Денес е христијанскиот празник:

Discussion in 'Религија' started by Snow-Queen, Aug 19, 2012.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,769
    Likes Received:
    23,766
    Gender:
    Female
    Почеток на црковната година

    Извор: http://mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?i ... FD387A175B

    Првиот Вселенски Собор определи црковната година да почнува на 1 септември. Месецот септември кај Евреите беше почеток на граѓанската година (Исх. 23, 16), месец на собирање на плодовите и принесување жртви на благодарност кон Бога. Во времето на ова празнување Господ Исус влезе во синагогата во Назарет и ја отвори книгата на Пророкот Исаија и ги прочита зборовите: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза за да им благовестам на бедните, Ме испрати да лекувам скрушени по срце, да им проповедам на заробените отпуштање и на слепите прогледување; да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог“ (Исаија 1 - 2). Уште овој месец септември е значаен во историјата на христијанството по тоа што во него царот Константин Велики ја однесе победата над Максенциј, непријателот на Христовата вера, а на таа слобода ? уследи слободата на христијанската вероисповед во целото римско царство. Долго време во христијанскиот свет и граѓанската година беше сметана од 1 септември; на 1 јануари се премести најпрво во Западна Европа, а потоа во Русија, во времето на Петар Велики.

    Преподобен Симеон Столпник

    Извор: http://mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?i ... 022AE6A9C6

    Родум Сириец, од родители селани. Во својата осумнаесетта година побегна од родителите и се замонаши. Се предаваше себеси на најтешки подвизи, понекогаш постејќи по четириесет дена. Потоа се предаде на особен подвиг: имено, деноноќно сотеше на столб, во непрестајна молитва. Неговиот столб најпрво беше висок шест лакти, потоа му подигнаа еден од дванаесет, па од дваесет и два, па од триесет и шест, и најпосле столб висок четириесет лакти. Мајка му Марта двапати доаѓаше да го види, но тој не ја примаше, туку од столбот ѝ рече: „Не ме вознемирувај сега, мајко, ако се удостојам ќе се видиме во оној свет.“

    Свети Симеон претрпе безбројни напади од демоните, но сите ги победи со молитва кон Бога. Овој светител изврши големи чуда и мнозина болни ги исцели со збор и со молитва. Околу неговиот столб притекнуваше народ од сите страни, богати и сиромашни, цареви и робови. И тој им помагаш на сите; на некои враќајќи им го телесното здравје, на некои давајќи им утеха и поука, а некои изобличувајќи ги заради нивната еретичка вера. Така ја одврати царицата Евдокија од Евтихиевата ерес и ја приведе кон Православието. Свети Симеон се подвизуваше за време на царевите Теодосиј Помладиот, Маркијан и Лав Велики. Овој прв столпник во христијанството и голем чудотворец поживеа сто и три години и се упокои во Господ на 1 септември, 459 година. Неговите мошти се пренесени во Антиохија, во црквата посветена на неговото име.

    Свети Исус Навин

    Извор: http://mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?i ... 85C4827F63

    Водач на еврејскиот народ после смртта Мојсеева. Тој и Халев единствени од неколкуте стотици илјади Евреи влегоа во Ветената Земја. (За неговата верност кон Бога, за неговите чуда и дела, читај во Книгата на Исус Навин). Поживеа сто и десет години и се упокои околу 1440 година пред раѓањето на Исус Христос.

    Нешто повеќе за животот и патешествието на Исус Навин, може да се најде во шестата книга од Стариот Завет (по Петте Книги Мојсееви).

    Исус Навин
     
    Lovely93 and Orthophill like this.
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,274
    Рождество на Пресвета Богородица

    Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко Ѝ беше од племето Давидово, а мајка Ѝ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи им го синот Исак. И семноќниот Бог Којшто гледа сѐ ги израдува со радост што ги надминуваше сите нивни очекувања и најубави соништа.

    Бидејќи им подари не само ќерка туку и Божја Мајка; ги озари не само со привремена радост туку и со вечна. Бог им даде само една ќерка, којашто подоцна им роди само еден внук - но каква ќерка и каков внук! Благодатната Марија, прославена меѓу жените, храм на Светиот Дух, олтар на Живиот Бог, трпеза на небесниот леб, кивот на светоста Божја, дрво со најсладок плод, слава на родот човечки, пофалба на женскиот род, источник на девственоста и чистотата - тоа беше од Бога даруваната ќерка на Јоаким и Ана. Родена во Назарет, а после три години одведена во храмот ерусалимски, од каде што се врати подоцна пак во Назарет, за наскоро да ја чуе благовеста на Светиот архангел Гавриил за раѓањето на Синот Божји, Спасителот на светот, од Нејзиното пречисто и девствено тело.

    [​IMG]
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,769
    Likes Received:
    23,766
    Gender:
    Female
    ^

    21.9. 2014 - Рождество на Пресвета Богородица

    Нека е за многу години празникот. Серафима кажа се` што треба со тоа што јас би сакала да додадам дека црковниот живот и посветеноста на Бога на Марија треба да ни` служат како пример за посветеност и силна воља. Доколку немате неодложни обврски, одложете ги веќе постоечките и посветете го денот на славење на Бога. Покрај тоа што е празник и денот е недела, а си има и причина зошто денот се вика не-дела.

    За многу години браќа и сестри!
     
    Lovely93 likes this.
  4. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Joined:
    Jan 17, 2014
    Messages:
    647
    Likes Received:
    981
    Мала Богородица..
    нека е среќен :)
     
    theboy and tessie like this.
  5. Adina

    Adina Популарен член

    Joined:
    Feb 6, 2013
    Messages:
    1,048
    Likes Received:
    8,016
    Gender:
    Female
    Епа нека ви е за многу години празникот феминки!
     
    tessie likes this.
  6. nene88

    nene88 Популарен член

    Joined:
    Feb 2, 2012
    Messages:
    448
    Likes Received:
    502
    Gender:
    Female
    Денес е св. Никита.
     
    Orthophill likes this.
  7. friendy

    friendy Форумски идол

    Joined:
    Apr 21, 2012
    Messages:
    4,339
    Likes Received:
    51,772
    Gender:
    Female
    Orthophill, Serafima and mime87 like this.
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,015
    Gender:
    Female
    Денеска е Св. Павле
    [​IMG]


    Црквата ги нарекува исповедници тие кои многу пострадаа од еретиците во заштита на правата вера. Овој свети Павле беше патријарх во Константинопол во времето кога се појави итрата ерес на Ариј. Двапати беше симнат од страна на аријанците од цариградскиот трон и прогонет во Ерменија. Најпосле, истите и го удавија додека служеше Литургија, во 351 година. Од Ерменија, моштите му беа пренесени во Цариград во 381 година, а во 1236 година латините ги однесоа во Венеција, каде што се наоѓаат и денес.
     
    friendy, Orthophill and tessie like this.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,921
    Likes Received:
    4,688
    Gender:
    Male
    Архистратиг Михаил и сите небески сили бестелесни

    На помош и за многу години празникот на светиот архистратиг Михаил и сите небески сили бестелесни

    ~Делови од учењето и Преданието на Црквата за светите ангели~

    >>Ангелот е невештeствена (умствена) суштина, секогаш подвижна, самовласна, бестелесна, која Му служи на Бога, која преку благодатта Божја примила бесмртност во својата природа, а изгледот и обликот на тоа суштество, само Творецот го познава. Се нарекуваат бестелесни и невештeствени во однос на нас, бидејќи сè што се споредува со Бога, единствениот неспоредлив е телесно и вештeствено, бидејќи само Божеството е вистински невештeствено и бестелесно.

