Денес дознав дека (I was today years old when...)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Munchmallow20, 8 август 2024.

  1. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    3.825
    Пол:
    Машки
    Никаков проблем да користиш В.И, како алатка, но проблемот е што често е едностран, или зависи од промптот што му го даваш, или на кои податоци е тренирам и за што... Да се вратам на проблемот...Се шегував. Мојот пример беше намерно невозможен. :) Но, не можам да замислам каде би требало да бидат оставени тие пари. И тие обично, во најмала рака се во фиока. Плус, за да се исплати да се тренираат со месеци, треба да бидат некои големи банкноти, монети па е целосно неисплатливо. :) Но, главната поента останува, дека гавраните и свраките се навистина интелигентни суштества. (Според човечко разбирање на интелигенција, да додадам.)
     
    Последна измена: 26 мај 2026
  2. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.891
    Допаѓања:
    11.419
    Пол:
    Женски
    Есма Реџепова имала еврејско потекло, баба и била Еврејка од Ирак.
     
    На Vikktorr му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    3.825
    Пол:
    Машки
    Ќе речев Иран, но има разни извори. Интересно. Еве, овде вели Иран. Википедија Ирак. Не знаев.

    http://makedonskosonce.com/18693/
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Intergalactic

    Intergalactic Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2026
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    303
    Btw
    Кој го користи зборот врана кај нас? Буквално никој. Гавран и за двете видови птици го користиме иако се различен вид на птица.
     
    Последна измена: 26 мај 2026
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    3.825
    Пол:
    Машки
    Ќе проверам. Пишував и постирав, коментар, но не е толку едноставно. Добра забелешка, како и да е.
     
  6. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.327
    Допаѓања:
    3.825
    Пол:
    Машки
    По, мало истражување... :)
    Значи... и crow и raven, се дел од родот Corvus.
    Raven e поопшт термин за поголемите видови од таа фамилија, и во неформална смисла, не во научна дистинкција, значи, во принцип, е поголема птица. Ми текнува сега на „Гавранот“ од Е.А. По. :) Враните се тие кои имаат подобро социјално учење (Corvus cornix најчести, и се помали), и се подруштвени од гавранот кој пак сининимно се препознава како Corvus Corax.

    Претпоставуивам, во македонски, raven e пред сѐ гавран, но постојат и врани. И за нив има разни фразални изрази. Претпоставувам во преводи ВРАНИ ги користат за дистинкција со ГАВРАН. Инаку, и двата се легитимни зборови и ги има во официјалниот Толковен речник на македонски јазик. Врана се користи често и во српски, претпоставувам оттаму забуната.

    **

    Ако ова го гледа зоолог, уште подобро орнитолог, би сакал да прочитам мислење. Можеби тие имаат некои неформални и практични дистинкции.

    **
    Фала ти за дилемата! И што ме натера да истражувам подлабоко! :)
     
    На Intergalactic му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kokodaki

    kokodaki Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    713
    Валентина Василева (1707 - 1782) се смета за жена со најмногу деца во историјата на човештвото.

    Валентина имала 27 раѓања во кои родила 16 пара близнаци, 7 пара тројки и 4 пара четворки, што е вкупно 69 деца.

    Маж ѝ, Феодор Василев имал уште 18 деца со втората жена, вкупно 87 деца .

    Во денешно време некои сметаат дека таткото навистина имал толку деца од повеќе жени, но дека била направена грешка во записите
     
  8. Малечка Малинка

    Малечка Малинка Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2025
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    705
    Пол:
    Женски
    images.jpeg Денес дознав за репродуктивниот паразитизам на Англерфиш. Фасцинантно и страшно.
     
    На M&M, Intergalactic, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.066
    Допаѓања:
    190.905
    Пол:
    Женски
    Дека поради мутација на одреден ген, Азијантите од источна и југоисточна Азија, немаат (грд) телесен мирис на пот под пазуви како што имаме ние Европјаните, Американците и Африканците. Поради истата мутација на истиот ген, исто така немаат ушна маст, она лепливо валкано жолто, што е типично за нас, туку имаат суви парченца кои лесно се отстрануваат.


    Фискалните сметки се отровни. Содржат хемиска супстанца која многу лесно во допир со кожата навлегува во телото и може сериозно да ги наруши хормоните. Уште полесно се апсорбира ако при тоа се користи гел за дезинфекција за раце. Истата супстанца ја има и во картичките за паркинг, ливчињата со броеви за чекање термин, екг листовите, како и во пластичните шишиња со вода. :x
     
    На M&M, Alex.T, Аргентина * и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.410
    Допаѓања:
    18.595
    Пол:
    Женски
    Мажјаците се многу помали од женките, а женките можат во исто време и повеќе мажјаци да носат "на свој грб" доста интересно и морбидно во исто време.
     
    На Малечка Малинка и Intergalactic им се допаѓа ова.
  11. Alex.T

    Alex.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2018
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    303
    Пол:
    Машки
    Ангелот Гаврил (во исламот познат како Џибрил) се смета за истиот ангел кој се појавува и во Библијата (Стариот и Новиот завет) и во Куранот.

    Во двете верски традиции, тој има многу слична и клучна улога: тој е гласник на Бог, оној кој ги пренесува важните пораки од небото до луѓето.

    Оваа личност е еден од најсилните мостови што ги поврзува трите монотеистички религии (јудаизмот, христијанството и исламот). Факт е дека сите три религии веруваат во истиот ангелски чин, односно во постоењето на небесен посредник кој ја пренесува Божјата волја на земјата.

    Разликата лежи главно во контекстот:

    • За христијаните, Гаврил е клучниот гласник за доаѓањето на Месијата (Исус).

    • За муслиманите, Џибрил е клучниот гласник преку кој се заокружува Божјата објава кон човештвото преку последниот пророк, Мухамед.