1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес е христијанскиот празник:

Дискусија во 'Религија' започната од Snow-Queen, 19 август 2012.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
  2. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    3.506
    Пол:
    Женски
    Денес се празнува еден од најголемите христијански празници. Чесит Божиќ. За многу години!

    Божиќ — денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користатгрегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќетоправославни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користатјулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари.

    Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости.

    Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Република Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.
    Празнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот нахристијанството, најверојатно во апостолскиот период. Апостолските правилаодредуваат ден за празнување на Раѓањето Христово (25 декември), покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“

    Времето кое му претходело на Рождеството Христово било исполнето со длабоко чувство за едно безгранично зло. Во секој момент се чувствувала несигурноста на тоа време. Светот пред Христовото раѓање наликувал на добро изорана нива, подготвена да го прими семето на вечниот живот - начелото на идниот век.

    Навуходоносор во неговиот таинствен сон го гледа образот на Рождеството Христово, протолкуван од Данаил (2 глава). Карпата којашто се отцепила од планината без да ја допре човечка рака и го разрушила големиот идол е образ на Христовото раѓање.
    Обично во иконата на Христовото раѓање Спасителот има сликовита врска со каменот кој го победил и разрушил страшниот човечки егоизам, во ликот на идол. Младенецот е претставен повиен, во средина на иконата. Земјата во иконата на Рождеството Христово не се претставува мазна и рамна, туку е полна со движење, разиграност, ридови и процепи. Тоа движење потсетува на морските бранови.

    Обично во иконата на Рождеството се изобразуваат исто така и ангелите, мудреците и пастирите. Ангелите, како први гласници на Радосната вест за Рождеството Христово, мудреците и пастирите - претставници на човечкиот род, се поканети да му се поклонат на Христа.

    Во горниот дел од иконата се претставува ѕвездата која ги води мудреците на еден начин кој ретко се среќава. Таа е испратена да стои точно на врвот од пештерата. Витлеемската ѕвезда се запазува како симбол не само во иконата на Рождеството, но и во Светата Литургија. Свеќникот кој се поставува во повечерието на Рождеството во средината на храмот, исто така ја симболизира ѕвездата. Очигледно е дека таа зазема многу важно место на празникот Рождество, зашто е древен симбол на Христа, како што ни сведочи и Откровението: „Корен и потомок сум Давидов - Свтла и Утринска Ѕвезда.“

    Обично е изобразен и Јосиф, заштитникот на Дева, исполнет со тага, измачуван од сомнежи, неможејќи да го разбере таинството на Раѓањето на Синот од Девата. Карактеристично за многу икони на Рождеството е дека Богородица гледа не кон Спасителот, туку кон Јосиф, со поглед исполнет со разбирање и длабока сочувствителност. Очигледно е дека таа со сите сили сака да му помогне. Иконата на Христа е образец или слика на бесконечната слава на доброволното предавање на Христа.
     
    На friendy, shushu и Orthophill им се допаѓа ова.
  3. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Собор на Пресвета Богородица

    На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, Којашто Го роди Господ и Сапсителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Нејзе, Која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно Ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.

    Спомен на бегството во Мисир

    Источните мудреци, ѕвездогледци, што Му се поклонија на Господ во Витлеем, на заповед од ангел се упатија на пат кон својата татковина. А свирепиот цар Ирод намисли да ги убие сите деца во Витлеем. Бог ја виде оваа намера на Ирод, па испрати Свој ангел кај Јосиф. Божествениот ангел му се јави на Јосиф во сон и му нареди да го земе Младенецот и Неговата Мајка и да бегаат во Мисир. Јосиф така и постапи. Ги зеде Младенецот и Мајка Му и се упатија прво во Назарет (Лука 2, 39), овде ги уреди сите свои домашни работи, го зеде со себе својот син Јаков, а потоа тргнаа за Мисир (Исаија 19, 1). Во стар Каиро до денес се покажува пештерата во којашто живееше Светото семејство, а во селото Матареа, близу Каиро, укажуваат на дрвото под кое се одмарала Пресвета Богородица со Богомладенецот. Таму има и чудотворен извор со вода под она дрво. Откако поживеаја неколку години во Мисир, по заповед на ангел Божји се вратија повторно во Палестина. И така се исполни второто пророштво: „Од Мисир го повикав Синот Свој“ (Осија 11, 1). Ирод беше умрен, а на неговиот крвав престол седна достојниот нему во злото син Архелај. Кога слушна Јосиф дека Архелај царува во Ерусалим, се упати во Галилеја, во својот град Назарет, каде што се насели во својот дом. Со Галилеја тогаш владееше вториот син Иродов, Ирод помладиот, којшто беше малку поблаг во злото од својот брат Архелај.
     
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

    Роднина на апостолот Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските области. Беше прв од Седумте ѓакони коишто Светите апостоли ги ракоположија и ги поставија на служба на грижа за сиромасите во Ерусалим. Затоа и го нарекоа архиѓакон. Со силата на својата вера вршеше големи чуда меѓу луѓето. Злобните Евреи се препираа со него, но беа секогаш победувани од неговата мудрост и од силата на Светиот Дух Којшто дејствуваше преку него. Тогаш посрамени Евреите, свикнати на измами и клевети, го побунија народот и народните старешини против невиниот. Клеветата против Стефан велеше дека хулел на Бога и на Светиот пророк Мојсеј. Брзо најдоа лажни сведоци коишто тоа и го потврдија. Тогаш Стефан застана пред народот и сите видоа дека лицето негово е како лице на ангел, т.е. озарено од благодатна светлина како што некогаш беше Мојсеј кога говореше со Бога. Стефан ги отвори своите усни и ги пореди многубројните доброчинства и чуда Божји извршени од Бога во минатото над народот израилски, но и многубројните злосторства и противења кон Бога од страна на тој народ. Особено ги изобличи за убиството на Господ Христос, нарекувајќи ги предавници и крвници. И додека тие чкртаа со забите, Стефан погледна и го виде небото отворено и славата Божја. Тоа што го виде тој им го објави на Евреите: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки кај седи од десната страна на Бога“ (Дела 7). Тогаш пакосниците го изведоа надвор од градот и го убија со камења. Меѓу неговите мачители беше и неговиот роднина Савле, подоцна апостол Павле. Во тоа време на некој камен во далечината стоеше Пресвета Богородица со Свети Јован Богослов и го гледаа мачеништвото на првиот маченик за вистината на нејзиниот Син и Бог, молејќи Го Бога за Стефана. Ова се случи една година по слегувањето на Светиот Дух на апостолите. Телото на Св. Стефан тајно го зеде и го погреба на својот имот Гамалиил, кнез еврејски, а потаен христијанин. Така заврши во слава првенецот меѓу христијанските маченици и се пресели во Царството на Господ Исус Христос.
     
    На Orthophill, shushu и galapce им се допаѓа ова.
  5. Baby-Blue

    Baby-Blue Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    153
    Девојки, ако знаете ве молам да ми кажете дали има ден на кој што на жените што се викаат Магдалена им` е именден??
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Не сум девојка, ама ќе ти одговорам. :)
    Споменот на светата рамноапостолна Марија Магдалина се празнува два пати во годината. Првиот пат во втората недела по Велигден, заедно со останатите жени - мироносици и вториот пат на 4. август. Именденот може да се прославува на еден од овие два празници.
    Кога сме кај светата Марија Магдалина, треба да се разјаснат неколку работи:
    1. Господ од неа истерал 7 демони, но тоа не значи дека меѓу нив бил и демонот на блудот. Исто така Мариај Магдалина не е ни грешницата, која Христос ја спасил од каменување, ниту пак е блудницата која ги помаза нозете Иисусови. Овие се заблуди на римокатолиците.
    2. Света Марија Магдалина е најхрабрата од сите апостоли. Таа беше до крај со Христа и на крстот и при погребувањето и на прво утро. Таа и прва Го виде Христа Воскреснатиот. Потоа појде и кај царот Тивериј и со црвено јајце в рака му ја кажа најрадосната вест: „Христос воскресе!“
    3. Според истражувањата на некои свети отци, Марија Магдалина И` е прва братучеда на Пресвета Богородица. Нивните мајки, заедно со мајката на свети Јован Крстител: Ана (на Пресвета Богородица), Елисавета (на свети Јован) и Саломија (на света Марија Магдалина) биле сестри.
     