    Тој е, значи, словесна (логосна), умствена и самовласна природа, променлива спрема својата желба, односно, своеволно променлива, бидејќи сè што е тварно (створено) тоа е и променливо, а непроменливо е само она што е нетварно (нестворено). А сè што е словесно (логосно), тоа е самовласно (слободно). Бидејќи природата на ангелите е словесна и умствена, таа е и самовласна, а бидејќи таа природа е створена, таа е и променлива, па има власт и да останува постојана и да напредува во доброто, но и да се заврти кон злото.

    Меѓу светите отци владее мислењето дека гордоста го претставувала она отстапување на ѓаволот, во кое ги повлекол и ангелските чинови кои му се потчиниле.

    ... Ангелот не може да има покајание бидејќи е бестелесен; додека човекот може да стекне покајание преку слабоста на своето тело. Тој е бесмртен, не по својата природа, туку по благодат, бидејќи сè што има почеток, природно е да има и крај. А само Бог постои вечно, дури и над секоја вечност, бидејќи творецот на времето не е под власта над времето, туку е над времето.
    Сите ангели се создадени од страна на Логосот, а до совршенство се доведени со осветувањето од страна на Светиот Дух; и имаат учество во просветувањето и благодатта во склад со сопственото достоинство и чин.

    ... Ги нарекувам и неограничени, бидејќи им се јавуваат на праведните, на кои Бог сака да им се јават, не онакви какви што се, туку преображени онака како оние кои ги гледаат, би можеле да ги видат.

    Тие пребиваат на небесата и само едно дело прават: со песна го фалат Бога и служат на Неговата божествена волја. И како што вели најсветиот и најблажениот и најбогословесниот Дионисиј Ареопагит: „Сето богословие, односно, божественото Писмо, говори за девет небески суштества“; нив божествениот свештеноучител ги дели на три тријади .

    „А првата тријада се“, вели, „оние ангели кои се секогаш во близина на Бога, и се подготвени веднаш да се соединат со Него, односно, чинот шестокрилите Серафими (Ис 6:2), многооките Херувими (1. Мојс 3:24) и најсветите Престоли (Кол 1:16); втората тријада се чиновите на Господствата (Кол 1:16), Силите (1. Пет 3:22) и Властите (Кол 1:16); а третата и последната чиновите на Началствата (Кол 1:16), Архангелите (1. Сол 4:16) и Ангелите.(Кол 1:16).“<< (Св. Јован Дамаскин- Точно изложување на православната вера 2:3)

    Над сите ангелски чинови е поставен светиот архистратиг Михаил, кој од Небесата го прогонил возгордеаниот Деница со паднатите ангели (сп. Откр 12:7-9, Ис 14:12-13, Езек 28:12-18).

    Од Светото Писмо и Предание ни е познато дека пред Бога престојат седум врховни ангели (Тов 12:15, Откр 1:4) од највисок чин, кои се најблиску до непристапната Слава Божја. Нивните имиња се Михаил (4. Мојс 22:22, Ис Нав 5:13-15, 4. Цар 19:35, Дан 10:13), Гавриил (Дан 8:16, Лука 1:26, Дела 8:26), Рафаил (Тов 3:17), Уриил (3. Ездр 5:20), Селатиил (3. Ездр 5:15), Иеремиил (3. Ездр 4:36) Иегудиил и Варахиил. По учењето на светите отци (св. Андреј Критски, преп. Јустин Ќелијски), овие ангели му припаѓаат на највисокиот, серафимски чин.

    Богослужбено, секој понеделник им е посветен на св. ангели, а освен овој главен празник, се чествуваат и Чудото на св. арх. Михаил во Колос (6/19 септември), Собор на св. арх. Гаврил (26 март/8 април и 13/26 јули).
    Припремил И.Т.

    ________________________________________________________________________________________


    Утре се одбележува празникот Свети Архистратиг Михаил и сите бестелесни војски небесни

    На овој ден, голем број верници ќе го прославуваат својот именден, а многумина ќе имаат и домашна слава. Свети Архангел, важи за мрсна слава, но бидејќи има фиксен датум, а оваа година се прославува во петок, трпезата ќе треба да биде посна.

    Кој е Свети Архангел Михаил

    ... е архангел споменат во Откровението (12:7); во Стариот Завет Михаил е спомнат по име во перисиски контекст на Книгата на Даниел. Претставен е како заповедник (војвода) на Господовата војска. Таму тој се јавува како „еден од првите кнезови“ (Даниел, 10:13) кој во привидението на Даниел му притекнува на помошна архангел Гаврил во борбата против ангелот на Персија, а опишан е и како застапник и бранител на Израил и „големиот кнез кој ги штити синовите на твојот (Даниловиот) народ“ (Данил, 10:21, 12:1). По талмудските преданија неговото име значи „како Ил (Бог)“ или „Иловиден“, „Илолик“ („Боговиден“, „Боголик“)

    Михаил е меѓу главните ангели во Аврамските преданија; се вели дека неговото име било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници.

    Голем дел од доцните Мидрашки подробности за Михаил се пренесени преку Книгата на Енох, од каде понатаму биле дообработени. Во доцносредновековното Христијанство, Михаил, заедно со Свети Ѓорѓи станале светец-заштитник на витештвото, како и на првиот витешки ред на Франција - Редот на Свети Михаил во 1469. Во британскиот систем на почести, витешкиот ред основан во 1818 е именуван по овие двајца светци - Ред на Свети Михаил и Свети Ѓорѓи. Во многу христијански кругови Свети Михаил се смета за заштитник на борците. Полицајците и војниците, а особено падобранците го сметаат за нивен светец-заштитник.

    Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето во ангелите гледаа богови, други иако не ги сметаа за богови ги нарекуваа создатели на сиот видлив свет. Лаодикискиот помесен собор којшто се одржа четири или пет години пред I Вселенски Собор, со своето 35 правило го отфрли поклонувањето на ангелите како на богови и го востанови правилното почитување на ангелите. Во времето на папата Силвестер и александрискиот патријарх Александар (4 век), беше востановен овој празник на Архистратигот Михаил со другите небесни Сили, во месецот ноември. Зошто токму во ноември? Зашто после март ноември претставува деветти месец. А се смета дека во месецот март било создавањето на светот. А деветтиот месец после март е земен заради деветте ангелски чинови, коишто се најпрво создадени. Св. Дионисиј Ареопагит, ученик на Св. апостол Павле, т.е. на оној апостол којшто беше воздигнат до третото небо, овие девет ангелски чинови ги опиша во книгата „За небесната Јерархија“. Тие чинови се следните: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими и богоносните Престоли, Господствата, Силите и Властите, Началата, Архангелите и Ангелите. Војвода на целата ангелска војска е архистратигот Михаил. Кога сатаната, Луцифер, отпадна од Бога и со себе ги повлече во пропаст еден дел од ангелите, тогаш Михаил стана и возвикна пред неотпаднатите ангели: „Да внимаваме! Да застанеме добро, да стоиме со страв!“ И сите небесни војски на верните ангели громко запеаја: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот исполн небо и земља слави Твојеја!“ (за Архистратигот Михаил види во Книгата на Исус Навин 5, 13 - 15). Меѓу ангелите владее совршено едномислие, еднодушност и љубов, а покрај тоа и потполна послушност на пониските чинови кон повисоките и на сите заедно кон светата Божја волја. Секој народ си има свој ангел пазител, а освен тоа и секој христијанин има свој ангел пазител. Треба секогаш да се сеќаваме дека што и да правиме, јавно или тајно, го правиме тоа во присуство на својот ангел-чувар. А на денот на Страшниот Суд сето огромно мнозинство ангели ќе се соберат околу Христовиот престол и пред сите нив ќе се објават сите дела, зборови и помисли на секој човек. Да н ? помилува Бог и да н ? спаси по молитвите на Св. архистратиг Михаил и на другите небесни бестелесни сили. Амин.
    Припремил: протоѓакон Славе Пројко Пројкоски

    Текстот од Марко Китевски посветен на свети архангел Михаил и сите небески чинови можете да го најдете овде:
    Денес е христијанскиот празник:
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,015
    Gender:
    Female
    Денес православните го прославуваат Свети Архангел Михаил-спасителот на болните
    Верниците со православна вероисповед денес го празнуваат Свети Архангел Михаил.

    Денес, на 21 ноември поточно се одбележува Собор на св. Aрхангел Михаил.
    Овој празник е утврден во четвртиот век, за да го дефинира правилното почитување на ангелите. Празниот е во чест на сите ангелски чинови. Наречен е Собор на свети архангел Михаил, зашто архангел Михаил е војвода на целата ангелска војска.

    Учењето за ангелите е инаку собрано во книгата на псевдо-Дионисиј Ареопагит За небесната хиерархија. Постојат девет ангелски чинови: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими, богоносните Престоли, потоа Господствата, Силите, Властите, Начелата, Архангелите и Ангелите.

    Михаил е архангел споменат во Откровението во Стариот Завет по име во перисиски контекст на Книгата на Даниел.

    Претставен е како заповедник (војвода) на Господовата војска. Таму тој се јавува како „еден од првите кнезови“ кој во привидението на Даниел му притекнува на помош на архангел Гаврил во борбата против ангелот на Персија, а опишан е и како застапник и бранител на Израел и „големиот кнез кој ги штити синовите на твојот (Даниеловиот) народ“. По талмудските преданија неговото име значи „како Ил (Бог)“ или „Иловиден“, „Илолик“ („Боговиден“, „Боголик“).

    Михаил е меѓу главните ангели во Аврамските преданија; се вели дека неговото име било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници.

    Пророкот Даниел имал привидение по извесно време постење. Во привидениото еден ангел му кажува дека Михаил е заштитник на Израел. Подоцна во привидението, на Даниел му наговестуваат дека Михаил ќе застане на нивна страна во неволјите кои следат. Во Хебрејската Библија, Михаил повеќе не се споменува.

    Михаил во Книгата на Енох е даден како „кнез на Израел“ и „архистратег“ на Бога. Тој е ангелот на воздржувањето и милоста кој го научил Енох на тајните благоста и правдата. Во книгата Јубилеи , ангелот кој го водел Мојсеј на планината Синај Му ги дал плочките на Законот најверојатно бил Михаил.


    Според некои христијански теолози св. Михаил може да се јави во Писмото каде неговото име не е споменато. Примери за ова се херувимот кој стоел на портата на рајот, „за да го штити(ат) патот, кон дрвото на животот“, ангелот преку кој Бог го објавил свето Второзаконие на избраниот народ, ангелот кој му го попречувал патот на Валаам, ангелот кој ја истерал војската на Сенахерим.

    Би било природно св. Михаил, како поборник за евреите, да биде и поборник за христијаните, донесувајќи им победи во војните. Меѓутоа раните христијани ги сметале некои од великомачениците за нивни воени заштитници: Св. Ѓроѓи, Св. Теодор Тирон, Св. Димитриј, Св. Сергиј, Св. Прокопиј, Св. Меркуриј, и тн.; а на Св. Михаил му ги доверувале болните.

    На местото каде за прв пат бил возвишуван во Фригија, неговата слава како ангелски лекар ја засенила неговата воена улога.


    Ова уште од рано време бил центарот на обожување на ангели, особено Св Михаил. Според предание уште во многу старо време Михаил направил да бликне извор Хаиротопа близу Колос, каде сите болни кои се капеле и ја повикувале Блажената Троица и Св. Михаил, биле излечени.
     
    Mama25, Serafima, friendy and 2 others like this.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,921
    Likes Received:
    4,688
    Gender:
    Male
    Морам да напишам една забелешка. Не постои псевдо(лажен, невистинит) Дионисиј Ареопагит, туку вистинит и единствен, свет и непорочен Дионисиј Ареопагит, прв епископ Атински. Неговиот православно-христијански поглед на светот не им се допаѓал на разните протестантски реформатори, на чело со Еразмо Ротердамски, па го прогласиле за лажен т.е. псевдо.

    Повеќе за клеветите кон овој голем светител може да се најди овде: http://www.pravoslavni-odgovor.com/Crkva_Hristova/kome_smeta.htm

    Неговото кратко житие е следново:
    Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит (3./16./ октомври)
    Се вбројува во Седумдесеттемина помали апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Мисир за да учи уште. Во тоа време еден ден на Крстот издивна Господ Исус Христос и сонцето се помрачи и во Мисир беше темно три часа. Тогаш Дионисиј возвикна: „Или Бог, Создателот на светот страда или овој свет завршува.“ Кога се врати во Атина се ожени со Дамара и со неа имаше синови. Беше член на највисокиот суд кај Грците, наречен Ареопаг, заради што и го доби називот Ареопагит. Кога апостолот Павле го проповедаше Евангелието во Атина, Дионисиј со целиот свој дом се крсти. Од Павле беше посветен за епископ Атински, бидејќи ги остави жената и децата и положбата во општеството заради љубовта Христова. Доволно долго патуваше со Павле и ги запозна останатите Христови апостоли. Отиде во Ерусалим со цел да Ја види Пресвета Богородица и средбата со Неа ја опиша во едно од своите дела. Беше и на погребот на Пречистата заедно со другите апостоли. Кога неговиот учител Св. Павле пострада маченички, Дионисиј посака и за себе таква смрт. И отиде да го проповеда Евангелието меѓу варварите во Галија, заедно со презвитерот Рустик и ѓаконот Елефтериј. Многу претрпе, но и многу успеа. За неговиот труд многумина незнабожци се обратија кон верата Христова. Во Париз Дионисиј изгради малечка црквичка во којашто Му служеше служба на Бога. Кога имаше деведесет години, го фатија и го мачеа за Христа, заедно со Рустик и Елефтериј, додека најпосле не ги убија со меч сите тројца. Отсечената глава на Свети Дионисиј отскокна на големо растојание и падна пред една христијанка Катула, којашто заедно со неа чесно го погреба и телото. Тој пострада во времето на Дометијан во 96 година. Напиша значајни дела: за таинственото богословие, за небесната и црковната хиерархија, за Пресвета Богородица.

