Не баш today ама бев пред една година years old кога дознав дека на машките мачиња крзното може да им биде само во една или само во две бои. Шарено ако е (повеќе од 2 бои), 100% е женско. Пример, ако е бело со црно и плус има и трета боја на пример и портокалово или сиво , тогаш е женско, машко нема трета боја. *Уствари постои и машко со шарено крзно со повеќе бои, ама тогаш станува збор за мутација, т.е. мачето иако машко има плус еден Х хромозом. Ама во глобала оваа појава е ретка.
Дека малата лепенка од влошката си има улога, односно се става на надворешната страна од гаќите долу за да се залепи со крилцата и подобро да ја држи влошката на место. Јас ги фрлав цело време. Следна менструација пробувам.
I was today years old when дознав дека 2013 е единствена година после 1987 во која сите цифри се различни.
Каква мала лепенка? Можда зависи и од влошките, јас нигде немам видено лепенка која може да се фрли или употреби поинаку. Една лепенка на влошка, уште 2 на крилцата, толку е. Не користам олвејз, можда затоа
Него дали бевте today years old кога дознавте како се игра Minesweeper играта? Јас да (од пред неколку месеци дознав)
Денес дознав дека ако родител се откаже од дете преку весник, тоа дете нема никакви правни обврски спрема родителот (нема право на имот, наследство, но и дека родителот не може да бара од него да го издржува). Мислев дека таквите откажувања се повеќе од емотивно-морален аспект и немаат правна дејност
Денес дознав дека постои популарен Мандела ефект за Пикачу. Многу луѓе имат погрешна меморија дека Пикачу има црно на врвот на опашката, слично како на ушите. Инаку опашката на Пикачу е целосно жолта на врвот и никогаш не била црна. Скролајќи низ рилс ми излезе сцена од Покемон и прочитав коментар како некој прашува оти нема црно на опашката, дали е тоа грешка во анимација, бидејќи го памтел Пикачу со црно на опашката. Потоа изгуглав и сфатив дека ова било thing. Јас всушност не го памтам со црно, можеби бидејќи цел живот гледам и играм Покемон. А вие?