    На Baby-Blue му/ѝ се допаѓа ова.
  7. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    5.947
    Пол:
    Женски
    За василица да ми каше некој повеќе за обичаите таа вечер какво јадење и слично ме интересира тие од западна македонија како прославуваат. Занам дека се маскираат карневали и слично ама мене ме интересира дома што се прави пита со паричка, игри на среќа колбаси се пршат во прилеп друго ?
     
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Денес е Св Василиј , на помош да ни биде на сите , за век и векова ...
    Кај нас во Битола, се пали традиционално оган ,околу него се берат сите од маалото , се прават колбаси на жар, се пие топло вино, се игра комар :D а за дома си правиме мазник со паричка , ја вртиме тавата 3 пати и секој си го зема делот што е пред него, оставаме делови колку што сме членови и еден за Господ :)
     
    На Mama25, friendy и Orthophill им се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    ЧЕСТИТ ПРАЗНИК СВЕТО БОГОЈАВЛЕНИЕ !

    со позрав:
    „БОГ СЕ ЈАВИ“!
    отпоздрав:
    „ВИСТИНА СЕ ЈАВИ“!

    Свето Богојавление – (Теофанија, некаде познато и како Епифанија) е еден од дванаесетте Господови празници. Може да се каже, дека Рождеството и Крштението Негово, сочинуваат едно торжество – празникот Свето Богојавление). Имено, во единството на овие празници на светот му се јавуваат сите три личности на Пресвета Троица. Заради ова празнично единство, во периодот од Божик до Водокрстот пред Богојавление - не се пости.

    Значење

    Крштение Господово
    Во витлеемската пештера се роди во тело Синот Божји, а при Неговото Крштение, од отвореното небо „Светиот Дух слезе на Него во телесен вид, како гулаб” и бил слушнат гласот на Бог Отецот, „кој вели: Ти си Мојот возљубен Син; во Тебе е Мојата благонаклоност!” Светата Црква на празникот Крштение Господово ја утврдува нашата вера во највисоката, за разумот недостижна Тајна на Трите Личности на Едниот Бог и нè учи рамночестно да ја исповедаме и прославуваме Света Троица - Едносуштна и Неразделна.
    Св. Јован Златоуст пишува, дека „не денот, во кој се родил Спасителот, треба да се нарекува јавување, туку оној ден кога Тој беше крстен. Не преку Своето раѓање Тој на сите им стана познат, туку со Крштението, па затоа и Богојавление се нарекува не денот, во кој Тој се роди, туку оној ден, во кој се крсти.”
    За настанот на самото Крштение Господово може да се раскаже следното. Господ наш Исус Христос, кога се вратил од Египет по смртта на цар Ирод, растел во малиот град Назарет, кој се наоѓа во Галилеја. Со Пресветата Своја Мајка престојувал во тој град до Својата триесетта година, заработувајќи за Себе и за Пречистата Девојка со занаетот на праведниот Јосиф, кој бил дрводелец. Кога наполнил триесет години во Неговиот живот на земјата, т. е. кога ја достигнал возраста, пред која според еврејскиот закон на никого не му било дозволено да поучува во синагогите и да прима свештенички чин - настапило времето за Неговото јавување на Израилскиот народ. Но, пред тој момент, според пророчкиот збор, морало на Израилот да се јави Претечата, за кого прорекол и пророкот Исаија, а кој имал задача да го приготви народот Израил за примање на Месијата. Свети Јован Претеча одел по целата јорданска земја, „проповедајќи покајно Крштение за проштевање на гревовите” (Лк. 3: 3). Целата јудејска земја и жителите на Ерусалим излегувале за да ја слушнат неговата проповед и се крштевале кај него во водите на реката Јордан, исповедајќи ги своите гревови (Мк. 1:5). Меѓу јудејците, кои доаѓале кај Јован, природно се појавило прашањето: Не е ли Тој, очекуваниот од сите - Избавителот, Утехата Израилева? Крстителот, пак, во одговор рекол: „По мене доаѓа Посилен од мене, на кого не сум достоен да му го одврзам ременот од обувки неговите; јас ве крстив со вода, а Тој ќе ве крсти со Светиот Дух” (Мк. 1: 7-8). И ете, во еден од обичните денови, кога Јован со проповед се обратил кон насобраните јудејци крај Јордан, Тој преку Светиот Дух, го познал меѓу луѓето Оној пред Кого тој триесет години порано затреперил во утробата на својата мајка.
    Исус дошол од Галилеја на Јордан, за да прими Крштение од Јован заедно со сите други. „Јован пак го задржуваше и му велеше: јас треба да бидам крстен од Тебе, а Ти ли доаѓаш кај мене?” (Мт. 3: 14) Свети Јован кога го видел пред себе Синот Божји кој нема грев, самиот побарал од Него крштевање, како човек кој го наследил гревот на непослушноста, првородниот грев кој преминал од Адам на целиот човечки род. „Но, Исус му одговори: остави сега, зашто така ни приличи да ја исполниме секоја правда” (Мт. 3: 15). Тој немал потреба од тоа крштение како безгрешен и непорочен, како роден од Пречистата Дева Марија и Самиот, според своето Божество – Извор на секоја чистота и светост, но, така како што Тој ги зел на Себе гревовите на целиот свет, така дошол и во Јорданските води, за нив да ги очисти преку Крштението. Тој отишол да се крсти за да ја освети со Себе водната стихија, за и нам да ни ја дарува бањата на светото крштение, која е наречена и бања на повторното настанување. Тој отишол да се крсти уште и затоа, за Јован да го види исполнувањето на Божјиот збор, кој му заповедал да излезе од пустината: „На Кого ќе видиш Духот да слегува и да останува на Него, Тој е којшто крштева со Светиот Дух” (Јн. 1:33).
    Празнување
    Корените на празникот Богојавление водат до апостолските времиња. За него се спомнува во Апостолските установи. Од II век е зачувано сведоштво од св. Климент Александриски за празнувањето на Крштението Господово и за ноќно Бдение што се служело пред овој празник.
    Во спомен на Крштението, при кое Исус Христос се потопил во Јорданските води, Православната Црква од дамнини во навечерието и на самиот празник извршува големо осветување на водата. Празничното осветување на водата својот почеток го има во традициите на Ерусалимската Црква, каде уште во I век на Христијанството се извршувало празнично излегување кон реката Јордан, за спомен на крштението на Спасителот со правење водосвет. Според древната традиција, на овој ден, по празничната света Литургија, се прават црковни литии на реки, базени и извори каде се врши чинот на големо осветување на водата.
    Во древната Црква било обичај огласените, т.е. кандидатите за крштевање, да се крстат во навечерието на Богојавление, бидејќи Крштението е духовно просветување на луѓето.
    Химнографија
    Тропар
    глас први
    Кога во Јордан се крштеваше Господи, се покажа Троично поклонение:
    оти, Родителскиот глас Те сведочеше Тебе, возљубен Син именувајќи Те,
    и Духот во вид на гулаб известуваше потврдување на зборовите.
    Тебе, Кој се јави, Христе Боже, и светот го просвети, слава Ти.
    пѓ. СПП
     
