Форумџика на годината

Денес дознав дека (I was today years old when...)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Munchmallow20, 8 август 2024.

  1. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.885
    Допаѓања:
    15.766
    Пол:
    Женски
    Не знам како, ама мене ми го крева притисокот, не разбирам, ме збуни тотално. :drunk:
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    10.338
    @Mumoftwo30 Затоа што мислењето на @Aleks.mar не е точно за тој дел :D

    Односно, кафето содржи кофеин и привремено го крева притисокот - ова е научен факт. Бидејќи го стимулира нервниот систем, го крева адреналинот и привремено ги стеснува крвните садови.

    Тоа дека е диуретик, е точно, но ефектот е благ и минимален :*:
     
    На Angie1432, Aleks.mar, M&M и 2 други им се допаѓа ова.
  3. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    1.249
    Пол:
    Женски
    И јас така нешто почнав скептично, прва, втора трета, ама сега веќе се опседнав и заразив.
    Предобра е !
     
    На TammiB5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    1.493
    Пол:
    Женски
    не знам ни ја. Кај мене само ме расонува наутро а ако пијам навечер полесно ми е да запијам.

    Ако е диуретик не може да крева притисок. Диуретиците помагаат во снижување. :^)
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    1.493
    Пол:
    Женски
    тоа е точно и научно докажано но како може да е и диуретик кога диуретикот е спротивно од тоа
     
  6. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    10.338
    @Aleks.mar Затоа што кафето не е медицински диуретик и не го снижува притисокот како терапија.

    Односно, нешто може да има благ диуретски ефект, а да нема клинички значајно влијание врз притисокот.

    Важен е интензитетот. :*:
     
    Последна измена: 18 декември 2025
    На Aleks.mar, Rozevata и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  7. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    13.838
    Ако е точно ова за кафето, цел живот ми е обична лага. Имам низок притисок и се чепатисувам дека ми треба кафе за да се стабилизирам, ако снижува притисок, џабе драматизирам. Како една сцена у филм, кога двајца почнуваат да се глупираат после пиење алкохол, за на крај да им кажат дека тоа биле безалкохолни коктели.:lol:
     
    На Трагедијаупмм, Aleks.mar, M&M и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.885
    Допаѓања:
    15.766
    Пол:
    Женски
    Јас имам проверено, затоа што имам доста низок, пијам појако кафе и за некаде пола саат, мерам и ми се стабилизира.
     
    На Aleks.mar, M&M, Rozevata и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.814
    Допаѓања:
    187.898
    Пол:
    Женски
    Така порано се сметаше. :)
    Кафето го покачува притисокот како првична реакција по пиење. А потоа го спушта, некогаш и нагло. Затоа не се препорачува кафе за тие што се со низок притисок. :)
     
    На Трагедијаупмм, Aleks.mar, M&M и 4 други им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    182.277
    Пол:
    Женски
    За моето тело дека кафе е диуретик е вистина. Јас имам повисок притисок во денови кога не пијам кафе (блиску до она шо се смета за нормален), него кога пијам. Во првиот сат кафето ми крева притисокот малку, после дупло ми го паѓа, често и многу наеднаш. :D Природно сум со низок притисок инаку. :D И прв пат ко стигна ова информација до мене кажав на мајка ми, исто со низок притисок. И та проба да забележи, исто ко мене. Првиот сат крева притисокот, и после и понизок од шо беше првично паѓа.
     
    На Aleks.mar, Mumoftwo30, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    10.338
    Тоа дека го спушта и понекогаш нагло, не важи за сите и не е универзално правило.

    Реакцијата е индивидуална и зависи од чувствителноста на кофеинот, како и навиката за пиење кафе.

    Кај повеќето го крева, кај некој може да нема никаква промена, а кај некои луѓе може да има благо привремено намалување.

    Но, како и да е, кафето не е терапија и ниту едно дејство нема клинички ефект. Важно е човек да се познава себеси и ако телото на нешто му лошо реагира, да не го консумира :*:
     
    На Трагедијаупмм, Aleks.mar, Mumoftwo30 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.814
    Допаѓања:
    187.898
    Пол:
    Женски
    Баш така. На почеток делува како бустер и по саат време почнува да паѓа енергијата. И после си викаш чек да си напраам уште едно кафе. :D
    Јас со години веќе пијам само едно на утро, одамна ми нема никаков ефект и поише ми е комфорт напиток и рутина. :D
     
    На Трагедијаупмм, Aleks.mar, M&M и 3 други им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    182.277
    Пол:
    Женски
    Исто, исто. Јас во животов сум стигнала до то да пијам 5-6 кафиња на ден зошто чим ми паднеше енергијата земав ново праев, па дупло итн. И еднаш пресеков и ги имав најтешките два-три месеци во животот. Кризирав. Ама од тогаш само по едно на ден пијам, а можам и без него. Го пијам оти ми е вкусно, баш ко шо рече комфорт напиток.
     
