Денес дознав дека (I was today years old when...)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Munchmallow20, 8 август 2024.

  1. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Машки
    За овој генијален ум и иноватор дознав пред неколку дена преку медиумите и истражував на интернет.

    Пред неколку дена во Париз беа одбележани 95 години од смртта на светскиот и македонски научник и доктор Анастас Коцарев.

    Кој е д-р Анастас Коцарев? Роден во Охрид како дел од старо охридско семејство далечната 1890 година. Дипломирал на Медицинскиот институт во Женева и работел на разни проекти со нобеловката Марија Кири Склодовска како користење на радиум во дијагностицирање на ракот.

    Д-р Анастас Коцарев е првиот македонски онколог, меѓу првите пионири во светот на радиотерапија и радиографија и првиот во светот кој направил рендгенографија на фотографска плоча на пациент заболен од рак.

    Тој бил најблиску до Нобелова награда од Македонија, но за жал починал многу млад во 1931 година во Париз. За жал, најголем дел од македонската јавност ништо не знаеше за Анастас Коцарев до пред некој период, но разни здруженија и ентузијасти од Македонија помогнаа да се лоцира гробот на Анастас Коцарев во Париз (иако првично се сметало дека бил погребан во Женева), а претседателката Гордана Силјанова - Давкова во 2025 година посвети комеморација во чест на Анастас Коцарев и се заложи за подигање на негов споменик во родниот град Охрид, како и институции и улици да добијат име по овој голем научник.

    dr. Anastas Kotcarev.jpg

    https://mkd.mk/makedonija/vo-pariz-odbelezhani-95-godini-od-smrtta-na-d-r-anastas-kocarev/
    https://mk.wikipedia.org/wiki/Анастас_Коцарев
     
    Последна измена: 1 април 2026
    На ivv7, Vikktorr, Mishela и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    4.007
    Допаѓања:
    50.262
    Прв пат слушам за човеков, срамота! Дали се знае од што починал, дали од последици од радијацијата како и Марија ? Ете може по него да се именува Медицинскиот факултет или Државната клиника...
     
  3. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.304
    Допаѓања:
    19.135
    Да бе, при Александар, Филип, Букефал, мачката на Александар и слични варвари, по некој си научник ќе именуваат факултети, нема грешка...
     
    На Angie1432, Mishela, Alex.T и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.781
    Допаѓања:
    11.271
    Пол:
    Женски
    10 години на ТВ се емитуваа документарци за оваа личност, од тие грујовите. Нам како деца на часовите по историја ни го спомнуваа.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.658
    Допаѓања:
    19.063
    Пол:
    Машки
    Значи сепак имало и по нешто паметно во нив.
     
    На Alex.T и Аргентина * им се допаѓа ова.
  6. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Машки
    Д-р Анастас Коцарев имал два докторати. Едниот на Медицинскиот институт во Женева (каде одреден период бил професор асистент и доцент), вториот на Медицинскиот факултет во Париз. Подолг период бил десна рака на Марија Кири Склодовска на Сорбона во нејзината лабараторија за изучување на канцерот и заедно работеле на изучување на канцерот и експериментални лекови за лечење на истиот. Во тоа време американскиот дневен весник “Тајм“ предложил да му се додели Нобелова награда за допринос во онкологијата.

    Д- р Анастас Коцарев бил верен со Французинката Сесил Перин со која имаат ќерка. Потомците на семејството Коцарев со помош на македонските друштва „Заборавени Македонци“ и „Македонци во Франција и Швајцарија“ пред неколку години ги открија потомците на Сесил Перин, кои чувале писма од нејзината баба за животот со Анастас Коцарев. Така дошле и до неговото вистинско почивалиште во Париз каде и неговата сопруга била погребана.

    Во едно од тие писма таа опишува дека Анастас Коцарев пред 2 недели одбранил некој докторски труд, а дента пред да умре бил весел и чувстувал блага бол во стомакот. Официјална потврда од што умрел нема.

    Претпоставка е дека умрел од срцев удар/мозочен удар или некој вид на брзорастечки канцер поради долгогодишна работа со радиоактивни материјали (повеќе веројатно) или дека бил отруен од безбедносните служби на соседните држави на Македонија (помалку веројатно).