    Поопширно житие на свети Дионисиј Ареопагит можете да најдете овде: http://www.crkvenikalendar.com/zitije.php?pok=0&id=JIJ

    А еве и што му пишал на светиот апостол Павле по повод својата средба со Пресвета Богородица.
    До Павле апостолот
    Сведочам пред Бога, дека покрај Бог, нема ништо толку исполнето со божествена моќ и милост. Никој не може потполно да го разбере она што го видов. Исповедам пред Бога: кога бев со Јован (Богослов), кој светеше меѓу апостолите како Сонцето на небото, (и) кога бев однесен пред лицето на Пресветата Дева, искусив неописливо чувство. Пред мене сјаеше некој боженствен блесок, кој го закова мојот дух. Го осетив благоуханието од неопсливи мириси и се исполнив со таков восхит, што телото ми ослабна, а духот не можеше да издржи тие знаменија и знаци на вечно величие и небесна сила. Нејзината благодат ми го исполни срцето и ми го потресе духот. Да не ми имаше кажано, ќе си помислев дека Бог е пред мене. Невозможно е да се стои пред поголемо блаженство од ова кое го видов.

    Се извинувам што сум малку подалеку од темата, но сепак да не беше светиот Дионисиј и неговото дело „Небесната хиерархија“ не ќе знаевме за денешниот празник и не ќе го празнувавме.
     
    Mama25, Serafima and friendy like this.
  12. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Joined:
    Mar 21, 2012
    Messages:
    154
    Likes Received:
    55
    ОБИЧАИТЕ (ТРАДИЦИИТЕ, ПРЕДАНИЈАТА)
    “Не дозволувајте никој да ве заведува со бесмислено филозофирање и со празни лаги, кои произлегуваат од чисто човечки обичаи, од овоземните принципи, а не од Христос.” (Колос 2:8)

    “Тоа се само уредби и учења наметнати од луѓе, а се однесуваат на распадливи нешта, на работи што ги употребуваме.” (Колос 2:22)

    “Се залажуваат дека Ме почитуваат, а всушност ги шират своите човечки обичаи, како да се Мои заповеди!” (Матеј 15:9)

    “Вие ги оставивте Божјите заповеди, а ги чувате човечките преданија!” (Марко 7:8)

    “И рече Господ: ,Овој народ се приближува кон Мене со устата својата, и со јазикот свој Ме почитува, а срцето негово му останува делеку од Мене, и почитувањето нивно пред Мене е само научено човечко правило.” (Исаија 29:13)

    “Да не се раководат од еврејските митови и од заповедите воспоставени од луѓе кои ја изопачуваат вистината.” (Тит 1:14)

    “Вие знаете каква цена беше платена за да бидете откупени од безвредниот начин на живеење што го имавте наследено од вашите татковци. Знаете дека не бевте откупени со сребреници и златници, кои се потрошни нешта.” (1. Петaр 1:18)

    “А Исус им одговори: ,А зошто вие, со вашите обичаи, ги кршите Божјите заповеди!?-” (Матеј 15:3)

    “И со тоа се ослободува од обврската да ги издржува своите родители! На тој начин, со своите преданија вие ја укинавте Божјата заповед!” (Матеј 15:6)
     
  13. friendy

    friendy Форумски идол

    Joined:
    Apr 21, 2012
    Messages:
    4,339
    Likes Received:
    51,772
    Gender:
    Female
    Денес е Воведение на пресвета Богородица – Пречиста

    Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во ерусалимскиот храм. Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината.

    Така, Бог преку свети Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди синот Божји, истовремено и син човечки, Христос. Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.


     
    Serafima, Mama25 and Orthophill like this.
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Joined:
    Apr 21, 2012
    Messages:
    4,339
    Likes Received:
    51,772
    Gender:
    Female
    Денеска е Света великомаченичка Екатерина!

    Света великомаченичка Екатерина Александриска Света великомаченичка Екатерина од Александрија (ἡ Ἁγία Αἰκατερίνη ἡ Μεγαλομάρτυς) беше ќерка на царот на александриски Египет, Конста, за време на владеењето на императорот Максенциј (305-313г.) и пострада за Бога во 305г. Нејзиниот спомен се празнува на 24 ноември ст.к. кај словенските народи, а ГПЦ го празнува на 25 ноември ст.к.