    На Mama25, tessie, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Свети Јован Крстител
    Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век.
    Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму. Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 20 јануари. Меѓу евангелските личности околу Спасителот тој има посебно место: и според начинот на доаѓањето во светот, и според улогата на Крстител на луѓето за покајание, и како Крстител на Месијата, најпосле и според трагичното заминување од овој живот. Се одликуваше со толкава морална чистота што навистина можеше попрво да биде нарекуван ангел одошто смртен човек. Меѓу сите Пророци Свети Јован е единствениот кој можел и со рака да Го покаже Оној за Кого пророкувал. За раката на Светиот Предвесник се раскажува дека секоја година на денот на неговиот спомен архиерејот Антиохиски ја изнесувал пред народот. Понекогаш таа рака се јавувала раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и богата година, а во вториот неродна и гладна.
    Похвално слово за св. Јован Крстител,
    за денот по Богојавление на свети Климент Охридски

    Кога Јован Го виде (Исуса) како доаѓа при него како обичен човек во облик на слуга, се смути од ужас и обземен од страв повика, говорејќи:
    „Што правиш, Господи, па доаѓаш на водите (јордански) како обичен човек во облик на слуга? Каде Ти се бесплотните чинови кои секогаш врват пред Тебе и Ти ја пеат Трисветата песна, среде кои во она време му се јави на Твојот угодник Мојсеј? Каде Ти се шестокрилните (серафими) кои стојат околу Тебе, коишто во она време му ги покажа на Твојот пророк Исаија, кој Те виде како седиш на висок и издигнат престол? Каде Ти е безбројното мноштво бесплотни сили – десетици илјади по десетици илјади, коишто во древноста ги виде Даниил како стојат околу Твојот престол? Каде Ти се четиризрачните животни, врз кои Те виде Езекил како почиваш? Каде Ти се престолите, господствата, властите и силите, врз кои почиваш постојано, славен заедно со Отецот и со Духот? Каква потреба имаше, Владико, та слезе во овој беден облик, Ти, пред Кого трепери сè и сè исчезнува? Небесните и земните предели не можат да Те сместат, а како ќе може да Те смести Јордан? Морето Те виде и побегна; и Јордан, кога Те виде, исчезна и својот тек го врати назад. А јас, како ќе пристапам кон Непристапниот? Како ли ќе ја пружам распадливата десница кон предвечниот Живот? Нема ли да отпаднам од второто посинување, кога ќе ја пружам недостојната рака кон вечно Постоечкиот и кон бесмртниот Живот, како што Адам во она време ја пружи својата рака кон дрвото кое дава знаење? Кој видел некогаш да биде осветлен од сонцето Оној што со Својата светлина ја осветлува вселената? Еве, Ти си го дал крштението заради грешните, за да можат тие да си ги мијат сите прегрешенија! Но Ти, Владико, која нечистотија сакаш да си ја измиеш!? Затоа, јас треба да бидам крстен од Тебе, а Ти доаѓаш при мене грешниот, бидејќи од Тебе – Создателот се очистуваат сите! Од Тебе, Дарителот на светлина, се просветлува сè. Навистина, несфатлива е оваа Твоја тајна што ја извршуваш, правејќи го ова! Впрочем, кои гревови сакаш да ги измиеш, кога си неосквернет по природа? Но Самиот Ти, крсти ги дојдените луѓе и, пред сè, мене, бидејќи јас имам потреба да бидам крстен од Тебе, а Ти доаѓаш при мене!“

    Ете, впрочем, и евангелистот (Јован), јасно говорејќи, рече:
    „А утредента Јован Го виде Исуса како доаѓа при него и повика, говорејќи: ‘Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на целиот свет’. За Него ви сведочев јас кога реков дека по мене иде Маж, Кому не сум достоен, откако ќе се наведнам, да ги одврзам врвките од Неговите обувки. Него слушајте Го, за да примите од Него совршено крштение. Оти јас ве крштавам со вода за покајание, а Тој ќе ве крсти со вода и со Дух Свети. За Него рече пророк Исаија, велејќи: Гласот на оној што вика во пустината, вели: Пригответе го патот на Господа и исправете ги патеките Негови“. Затоа, која ли уста може да го изрази твоето благовестие, кога твојот глас беше пострашен од гром? Кога народот се крштаваше, Јован им рече: „Јас не сум Христос, туку сум Неговиот претеча, кој ви вика: Покајте се, зашто при вас иде Оној Кој го подарува Царството, и Кој врз Себе ги зема гревовите на целиот свет. Тој е Оној што крштава со Дух Свети и со сила. Човечкиот ум не може да го изрази Неговото раѓање. Првото Негово раѓање е предвечно од Отецот на небесата, а второто раѓање на земјата го примил заради нас, без татко, од Пречистата Дева. Затоа Он треба да расте, а јас да се смалувам. Јас сум како зрак што осветлува мало место, а Тој ги озарува сите со божествена светлина. Он е Единородниот Син од Бога Отецот, Кој дошол да го обнови Своето создание, а јас сум роден од свештеник кој достигнал чесна старост, за да проповедам подготовка на Неговите патишта. Освен тоа, раѓањето на Оној е необично и чудесно од Пречистата Дева, без татко на земјата, заради нас, а моето – од изнемоштеното тело на Елисавета, која беше веќе во одминати години. Родениот од земното говори и проповеда земни работи, а Оној што е од небесата, проповеда и учи за небесни работи; зашто роденото од тело е тело, а роденото од Дух е дух. Ветерот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди“.

    Навистина, о Пророку и Претечо, ти стана сведок на сè ова, и на повеќе од тоа, на страшната промисла, зашто преку тебе се откри она што беше скриено од ангелите и од архангелите, од властите и престолите, од силите и господствата, и од сето небесно создание. Ти стана очевидец на неискажливата тајна и служител на таа страшна промисла, и благовесник на неискажливи чудеса кои се случија меѓу тебе и нашиот Господ Исус Христос. Ангелите и архангелите, слушајќи ги овие расправии, говори и дела, и гледајќи го нивното остварување, со трепет се чудеа и со крилјата ги покриваа своите лица. Поради тоа, кој ќе ги искаже твоите величија?

    СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ СОБРАНИ ДЕЛА: СЛОВА, ПОУКИ, ЖИТИЈА во редакција на протопрезвитер Јован Таковски во издание на САС на МПЦ-ОА, 2012
    Извор: http://agapi.mk/pohvalno-slovo-jovan-krstitel-sv-kliment-o…/


     
    Последна измена: 20 јануари 2015
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Денес 31 Јануари е празник посветен на Св Атанасиј Велики , во селото од каде што потекнувам , локалната црква го носи името на светецот , векови наназад се одбележува празникот со тоа што утрото на 31 Јануари , се колат јагниња како курбан ,сите кои сакаат можат да одат на ручек и од селото и од други места со исклучок на жените ( зошто е тоа така незнам ). Постои како некое верување кое се пренесува со векови наназад дека некои стари луѓе немале деца , и на светецот се молеле да им даде дете да се порадуваат малку и дека ќе му го дадат курбан , а светецот одговорил дека ќе им даде дете , во замена за тоа да си дадат јагне како курбан место дете, векови покасно ете тоа и се практикува и негува како традиција .. како е во другите места не знам , секој светец на различни места и начини е славен различно .
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Честита слава! :)
    Инаку денеска е и свети Кирил Александриски, наследник на патријаршискиот трон на свети Атанасиј (не директен). Патем кога сме кај курбаните, еве што за нив вели преподобен Кирил Пејчиновиќ Тетоец.
    „ А мије и празникот што го служиме една у годината, и него непристојно го служиме, а не побожно. Баш на денот вардимо да се опиемо, да скакамо, да збесуамо. Сва ноќ седите, пеете и збесуете, не го молите светецот, токо го наљутуете, и тој не ве измолует пред Бога и не ви поможует, и нафиле си арчите арчот. А вије се надеате на курбани што колете на Атанасов ден, со тоа да угодите Богу. А не знаете еле тија курбани идолска жертва, еврејска жертва, а не христијанска. Тој христијанин што коле курбан не ест христијанин, токо ест евреин или идолопоклонник, и тој свешеник што поет на глава на овенот со свеќа запаљена лаже за добитка, за пара, за месо, а у закон христијанскиј немат писно поп да чати на овен а христијани да колет курбан.“
     
