Интересна тема Бев околу 20 год и почнав да опишувам случка, и да објаснам као дека многу сум плачела не знам што, и кажав дека сум леела крокодилски солзи и не ми текнува со кого разговарав, може да беше тетка ми, татко ми така нешто и ми вика, а знаеш што се всушност крокодилски солзи!? Да бе викам, како не, на што добив одговор дека крокодилски се лажни солзи, крокодилот не плаче читам и на форумов истите крокодилски солзи ги користат кога опишуваат па еве да ви кажам дека не е дека некој мн плачел, туку лажно плачел
Во короната дознав за DIY - Do It Yourself... мислев дека е само фенси збор за нешто друго.... нема да лажам, се осетив глупава. можете да се насмеете слободно. И и дека Симба на афрички значи Лав, не дека требало да знаеме што значи ама не било за џабе Симба. Ќе ми текнат и други работи ама ги има.. некогаш ама ич не се запрашуваме за нештата и не знаеме од каде сме ги научиле, само си стојат таму како информација во нашата глава.
Не денес, ама срам ми е да кажам дека мнооогу покасно во животот дознав дека Xiaomi се чита Шаоми Неколку пати се имав избацено со Имате Ксиаоми телефони?
Не знам да го пишам Мене ми беше I was today years old момент https://consumer.huawei.com/za/community/details/How-to-correctly-pronounce-HUAWEI/topicId-142392/
Исто и сеа тешко прифаќам дека се вика како што се вика Лесно се изговарало ова, полесно отколку што сме го кажувале ние, само тешко за пишување на нашиов јазик. У а у е ј најблиску е мислам? @Munchmallow20 темава интересна ти е. Ќе дознаеш нешо ново. Корисна е.
Исто како јас што се брукав со Caprice (чоколадните стапчиња) и ги барав по продавници како Каприце ,продавачите само ме гледат зачудено .
Скоро дознав дека Македонија не граничи само со 4 земји (Србија, Бугарија, Грција и Албанија) туку и со Косово. Иак знам за граничен премин со Косово, некој да ме прашал со кои земји граничи државата би ги рекол 4те, како така да ми е научено од основно... и коа гледам на мапа Косово е многу поголемо од тоа што го мислев.. срамови ме јадат
Јас во дм еднаш барав на Bourjois нешто пудра и не знаев како се изговара и викам Имате на Боурџојс пудри? А, и исто така касно дознав дека Mocha кафето не е моча
А Parfois се изговара Парфуа или Парфоис? Ова францускиве зборови збунка само праат. Темава не е за #прашањаштомемачат но зашто некои за little изговараат лајтл, за cherry шери? Посебно шериво ме занима. И Levi's и Ливајс.
Пред неколку години кога прв пат го сретнав бреднот HERMES мислев дека и ХЕРМЕС се чита а тоа да ти било ЕРМЕС правилно
До скоро не знаев дека Дракула е вампир, мислев дека дракула си е дракула, „посебен вид“, како Франкенштајн што е Франкенштајн. бруки Аа и дека зборот „нокаут“ е фактички knock out на англиски, не сум обрнала никогаш внимание.