    Живеејќи во главниот град, кој воедно беше и центарот на Хеленизмот, света Екатерина беше обдарена со голема убавина и познавање грчката филозофија, медицина, реторика и логика. Сите млади мажи од околината, како и од потесното царско семејство ја посакуваа нејзината рака, но ниту еден од нив беше го избрала. Таа им вети на нејзините родители дека е согласна да се омажи само со оној маж, кој би бил пославен, побогат, поубав и помудар од неа.
    Нејзината мајка, потајна Христијанка, ја испрати да се советува со нејзиниот духовен отец – свето омолитвено старче кое живееше во пештерите недалеку од градот. Откако ја исслуша, старецот и објасни дека тој познава некој младич кој во сè бил подобар од неа, така што „ Неговата убавина е посјајна од сончевите зрави, Неговата мудрост владее со сè што е создадено, Неговите богатства се распостелени насекаде по земјата – и сето тоа не се намалува, туку на некој начин како повеќе да придонесува за Неговиот престиж над сите. “ Овие зборови ја отворија душата на младата девица и таа посака да Го види Оној Кој во сè е поголем од неа. Вистината, по која таа многу копнееше, старчето ја кажало пред неа. На заминување, доби икона со Пресвета Богородица и Христос.
    Екатерина се молеше цела вечер; нејзините прозби беа услижени, и и се јави Пресвета Богородица, како Го испраќа Сина си да погледне на коленичењето на оваа млада девојка пред Него. Но Детето ја сврте главата да не ја гледа Екатерина, велејќи дека таа е грда, дека нејзините предци се недостојни, дека изгледа ко луд просјак – неизмиена со водата на Светото Крштение и незапочатена со печатот на Светиот Дух. Натажена, светата великомаченичка се врати кај старчето; тој ја прими со голема љубов, ја поучи на правата вера и ја преупреди да ја чува својата чистота и да се моли постојано. Потоа ја покрсти. И уште еднаш света Екатерина имала визија со Пресвета Богородица и Христос. Но овој пат Господ нежно погледнал на неа, давајќи и прстен – чудесен подарок за небесен брак. Тој прстен и денес стои на нејзината рака.
    Во тоа време и самиот цар Максенциј беше во Александрија, за прославата на некој пагански празник. Поради тоа, прославата беше раскошна и многу луѓе беа дојдени: плачот на жртвените животни, огромните огани и големата толпа ја исполни Александрија. Беа донесени и човечки жртви и тоа Христијани кои не се откажуваа од Христовото име. Гледајќи ја оваа неправда, исполнета со љубов и вера, Екатерина појде при Жрецот и царот. Се претстави, ја исповеда својата вера во единствениот Бог и ги разобличи грешките на паганите. Нејзината убавина го плени царот. Со цел да ја убеди дека греши, но и за да ја присвои за себе, царот ги повика педесетмина мудри луѓе да се препираат со неа за верата и да ја посрамат. Но Екатерина ги надмудри нив и ги посрами. Разјарен царот нареди сите педесетмина мудреци да се изгорат во оган. По молитвите на Света Екатерина овие мудреци сите пред смртта го исповедаа името Христово и се објавија себеси за христијани. Максенциј, кога го виде ова изгуби надеж дека ќе ја убеди да ја смени верата. Затоа почна да ја убедува да ги прифати неговите ветувања за богатства и слава. Но откако прими остро одбивање, ја фрли во затворот. Кога оваа маченичка беше во затворот, го приведе кон верата војводата Порфириј со двесте војници, а ја обрати кон Христа и самата царица (августа-василиса) која беше восхитена од благодатта која сјаеше од нејзиното лице. Сите пострадаа за Христа. При мачењето на Света Екатерина и се јави ангел Божји, го запре и го искрши тркалото на коешто беше мачена; а потоа и се јави Самиот Господ Христос и ја утеши. После многу мачења ја убија со меч во нејзината осумнаесетта година, на 24 ноември 310 година. Од нејзиното тело истече млеко наместо крв. Чудотворните мошти на Света Екатерина почиваат на Синај, во манастирот изграден од св. цар Јустинијан.
     
    Mama25, shushu, Serafima and 2 others like this.
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Joined:
    Apr 21, 2012
    Messages:
    4,339
    Likes Received:
    51,772
    Gender:
    Female
    Денес е Св. Андреј Првоповиканиот

    Свети апостол Андреј (грч: Ανδρέας) - е првиот ученик на Господ Исус Христос, од каде се нарекува и Првоповикан. По потекло е од Витсаида, и е брат на св. апостол Петар. Претходно бил ученик на свети Јован Крстител, од кого и ги слушнал зборовите за Христос како Агнец Божји (Јн 1,40-42) и Го препознал Помазаникот во Неговиот Лик. Бил поставен за апостол на брегот на Галилејското Езеро (Мт 4,18) и до своето мачеништво бил и останал верен следбеник Христов (Мк 13,3; Јн 6,8; 12,22). Неговиот спомен се празнува на 13 декември (30 ноември).
    Кратко житие
    Светото Предание сведочи дека апостол Андреј го започнал своето апостолско дело во Витинија и Понт, на јужните брегови на Црното Море. Потоа, тој патувал на територијата на Византија, каде основал Црква, поставувајќи го Стахиј, еден од седумдесетемина, кој Христос Самиот го избрал, за прв Епископ. Проповедал во Византија, Тракија, Русија, Епир и на Пелопонез. Во синагогата во Амис ги преобратил Евреите во Христијани, ги крстил, лечел болни и ја организирал Црквата. По неговите молитви многу пагански храмови се разрушиле, а оние кои на почетокот му се спротивставувале, се разболувале и повторно нему му се обраќале за исцеление.
    Бил и во Херз на Крим, од каде по реката Днепар допловил во пределите на денешен Киев. Тогаш таму живееле предците на Словените, и свети Андреј им ја проповедал Христијанската богооткриена наука. На еден киевски брод подигнал крст, и прорекол дека Киев ќе постане едно од главните бедеми на Христијанството, каде ќе се изградат многу цркви. Од таму заминал за Новгород, па потоа во Рим. Бил фатен од жителите на Рим, кои откако виделе дека по неговите молитви апостол Матеј се ослободил од затвор, го измачувале, и мислејќи дека е мртов, го фрлиле во некоја дупка. Таму му се јавил Самиот Христос, Кој го исцелил и заповедал да ја продолжи својата апостолска мисија. Следниот ден, кога мачителите го виделе, се зачудиле и поверувале во Господ Исус Христос. Во една прилика, воскреснал едно дете, кое било син единец на неговата мајка.
     
    Mama25 and Orthophill like this.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,921
    Likes Received:
    4,688
    Gender:
    Male
    5 (18 ) декември свети Нектариј Битолски - заштитникот на градот Битола

    Тропар, глас 1.
    Како ѕвезда зороносна си изгреал на Атос, си го осветлил карејскиот скит, те воспита градот Битола, оче наш Нектарие. Просветли ги сите што со љубов те чествуваат и непрестано моли се за сите нас. Слава Му на Христа, Кој те прославил, слава Му што те облагодатил, слава му на Оној што преку тебе ни даде нам исцеление.

    Кондак, глас 3.
    На оние од Атос, од Кареја, си им бил како ангел, кој подвигот добро го заврши. Си израснал како дрво плодоносно во реки од воздржание, а душата си ја исчистил со потоци од солзи. Сите те познаваат како божествен сосад на Духот, оче Нектарие.

    Житие на св. Нектариј Битолски
    Монах Павле од Лавра

    Предговор
    Нема ништо понеопходно и покорисно за оние што според Божјата заповед го слават монашкиот завет и на кои им е дадено него да го исполнуваат внимателно и со подвиг (а поради страв од Бога - што, пак, е грижливо чување на неговите заповеди), од слушањето за добрите дела на богољубивите мажи и од говорењето за нивните духовни борби и подвизи. Затоа душата на оние што се грижат за своето спасение нека го прифати ова кажување со смирение. Тоа ќе им овозможи полесно да ги исполнуваат Божјите заповеди, зашто патот до царството Божјо е тесен и стрмен.
    Се чини дека токму слушањето и говорењето за духовните борби и подвизи им ги усовршува душите на богољубивите мажи и дека тие за нив претставуваат благодатен извор и бујна река. А и мудрите старци за тоа имаат оставено многубројни и разновидни стари записи и творби од разни времиња, од кои секој може да има полза за душата ако ги применува внимателно и со ревност.
    Кога земјоделецот зимно време ќе види разлистани дрвја со плодови, тој нема да ја занемари добивката од нив, туку напротив, весело и со радост ќе ги собере плодовите со своите вредни раце, ненаситно ќе ги бакнува со своите усни, ќе ги мириса и нежно ќе ги прегр-нува, зашто иако се предвремени, сепак се убави и добри. Така се осмелив и јас да ви го принесам денес мојот плод, кој, иако предвремен, сепак е убав онолку колку што му дозволува времето. Тој не треба да биде отфрлен поради тоа што не е украсен со соодветните дарови на летото: со чиста боја, со свежина и со секаков друг цвет, туку треба да биде дочекан со љубов, зашто е предвреме раззеленет. Исто е и со морепловците што презимуваат на море, ним појавувањето на една единствена ѕвезда или на некој друг небесен знак им е навистина многу пријатно.
    Но, време е да се приложи плодот и, каков и да ви се види тој, сепак, ислушајте го со трпение.

