Ме интересира девојки, која од вас има познавање на правото малку поопширно да ми раскаже за овој процес. Од прилика имам некои основни познавања, меѓутоа ме интересира реализацијата... Ако може некој да помогне, однапред сум благодарна
јас само да кажам дека моите па сигурно едно 7-8 години се влечат по судови за ова.а веројатно ќе бидат уште толку зачто меѓу редови сами им кажале дека државата нема да исплати толку пари и затоа само одолговлекуваат и бараат само некои глупави,непотребни документи. ама затоа додека илјадници луѓе ќе чекаат на своето наследство,скопје ќе добива "модерен" изглед
Да, знам стварно е долг процес. Ама се надевам ќе има крај, односно ќе добиеме тоа што ни следува... Пуста надеж
Во постапката за денационализација, адвокатот што ме застапува мене (со полномошно) и другите наследници на правото на денационализација на имотот на дедо ми, не го напишал моето име во формуларот за листата на барателите, туку го додал дополнително, иако јас кај неа го покренав тоа истиот ден кога и останатите наследници (баратели). Сите останати документи (од кои повеќе прибавив и донесов токму јас), вклучувајќи го и решението за оставинската постапка (јас сум наследник на 1/4 од имотот на дедо ми, односно делот на мојата покојна мајка), се додавани дополнително и прифатени како валидни. Во сите решенија на првостепената комисија сум изоставена. Адвокатот што ме застапува ми објаснуваше дека тоа е небитно, бидејќи на формуларот немало место за сите наследници, а меродавно е решението за оставинската расправа. Откако ме зачуди што и на подоцнешните решенија сум изоставена, поднесов жалба на првостепената комисија и ми беше одговорено дека, и покрај оставинското решение, сум “неовластено лице„. Напоменувам дека тоа спаѓа под Карпош, а во решението од Центар со истата постапка сум наведена уредно во листата на баратели и наследници со 1/4. Како е можно да се постапува различно во секоја комисија? Второ: навистина не знам кому да му се обратам за помош. На овој начин законот дозволува и остава место за измами на еден од наследниците од страна на другите наследници. Може дел од наследниците едноставно да исфрлат еден од наследниците. Лишена сум од мојот дел, доделен со судско решение и не сум се откажала од наследство. Освен тоа, приложив уверение за државјанство токму да го докажам правото да бидам барател. Како да постапам? Кому да му се обратам за помош? О
Pozdrav svima Mi smo iz Srbije a moja baka je iz Bitolja a dugi niz godina zivi u Krusevcu. S obrizom da ona ima 84 godina zamolila me je da pronadjem telefon Depozita gde drzava Makedonija uplacuje novac na ime denacionalizacije a kako bismo se informisali o statusu uplate. Koliko znamo sa tog depozita se novac prosledjuje u banku. Nazalost nismo uspeli da pronadjemo na internetu nista vezano za taj Depozit pa vam zato i pisemo, izvinjavamo se unapred na uzmenimiravanju ali zaista se tesko snalazimo na google. U vezi denacionalizacije, postoje tri naslednika, 2 naslednika iz Bitolja (nasi bliski rodjaci) su dobili novac a mi jos uvek cekamo. Baka je ovlastila sestrica za sve te poslove s obzirom da ima dosta godina a zivi u Krusevcu, svi su dobili novac pre 3 meseca a mi jos uvek cekamo, a kako se rodjak ne javlja dovodimo u sumnju dosta stvari. Zvali smo Skopsku banku ali nismo dobili potvrdu da je bilo kakva uplata legla na taj racun. Postali smo malo ocajni pa nam je jedino preostalo da pokusamo da dobijemo taj depozit. Znamo za depozit jer se rodjak preko njega informisao za status uplate i dobio je tacan datum uplate. Sve se tako i dogodilo a kao sto vidite samo kod nas postoji problem. Da li mozete pomoci oko broja telefona? Hvala puno svima unapred
Ова се броевите од централниот депозитар за хартии од вредност Телефон: 02 32 99 800 Телефон/акции: 02 32 99 802 Телефон/обврзници: 02 32 99 809 Телефакс: 02 32 27 760; 02 32 27 781 Електронска пошта: cdhv@cdhv.mk Работно време: 08:00 - 16:00 h
Би замолила за правен совет. Имаме дворно место во кое е изградена државна институција поточно-училиште, уште во времето кога била градена куќата, дедоми бил прашан дали дозволува па дека ќе добие конпензација за истиот, останало само на усно без никаков документ, училиштето 30год е таму дедо ми не доби ништо. Последно јас ги средував сите документи за легализација и геодетско друштво кога ги исцртуваа маргините ми спомнаа дека може да барам компензација, отидов на адвокат ми рече нема ништо од тоа поминале толку години, едноствно ме откачи без никакво објаснение.