    На Трагедијаупмм, Aleks.mar, M&M и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.562
    Допаѓања:
    61.034
    Пол:
    Женски
    Јас пијам 1-2 кафиња денот (ретко 3), ама едно мора обавезно на сабајле после станување, инаку ми се чини не можам да се разбудам доволно и да функционирам. :D Тоа можи да ми е така во главата само, но си обожавам да пијам. Станувам, одам во вц, па се фаќам за правење кафе. :lol: И не планирам да го скратам поради икс причини, зависност, притисок, не знам што (и јас обично сум со понизок притисок).
    А за спиење ми влијае, и затоа гледам само до одредено време да пијам (пример 6-7) и после тоа не. :)
    Секој си знае за себе, но животот е премногу краток за да си кратиш задоволства ко кафето наутро. :D
     
    На Трагедијаупмм и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.174
    Допаѓања:
    43.589
    Пол:
    Женски
    Денес видов демант на видеото. :D
    Го изгубив, не го сочував, ама објасни дека не треба да се става навнатре крзното кога има силен ветер и е многу ладно зашто овозможувало да се задржи топлината кон лицето и да се намалат шансите за смрзнатини.
     
    На M&M, Mumoftwo30, Munchmallow20 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    10.338
    Мислам дека по описите овде, малку се промашува поентата.

    Чувството дека по кафето "паѓа" енергијата и повторно се посегнува по ново кафе е резултат на кофеинска толеранција и благ withdrawl, а не реално низок крвен притисок.

    Ваквите "крева, па паѓа" реакции се типични за rebound ефектот на кофеинот, а не за диуретското дејство. Диуретскиот ефект на кафето е премногу слаб за да предизвика вакви нагли промени во притисокот.

    Едноставно кажано, кога се пие кафе редовно, мозокот се адаптира на кофеинот, па истата доза има сè послаб ефект. Воедно, чувството на замор, brain fog и раздразливост доаѓа од недостаток на кофеин, не од притисокот.

    Односно, во повеќето вакви случаи станува збор за зависност од кофеинот, не за проблем со крвниот притисок :*:
     
    На orxideya, Mumoftwo30, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.174
    Допаѓања:
    43.589
    Пол:
    Женски
    Ги има двата ефекти истовремено, возможно е. Само што не се премногу назначени, иако може да постои индивидуална разлика во толеранцијата.
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    10.338
    За крзното на јакните, треба да е однадвор, како и што е првично осмислено од Ескимите :pizza:
    [​IMG]
    Затоа што баш вака поставено, крзното ја разбива струјата на ветерот и создава мала преграда од потопол воздух околу лицето, што делува како бариера против студот и ни ги штити образите и носот.

    Ако е свиткано навнатре, влагата од нашето тело т.е нашиот здив, ќе се задржи на лицето и ќе помрзне.

    Плус, при силен ветер и ниски температури, лицето побрзо ќе изгуби топлина ако крзното е навнатре, бидејќи ветерот директно ќе удира во самата основа на капата, без да биде разбиен од крзното :*:
     
    На Stark, orxideya, Camille84 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Машки
    Мој совет е да го носите крзното на капата од јакната на начин при кој најмалку ќе лапнувате влакна од тоа (вешттачко) крзно ;)
     
    На Трагедијаупмм и Alex.T им се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.562
    Допаѓања:
    61.034
    Пол:
    Женски
    Нашиот Дедо Мраз е комбинација меѓу западниот Santa Claus и словенскиот/рускиот Дед Мороз/Grandfather Frost. Првиот е базиран на св. Никола и е поврзан со христијанството, односно Божиќ. И исто така е најпрепознатлив и искомерцијализиран. Вториот има потекло од словенскиот фолклор, зимски дух, и нема поврзаност со религијата. Смирен и сериозен, носи сино и живее во шума. Двајцата даваат подароци на децата. А ние некако сме зеле карактеристики од двата. :D На пример, самото име Дедо Мраз и фактот што и кај нас е поврзан со Нова Година. А од "западниот" фактот што живее во Лапонија, црвената облека и веселиот карактер.
    На сликите подолу има некои клучни разлики:
    676c0384dc76de35ebe89616.jpg Santa-942.jpg
    Од втората слика веднаш се приметува дека нашиот има по нешто од двете страни.
    Чат ГПТ кажува дека Дедо Мраз ко што е кај нас сега е всушност од југословенско/социјалистичко време (затоа и не е религиски и поврзан со Божиќ), а и јас така го знам. Сепак, можеби некој друг различно слушал, но ова е генерално од тоа што кажувале тие околу мене.

    (Ми излезе рил и сега во 1 ноќе на тоа ми работи мозокот :D)
     
    На Трагедијаупмм, JoyJoy, kokodaki и 3 други им се допаѓа ова.