Денес дознав дека (I was today years old when...)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Munchmallow20, 8 август 2024.

  1. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    8.483
    Пол:
    Женски
    Никој не рече дека Турците го донеле.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Frida-

    Frida- Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    Дека 80% од дрвата во парк се маркирани за сечење.
     
    На Aleks.mar и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.360
    Допаѓања:
    4.465
    Пред околу 10 години слушнав за редок минерал наречен лорандит кој го има само на 3-4 места во светот, меѓу кои и Македонија, а се користи во физиката и вселенски технологии.
    Си реков баш би било згодно да се има за украс по дома, штета никаде го немаше по продавници... но тоа не било случајно!

    lorandit.jpg

    Денес дознав од геолог дека лорандитот е мошне отровен поради големата количина на талиум и арсен, а почетокот на ХХ век се користел и како отров за глувци. Ракувањето мора да се одвива со ракавици и заштитна маска, бидејќи е лесно кршлив и вдишувањето дури и на мали количини може да биде опасно.

    imageslorandite.jpg
     
    На Амаја, Victorian, boomsleng и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Така е.

    Ах, да ти е само тавче гравче. Кај нас 95% од историја е тешка лага и шизофренија, но народ сака лаги, а не факти. Така се чувствува моќен и битен :drunk:
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Дознав пред недела дена, пошто мајка ми ме удави со тоа дали сум прочитал, дека песната „На Струга дуќан да имам“ по верзијата на некоја американска женска група Китка, се појавува во новиот филм на Метју Меконахи. Инаку, Бугарија тврди дека песната е позната под името „Шчо ми е мило, ем драго“ и е првпат изведена во Бугарија и напишана од бугарски автор, а во Северна Македонија е позната под името „На Струга дуќан да имам“. Филмот уште го немам гледано, но го ставив на репертоар наскоро. Ете, еден убав начин на промоција.

    https://tocka.com.mk/vesti/571376/v...a-imam-vo-film-so-metju-mekonahi-i-kurt-rasel

    Верзијата на песната што се појавува во филмот

     
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.962
    Допаѓања:
    40.569
    Пол:
    Женски
    @Gosh @Најубаф на свет не е тавче гравче турско. Не е ничиво. Едноставно постоело на овие простори. Не велам дека наше, ама по зачините што се употребуваат веројатно не е турско. Турската кијна има примеси од Арапски зачини во тавче гравче тие ги нема.
    Исто и за питите, односно бурекот. Од каде знаеме дека не е од тука натаму пренесен. 500 години се мешале културите тука. Ние нешто сме прифатиле, тие нешто прифатиле.
    Има документарец „Чија е оваа песна“ од Американци е правен мислам. Оди низ сите земји на Балкан и сите тврдат дека една песна е нивна. Од глупости ќе се потепаме тука или меѓу семе или пак ќе се негираме себе си на сметка на другите за работи за кои едноставно не може да се докаже кој ги „измислил“.
     
    На MissChievous и M&M им се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.276
    Допаѓања:
    12.012
    Пол:
    Женски
    Обично најафирмирани се одредени кујни од земји кои имале етаблирани, моќни елити и владетели бидејќи во нивните дворци се смислувале и усовршувале највкусните рецепти, па така сега од регионов слушате најмногу за турската храна, инаку македонската кујна важи за контактна кујна развиена главно под туѓи влијанија, но е посебна и воопшто не котира лошо на светските листи. Тоа е на некој начин и успех. Дури и мексиканската кујна корени влече од предколонијалното доба и тамошните силни држави.
     
    Последна измена: 6 октомври 2026
    На Снегулк@23, Victorian, boomsleng и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Не постоело на овие простори. Било донесено од Централна Америка, а кај нас преку Турците.

    Тоа што дошло преку Турците не значи дека потекнува од кај нив. Пример, кебапот и Шиш (или Грците што го викат суфлаки) потекнува од Иран, кафето од Јемен, еклерот од Франција, модерниот ферментиран јогурт е измислен од Бугарин.

    Нема автентично јадење што потекнува од Северна Македонија. Тоа се тешки измислици што се пласираат. Можеби ајварот, но повеќето тврдат дека потекнува од Лесковац. Таму и е патентиран. (y)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.962
    Допаѓања:
    40.569
    Пол:
    Женски
    Ајварот го патентираа Словенци пред неколку години. Како нивни производ, автентичен. Е арно ама не може да патентираат таков прозивод, па само името го патентираа. Затоа едно време имавме Ајвер место Ајвар.
    Глупаво е да се тврди дека ништо кај нас не е автентично исто колку што е глупаво да се тврди дека се е наше.
    Исто така за ајвар има различни рецепти. Во голем дел од Македонија се прави само од пиперки, некаде се става и модар патлиџан. Србите во ајвар ставаат оцет. И ај кој го измисли прв?

