Јас пак би станала покасно, за конечно да се наспијам... ама тоа ќе го оставиме за друг ден. Исто и би си го сменила појадокот - потребна ми е поздрава храна, би го побарала на телефон - ама не, ќе продолжам да глумам лутина.
Би седнала вечерта и би си научила за тестот по Хемија а не денес како претепана!! Не би каснела пак на училиште, затоа што лошо поминав... И да страшно се каам што не излегов сега!!!!!!! Градот е полн, има важен настан, сите надвор, јас домаааааааааааааааа
Денес би сменила неколку работи што не требаше да ги кажам и да не го оставам повеќе мобилниот на места каде што брат ми може да го најде и да ми чепка по смс пораките
Денеска би сменила едно предавање што го имав,и не само за денес,да е до мене,никогаш не би имала предавања од таа професорка.
Денес би сменила..... сладоледот што го јадев со нешто поздраво....башка и грло почна да ме боли и пијам антибиотици....би го сменила начинот на кој диво се понашав со либето....со мазење нормално....би сменила и едни обетки што си купив а не ги пробав...еххх за тие ми нај мака
јас би се сменила...и тоа со кој било...сакам да сум ..ти, тој, таа, тоа...или било кој...само не јас... а да...и незнам баш дали би било само за денес ......
Хмм па до сега не би сменил ништо конкретно само би ги сменил моите 80 денари во 80 евра па да тркнам до некој бутик да се подновам со некој пар фармерки али тоа е.Да и би си ја сменил шишката за пар минути со кратка коса зашто нонстоп ми паѓа во чорбата па после изгледа ко да сум се шатирал
^ Бој шноличка стаи си се зезам Денеска би ја сменила наставничката по биологија која се утепа од зборење и морав со саати да ги слушам нејзините предавања,би го сменила судијата потшо стварно не беше фер,би го сменила и грлото,песната... многу работи би сменила денска...
Денес би сменила тоа што кога се вратив од училиште би легнала и би спиела а не би лутала како без компас по улиците и сега сум преморена а и плус немам време за спиење !!!!
Би го оставила да отпатува, и покрај тоа што ми е сега тажно без него. Само, би му ги тргнала нервозите од глава. И би сменила и јас како Бојфромтаун, место 200 денари во џебот, 200 евра да беа, и јас ќе си се подновев и ќе уживав малку... Би направила романот кој го читам да има 200 место 600 страни
Хмм па да почнам од тоа дека би ги сменила лектирите по макдеонски зошто се тапа...и нејкам да го читам сакам книгичката што си ја зедов...друго времето за да можам да излезам малку,треба ми воздух...и уште би сменила тоа што би спиела како топ цела вечер,а не како будала мислев на некогашните нас и си плачев ко будала за пустата љубов