Јас до сега мислев дека сите оранџасти мачки се мужи. До сеа сите шо сум ги запознала биле мушки, па си викам нешо ова до боите е. Али отворив интернет, 80% биле машки, а само 20% од портокаловите се жени
Јас имам портокалова женска Сите тробојки се женки. Многу, многу се ретки мачори со три бои, а тие што ги има не можат да се размножуваат.
Поим немав дека мачори со три бои не можат да имаат деца, пред да кажеш ти Знам дека ако е под две бои и е крупен е маже, а ако е над три бои, шарена и ситна дека е женска. Другарка ме учеше по опашките да ги глеам. Ако има крупен опаш е машко, а ако е тенок извајан е женско. Ова до сега што знам. Знам мачориве имаат и поголема глава, па така јас ги разликувам. Инаку јас имам еден оранџаст, згоден мачор
Да, во најголем број случаи и јас можам да ги разликувам машки од женски. По шепите исто, женките имаат потесни, машките пошироки шепи. Ама има исклучоци, еве мојава женка на пример е поголема од повеќето мачори. Нетипично е голема (и долга, и висока и дебелка) и со голема глава и опаш. Можат да се разликуваат и по "карактер". Ама да не навлегувам многу, мислењево книга ќе стане
Леле и јас имав женска портокалова. За жал отиде под тркала на некоја кола. Ама ја знам и дека мачка може да остане трудна од повеќе мачори во исто време. Е сеа дали е тоа вистина не сум прочепкала по чичко гугл да видам што вика. А ги разликував по половиот огран, на мажките им е точка а на женските им е вертикална цртичка. И до сеа не сум промашила пол
Вистина е ова дека можат мачињата да бидат од различен мачор. Кај мене у двор се омачи една мачка со 5 мачиња, ама сите беа различна боја. Едното беше апла оранџасто, второто бледо жолто, третото сивкасто, четвртото и петтото беа бело и црно. И точно можев да намирисам кое на кој шмекер е Spoiler Инаку жал ми е за твојава мачка. Срце Јас пред да го имам сегашниот мачор, како дете имав два оранџасти други. Сродни души ќе да ми се овие портокаловите. Првиот беше на комшиите али доаѓаше кај мене често и беше ептен милна мачка, понекад и малер. Али кога дознаа овие дека и јас го сакам и го галам и го рачунам за милениче се наљутија и го тргнаа Вториот го чував со години во двор и еден ден магично исчезна и никад не го видов веќе. Уште ме боли душава ко ќе помислам на него. И до ден денес не знам што се случи со него Горе долу кај мене многу мачки доаѓаат и си одат. Се сеќавам имаше еден црн расен кој не посетуваше често. Имаше и една мачка со три бои, една извајана лепа госпожа што нонстоп беше трудна. Но овие одамна ги снема. Општо вака еден куп други доаѓаат и трудни и нетрудни, и мачори и мачки и мали мачиња, и ги хранам, али мојот сегашниот го сакам највеќе од сите мачки, највише до срце ми прирасна
Ехеее колку мачки ми поминале низ раце, што низ двор што низ дома. Само еден мачор ми кидна на ветеринар кога го носев и не го најдов повеќе, се друго коли ги изгазија пошто сум на главна улица и се вози поприлично брзо. Последнава мачка може ја чував 2-3 год така во двор и ја зема една другарка сега господски живот живее.
За муабетот од погоре. Да, 99,9% од сите мачки со повеќе од две бои се женки. Боите на мачката се одредуваат со Х хромозомот. Мачка има два X хромозоми, така што секој од нејзините Х хромозоми носи боја што ќе биде изразена на крзното. Значи, мачка со 3 бои најверојатно има X (бела/портокалова) и Х (бела/црна) хромозоми, па така се изразува на крзното. Бидејќи мачор има XY хромозоми, тој има само еден Х хромозом и може да изрази само 2 бои. Во многу ретки случаи кога мачор има три бои, тој има XXY хромозоми. Ова е генетска абнормалност наречена Klinefelter синдром и тој мачор не може да се размножува. Исто и за портокаловите мачиња дека во најголем број се машки. Им треба само една копија од портокаловиот ген за да ја изразат бојата, на едниот свој Х хромозом. А за женка да е портокалова, треба да го наследи генот за портокалова боја на двата нејзини Х хромозоми.
Денес дознав за: Cryptoscopophilia - нагон кој те тера да ѕирнуваш низ туѓи прозори кога поминуваш покрај нив. Не сум мањак, жими сè! Ама ако имам прилика во поминување да ѕирнам низ нечиј прозор, ѕирнувам. Ме интересира атмосферата, како им е уредено дома, некогаш пуштено е некое интересно светло, или тера нешто на телевизор. Значи, не буљам апла, тоа е секундарно. Сеа поготово ми е интересно со елките и сијаличките и остали декорации.
Омилена активност ми беше, особено низ Тафталиџе. Кој има клавир, кој библиотека, уште да можев да видам што книги имаат во библиотеката Овдешниве комшии ми се страшно досадни, кој пуштил телевизор од 2 метра па можам и јас да гледам (а не ме занима), кој адвентен свеќник. И толку. Ништо клавири, ништо библиотеки
Живеам на приземје, од прозор гледам буквално во дневната соба на комшиите карши Кога ги менуваат завесите на прозори, ги "пазам" да не паднат
Ете и јас денес дознав дека ова има име. Баш ми е мило што не сум сама, трчам да му кажам на маж ми затоа што ме викаше луда. Не знам уствари во која категорија спаѓа. Не е дека добивам нагон, повеќе е љубопитност и не ме интересираат толку луѓето, просто самото уредување внатре и распоредот, стилот, предметите, декор, осветлување, сликите, цвеќиња.
Лелеее иста сум и јас, посебно ако видам некоја куќа со среден двор па застанувам и гледам. Порано кога бев мала кога одевме со мајка ми кај колешка нејзина цела улица таму имаше убави куќи и навечер ролетните не им беа спуштени и буквално се' се гледаше внатре и си ѕиркав (може и намерно не ги спуштиле ролетните за ние да им ѕиркаме).
Да се надоврзам на ова погоре. Калико женките се шарени бидејќи настанува инактивација на едниот х хромозом. Е сега во секоја клетка е различно. Така, во некоја клетка може да биде деактивиран х хромозом кој ја носи црната боја, па тоа место ќе биде портокалово. И обратно. Така да не мора да има два х хромозоми за портокалова боја, туку да биде инактивиран носителот на црна боја. Инактивираниот хромозом формира нешто што се вика барово тело. И кај луѓето (жените) го има ова. Сите жени во телесните клетки носат по едно барово тело. Ако жената има повеќе барови тела значи клетката содржела повеќе х хромозоми (ххх на пример), а ако нема тогаш жената има тарнеров синдром (х0, и недостасува еден х хромозом). Кај мажите не треба да има ниту едно барово тело, бидејќи имаат само еден х хромозом, кој не смее да се инактивира. Ако кај маж има барово тело, тогаш тој има клинефелтеров синдром (хху), т.е вишок на х хромозоми. Ова инактивирање кај жените е важно, бидејќи би имале двојно поголема доза на гени кои се наоѓаат на х хромозом и се експресираат. Тоа е заради баланс.
Дека за зависник од алкохол веќе не се користел терминот "алкохоличар", туку дека човекот има alcohol use disorder.