    На faye, Serafima, friendy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    И мене не ми оди во глава ова со курбанот , знам дека Евреите така правеле , ама како што кажав ете таа традиција се негува со векови наназад колку и да е погрешна.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Преподобен Ефтимиј Велики

    Роден е во ерменскиот град Мелитина близу реката Еуфрат околу 377 година од благородни и угледни родители. Единец син, роден по молитвите на мајка му Дионисија, којашто имаше небесно видение за раѓањето на Ефтимиј. Се подвизуваше од младоста, најпрво во близина на својот роден град, а откако го посети Ерусалим во дваесет и деветтата година од животот, остана во пустината меѓу Ерусалим и Ерихон, наречена Фара. Деновите и ноќите ги исполнуваше со молитва, внатрешно богомислие, созерцание и телесен подвиг. Околу него се собраа многубројни ученици, од кои некои станаа славни светители: Киријак Отшелник, Сава Осветен, Теоктист и др. По Божји дар беше голем чудотворец: изгонуваше демони, лечеше од тешки болести, изведе вода во пустината, умножи леб, пророкуваше. Монасите ги учеше на трудољубие, велејќи: „Ако го јадете својот леб без труд, значи дека јадете туѓ труд“. Кога некои помлади браќа сакаа да постат повеќе од другите, тој им забрани да доаѓаат на општата трпеза за да не се погордеат заради својот поголем пост. Уште говореше дека за монахот не е добро да преминува од место на место, зашто: „Дрвото кое често се пресадува не носи плодови“. Секој што сака да прави добро може да го прави на местото каде што се наоѓа. За љубовта велеше: „Тоа што е солта за лебот, тоа е љубовта за другите добродетели“. Во првата недела од Чесниот Пост се оддалечуваше во пустина и таму остануваше во молчание и богомислие до пред Велигден. За време на неговиот живот во негова близина се создаде огромна лавра, којашто после со векови беше преполна со монаси како кошница со пчели. Неговата последна заповед беше да го чуваат гостољубието во манастирот и манастирската порта никогаш да не биде затворена. Се упокои во деведесет и седмата година од животот. На погребот му беше и ерусалимскиот патријарх Анастасиј. Патријархот чекаше цел ден додека огромната маса народ го целиваше светителот и дури вечерта успеа да го опее. Седмиот ден после смртта Свети Ефтимиј му се јави на својот ученик Дометијан сиот светол и радосен. Преподобен Ефтимиј навистина беше син на светлината. Се упокои во 473 година.
     
    На shushu, Mama25 и Serafima им се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Денеска е Преподобен Максим Исповедник
    [​IMG]

    Преподобен Максим се роди околу 580 година во Цариград. Имаше високо потекло. Во младоста се здоби со врвно образование беше најголемиот философски ум на своето време.

    Едно време служеше како императорски секретар, а потоа ја напушти службата и се повлече Хризополскиот манастир до Халкидон. Наскоро, неговото име неоделиво ќе се врзе за православната борба против монотелитската ерес. Заради своето тврдо исповедништво ќе биде осакатен и ќе умре в затвор, во 662 година. Неговото дело правилно го оцени шестиот вселенски собор, одржан во 680 година.

    Од него ни останаа многу значајни дела.

     
    На shushu, Mama25, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Свети три светители, 30 јануари (12. февруари нов стил)

    Еден празник за тројца светители. Покрај тоа што си имаат и посебни празници светите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат и еден заеднички празник.

    На 30. јануари се празнува празникот на тројцата (нај)големи светители: св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст. Многумина не знаат за кои светители станува збор но знаат дека тоа се значајни личности што страдале за Христовата вера.

    Христијанската црква, на овој ден заедно го празнува споменот на св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст, иако тие си имаат и посебни празници. Овој празник е востановен во 1084 година во Цариград. Епископот Јован го одбрал овој ден бидејќи тројцата светители имаат празници во јануари: Василиј Велики на 1 јануари, Григорије Богослов на 25 јануари и Јован Златоуст на 27 јануари (сите според стариот календар по кој тогаш се сметало времето). А причината за востановување на овој заеднички празник е следнава: Во втората половина на 11 век за време на царот Алексеј I Комнен во Цариград настанал спор меѓу населението кој од тројцата светители е позначаен: св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст.

    Народот се поделил на Василевци, Григоровци или Јовановци. Тогаш тројцата светители најпрвин секој одделно, а потоа и заедно му се јавиле на епископот Јован епископ Евхаитски, и тоа не на сон туку на јаве, и му рекле: „Ние сме еднакви пред Бога, како што гледаш меѓу нас нема поделби ниту било какви меѓусебни спротивности. Секој од нас одделно во свое време поттикнат од божествениот Дух, напишавме соодветни поуки за спасение на луѓето. Тоа што го научивме тајно, на луѓето им го предадовме јавно.

    Меѓу нас нема ниту прв, ниту втор. Ако ти се повикаш на едниот со тоа се согласни и другите двајца. Затоа заповедај им на оние што се расправаат поради нас, да ги прекинат кавгите, зашто како и во животот така и по смртта, ние се грижиме за тоа краевите на вселената да ги сведеме кон мир и согласност. Имајќи го ова во предвид, соедини го во еден ден нашиот спомен и како што ти прилега, состави ни празнична служба и дај ја на другите, за да имаме еднакво достоинство пред Бога. И ние, на тие што го почитуваат нашиот спомен ќе им бидеме помошници при спасението, зашто се надеваме дека имаме некоја заслуга кај Бога“. Кажувајќи му го тоа на епископот тие почнале да се креваат кон небото, светејќи со неискажана светлост и повикувајќи се еден со друг по име.

    Епископот Јован веднаш го собрал народот, им раскажал за средбата со тројцата светци, го востановил празникот и наредил да се празнува свечено, притоа напишал и пофално слово за овој празник.

    Но кои биле тие тројца светители и со што заслужиле да влезат во календарот на Светата Христова црква?

    Свети Василиј, наречен Велики, бил најславниот владика во градот Кесарија Кападокиска. Роден е во Неокесарија околу 330 година (според некои 329 г.) од побожни родители. Татко му, кој исто така се викал Василиј бил учител по беседништво - оратор и адвокат, а мајка му се викала Емилија. Во 345 година заминал на школување во Кесарија Кападокиска, а во 352 година во Атина.

    Овде соученици и другари му биле Григорие, подоцна наречен Богослов и Јулијан, внукот на Константин Велики, кој најпрвин бил христијанин, а подоцна го напуштил христијанството, станал цар и ги прогонувал христијаните, поради што е познат по прекарот Отстапник. Василиј по завршувањето на школувањето на околу 30 годишна возраст се вратил во родното место, станал учител, подоцна примил свештенички чин и бил проповедник во црквата. Бил многу популарен поради што тогашниот владика многу му завидувал.

    Тоа било причина Василиј да замине во пустина. За време на престојот во Александриската пустина се сретнал со Свети Атанасиј Велики, кој бил протеран од Ариевците. Во тоа време било силно ариевското движење и цариградскиот цар Валент, кој ги поддржувал овие еретици сакал да им ги предаде сите цркви. Во Кесарија немало личност која со својот авторитет можела да му се спротивстави на ова движење, но и на царот Валент. Таква личност бил само свети Василиј, кој по смртта на кесарискиот владика се вратил од пустината и бил поставен за владика Кесариски. Бил многу популарен меѓу народот и многу лесно луѓето ги придобивал за христијанската вера, поради што бил наречен втор Павле.

