ја убил својата сопруга и семејното куче. Полицијата го нашла човекот како стои гол на улица сиот покриен со крв. На крајот бил прогласен за виновен и за луд.

    Роби Менхејм

    На Роби набргу тоа му станало омиленото хоби, и по смртта на неговата тетка тој се обидел да воспостави врска со нејзиниот дух со помош на таблата, што резултирало со серија натприродни настани, каде и да се појавел. Предметите започнувале да се придвижуваат или да лебдат во воздух, се слушале мистериозни гласови, вратите чкрипеле, а на неговата кожа почнале да се појавуваат врежани зборови. Лекарите не можеле да ја откријат причината на тоа. Како што медиумите почнале да ја шират веста, зборот „опседнатост“ почнал да се спомнува се почесто и почесто. Врз него бил започнат ритуал на егзорцизам, но набргу бил прекинат бидејќи Роби го повредил свештеникот доволно сериозно за да мораат да му стават конци. Кога се вратил дома, тој и неговото семејство биле преплашени кога ги забележале зборовите „Сент Луис“, кои што на необјаснив начин биле врежани на неговите гради. И сосема очекувано, набргу се нашле на пат.
    По пристигањето во Сент Луис бил приреден егзорцистички чин со три свештеници. За време на ритуалот Роби физички ги нападнал свештениците, додека низ собата се случувало вистинско полтергејст лудило. Еден од демоните одговорил дека тие ќе го напуштат телото на Роби единствено ако тој ги изговори вистинските зборови. По триесет сеанси Роби ги изговорил зборовите „Христус, Домини“, по што се слушнал силен звук, и тој почнал да се однесува нормално. Според овој настан подоцна бил снимен филмот „Егзорцист“.

    Клара Сил (1906)
    Останувајќи сираче на млада возраст, на Клара Сил секако дека и требала родителска фигура во нејзиниот живот која што ќе ја учи како да разликува добро од лошо. Тоа водство кое што и недостигало особено и било потребно во нејзините адолесцентски години, бидејќи на шеснаесет години решила да склучи договор со Сатаната лично. Бидејќи никогаш немала прочитано духовни книги, таа верувала дека тоа партнерство би било полн погодок и вистински успех.Според некоја локална калуѓерка, Сил можела да разбере неколку јазици коишто таа никогаш не ги учела ниту пак воопшто се сретнала со нив порано, а исто така можела и течно да ги зборува истите. Исто така покажала способност и за јасновидост, бидејќи можела да си припомни на мисли и дела на луѓе коишто никогаш не ги сретнала. Сомнежите дека е опседната од демони наводно се потврдиле кога таа почнала бесно да напаѓа калуѓерки.
    Најпрвин се сметало дека девојката била умоболна. Како и да е, некои луѓе тврделе дека ја виделе како лебди во воздух, а тоа било сосема доволно за локалните свештеници да се соберат и да извршат егзорцистички ритуал врз кутрата девојка. Се открило дека кога ќе ја испрскале со света вода, таа би почнала да се однесува нормално, но само за кратко време. При почетокот на ритуалот таа постојано му ја исфрлала Библијата од раце на свештеникот којшто ја водел сеансата, и се обидела да го задави. По само два дена, демонот бил избркан, и Клара била излекувана.
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.