Денес дознав дека (I was today years old when...)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Munchmallow20, 8 август 2024.

  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    18.739
    Посебно ми се интересни Турците и Грците, колку и едните и другите се гордеат дека баклавата е од нив е само нивна. И тоа што ние го знаеме како турско кафе, не било турско, грчко кафе било тоа. :D
     
    Последна измена: 20 септември 2026 во 18:25
    На Alex.T и FreeToGo им се допаѓа ова.
  2. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    418
    Пол:
    Машки
    Брат, вие од Велес треба веќе еднаш да сфатите и прифатите дека сте само една приградска населба на Росоман. Така било од палеолитот, така е и денес. Повеќе смисла ми има Росоманска пастрмајлија.

    Знам дека овие шокантни информации премногу ти дојдоа ко за недела и ти се одмили неделниот ручек, али...

    logical.jpg


    Нема што да размислуваш. Турско е.

    Турско пиде = пастрмалија

    Никогаш не сум бил во Турција и не сум јадел турско пиде.

    Не секаде јадат иста храна, а во Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија немаат појма што е пастрмајлија. Знаат тие што биле на одмор во Турска и пробале.

    Пастрмајлија не влече инспирација од пидето, туку е чиста копија, а врз таа копија се прави мит и лага дека потекнува од Македонија. Ко за милион други работи што лажат кај нас :|
     
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.921
    Допаѓања:
    27.689
    Па добро, може за тебе, ти си знаеш.

    Па кога реков иста храна, мислев општо, разно разни слични со мали варијации или скроз исти рецепти се вртат низ сите балкански држава, не е тоа ништо чудно, ако ја земеш во превид сета историја.
    Работата е што за нешто за што тврдиш дека е така како што викаш, треба да имаш доказ. Посекако ти лично можеш да имаш мислење, и тоа е тоа, твое мислење. Не факт. Прво и основно пастрлмајлијата и пидето не се исти, кога би јадел пиде, би го сфатил тоа. Второ, од кај знаеш како уопште дошло до појава на 2те? Можеби 2те влечат инспирација од сосема 3то некое? Пицата да не е копија на лахмаџун? Буритото да не е копија на дурумот? Дамплингсот да не се копија на мантите?
     
    На bicycle, sino.o.oka, Raven22 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    418
    Пол:
    Машки
    Се е copycat во македонската кујна. Нема ништо автентично. Тоа не значи дека е лошо, туку не е автентично. Проблем е што тврдиме дека е автентично, а е copycat.

    Пастрмајлија е copycat на турско пиде, а тврдиме дека е автентично. Не е. Лага е.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.221
    Пол:
    Женски
    Темата мешани бракови мислев е за премажени парови, полусестри/браќа додека не ја отворив и сватив за вери е.
     
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.921
    Допаѓања:
    27.689
    Не може да е копија кога не е пиде.
    И пак ќе кажам, сите балканци истата храна ја јадат, зошто балканот е мало парче земја на планетава. Бурек, полнети пиперки, грав, ориз тава, мусака, летна манџа,... сите истото го јадат. Пошо тоа е балканската кујна.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    4.171
    Допаѓања:
    53.156
    Чекај коа ќе ти кажам дека и тавче гравче е турско јадење... Скоро сите јадења ни се пренесени од Турците, и тоа е факт и нема што да се срамиме или чудиме. Нит постои грчка баклава, нит постои македонско кафе, а уште помалку не постои босански бурек САМО со месо па колку они сереле дека ако стаиш нешто друго внатре магично сирница станува. Знам, иам прашано турци од прва рука. :D
     
    На Mumoftwo30, Medea., FriendOfDorothy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    5.129
    Допаѓања:
    25.820
    Пол:
    Женски
    Леле, а ја мислев бар тавче гравче е наше пошто намирниците се ко да се снаоѓале во најтешка сиромаштија порано, па смислиле печен грав.

    Можеби кумановски мезал'к не е украден? Хм. :D

    Факинг фејк држава.
     