    Првиот документарен филм за Анастас Коцарев беше снимен во 2011 година по иницијатива на Божин Доневски наречен „Заборавени македонски умови“. Тој документарец беше посветен на неколку ликови, не само на Анастас Коцарев. Пред тоа буквално скоро и да не постоеше ништо јавно за него. Веројатно мал дел од научните кругови знаеле, но пошироката јавност немала појма кој е и што е.

    Подоцна здруженијата „Заборавени Македонци“ и „Македонци во Франција и Швајцарија“ ги најдоа потомците на неговата сопруга во Франција, па така го лоцираа и неговиот вистински гроб, како и еден куп писма напишани од неговата сопруга.

    https://sdk.mk/index.php/magazin/ot...olog-koj-sorabotuval-so-marija-kiri-vo-pariz/

    Буквално до пред 14-15 години скоро ништо не се знаеше во Македонија за него, затоа и реков во поблиската иднина, а тоа резултираше со комеморација во чест на него од страна на Претседателката Силјана Давкова во 2025 година.

    https://www.instagram.com/p/DHrLiqJs78J/

    Снимање на некој документарец и пишување на 4-5 статии за него не е воопшто исто како со тоа неговиот лик и дело да го кренеш на државно институционално ниво.
     
    Последна измена: 2 април 2026
    На kokodaki, Alex.T и Gosh им се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.781
    Допаѓања:
    11.271
    Пол:
    Женски
    Во ред, во Охрид одамна се чествува Коцарев, не верував дека до толку е занемарен и не го знаат на државно ниво, ама не ме чуди од ова општество.

    Еве, јас минатата година научив дека основач на фабриката Европа - Скопје (прва работилница за кондиторски производи на Балканот воспоставена во 1882) бил македонски фармацевт, Теохар Икономов кој раководел со бизнисот заедно со соработникот Пане Димитров. Мислев дека компанијата била странски капитал, евентуално од турски газди или не знам, но сопствениците биле Македонци.
     
    На Polyincognito, kokodaki, BubamaraM и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    2.052
    Пол:
    Женски
    јас па за носот не сум :rofl:
     
    На IvvaNeo и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  9. kokodaki

    kokodaki Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    694
    Додека сме кај македонските иноватори, кафетинот го измислил Македонецот Ангел Симов. Всушност тој спојува четири лека за да го добие кафетинот.
     
    На Angie1432, mira.mira, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.729
    Допаѓања:
    12.951
    Пол:
    Женски
    Немало сигурносна контрола и скенери на аеродромите пред да се случи 9/11.

    Одиш, покажуваш пасош, сe качуваш во авион. Во куферот си можел 10кг експлозив да носиш, nobody checked. :drunk:
     
    На Angie1432, Fraxinus, AlmaOculta и 3 други им се допаѓа ова.
  11. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.726
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Дека ѕвездата Деница е всушност планетата Венера :|
     
    На Најубаф на свет, FreeToGo, Angie1432 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.781
    Допаѓања:
    11.271
    Пол:
    Женски
    Бритни Спирс е роднински поврзана со Мерилин Монро, имаат заеднички предци. Знам дека не се единствени роднини меѓу познатите, но нивното сродство ми е осoбeно интересно зашто и двете доживеале најголема слава која дошла со многу проблеми, злоупотреби...
     
    Последна измена: 18 април 2026
    На Најубаф на свет, FriendOfDorothy и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  13. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    5.123
    Пол:
    Машки
    Денес дознав дека за бебињата е побезбедно седиштето во автомобилот да им биде обратно свртено, затоа што главата им е многу потешка од остатокот на телото а коските, лигаментите и мускулите не им се силни за да ја држат и во случај на член удар или нагло кочење ја штитат главата, вратот и рбетот од повреди.
     
    На Mother of 2boys, Alex.T и Buttermilk им се допаѓа ова.
  14. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.413
    Допаѓања:
    34.062
    Пол:
    Женски
    Денес дознав дека постоела формула со која преку броење на свирежите од штурците може да се пресмета температурата на воздухот. Релацијата е прикажана со т.н. Dolbear's law и ако сакаме да ја одредиме температурата во Целзиусови степени треба да изброиме колку пати ќе свирне за време од 25 секунди па тој број се дели со 3 и на крај се додава 4. Нормално дека тоа е приближна вредност која зависи од надворешни фактори и видот на штурец, но е многу интересен факт и при прва прилика ќе се обидам да пресметам :lol:
     
    На sweet-cherry, Alex.T, Beemo и 13 други им се допаѓа ова.
  15. kokodaki

    kokodaki Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    694
    Дека Кина се обидела да ги истреби сите врапчиња

    За време на Големиот скок напред, за време на Мао Це Тунг, била донесена одлука да се отстранат четирите штетници : стаорците (бидејќи ја носеле чумата ), мувите, комарците (бидејќи носеле маларија) и на крај врапчињата (бидејќи го јаделе семето, житото и овошјето).

