Денес дознав дека (I was today years old when...)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Munchmallow20, 8 август 2024.

  1. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    3.252
    Пол:
    Машки
    Загадувањето со олово придонело кон намалување на IQ-то на луѓето во Римската империја. (Тековна вест.)

    Ова секако е интересно за денешните случувања.

    **

    Поради немање на технологија (носители на податоци) луѓето (некои луѓе и во просек) порано (во Римската империја) имале фантастична меморија, знаеле наизуст цели книги, но, тоа не значи дека била попаметни (или поинтелигентни).

    Ова е интересно во однос на критиките дека денес луѓето имаат покус распон на внимание.

    п.с.

    Можеби е добро корисниците тука да наведат и конкретни извори. За тие што се дополнително љубопитни да истражат или да продлабочат.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.787
    Допаѓања:
    22.910
    Ја не знам ама многу сакам да дознаам.
    Како внесуваат коли во трговски за изложба?:rofl:
     
    На Anaroz1, Joanna28, 6utterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. kokodaki

    kokodaki Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    493
    Во Холандија постои ѕвонче за риби. Има канал, но е преграден со брана (врата). Поради тоа рибите не можат да поминат. Порано имало човек кој ја отворал браната, но било неефикасно бидејќи многу риби се собирале, чекале долго време и станувале лесен плен.
    Поради ова еден еколог инсталирал подводна камера, која емитува 24 часа. Секој од цел свет може да гледа онлине во живо. На вебсајтот има ѕвонче. Неколку стотици луѓе во било кое време го гледаат преносот и ако забележат риба, притискаат на ѕвончето (ѕвонат). Со ова се испраќа сигнал (скриншот,), излегува човек и ја отвора браната.
     
    На Alex.T, fashion-addict, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    4.732
    Пол:
    Машки
    Обично изложбите на возила се на први спрат а доколку се повисоко има лифтови во зградата наменети за носење до одредено ниво и после се возат. Од искуство по ситимол или истгејт вратите кои се вртат низ кои поминуваме ние се собираат и се отвора простор за низ нив да помине возило.
     
  5. kokodaki

    kokodaki Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    493
    Или тоа или трговските имаат дополнителни големи гаражни врати кои ги користат камионите кои доставуваат роба. Мислам дека во некои земји ваквите врати се задолжителни, бидејќи на пример ако има потреба возило на брза помош или пожарна да влезе внатре во трговскиот.
     
  6. kokodaki

    kokodaki Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    493
    Денес (10ти Мај) Димитар Илиевски Мурато го искачува Монт Еверест и со тоа станува првиот Македонец кој го искачил.
    Ова било во 1989 год., за жал не го преживеал симнувањето и на само 35 год. умира на планината.

    Она што ме изненади е што дури сега прв пат дознавам, а сме мала држава. И тоа што оваа информација ја видов на странска Фејсбук страница, а не на некоја од нашиве.
     
    На Tinaaa, eliesaab, Alex.T и 1 друга личност им се допаѓа ова.