    Потекло
    Вие не сте толку наивни, па да помислите дека ќе ви зборувам за некаков плод што се јаде и што потоа се фрла. Не, јас ќе ви зборувам за плодот што ни го даде земјоделецот и сејачот, Господ Исус Христос, од хранителната и ангелородна светогорска пустина.
    Тој плод, нектар на послушанието и смиреноумието е божествениот Нектариј, кој е роден во Битола, митрополија на Охридската архиепископија, во епархија што сега се вика Пелагонија. Неговите родители беа многу богобојазливи луѓе и праведни пред лицето на на¬шиот спасител и Господ. Затоа и се радуваа на неговата закрила и на големата помош, како што по ред ќе појасни житиево.

    Сонот на мајката на светителот
    Нивната земја беше нападната од Агарјаните, а тие речиси сите ги носеа во ропство. Еднаш, додека престојуваше во гумното заради некоја летна работа, мајката на Нектариј беше удостоена со Божјо видение. Познато е дека ја видела пречистата Богородица, која и рекла и и порачала да не се грижи, да си ги земе мажот и децата, да замине од градот и да се засолни на некое место, зашто Агарјаните наскоро требало да го поробат сиот народ. Ете, такви работи виде во видението. Затоа таа не се грижеше за имотот, туку беше послушна, па откако го совлада стравот, ја напушти куќата. Сиве овие работи му ги кажа и на мажот и, кој и беше вистински помошник; па излегоа од градот со сета покуќнина и се скрија каде што им се чинеше дека е најбезбедно. Набрзо целиот град и сета градска околина беа разурнати од варварите. По неколку дена, откако престана жестокиот налет, тие излегоа и се спасија, зашто беа богобојазливи спрема видението и под заштита на сесветата Богородица. Сепак, беа обземени и со радост и со тага. Со радост беа обземени поради нивното чудесно спасување, за што од сета душа му принесоа пофални химни на Бога и на неговата сесвета мајка и богомајка, бидејќи ги спаси, а со жал беа исполнети поради ненадејниот налет на Агарјаните врз благочестивите христијани, кои поради нивните гревови беа оставени од Бога. Тие работи имаа таков крај.

    Монахот Пахомиј
    Таткото од кој ни произлезе божествениот Нектариј, откако се договори со својата сопруга и се раздели од роднините, а бидејќи виде дека е веќе стар и изнемоштен за овој световен живот, ги зеде своите две дечиња и со мака стигна до еден манастир на светите бесребреници Кузман и Дамјан во подножјето на планината. Кога дојде таму, му се оддаде на Бога и се грижеше за своите деца со многу внимание, поучувајќи ги и одгледувајќи ги во страв Божји. Добриот Пахомиј, така се викаше старецот, вака истрајуваше и живееше.

    Необичното чудо
    А Бог правеше чуда и наспроти очекувањата. Обичај беше од дамнини, а обичајот постепено стана закон, верниците што живееја во околината да одде-луваат по некој плод што го дава земјата и да му го посве-туваат и подаруваат на светиот манастир за да имаат од што да живеат тие што се во манастирот, а и да може се-која година да се слави празникот на себлагоречивите бесребреници Кузман и Дамјан. Па штом дојде денот на славата, а во манастирот по обичај ја славеа, старецот запали една свеќа и заедно со децата слезе во визбата до бочвата со вино, која веќе беше испразнета за славата на светите, сакајќи да ја измие со вода. Застана до бочвата и се обиде да ја заниша со раце, но не можеше, зашто таа беше потешка од олово. Внимателно погледна и забе-лежа дека е полна со миризливо вино, иако тој самиот пред некое време ја беше испразнил. Го обзеде и радост и страв од чудото. Вчудовиден ги придвижи усните славо¬словејќи го Бога, кој и на ваков необичен начин ги воз-величи светите чудотворни бесребреници.

    Средбата со светиот Дионисиј
    Неговиот син Никола, за кој сега зборуваме, беше по природа многу умен и штом го виде овој чуден знак, а имајќи го на ум и претходното видение на света Богородица што го имаше неговата мајка кога беа спа-сени од ненадејното доаѓање на туѓинците, добро размис-ли, па и се оддаде на љубовта Божја, стана праведен пред Господа и почна со сета душа да ревнува по него. Жедне-еше за љубов, „како што кошута жеднее по извори вод-ни"1, како што стои во Светото писмо, и со сета сила се стремеше таа љубов да ја здобие. Бараше лек за раната и го најде, зашто се што е добро промислено се постиг-нува, како што не поучува словото Божјо.
    Значи, откако остави се, не мислејќи на последи-ците, со жар во душата тајно избега на Света Гора Атон-ска. Таму сретна еден старец по име Дионисиј, наречен Јагари, кој беше ненадминат во добродетелта. Тој старец „го возљуби нашиот Господ Исус Христос, со сета своја душа" и заради него имаше се оставено: гордоста од по-теклото, бидејќи беше син на некој сенатор што зазема-ше прво место во градот Константинопол, богатството и славата и се друго што меѓу луѓето се нарекува благо-состојба. Па облече монашко расо и му се покори на не-кој осамен старец по име Филотеј, мудар и благороден, кој живееше според Писмото и се подвизуваше во це¬лосна добродетел. Му се покори за да биде раководен од него во стремежот кон добри дела.
    Добриот Никола најнапред се сретна со тој чуде-сен Јагари. Овој, пак, срдечно го прифати дојденецот, целиот му се посвети, му се доближи со сета своја душа и веќе не го оддалечуваше од себе.
    А чудесниот Дионисиј, милозлив по душа и голем човекољубец, како го прими Никола? Дали го избрка како селанец или го запостави како питач? Никако. Тој беше трогнат од доаѓањето на момчето и заедно со него отиде кај својот духовен отец и старец, божествениот Филотеј.
    Старецот Филотеј беше прозорлив. Штом ги до-врши вообичаените молитви, поздравувајќи го момчето, го викна на име и му рече: „Ти си Никола, синот на Па-хомиј, дојден си да живееш овде со нас!" Момчето му рече: „Чесен оче, од каде знаеш се за мене?" Старецот му одговори: „Бог на нашите татковци, чедо, кој те прати кај нас, ми го кажа тоа за тебе". Оттогаш Никола со уште посилна ревност во срцето ги отфрли сите световни ра-боти, па со страв Божји и со голема сесрдност му се при-дружи на старецот.
     