    Особено успешно се борел против Ариевците поради што го навлекол врз себе гневот на царот Валент, кој се обидувал да го убеди да се откаже од архиепископскиот престол за да може да постави некој од Ариевците. Му се заканувал со протерување и смрт, но и тоа не го исплашило и поколебало свети Василиј. А кога и лично го повикал и му се заканил Свети Василиј му одговорил: „Од прогонство не се плашам зашто секаде е земјата Господова. Имот не може да се одземе од оној што нема ништо повеќе од неколку стари мантии и книги. Од смртта не се плашам зашто како што гледаш скоро и да немам тело. Еден удар е доволен да ме уништи, но смртта само ќе ми го забрза одењето кај Бога, поради кого самиот умрев и одамна се стремам кон него.”

    По ваквиот одговор царот го оставил свети Василиј и тој до крајот на животот бил архиепископ Кесариски. Умрел на 1 јануари (според стариот календар) 379 година (според други 389 година) на 50 годишна возраст.

    Свети Василиј Велики е значаен и како писател. За време на престојот во понтиската пустина ги составил монашките правила. Кога бил архиепископ во Кесарија градел болници и училишта, а самиот живеел скромно поради што бил многу популарен. Поради тоа што свештениците литургијата ја служеле различно тој ја скратил литургијата на Св. Јаков и напишал т.н. „Василева служба” која до денес се служи во првите пет недели од Велигденските пости, потоа на Велики четврток, Велика сабота, на денот на Св. Василиј, спроти Божик и Богојавление, а понекогаш и на Божик и Богојавление, што значи десет пати во годината.

    Споменот на Свети Василиј Велики Светата Христова црква посебно го празнува на 1 јануари според стариот календар, и заедно со двајцата други светители (св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст) на 12.II./30. I.

    Во времето кога живеел св. Василиј Велики живеел и св. Григориј Богослов. Бил негов другар и исто така бил многу популарен. Григориј на грчки јазик значи вреден, буден, бодар. Роден е во 329 година во градот Назајанз во југозападна Кападокија. Татко му бил владика (тогаш владиките се женеле) и во родниот дом ја стекнал првата љубов кон образованието. Учел во Кесарија, Александрија и Атина, каде што се запознал со св. Василиј Велики.

    Оттука дошол во градот Сосим каде што бил избран за епископ, а подоцна и во Цариград каде што во 379 година станал патријарх. На оваа должност останал 12 години и многу придонесол за засилување на православието. Потоа дошол во селото Арианз во Кападокија каде што ги напишал главните свои дела. Поради големото богословско образование бил наречен Богослов. Умрел на 25 јануари 390 година и на овој ден секоја година светата црква го празнува неговиот ден. Денес главата му се наоѓа во Москва, а другиот дел од телото во Рим.

    Освен Свети Григорј Богослов во Цариград бил познат и популарен и Свети Јован Златоуст. Роден е во Антиохија во 374 година. Во раните денови од детството му умрел татко му и мајка му го дала на училиште. Сакал да се закалуѓери и тоа го направил по смртта на мајка му кога отишол во еден манастир во близината на Антиохија. Потоа бил избран за патријарх цариградски каде што се прославил со убави беседи поради што бил наречен Златоуст. Напишал многу дела меѓу кои е и литургијата што се служи преку целата година позната како „Златоустова литургија”.

    За Свети Јован Златоуст убави беседи држел неговиот ученик и наследник на епископскиот престол во Цариград Свети Прокл, кој меѓу другото рекол: „Никој не може како што заслужува да го пофали Јована, освен ако сега се појави еден таков Јован”. Тогаш народот почнал да го моли коските на Св. Јован Златоуст да бидат пренесени во Цариград. Познато е писмото што цар Теодосија ИИ му го напишал на св. Јован Златоуст како да е жив, соопштувајќи му дека ќе го пренесат во Цариград, за што испратил и брод. Моштите на св. Јован Златоуст во Цариград се пренесени на 9. II./27.I. 438 година и овој ден Светата Православна Црква го одбележува секоја година.

    Свети Јован Златоуст умрел на 14 септември 408 година но бидејќи на овој ден се празнува Воздвижение на чесниот крст (Крстовден) празникот на Св. Јован Златоуст е пренесен на 26/13 ноември.
     
    На Ella.313 и Serafima им се допаѓа ова.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Денеска е Мртва сабота - Задушница пред неделата на Страшниот Суд

