Да, ама ова не го кажувај во Србија на квизови или тест по географија на школо Levi's = Лиивајс, да Cherry некои го изговараат по француски затоа што во францускиот CH = Ш Така на пр. Chicago иако е во САД, се изговара со Ш, не со Ч - Шикагоу, не Чикаго бидејќи името на локацијата првично била запишана според француски правопис. Инаку доаѓа од мекси јазик, шикакахуа = место каде расне див лук (мечкин). Parfois француски Парфуа = понекогаш, вообичаено Прашање е што имал на ум оснивачот, бидејќи е португалски бренд па на нивниот јазик изговорот би бил Парфојс (ако имаат таков збор воопшто).
лелеееееееее абе едно да погодев, сите значи исто ги викаме ко децана кога ќе научат грешно зборче и така тераат дур не ги поправиш 20 пати. Сега пред да кажам Парфуа ќе се подразмислам дали беше со уа или оа
Додека да се одвикнам сега, ќе биде интересно А ќе одам и на другарка ми да и кажам што ме научи дека е со О Мада срам ми е да кажам како го изговарав порано хинт: португалски ама со И
Јесте. Во француските зборови многу букви имаат акценти така што тие скоро во сите случаеви мора да се изговорат, а обичните без акцент се изоставаат. Зафркнат е францускиот.
А знаеш всушност кој е Франкештајн? Јас долго време мислев погрешно, можеби денес за тебе ќе биде тој ден.
Зависи кој мислиш дека е. Јас пред да ја прочитам книгата, мислев дека Франкенштајн е чудовиштето, а всушност така се вика докторот кој го направи чудовиштето.
Уф, имам многу вакви примери. Имам истражувано, особено за имиња на брендови како правилно се изговараат, пред многу години, и сега веќе поголемиот дел ми се јасни. Интересна случка што ми текнува е во парфимерија во Љубљана, кога барав парфем на „Жерлеин“, па „Жерлаин“ па „Жерлан“, додека продавачката не знаеше што е тоа и, конечно, ѝ текна дека прашувам за „Герлан“ (Guerlain). Многу ми беше незгодно, брука бев. Еве нешто друго, за оние кои не го сретнале до сега. Кафето ЦЕ има лого кое, всушност, сугерира на лажичка за кафе (кафена лажичка): ckafaobicna700x700.jpg
Не сите луѓе си замислуваат филмои у глаата коа читаат, и не сите имаат внатрешен глас коа мислат... Ја ги иам и девете, и ми стана јасно зашто многу луѓе не сакаат да читаат...
Ја денеска дознав дека оние округлите пластики за процедување паста и шпагети не биле за да ги истуриш шпагетите внатре туку пластиката ја ставаш во тенџере и го превртуваш…..
Не дека скоро дознав, тоа сме го учеле во школо по историја за вековите и срамота е стварно да не се знае. Но ја и ден денес не можам да прифатам и пак не ми иде дека 2000 - та година не е 21 - ви век, туку е 20 - ти. И пак барам некој да ми потврди, но џабе, ко што реков не ми иде дека е така и крај.