Денес дознав дека (I was today years old when...)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Munchmallow20, 8 август 2024.

  1. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.367
    Допаѓања:
    18.582
    Пол:
    Женски
    ..кога во ресторан седат двајца т.е машко и женско на веќе нарачан пијалок, понежната половина не е привилегирана во однос на посилната. Водејќи се според теоретските правила најисправно е да го праша машкото и по добиена дозвола може да ја послужи. И за ова, некој, некаде паднал на усен испит. Лудо.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Читав пред некој ден ми излезе на социјалниве мрежи.

    Една од најпознатите и најбогати пејачки на сите времина, Агнета од АББА, чие богатство се проценува над 200 милиони долари, пред 25 години била во љубовна врска со маж од Холандија по име Герт кој работел како виљушкар/утовар/истовар во некоја мала фабрика.

    Од мали нозе бил вљубен во неа и решил да изнајми стан во Шведска блиску местото каде таа имала куќа. Секој ден ја пресретнувал на улица и од што и станал досаден и не можела да го избегне завршиле во 2 годишна врска. Идам ја да изнајмам некоја гарсоњера до Бритни Спирс. Може и да ми се посреќи. Стискајте палци :D:toivo:


    https://www.dailymail.com/news/arti...driver-Abba-star-Agnetha-Faltskogs-lover.html
    agnetha2.jpg
     
    На Victorian, Јаготче, Buttermilk и 3 други им се допаѓа ова.
  3. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    24.858
    Ајде па и тебе да те гледаме со некој перформанс од кај неа.:inlove:
    upload_2026-9-11_12-29-52.png
     
    На Victorian, butterfly6223, Oxymoron и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Чул те господ, брате!

    После ќе ви фрлам донирам 200 евра тука на форумот да го апгрејдирате од DDoS напади, за да не ви е страв некој Индиец хакер да рекламира дејтинг сајтови преку вашиот профил :cash: :muscle::toivo:
     
    Последна измена: 11 септември 2026
    На Victorian, Alex.T, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.276
    Допаѓања:
    12.012
    Пол:
    Женски
    Одамна ми беше познато дека атентаторот на Абрахам Линколн, Џон Вилкс Бут бил актер, но денес дознав дека станувало збор за еден од најславните актери, миленик на американската јавност и сметан за најубав човек во периодот. Помагачите му биле детишта од обични фамилии со кои успешно манипулирал зашто се фасцинирале од него. Ова исто ко Бред Пит да го пука претседателот, лудница.
     
    На Victorian и Alex.T им се допаѓа ова.
  6. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    24.858
    Песната ,,За нас" на Каролина, била посветена на Македонија. Јас долго време ја доживував како љубовна песна, но сега кога ги анализирам стиховите, почнува да има многу повеќе смисла. Ова го дознав од коментар на јутуб.

    ,,Моево срце знај чука за тебе,
    под сонцето твое живеам јас."

    Исто и:

    ,,Долго те познавам и знам за тебе сѐ
    А кој сака како да те нарече
    Сеедно е."

    Ако е вистина, ова е одличен пример како може песна за државата да биде искрена и патриотска, а да не биде патетична. Без големи пароли и без пренагласена национална реторика. А и Каролина е баш одмерена. Да беше некој(а) друг(а) на нејзино место, веројатно ќе урлаше на сите страни, ќе ја потенцираше на секој чекор ,,македонштината" на песната, ќе редеше статуси, интервјуа и патетики за да ја засили емоцијата и да лапа тезги на секој Зелка-фест. Баш убава песна.:l:И јас слушам песни за државата значи, хехе.
     
    На Victorian, JoyJoy, LivingGlam и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Alex.T

    Alex.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2018
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Машки
    Или на пример во МК ова би било како некој познат македонски пеач да запали на пример бугарски конзулат... :D
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.271
    Допаѓања:
    193.133
    Пол:
    Женски
    Тресење на ногата/стапалото е начин на справување со стрес/себе комфорт, а не синдром на немирни нозе што е сосема понакво мрдање нозе. :|
     
    На Victorian, JoyJoy, bookslover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Секако дека ова не е вистина! Измислена приказна и лага во секој случај (y)(highfive)
     
    На Bitter-Sweet и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    24.858
    Ааааа, ок, штета ств.
     
  11. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Срцето на Каролина чука колку пари ќе и легнат на сметка од рекламата со А1.
     