    Си чул за назлифатми? Изгледаат како да се турски/арапски зашто се парено тесто. Е арно ама верзијата што ја има во Тетово ја има уште само на едно место во Босна и толку. Никаде во Турција нема такво благо.

    Пак ќе ти кажам ова со потеклото на рецептите за спремање на храна и кој е прв и кој од кого прифатил ти е прилично недокажани теории. Ти мешаш рецепти за подготовки на намирници со намирници. Може гравот го донеле Турците, ама рецептот за тавче гравче може да не е нивни. Исто и компирот е дојден од Јужна Америка ама рецепти за негово спремање има најразлични. Пример помфрит е од Белгија (ама од Францускиот дел, не е од денешна Франција туку од регион што зборувал Француски).
     
    На Alex.T и sino.o.oka им се допаѓа ова.
  10. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    836
    Пол:
    Машки
    Грешка.
    Модерниот ферментиран јогурт не е измислен од Бугарин туку процесот на ферментација на јогурт прв пат во науката е опишан од Бугарин. И изолирани се бактериите кои го ферментираат млекото.
     
  11. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Така е. Моја грешка. На исто мислиме, погрешно сум се изразил.

    Сеедно, по таа формула се прават модерни јогурти.
     
    На Alek90 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Кога сме на тема храна, пред некој ден сознав/читав дека Албанци, Турци, Грци, Бугари не јадат ајвар и не знаат што е тоа, барем најголем дел од нив. Бугари имаат нешто налик лутеница што се јаде и кај нас, ама не е ајвар.

    Второ, екстензивно патување и желба за патување во медицината/психологијата не се смета за нормално и се смета за зависност под името дромоманиа (dromomania). Се смета дека главен причинител за dromomania е биполарноста и често се препишуваат лекови асоцирани со истата.

    https://www.psychologytoday.com/us/...romomania-an-uncontrollable-urgency-to-travel
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.931
    Допаѓања:
    27.781
    Северна Македонија постои 7 години, логично баш конкретно од Северна Македонија нема ништо автентично.
    Ако гледаме така, се што е од античките народи кои денес модерните Грци обожаваат да ги нарекуваат антички Грци е земено од Еѓипќаните, Фениќијците, и други. Да не збориме за денешните што се, а што глумат дека се.
    Бугарите го имаат називот благодарејќи на азиско туркско племе налик на хуните. Ама битно бугарин прв го измислил модерниот ферментиран јогурт. Ааа не, си мислел дека бугарин бил прв што го опишал процесот на ферментација, на тоа си мислел, ама погрешно си се изразил, аха, океј.

    Докази за било што?
    Ист си како грците, ко ќе ги прашаш за доказ, запис, вистински запис 100% оригинален, одеднаш те прават будала со испран мозок.
    Ај оди читај си пак статии и пишувај тука како прв пат во животот си дознал за нив. А дали се вистина, нема врска, битно ние македонците сме крадци и будали, сите други се иноватори, инжињери, со IQ 200 уште под Османлиско време.

    Иначе, ако не знаеш до сега, еве прилика денес прв пат да дознаеш: денешната модерна Северна Македонија буквално се наоѓа во средина на Балканот. Ако тоа не ти кажува нешто, имаш пред сè проблем со логиката.

    political-map-of-the-balkans-vector-46398869.jpg

    Иначе, колку години имаш?
     
    На Gosh и Liza38 им се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.271
    Допаѓања:
    193.133
    Пол:
    Женски
    Ајвар е доста познато балканско јадење и Грците и Бугарите го знаат. Бар оние што имаат интернет. Живеев во Грција па зборам од искуство. Бугарската лутеница денеска се повеќе е со варени пиперки место печени.
    Во Германија (каде што сега живеам) на пример, имаш и грчки и бугарски ајвар неколку различни брендови, пошто можеби не сакаат да го промовираат дома, ама бизнис мизнис за надвор први се. :D
     
    На Bozica1980, daylight, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.931
    Допаѓања:
    27.781
    Гласините аа ајварот како постоечка храна застануваат на границите помеѓу Македонија со Бугарија, Грција и Албанија, невозможно е да се пренесе глас дека постои, а уште поневозможно е да се извезува, увезува. А најневозможно е луѓето да патуваат и самите да го откријат. Ама секако бидејќи Македонците ајварот го :*: украле :*: од или Србите или Словенците, тука границата ништо не ни може. :D
    А лутеницата очигледно сме ја украле од бугарите, само малце сме го измениле рецептот за да не биде толку очигледно. Слично како што сме направиле со пастрмајлијата, т.е. украденото турско пиде.
     