    На Mumoftwo30 и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.229
    Допаѓања:
    192.775
    Пол:
    Женски
    Порано се живеело на житарици, компир и месо. И риба покрај вода. Тоа било нај достапно на Балканот. Сигурно не дошла некоја турчинка да ја научи баба ми да сучи кори, ниту видела на тв пошто немало тв во богу иза ногу село. Од 8 години била принудена да готви и меси за татко и двајца браќа, мајка немала, тетка немала, само едно женско била. Видете, не е научна фантастика. Тоа што ти е достапно тоа го мешаш и тераш. Затоа за балканов се типични јадења мешани со месо. Леб и месо, компир и месо на 1000 начини. И многу салати. Во тешки денови се јадело зелено, домати се јаделе како јаболка, пиперки исто. Не се работи дали е фејк или не, луѓето правеле се за да преживеат. Па така и храната се усовршувала и прилагодувала. Да не случајно Турците измислиле се? Па колку познати турски рецепти се автентични за блискиот исток и северна Африка. Да не отишле до Бразил да им го покажат кафето?
    Ете многу било тешко да замесиш наједноставно лепче од пченицата што претходно сам си ја собирал и мелел, и да ставиш парченца месо од колењето животни пред зима, што секое семејство го практикувало и оти толку имаш дома. Со наполнета вода од бунарот. Зошто е чудно дека на скоро сите луѓе им текнувало тоа за да преживеат кога само тоа имале? Колку од вас имаат мајки што не им треба рецепт? Гледаат што има достапно и мучкаат торта?
    Смешно е кога се препишува националност на храната кога таа била типична за одгледување на овие тогаш рурални простори во денешниве модерни граници. Апсолутно имале влијание и римската и турската палета зачини. Ама се знаело што е автентично и за овие простори, босилек (кој всушност е и опеан во доста македонски песни), нане камилица, магдонос.
    Баба ми од 8 години месела и готвела без никој да и покаже. И потоа станала главен шеф во фабрика каде дневно готвеше за над 2000 луѓе. Години откако се пензионира и ги фалеа јадењата што самата ги мешала и измислувала.
     
    На Alex.T, WarriorMind, Milaaaaaaaaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  10. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    24.310
    Само Александар излезе дека е наш срцки, помирете се. Oh, wait...
     
    На Alex.T, WarriorMind и Srckata28 им се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.921
    Допаѓања:
    27.689
    Да, пред турците, тука грав не се јадело.
     
  12. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    8.465
    Пол:
    Женски
    Пробуваш да бидеш саркастична, ама гравот е донесен од Америка, и кога ќе го видиш тајмлајнот, да стварно немало грав пред Турците.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.921
    Допаѓања:
    27.689
    Амерички индијански или амерички новоамерички? И кога американците го донеле гравот на балканов? Значи не е турски, амерички е?
     
  14. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    8.465
    Пол:
    Женски
    Се јадело или не се јадело грав на Балканот пред Турците?
     
  15. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    5.423
    Пол:
    Женски
    "Од нас зависи" е сигурно за Македонија а за "За нас" не сум знаела до сега, претпоставувам дека не е ама еве прв пат сваќам дека може и така да се интерпретираат многу делови од песната.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.690
    Допаѓања:
    194.157
    У склоп на муабетот
    Бев на гости во Измир и јадевме домашно пиде
    Врска нема вкусот со нашите пастрамајлии
    Они тураат други зачини
    Исто и си купив кафе турско мелено
    Коа го сварив беше кафена светла боја лито како чај и без кајмак
    Така да нивното турсло кафе е друго не ко ова ние шо го викаме турско
     
    На Alex.T, Mumoftwo30 и Hoping им се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.921
    Допаѓања:
    27.689
    Не знам.
    А се јадело грав во Европа пред турците?
     
  18. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    5.423
    Пол:
    Женски
    Гравот е донесен во Европа во 16 век, после откривањето на Америка. Така да не ги извртувајте тезите дека турците го донеле во Македонија. Всушност тогаш е донесен низ цела Европа а ние во моментот сме биле под османлиско ропство. И да не сме биле под нивно ропство гравот ќе дошол тогаш во Македонија. Не го донеле они, туку тогаш е распространет во цела Европа, не ги менувајте тезите.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kokodaki

    kokodaki Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    740
    По оваа логика како Италијанците ги правеле сосовите пред да бидат донесени доматите ?

    И Турците да не ги донеле сите овие јадења со нив кога доаѓале од исток . Имам читано дека дел од јадењата тие ги сретнале на Балканот/ Византија при освојувањето, па ги приспособиле и видоизмениле.
     
  20. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    24.310
    Не баш денес али пред некое време дознав дека Џенифер Лопез требало да настапи со Бритни и Мадона на VMA 2003, кога се деси фамозниот лезбо бакнеж у живо на тв. Џеј Ло дури и лично учествувала на пробите со Мадона и Бритни, кај Мадона дома. Сепак, у тоа време ја снимала романтичната комедија ,,Shall We Dance?" со Ричард Гир и тоа ја спречило да настапи на церемонијата. На нејзиното место дошла Кристина Агилера.

    Џеј Ло ќе беше онаа која ја сецнаа кога Бритни и Мадона се бакнаа на камера, за да му ја пуштат реакцијата на Џастин. После ова откритие знам дека поинаку гледате на светот срцки.