  12. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    24.858
    Ова беше една од ретките прилики да пофалам песна за државата и ми го уништи моментот!!
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Секогаш на располагање! (y)
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Машки
    Вистина е дека „За нас“ е за Македонија.
    Прв пат ова го прочитав пред години на интернет и според текстот и евровизиските песни на Каролина имаше логика ама не бев сигурен се додека самиот композитор на 8. септември годинава не го потврди тоа на својот Инстаграм во објава.
    Исто така, Каролина на 8. септември 2021 година објави видео на Инстаграм свирејќи ја песнава на пијано и пеејќи ја, така што и тоа може да биде потврда.
    Учесник на Скопје фест 2000, второ место. Двете песни со кои Каролина подоцна всушност и успеа да не претставува на Евровизија имаат исто така „национален“ карактер: „Од нас зависи“ е експлицитно родољубива, а „Мојот свет“ е напишана во 7/8 такт и самата матрица содржи етно елементи.
    Сето ова пак укажува дека дури и во својата поп ера Каролина можеби имала веќе идеја на каде ќе гравитира жанровски/стилски во иднина (со „Македонско девојче“ 1 и 2, завршно со „Извор“). :D

    Ете, да се надоврзам на муабетот. :)
     
    На Victorian, JoyJoy, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Обични митомании и лажни приказни креирани од луѓето задолжени за нивниот пр маркетинг. Глумење патриот на батерии на оваа проста маса е добар бизнис и повеќе тезги :D:toivo:
     
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.271
    Допаѓања:
    193.133
    Пол:
    Женски
    Пред скоро, дознав нешто многу интересно, фасцинантно и фрустрирачко. Постои женски орган кој бил комплициран за објаснување и дополнително проучување па така “тим мажи научници” го избришале од книгите за женска анатомија.
    Се работи за *rete ovarii*, откриен пред повеќе од 100 години и отпишан како бескорисен остаток, како заклучок на конкретните машки научници. Денеска, истражувањата укажуваат на тоа дека тој всушност може да има важна улога во развојот и функционирањето на јајниците. Станува збор за структура која произведува протеини, реагира на хормони и низ неа тече течност кон јајниците.

    И сега доаѓаме до најфрустрирачкиот дел. Дел истражувачи предложиле RO (rete ovarii) да биде преставен како женски хомолог на *rete testis* – структура во машкиот репродуктивен систем чија функција е движење на течноста и спермата низ тестисите. Сепак, подоцнежните истражувања на тимот, утврдиле дека женската структура е многу посложена. aka нејќеле да и се замараат.

    Сложена или не, машката верзија била проучена, именувана и објаснета. За женската верзија бил посветен само еден пасус, а потоа избришана од медицинските книги.
    https://www.fiercebymitu.com/p/why-did-male-doctors-remove-this

    Ако некој сеуште се прашува што ќе ни е феминизам, еве милионита причина плус колку сеуште сме далеку од еднакви со мажите.
     
    На Victorian, st-el, Mimmi39 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Знам веќе одреден период, но ете вчера ми излегоа видеа на социјалните мрежи од концертите на Пастрмајлијадата во Штип.

    Пастрмајлија потекнува од Турција и е турско традиционално јадење, не од Македонија, поточно Велес или Штип како што тврдат. Уште еден мит и лага :|

    Така да, се надевам дека нема да се зголеми бројот на самоубиства во Велес и Штип после обелоденувањето на вистината од моја страна ]:):toivo::beer:

    Гуглајте Turkish Pide Bread

    turkish pide.jpg

    https://www.giverecipe.com/pide-stuffed-with-beef/
     
    На Alex.T, FreeToGo и curci им се допаѓа ова.
  18. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    24.858
    [​IMG]

    Јас пак мислев дека нашата велешка пастрмајлија потекнува од времето на палеолитот, кога пештерските луѓе од Велес престанале да јадат месо од камен и решиле да го стават врз тесто. Турците го украле рецептот кога не окупирале. Штипјаните многу подоцна, нормално.
     
    На Victorian, M&M, Alex.T и 11 други им се допаѓа ова.
  19. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    976
    Допаѓања:
    1.991
    Пол:
    Женски
    Деновиве сум во Турција и се запрашав за истово откако гледам како секој ден подготвуваат пиде, прават со компири и сирење и праз. Еј си викам па ова е како пастрмајлијата кај нас, ама кој од кого “украл” не знаев:D
     
    На Најубаф на свет му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.931
    Допаѓања:
    27.781
    Леле добро утро, истите јадења низ цел балкан се јадат низ цел балкан, вау, колку зачудувачки.
    Не станува збор за некаков мит или лага, не бидете прости ко бугарите и грците со наратив да те погазат. Луѓето на балканот живелее измешани, горе-долу со истата судбина, патувале, се мешале, културата е таа - балканска. Нема мое, твое. Има заедничко, балканско.
    Шо очекуваш да е традиционално јадење, тако? Пица? Шо? Секако балканска храна. Тоа шо луѓето сами си препишуваат националистички МОДЕРНИ називи, е тоа е лага. Т.е. не комплетно, пошо еве веќе 2 века се живее во граници на нешто што се вика држава, па поради тоа е реалноста. Патем, ако си јадел пиде ќе видиш дека има разлики од пастрмајлијата, посекако МОЖЕБИ пастрмајлијата влече инспирација од пидето, кој знае, можеби не. Колку шо знаеме, можеби баш турчин некогаш некаде во регионите на Штип и Велес ја има смислено пастрмајлијата? Ти би требало да знаеш, пошо као демек сè знаеш.
     
    На Victorian, M&M, Antolinaa и 5 други им се допаѓа ова.