    Не спомнувај ги гревовите на умрените, Слове, Твоето милостиво срце да не држи лутина. Во овој ден божествените оци озаконија да се прави помен на сите од века благочестиво упокоени луѓе, од следниве причини: прво, бидејќи има луѓе кои предвреме се упокоиле во туѓина, во мориња и непроодни гори, стрмнини и јами, во несреќи и од глад, пожари, ледови, бури и мразеви, и претрпеа и други видови смрт, како и други луѓе сиромашни и немоќни кои не биле придружени со потребните црковни молитви, божествените оци, научени од свештените апостоли, и движени од човекољубие, определија соборно да се прави заеднички помен, покажувајќи со тоа дека починатите имаат полза од молитвеното посредување на Црквата. Второ, бидејќи наредниот ден (недела) е посветен на Второто Христово пришествие, погодно е да се прави помен и за душите на починатите, молејќи Го страшниот Судија да биде милостив кон нив. Во оваа недела се потсетуваме и на изгонувањето Адамово од рајот. Споменувањето на Страшниот суд има уште за цел да ни ја претстави сликата на Судот, за да покаже дека постот е богоугодно дело. Во сабота правиме помен за душите уште и затоа што сабота на еврејски значи покој, одмор. Оттука и секоја сабота е ден определен за спомнување на умрените, а во оваа сабота, пак, правиме заеднички (соборно) помен, молејќи се за секој благочестив. Затоа божествените отци, знаејќи дека правењето помени за умрените, односно милостините и службите, донесува големо олеснување и полза, откако го примиле тоа од апостолите, ова и го довериле на Црквата.
    За ова зборува и Дионисиј Ареопагит и многу други – дека починатите имаат полза од молитвите и давањето милостина за нив. За ова дознаваме и од кажувањето на свети Макариј (Велики): имено, некој нечестив Елин, одејќи, на патот нашол еден сув череп и го прашал: „Дали во адот имаат некакво чувство на утеха!” Тој одговорил дека тие имаат големо олеснување кога некој се моли за нив. Свети Григориј Двоеслов, со својата молитва го спаси царот Трајан, но од Бога го слушна и тоа дека никогаш повеќе да не се моли за безбожник. Според кажувањата, и царица Теодора го спаси од маките проколнатиот цар Теофил, по молитвите на светите исповедници. За тоа дека умрените имаат полза од добрите дела направени за нив зборува и свети Григориј Богослов, во надгробното слово на неговиот брат Кесариј. И свети Јован Златоуст, во своето толкување на Посланието до Филипјаните, вели: „Да помислиме на ползата што ја имаат оние што си заминале (од овој свет); да им ја дадеме потребната помош, односно милостината и приносите, бидејќи тоа им носи големо олеснување, добивка и полза. Всушност, оваа одлука не е донесена ниту случајно ниту попусто од страна на семудрите ученици (апостолите) и е предадена на Црквата Божја, односно, дека за време извршувањето на страшните тајни (Литургијата) свештеникот да ги споменува оние што се упокоиле со вера”. И уште: „Во упатаствата што им ги даваш на твоите деца, како и на другите наследници на твоето семејство, нека има од тебе еден запис, со името на судијата, и во него да не отсуствува сеќавањето на бедните, а јас ќе бидам жирант”. И свети Атанасиј Велики вели: „Ако некој што е набожен починал и веќе е расеан во воздухот, не престанувај да палиш кандило и свеќи на неговиот гроб, призивајќи Го Христа Бога, бидејќи тоа му е благопријатно на Бога и надоместува многу давања. Ако умрениот е грешен, ти ќе придонесеш да му се простат гревовите. Ако бил праведен, наградата ќе му биде зголемена. Ако станува збор за туѓинец и е сиромав, и нема кој да се грижи за него, тогаш Бог, Кој е праведен и човекољубец, ќе се погрижи за него, бидејќи Он својата милост ја покажува кон секого, според потребата. Впрочем, и оној што принесува дарови за таквите, учествува во наградата, бидејќи покажува љубов за спасението на ближниот, како што и оној кој друг помазува со миро, прави од самиот него да излегува благопријатен мирис, а оние што не го прават тоа, ќе бидат судени при Второто Христово пришествие”. Сè што правиме за починатите, па и најмало добро, тие имаат полза од тоа, како што велат божествените отци, особено оние што не направиле многу додека биле меѓу живите. Ако во Светото писмо и има некои работи што служат како предупредување за мнозина (а тоа е неопходно), сепак во повеќето случаи Божјото човекољубие победува, бидејќи, ако вагата на добродетелите и на пороците дојде до израмнување, тогаш победува човекољубието. Ако мерката на лошите дела малку и натежне, сепак победува врвната добрина. Нека се знае дека таму сите се знаат меѓусебе, било да станува збор за познанства, или никогаш да не се виделе, како што вели божествениот Златоуст, толкувајќи ја параболата за богатиот и за Лазар. Сепак, тие нема да се препознаваат според телесниот изглед, бидејќи сите ќе бидат на иста возраст, а природните познанства на секого ќе исчезнат за сметка на еден многу поостроумен поглед на душата, како што вели свети Григориј Богослов во своето надгробно слово за Кесариј: „Тогаш ќе те видам, светол и славен како што ми се јави на сон многупати, најсакан брату мој Кесариј”. А Великиот Атанасиј, иако не зборува вака во словата до кнезот Антиох, во словата за упокоените вели дека, се до Општото воскресение, на светите им се даде еден-друг да се познаваат и заедно да се веселат; грешните, пак, и од тоа се лишија. А на светите маченици им се даде да го надгледуваат и она што ние го правиме и да не посетуваат. Тогаш, пак, сите еден-друг ќе се познаат, и скриените нешта на сите ќе се откријат. Треба да се знае и тоа дека сега душите на некои починати светии се на едно место, а на грешните на друго: првите радувајќи се со надеж, другите, пак, тагувајќи, бидејќи и самите светии се уште не ги примиле ветените добра, како што говори божествениот апостол: „Бог предвидел за нас нешто подобро, за да не можат без нас да се усовршат”. Треба да се знае и тоа дека не сите кои паднале во јами, во оган, во море, несреќи, студови и глад, по заповед Божја, страдаат: ова се Божји судови, од кои едни се по Божјо благоволение, други по Негово допуштање, а трети заради предупредување и поука. Впрочем, Бог во Своето предзнаење знае сè, познава сè, и тоа се случува по Негова волја, како што вели светото Евангелие во врска со птиците. Ова се случува вака, не затоа што Он предодредил да биде така, освен во некои случаи, ниту пак дека тоа станува случајно, ако некој се удави, друг умре како старец или како дете, туку Он еднаш засекогаш го определил соборното време на човекот, како и толкуте видови на смрт. Во толкуте овие времиња, внатре, различните видови смрт се случуваат не затоа што Бог така определил однапред. Иако Он го знае животот на секој поединец, советот Божји го скратува и времето и видот на смртта. Но за тоа дека постои некакво предодредување за животот, свети Василиј гледа некаква алузија за тоа во зборовите: „Земја си и пак во таа земја ќе отидеш”. За тоа сведочи и апостолот кога им пишува на Коринтјаните: „Поради тоа што се причестувате недостојно, меѓу вас има мнозина болни и немоќни и некои спијат, односно мнозина умираат”. И Давид говори: „Не земај ме на половината од моите денови” и „Си ги измерил моите денови”. А Соломон: „Сине, почитувај ги таткото и мајката за да живееш долго”. Или уште: „Да не умреш предвреме”. И во книгата на Јов, Бог му вели на Елифас: „Јас би ве истребил, да не е мојот слуга Јов”. Тоа покажува дека животот не е ограничен. Ако, пак, некој вели така, тоа за мене значи дека границата доаѓа од Бога, од Неговата волја, бидејќи Он тогаш некому додава, а некому одзема, уредувајќи сè и секому според негова потреба. А кога Бог сака, го уредува и времето и начинот на смртта. Значи, границата на животот на секого е волјата и советот Божји, како што вели свети Атанасиј: „Со овој збор и со длабочината на Твоите судови, Христе, Ти исцелуваш”. А Василиј Велики: „Смртта настапува кога ќе завршат пределите на животот, а ние за предел (граница) на животот ја сметаме волјата Божја”. Оти, ако постои предел (граница) на животот, зошто тогаш Го молиме Бога, а и лекарите, и се молиме за децата? Треба да се знае и ова, дека крстените деца се насладуваат во рајот, додека некрстените и децата на паганите нема да одат ниту во рајот, ниту во пеколот. Кога душата излегува од телото, таа повеќе не се грижи за овдешни работи, туку за работи од оној свет. Ние правиме помен на починатиот во третиот ден, затоа што во тој ден човекот го менува изгледот. Во деветтиот ден – затоа што во тој ден се распаѓа телото, освен срцето; а во четириесеттиот – затоа што се распаѓа и срцето. Така станува и при раѓањето на човекот: Во третиот ден се оцртува срцето, во деветтиот ден се формира телото, а во четириесеттиот ден се изобразува конечниот облик. Поради тоа, Владико Христе, упокој ги душите на починатите раби Твои во места каде што почиваат душите на праведниците, а нас помилуј нè, како Единствен Бесмртен. Амин.
    Извор: http://agapi.mk/sinaksar-sabota-mesopusna/
     
    На Rama и Serafima им се допаѓа ова.
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Сретение Господово

    Денот Сретение Господово (15 февруари н.с.) – е еден од најголемите празници на Православната Црква. На овој ден се споменува еден одклучните настани на историјата на односите меѓу Бога и човекот: Богомладенецот Христос, донесен во ерусалимскиот Храм на 40-иот ден по раѓањето, е пресретнат од праведниот Симеон. Во овој настан Црквата гледа средба меѓу двата Завета: Новиот Завет – кој воплотениот Мессија – Христос ќе го склучи со луѓето, доаѓа да го замени Стариот Завет – олицетворен во старец Симеон.

    Дошло времето кое човештвото го очекувало со векови. Во светот се јавил Оној што ќе стане победник на гревот и смртта, Кој за сите луѓе ќе го отвори патот во Божјото Царство и ќе ја бара секоја изгубена овца… Провидувајќи го тоа, праведниот Симеон, откако го зел на раце младенецот Исус, рекол:

    „Сега го отпушташ својот слуга, Владико, според Твојот збор, со мир, зашто го видоа моите очи Твоето спасение, што си го подготвил пред лицето на сите народи: светлина како откровение за паганите и слава на Твојот народ, Израил”.

    Симеон го видел Христа – и тој сега може со мир „да замине кај праотците”, то ест да умре и да слезе во мрачниот шеол, каде што се мачат сите умрени, очекувајќи ослободување. И Симеон ќе им ја однесе радосната вест: „Остана уште сосем малку за чекање, бидејќи јас на своите раце го држев Оној што ќе го разурне адот.”

