Френулум е вид на ткиво и се појавува на повеќе места по телото и служи за стабилизација на органи и др.ткива. Не е само под јазик, туку внатрешната страна на горната и долната усна, го има и во мозокот, дигестивниот тракт, и на гениталиите и кај машките и кај женските.
Дека песната It's raining men не значи „врне дожд, човече„ што во тој случај би било It is raining, man туку „истура од мажи„ што е очигледно од оргиналниот спот каде врнат мажи од небо како дожд...
Кога прочитав некаде (не баш денес) дека ,,I Will Always Love You" од Витни е кавер. Оригиналот е на Доли Партон од 1974. Мојот живот од тогаш не е ист.
Последно сознание ми беше околу песната Temperature на Шон Пол. Цели 15тина години и повеќе сите ја почнуваме со Шон Да Пол, а уствари воопшто не го изговарал своето име, туку било за некој си Шандерпол, познат крикет играч и после тоа веќе не знам што од мојата младост е вистина, што лага што погрешна интерпретација….
Озбилно бее Некни имав мајстор еден штелуваше пвц прозори и го гледам сече со скалпер Сакав да му викам мајсторе ти знаеш ли дека се кршат овие на ножот Ама ај си преќутев
Не беше денес, пред години... ама ми дојде какo Дека химната „Хеј Словени„ на поранешната СФР Југославија, која како држава имала изразито антифашистички карактер, била химна и на фашистичка Словачка за време на втората светска војна, со делумно поинаков текст. Самата песна додуша била напишана уште во 19. век од словакот Само Томаашик и се смета за панславјанска песна. Додатно изненадување ми беше дека мелодијата е уште постара и се потпира на „Марш Домбровски„ инаку полската химна денес.