    Mama25 and friendy like this.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,921
    Likes Received:
    4,688
    Gender:
    Male
    Нападите на ѓаволот
    Откако прими монашки постриг и ја слече световната промена, отфрлајќи ја така облеката што поради непослушание ја примија нашите прародители, остави се што е од овој свет. И не остана само на тоа, како што повеќето монаси прават денес, прифаќајќи ги само надво¬решните работи и останувајќи на тоа, туку заветот на бестелесните го противставуваше на желбите на пропад-ливото тело. Со збор и на дело докажуваше, а со пост, молитви, бдеења и други страдања му ги покоруваше на духот помислите на плотта.
    Гледајќи го ова, злосторничката змија не остана мирна и не можејќи да го трпи неговиот подвиг, реши да си поигра со момчето. Сакаше да го настапне и да го од-дели од сложното и заедничко живеење со духовниот отец, внесувајќи му секакви помисли и смислувајќи нај-различни погубни зла. Знаеше таа дека тој копнее по многу страдања, но бидејќи итра, не му се нафрли нему, туку на друг монах. Нектариј се бранеше од лукавиот, смирувајќи се со советите и поуките на светиот старец. Ѓаволот, бидејќи овој беше млад, измислуваше најголеми лукавства за да го победи, но неговите настојувања беа залудни. Бог беше повисоко и го чуваше од сите напади на нечестивиот.
    А што смисли мачителот и непомирливиот непри-јател на нашето поколение? Бидејќи не можеше никако поинаку да го оттргне од љубењето на вистината, се во-влече во некој монах, соќелијник на Нектариј, му ја пот-пали зависта и ја насочи против него. Тој монах, опреле-стен од помислата, еднаш им рече на старците: „Или Нек-тариј да се оддалечи од скитот или еден од нас ќе биде мртов". Кога старците го слушнаа ова, се зачудија и долго време ништо не зборуваа. Но, и ова искушение требаше да се истрпи.
    Старците започнаа на тој монах да му даваат ду-ховни совети од Светото писмо и поуки што од големото искуство ги научија. Со љубезни зборови го молеа и успо-којуваа злото во него, а потоа го заплашуваа и го потсе¬лосна добродетел. Му се покори за да биде раководен од него во стремежот кон добри дела.
    Добриот Никола најнапред се сретна со тој чуде-сен Јагари. Овој, пак, срдечно го прифати дојденецот, целиот му се посвети, му се доближи со сета своја душа и веќе не го оддалечуваше од себе.
    А чудесниот Дионисиј, милозлив по душа и голем човекољубец, како го прими Никола? Дали го избрка како селанец или го запостави како питач? Никако. Тој беше трогнат од доаѓањето на момчето и заедно со него отиде кај својот духовен отец и старец, божествениот Филотеј.
    Старецот Филотеј беше прозорлив. Штом ги до-врши вообичаените молитви, поздравувајќи го момчето, го викна на име и му рече: „Ти си Никола, синот на Па-хомиј, дојден си да живееш овде со нас!" Момчето му рече: „Чесен оче, од каде знаеш се за мене?" Старецот му одговори: „Бог на нашите татковци, чедо, кој те прати кај нас, ми го кажа тоа за тебе". Оттогаш Никола со уште посилна ревност во срцето ги отфрли сите световни ра-боти, па со страв Божји и со голема сесрдност му се при-дружи на старецот.

    Заминување на светиот
    Нектариј беше послушен и ги извршуваше запо ведите, па заради доброто на сите замина од кај нив ка старецот Даниил. Од сесветиот Даниил тој беше приме] со љубов, на што возврати со љубов. Кај него го вежбаш духовниот подвиг, како што бара заветот.
    Додека божествениот Нектариј се наоѓаше там) во мир и во длабока старост се упокои богољубовио Филотеј. Се пресели тој со радост кај многуљубенио Христос на 21 октомври.
    Чудесниот Дионисиј Јагари веќе не можеше д го издржи заедничкото живеење со оној непослуше] монах. Се приклони тој кон божествениот Нектариј и п повика да се врати назад, сакајќи да му возврати за по кажаната ревност. Излезе дека и овој жеднее за сожител ство со него, зашто тие беа одгледувани и подучувани о, ист духовник. Но првин добро размислија, а потоа п< Божја волја се населија во прославениот манастир, онс во Кофо, посветен на светите архангели, кој им беше даден од сесветиот и прв господин Даниил. Во него живееја свето и богољубиво. Лебот секојдневно го месеа со свои раце, а колку што можеа им помагаа и на сите што имаа потреба од помош. Така се извршуваа тие ра-боти кај праведниците.

    Крајот на непослушниот монах
    Оној непослушен монах што одгледуваше завист кон Нектариј, кој лошата намера им ја соопшти на стар-ците и кој сиот отров на зависта го истури врз него, што, секако, не требаше да го направи, почна како безумен да талка горе-долу низ Гората. Најнакрај го напушти ски-тот и им се предаде на демоните, водејќи неумерен и ра-зуздан живот. Животот го заврши со лош крај. Неговата бедна душа се раздели од него на една патека, а бидејќи беше бездомник, непромислен и неуреден, не ја доби ниту последната погребна молитва.
    Колкава омраза и непослушност. Поради нив му се затемни духовниот вид. Непослушноста кон Бога и омразата кон мажите што му се мили на Бога, му ги зедоа и покривот над главата и лекот за спасението. А тој ги носеше нив (непослушноста и омразата) како слепец, фр-лајќи се себеси во пропаст. Значи, со сета сила треба да го одбегнуваме непослушанието и треба да ја замразиме омразата, и постојано да посакуваме да не се одделиме од славата Божја. Треба повеќе да ги љубиме послуша-нието и ближниот. Само така ќе можеме да влеземе во царството Божјо. Ете, таков крај доживеа непослушниот монах.

    Успението на светиот Дионисиј
    Чудесниот Дионисиј проживеа свет живот, достоен за восхит, украсен со смерност и целомудрие, па во длабока старост (на 20 ноември) се пресели кај Господа, кого многу го љубеше. Божествениот Нектариј, со голема љубов и со страв Божји ги закопа неговите свети мошти, го изврши светиот чин за монасите со пеење духовни песни и химни, заедно со сесветиот Даниил, со сите презвитери околу него, со ѓаконите и со останатите монаси. Неговиот гроб го постави надвор од ѕидиштата, во светото место на храмот на највеликите архангели Михаил и Гаврил - мал манастир на скитот на Карејците, во областа Кофо.
    Кога свети Нектариј се оддели од овој божествен маж, безмерна тага му го обзеде срцето. Од една страна, поради природното сочувство и поради поврзаноста меѓу луѓето - бидејќи и тој беше човек, а, од друга страна, му беше жал што не сожителствува со него во подоброто престојувалиште.