    Црквата на денот на празникот пее: ”Древний днями, давший в древности Закон на Синае Моисею, ныне видим как Младенец; и Закон исполняя, как Творец Закона, по Закону в Храм приносится и старцу вручается // Древниот по денови, кој на Мојсеј во древноста му го дадеЗаконот на Синај, сега го гледаме како Младенец; и Законот исполнувајќи го, како Творец на Законот, според Законот во Храмот се донесува и на старецот му е врачен.” Истиот, Самиот Бог Кој на Синај говорел со Мојсеј и го востановил јудејскиот Закон, сега е донесен во Храмот како Младенец, исполнувајќи го истиот Закон. Во зборовите на црковните химни е видно црковното учење за тоа, дека во сите времиња Бог општел со човештвото во лицето на Синот. Затоа, на некој начин, нема основа да го изобразуваме на икона Бог Отецот – Кого никој никогаш не го видел. „Ветхий деньми // Стар по денови”, то ест старец во вид на кој Бог се јавувал на некои пророци пред Христовото воплотување – тоа е Истиот Божји Син.

    За многу години нека е празникот! Секој од нас во животот нека има што повеќе вистински „сретенија” // средби – и еден со друг, и со Бога.
     
    На Rama и Serafima им се допаѓа ова.
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Синаксар во Неделата на Страшниот суд

    Кога ќе седнеш, Судијо на сите, да ја судиш сета земја, Удостој ме и мене да го слушнам овој глас: „Дојдете, благословени на мојот Отец!” Во овој ден правиме спомен на Второто и непоткупливо Христово пришествие, што божествените отци го одредија од две причини: прво, заради оние коишто знаат за Божјото човекољубие, па живеат мрзливо, велејќи: „Бог е човекољубив, па кога ќе се ослободам од гревот (кога ќе се покаам), сум си ја завршил целата работа“. Второ, потсетување на овој страшен ден се прави за да знаеме што нè очекува еден ден по смртта, та оние што овој живот го минуват во мрзливост и неодговорно, да се исплашат од она што ги очекува и да почнат да живеат добродетелен живот, и да не се надеваат само на Божјото човекољубие, но да знаат дека Бог е и праведен и дека ќе даде секому според неговите дела. Инаку, и душите на починатите треба да излезат пред Судијата. Затоа, овој празник на некој начин претставува и крај на сите празници, бидејќи тој чин – Страшниот суд, ќе биде конечен за сите нас. Треба да се знае и тоа дека идната недела ќе се потсетиме и на почетокот на светот, и на паѓањето и изгонувањето на Адам од рајот. Денешниов, пак, ден (празник) е крај на сите денови, како и на самиот свет. Од оваа недела се скусува храната (повеќе не се јаде месо), а нè повикува и на милостина кон ближните. Исто така, бидејќи со храна бевме истерани од рајот, и паднавме под осуда и проклетство, по примерот на Адам од наредната недела, се молиме Христос и нас повторно да нè воведе во рајот. И при Второто пришествие Христос ќе дојде во тело, но не како при Неговото прво доаѓање, тивко и без слава, туку со натприродни знаци и чуда, со силна светлина од небесата, за да биде познаен од сите; дека Он е тој што дојде и првиот пат, и родот човечки го избави, и дека самиот Тој ќе суди, според тоа кој колку зачувал од она што Он ни го дал. Кога ќе биде тоа пришествие? Никој не знае. Господ тоа го сокри и од апостолите. Тогаш ќе има некои предзнаци, што некои од светиите нашироко ги објаснија. Некои велат дека тоа ќе биде по седум илјади години! Пред Неговото пришествие, ќе дојде Антихристот и ќе се роди, како што вели св. Иполит Римски, од жена нечиста, божемна девојка, по потекло од Евреите, од племето Даново, кој беше дете на Јаков; и дека ќе оди меѓу народот како Христос, и дека ќе прави чуда, како што правеше и Христос, и мртви ќе воскреснува (види: 2. Сол. 2). Тогаш, се вели, ќе се открие синот на погибелта, со секоја сила и знаци и лажни чудеса. Впрочем, нема самиот ѓавол во тело да се претвори, како што вели Јован Дамаскин, туку човек кој ќе се роди од блуд и ќе го прими сето сатанско дејство, и ненадејно ќе се крене, и на сите ќе им се покаже како добар и кроток. Тогаш ќе има голем глад, на луѓето ќе им угоди, ќе се претстави дека ги знае и Божествените Писма, и ќе пости, и од луѓето ќе биде прифатен, и ќе се прогласи за цар; најмногу ќе го засака еврејскиот народ; ќе дојде во Ерусалим и храм ќе им подигне. На седум години пред него, како што вели пророк Даниил, ќе дојдат Енох и Илија, и на луѓето ќе им проповедаат да не го примат. Тој, пак, ќе ги фати, ќе ги мачи, најпосле и главите ќе им ги отсече. Оние што ќе живеат благочестиво, ќе мораат далеку да бегаат, по горите, каде што ќе ги искушуваат демоните. Оние седум години ќе се намалат заради избраните, а ќе има и голем глад, елементарни непогоди, за малку сите ќе изгинат. По сите овие работи, ненадејно, како молња од небото, ќе се случи пришествието Господово, а ќе му претходи чесниот Крст и огнената река, која сета земја ќе ја очисти од скверноста. Тогаш ќе биде фатен и Антихристот, и неговите слуги, и ќе бидат предадени на вечниот оган. Кога ќе затрубат ангелите, ненадејно од сите страни на земјата сиот човечки род ќе дојде во Ерусалим, зашто е во средината на светот. Таму ќе им се суди на сите со души и тела. Со еден збор, Господ ќе ги одвои праведните од грешните: оние што правеле добро ќе отидат во вечен живот, а грешните во вечни маки, кои нема никогаш да престанат. Треба да се знае дека тогаш Христос нема да бара пост и сиромаштија, и чуда, иако се добри и тие, туку многу повеќе од овие – милостина и сострадание. Оти тогаш Господ, и праведните и грешните, ќе ги потсети на оние шест заповеди: гладен бев, и Ми дадовте да јадам; жеден – и Ме напоивте; туѓинец бев, и Ме примивте; необлечен бев, и Ме облековте; болен бев, и Ме посетивте; во затвор бев, и дојдовте при Мене. Ако ова го направивте на еден од овие мои најмали (браќа), Мене Ми го направивте (види: Матеј 24). Затоа секој треба да го направи она што може, според своите сили. И секој треба да исповеда (признае) дека Господ Исус е Христос (Месијата), за слава на Бога Оца. А маките, за кои зборува Светото Евангелие, се овие: таму ќе биде плач и крцкање со забите, црвот нивни нема никогаш да заврши, и нивниот оган нема никогаш да изгасне; како и она: фрлете го во крајната темнина. Црквата, пак, јасно учи дека праведните и светиите секогаш ќе бидат со Бога во Царството небесно, во вечната Светлина. А оние што овој живот го минаа далеку од Бога, во мрзливост и привремена храна, ќе одат во маки и темнина, лишени од Божјата светлина. Со Твоето неискажливо човекољубие, Христе Боже, удостој нè и нас со Твојот посакуван глас, и придружи нè кон оние од Твојата десна страна, и помилувај нè. Амин.
    Извор: http://agapi.mk/sinaksar-nedela-na-strasniot-sud/
     
    На Rama и Serafima им се допаѓа ова.
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Свети Алексиј, човек Божји

    [​IMG]
    СВЕТИ АЛЕКСИЈ, ЧОВЕК БОЖЈИ


    (17/30 март)

    „Секој ден и секој час од нас се бара доказ за нашата љубов кон нашиот Бог“

    (Свети Исак Сирин)

    ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

    Житијната историја на Православната Црква е преисполнета со необични животни патеки, од кои застанува здивот на читателот и слушателот, кога ги чита или слуша овие бескрајно вдахновувачки стории и духовни лектири. Овие биографии се доказ повеќе дека различни се патеките, по кои Бог ги води оние, кои сакаат Нему да Му угодат и Неговиот закон да го исполнат. Токму житието на денешниот славеник претставува една необична сторија, која со стотици години во средниот век ја вознемирувала совеста на христијаните. Ликот на Божјиот човек Алексиј, на доброволниот бедник во татковиот дом, на духоносниот сведок на философијата на христијанското живеење, со години претставувал измачување со својата привидна бесмисленост, но во исто време претставувал и радување со своите откровенија за вистинската, вечна и длабока смисла на нашето постоење.