    Кампањата што се спроведувала била страшна. Сите деца над пет години имале слободен час и излегувале надвор да ловат врапчиња. Правеле скали за да им ги уриваат гнездата, удирале со тапани и го гонгови за да не им дозволат да се одморат во гнездата. Од 4 до 7 сабајле кога врапчињата пробувале да се вратат во гнездата, луѓето излегувале да ги бркаат.
    Луѓето ги ловеле врапчињата со раце, ставале отровни стапици, ги рушеле гнездата, ги кршеле јајцата и ги убивале младите врапчиња. Луѓето користеле тапани, огномети, пушки, камења, стапови, стапила, кафези и петарди за да ги убијат врапчињата или самите тие паѓале од преголема премореност.

    Интересно е што врапчињата нашле привремено прибежиште во дипломатските претставништва и амбасадите, бидејќи луѓето не можеле да влезат таму. Кога полската амбасада одбила да учествува, луѓето се собрале пред амбасадата и со тапани тропале постојано. После два дена тропање, луѓето во амбасадата морале со лопати да ги чистат мртвите врапчиња.

    Мао спровел агресивна кампања, и им велел на луѓето дека им е патриотска должност да ги убиваат врапчињата. На телевизија оделе џинглови и имало флаери за луѓето да учествуваат во кампањата.

    Последиците биле катастрофални. Без врапчињата, бројот на скакулци и други инсекти станал неверојатно голем. Ги сотреле житарките во Кина. Ова ќе биде една од главните причини за Големиот глад во Кина, при што изумреле десетици милиони луѓе. Се смета дека само со убивањето на врапчињата се довело до смрт на два милиони луѓе.

    На крајот Мао се согласува да ги замени врапчињата со болвите во кампањата. Бидејќи врапчињата биле истребени, Кина морала да увезе 250 000 единки од Советскиот сојуз.

    Така една политичка кампања довела до колапс на еден цел природен и еколошки систем.
     
    На tanjita, Alex.T, Најубаф на свет и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.741
    Допаѓања:
    62.753
    Пол:
    Женски
    ^ the circle of life. Сѐ е поврзано, и тој што пробува да го уништи балансот му се одбива од глава. :D

    Јас неодамна дознав дека тој звукот на тркалање на џамлии во зградите е всушност од самата градба, материјалите од кои е изградена. Не е дека комшиите над тебе си играат со џамлии во 2 ноќе или 7 наутро. :D(нека ме поправи некој ако грешам или да објасни подобро ако се разбира во градби)
     
    На Aleks.mar, f.girl, Малечка Малинка и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    5.123
    Пол:
    Машки
    Поради разлика на температурите е тоа, ден е топло и се шири бетонот и арматурата, кога температурата опаѓа се собираат и се создава триење и се ослободува енергија што го предизвикува звукот, а бетонот одлично пренесува акустични бранови.
    Исто може да биде и од цевки за парно во бетонот што се тријат поради различни дилатации на бетонот и цевките,кога се исклучува и вклучува.
    Може и од водоводни цевки да јави звук.
    Она првото најмногу звучи како џамлии, ова второво е крцкање, а третото е колку што помнам е како нешто метално да паднало ако е поради притисок, а ако некој пушта вода шушти.
     
    На Alex.T, f.girl и Amellie13 им се допаѓа ова.
  18. Малечка Малинка

    Малечка Малинка Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2025
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Женски
    Оти бе ми прајте вака сеа? Шубо си ги пцуев комшиите, баш беше терапевтски. :D:worried:
     
    На Alex.T, Bratot и Amellie13 им се допаѓа ова.
  19. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.658
    Допаѓања:
    19.063
    Пол:
    Машки
    Мисли ги ти дека се тркалаат комшиите, тоа шо да ти било ^_^
     
    На eliesaab и Amellie13 им се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.741
    Допаѓања:
    62.753
    Пол:
    Женски
    И јас мислев дека не се нормални со што се занимаваат толку доцна/рано, ама ете што ти било. :D
     
    На Малечка Малинка му/ѝ се допаѓа ова.