    Гробот на свети Нектариј Битолски
    Бог не ја превиде неговата ревност, туку го овенча со голем венец - каков што тој посакуваше. Но, првин му прати разни болештини што многу го истоштија, а потоа и староста го стави во слабост; и на крај и него -кој веќе стори седумдесет години, Бог, на 5 декември, го прибра кај неговите отци, Филотеј и Дионисиј.
    Неговите ученици од љубов кон својот духовен учител го испочитуваа неговиот рамноангелски завет и цели четири години бдееја над неговите свети мошти.
    На ридот, северно од храмот му имаа направено убав гроб, во кој со страв Божји ги ставија неговите свети мошти, а над гробот го насликаа неговиот божествен лик, за потсетување и застапништво.

    Поговор
    Тоа е животот и подвигот на нашиот богоносен отец Нектариј. А вие, најсвето и рамноангелско стадо, пијте од нектарот на неговите плодови, мириснете ги, пробајте ги и не гледајте ги само оддалеку. Во нив нема мамка на змијата на гревот, нема смрт, ниту казна за оној што ќе ги вкуси, туку има осветување на душата и телото и духовно насладување со нашиот Господ Исус Христос, кому му приличи секаква слава, чест и поклонување, заедно со Отецот и Светиот Дух, во вековите на вековите. Амин.

    Честита слава на сите битолчани и битолчанки!

    ПС: Се извинувам за двојната порака, ама не ми собираше во една.
     
    shushu, Mama25 and friendy like this.
  18. friendy

    friendy Форумски идол

    Joined:
    Apr 21, 2012
    Messages:
    4,339
    Likes Received:
    51,772
    Gender:
    Female
    Свети Сава Осветен

    Незначајното село Муталаск во Кападокија стана славно поради ова големо светило на Црквата. Овде Сава се роди од татко Јован и мајка Софија. Родителскиот дом го напушти кога имаше осум години и се замонаши во блиската обител наречена Флавијанова. После десет години премина во Палестинските манастири и таму најдолго се задржа во обителта на Светите Ефтимиј Велики (под 20 јануари) и Теоктист. Проѕорливиот Ефтимиј за него прорече дека ќе стане славен монах и наставник на монасите и дека ќе основа лавра поголема од сите лаври на сите времиња. По смртта на Св. Ефтимиј Сава се оддалечи во пустина, каде што во една пештера, којашто му ја покажа ангел Божји, помина како отшелник пет години. Потоа, кога стана совршен монах, по Божја Промисла околу него почнаа да се собираат многумина ревнители за духовниот живот. Набрзо се собраа во толкав број, што Сава мораше да гради и црква и многубројни келии. Дојдоа и некои Ерменци, на коишто тој им одреди пештера за во неа да служат на ерменски јазик. Кога умре татко му, кај него дојде неговата остарена мајка Софија, којашто тој ја замонаши и ѝ даде келија подалеку од неговиот манастир, па во неа таа се подвизуваше до крајот на животот. Овој Свет отец претрпе многу напасти од ближните, од еретиците и од демоните. Но тој сите ги победуваше, и тоа: блиските со благост и попустливост, еретиците со непоколебливо православно исповедање, а демоните со крсниот знак и повикувајќи Го на помош Бога. Особено голема борба имаше со демоните на гората Кастела, каде што го основа својот втор манастир. Тој и неговиот сосед Теодосиј Велики се сметани за најголеми светила и столбови на Православието на Исток. Тие ги исправаа царевите и патријарсите во верата, а на сите им служеа како пример на светителско смирение и на чудесната Божја сила. После трудољубивиот и многуплоден живот Св. Сава се упокои во 532 година, во деведесет и четвртата година од својот живот. Меѓу другото, тој го устрои манастирскиот типик на богослужење, којшто подоцна се рашири по целото Православие и стана познат како Ерусалимски устав.
     
    Mama25, tessie and Orthophill like this.
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,921
    Likes Received:
    4,688
    Gender:
    Male
    Денес 21.12. (8.12) е свети Падапија.

    [​IMG]

    Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската пустина, каде што се предаде на подвиг на очистување на своето срце од сите светски помисли и желби заради љубовта Божја. Но кога неговите добродетели станаа познати меѓу луѓето, почнаа да му доаѓаат и од него да бараат ослободување од маките. Плашејќи се од човечката слава којашто го помрачува човечкот ум и одвојува од Бога, Патапиј побегна од таа пустина во Цариград. Зашто овој чуден светител мислеше дека можеби полесно ќе се скрие од луѓето во градот одошто во пустината. Си направи колиба во близина на црквата Влахерна во Цариград и таму, затворен и непознат, го продолжи својот испоснички подвиг. Но таа светлина не може да се скрие. Едно момче, слепо од раѓање, водено од Промислата Божја, дојде кај Св. Патапиј и го замоли за молитва кон Бога за да прогледа и да го види созданието Божјо, та уште повеќе да Го прослави Создателот. Патапиј се смилува на страдалникот, Му се помоли на Бога и момчето прогледа. Ова чудо го откри богоугодникот во целата престолнина и луѓето тргнаа кај него по лек, утеха и поука. Еден прочуен човек Патапиј го исцели од водена болест само што го прекрсти и го помаза со елеј. Едно момче го ослободи од нечистиот дух што го мачеше луто, творејќи крст во воздухот. Демонот излезе од човекот како дим, испуштајќи голем крик. Една жена што имаше рана на градите, исполнета со црви, ја прекрсти и ја исцели. Многу други чуда пројави Св. Патапиј со молитва, со името Христово и со знакот на Крстот. Се упокои во длабока старост и замина во Небесното Царство во 7 век.
     
    friendy, Mama25, Serafima and 2 others like this.
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,274
    Житие: Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски

    Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен с ѐ до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримифунт. Но тој и како епископ не го измени својот прост начин на живеење и околу својата стока и обработката на земјата се трудеше самиот лично. За себе многу малку употребуваше од стекнатото, поголемиот дел им го раздаваше на бедните луѓе. Со Божјата сила покажа големи чуда: низведе дожд во време на суша, го запре текот на реката, воскресна неколку мртовци, го исцели царот Констанс од тешка болест, ги виде и ги слушна ангелите Божји, проѕираше во тајните на човечките срца, многумина обрати во вистинската вера итн. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор во Никеја и со своето просто но јасно исповедање на верата, како и со многубројните моќни чуда што ги изврши, голем број еретици ги врати во Православието. Беше облечен толку просто, што кога еднаш поканет од царот сакаше да влезе во царскиот дворец, војникот мислејќи дека е некој просјак му удри шлаканица. Кроткиот и незлоблив Спиридон му го заврти и другиот образ. Откако Го прослави Бога со многубројни чуда и на многумина им покористи поединечно, а и на целата Божја Црква, се упокои во Господ во 348 година. Неговите чудотворни мошти сега се на островот Крф и ден денес Го прославуваат Бога со многубројни чуда.

    Извор: Премин Портал