    На JoyJoy и Yowannty им се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.271
    Допаѓања:
    193.133
    Пол:
    Женски
    Дур сум тука.
    Пред некој ден дознав нешто интересно. Во древен Египет, жените уринирале во купчиња семе од јачмен и пченица и на тој начин потврдувале бременост.
    Функционирало така што, кога се сомневале на бременост, жените секој ден со својата урина полевале купче јачмен и купче пченица. Ако после некое време почнеле да ʼртат се сметало дека се бремени. Исто така, го предвидувале и полот, со тоа што се сметало дека ако прв изʼрти јачменот тогаш бебето ќе биде машко, а ако прва изʼрти пченицата тогаш би било женско. :)

    Истражување направено во 60тите покажало дека овој начин на потврдување на бременост бил со точност во дури 70% од случаите и дека одредени хормони во урината на жената можат да поттикнат ʼртење на семињата, додека пак за утврдување на полот се докажало дека нема поврзаност кое семе ќе никне прво.
     
    На Bozica1980, Alex.T и angel4444 им се допаѓа ова.
  17. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Машки
    Јас не верувам во 90% од работите кои се промовираат кај нас на тема историја и култура, се е една тешка лага во која не постои логика на нештата, пред се доволно е да видам какви разни ретарди и теоритичари на заговори ги промовираат истите милениумски дострели на цивилизацијата. Не, фала, имам попаметна работа во животот отколку да читам такви бесмислени лаги. Патем, треба да се напомене дека денес сите сме Американци кога ќе се погледнеме во огледало или ќе го вклучиме својот телефон или телевизор.

    Ете, кога сме на тема исхрана, денес го најдов вистинскиот рецепт за сарма. Веројатно бил криен со милениуми во некоја планина и нашите портали тек сега ни го откриваат. Сарма, која потекнува од Турција и е турски збор, дознавме дека има и своја милениумска верзија на овие простори и всушност Турците лажат хехе.

    Читај го насловот вистинска. Значи, вие или вашите родители не правите вистинска сарма.

    https://www.ubavinaizdravje.mk/gast...ska-makedonska-sarma-ne-ste-probale-povkusna/


    Ајвар е познат на просторите на бивша Југославија тоа несомнено. Вон тие простори не толку или воопшто.

    Едно е да го знаеш, друго е да ти е дел од секојдневна или сезонска кујна. Бугари знаат што е ајвар, но преферираат лутеница да јадат. Грци можеби јадат некој процент, но не е нешто што е секојдневие. Турци и Албанци не јадат и најголем дел не знаат што е тоа. Ова сум го читал по ЈуТјуб коментари од самите нив. Романците имаат своја верзија која ја викаат zacuska или мезе. Слично е како лутеница.
     
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.931
    Допаѓања:
    27.781
    Не знам на што точно мислиш, какви лаги промовираат тука? Ништо не те спречува вистински да истражиш, да копаш од цел свет архиви, да читаш стари книги на секакви јазици, да посетуваш музеи, итн, итн. Никој не вика слепо да веруваш, всушност напротив, јас викам да си бараш докази. Патем, и ти промовираш нешто, за што тврдиш дека е вистина.
    Инаку, се сложувам дека културолошки, голем дел од идентитетот ни е амерички, цел живот слушаме нивна музика, гледаме нивни блокбастери, пратиме нивна култура. Но поголемиот дел куктуролошки сме балканци, а тоа важи за сите, нема разлика во балканската култура кај нас македонците, србите, бугарите, грците, албанците. Знаеш зошто? Зошто до пред 2 века не постоело ваков модерен идентитет преку држави, зошто држави не постоеле. Затоа е глупаво да збориш од модерен аспект за нешто што постои од претходно. Сармата е сечија. Постоела од пред да постојат држави. Никој не ја украл. Сите ја јаделе тогаш на балканот и сите ја јадат денес во своите држави.
     
    На bicycle, Alex.T и Gosh им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.638
    Допаѓања:
    69.827
    Пол:
    Женски
    Ептен сте оф топик во темава. Цитирам од воведот
    Не е за факти некои што сте ги прочитале или откриле. Еве посоодветна тема, на пример.
    https://forum.femina.mk/threads/Сакам-да-знам-интересни-слики-и-факти.12269/
     
    На Најубаф на свет, daylight и Mięta им се допаѓа ова.