    Во времето на царот Хонориј, во Рим живеел некој висок царски достоинственик Евтимијан, кој било премногу авторитетен и богат човек. И тој, и неговата жена Аглаида живееле богоугоден живот. Иако бил богат, Евтимијан само еднаш дневно седнувал на трпеза да јади, и тоа по зајдисонце. Тие имале син единец по име Алексиј, кој, кога пораснал, бил принуден да се ожени. Но, истата ноќ, кога се случила женидбата, младиот Алексиј ја напуштил не само својата жена, туку и татковиот дом, се качил на брод и заминал за градот Едеса во Месопотамија. Кога стигнал таму, се пресоблекол во парталави алишта и започнал да живее како питач. Сето време додека бил во Едеса, а тука живеел цели 17 години, Алексиј живеел во предворјето на црквата „Света Богородица“, а остатокот од времето го минувал низ едеските улици. Кога се раширил гласот за него, дека тој е голем богоугодник, Алексиј, сакајќи да ја избегне човечката слава, повторно се качил на брод, со желба да замине за Лаодикија, но по Божја промисла, фатило големо невреме, па бродот стигнал во Рим. Сфаќајќи дека тоа е Божја промисла, Алексиј се упатил кон домот на неговиот татко и тука, како непознат, одлучил да го продолжи својот живот. Татко му не го познал сопствениот син, но се сожалил над него и му дозволил да живее во неговиот двор, во една напуштена визба. Како потполно непознат човек, Алексиј тука проживеал уште 17 години, хранејќи се само со леб и вода. Понижуван и навредуван од домашните слуги, тој трпел сè до крајот на својот живот. А кога се приближил крајот, тој зел едно парче хартија, го напишал своето име на него, го стегнал во раката и починал на денешен ден во 411 година. Кога Алексиј починал, во римската црква, посветена на Светите Апостоли, се случило откровение, кога во присуство на царот и епископот Инокентиј се слушнал глас, кој рекол: „Побарајте го Божјиот човек!“. Малку потоа било откриено дека тој Божји човек се наоѓа во куќата на Евтимијан. Царот, со епископот и со целата нивна придружба, дошле во куќата на Евтимијан и по долги распрашувања дознале дека Божјиот човек е непознатиот питач. Кога влегле во неговата визба, го пронашле Алексиј мртов, но во лицето бил светол како сонце. Од хартијата, која ја држел во рацете, разбрале дека тој е синот на Евтимијан. Неговите родители и неговата жена, кога сфатиле дека Алексиј живеел на нивниот имот како питач и непознат човек, паднале во тага и мака, не знаејќи што да прават – да се радуваат што конечно го виделе својот син и маж, или да плачат за неговата загуба. Но, откако виделе со каква слава Бог го прославил Својот угодник, тие нашле утеха во своите срца, зашто со допир до неговото тело почнале да се лечат многу болни, а од телото почнало да истекува и благопријатно миро. Неговото тело го погребале во скапоцен ковчег од мермер и смарагд, а подоцна, кога историските прилики се смениле, неговата чесна глава е префрлена во светата Лавра на Пелопонез.

    Никогаш не треба да нè збунува невообичаеноста на одлуката кај овој свет човек. Измолен од Бога, тој и не можел да биде поинаков во животот. Бог им го дал на Евтимијан и Аглаида, како син единец, но Бог и го посакал за свој слуга. Алексиј како мал бил вреден, учел, го стекнал сето светско знаење од тоа време, но него го радувало и задоволувало единствено сознанието за семожниот Бог. Неговите родители го подготвувале за авторитетен римски патрициј, но тој, во својата тајност, се подготвувал за вечно служење на Бога. И кога го ожениле, кога требало да го започне брачниот живот, тој одеднаш оставил и напуштил сè.

    Богатството што го понесол со себе, кога пристигнал во Едеса им го разделил на сиромасите, па самиот постанал сиромав. Цели 17 години во својот дух тој бдеел при Христовите нозе, па од богат патрициј, од несуден пратеник на римските цареви, тој постанал – Божји човек. И затоа луѓето го гледале, но не го забележувале. Него не успеваат да го препознаат ни робовите од татковиот дом, кои тргнале по него низ целиот свет. И тоа е сосема разбирливо, зашто Алексиј не е повеќе синот на богатиот римски господин, туку е слуга, питач, навредуван и понижуван од сите. И кога се вратил во родниот Рим, повторно никој не го препознава, зашто тој веќе е Божји човек, не син на аристократско семејство, туку син на семилостивиот Бог. А, како можеле родителите да го препознаат својот син, кога тој, кога ќе ги добиел трошките и останките од храна од татковата трпеза, им ги раздавал во знак на „благодарност“ на оние робови и слуги, кои му ја кубеле косата, му удирале шлаканици и му ја истурале помијата врз неговата глава. Сепак, Алексиј никому не му враќал за ваквите постапки, никому не му се осветувал, туку трпел до бескрај.

    Тајната на ваквиот живот на свети Алексиј се крие во големата тајна на Христос и само така гледано, можеме да ја сфатиме оваа необична животна приказна за славниот Божји човек. Ако сфатиме и разбереме што требало и морало да се случи со Божјиот Син – Исус Христос, за да може човекот повторно да се врати од своето богоотстапништво во домот на небесниот Отец, тогаш многу поблиска ќе ни биде и тајната на чудниот живот на Алексиј. Синот Божји, во љубовта на Света Троица постанал човек, дошол на земјата и живеел тука како непознат, мачен и прогонуван. Христос живеел во домот на Отецот, зашто земјата е дом и творба Божја, а робовите, нашите претходници, го плукаат како да е последен туѓинец. Тука можеме да ја откриеме тајната на необичниот подвиг на Алексиј: во таа симболична истоветност на неговото понижување и Христовото понижување; во неговото распнување преку подвиг и Христовото распнување на крстот заради нас и светот.

    Во ликот и животот на свети Алексиј ни е откриена уште една тајна. Во секој временски период од христијанството се појавува понекој јуродивец и херој, кој опоменува дека царството Божјо не знае за средина. Младиот Алексиј не бил задоволен од тоа, како се практикувала верата во нивниот дом. Впрочем, може ли христијанинот да биде богат, кога во светот и околу него има толку многу бедни и сиромаси? Може ли христијанинот, кој е Божји слуга, да биде господар и сопственик на робови? И зарем христијанската љубов се задоволува само со милостиња и храна подадена на непознатите скитачи и сиромаси? Човечноста и пожртвуваноста на Алексиј не можела да биде задоволена и нахранета со човечката суета. Таа не била лажна човечка сентименталност, туку продуховена, која не знае за самозадоволување преку јавните добродетели, туку бара давање на целиот човек преку молчаливо делување на една ненаметлива личност, каков што бил свети Алексиј. На светот, кој ова очигледно дека го заборавил, потребен му е еден таков необичен, можеби и суров пример на жртвување, за да се спаси од својот заборав.

    Животот и подвигот на свети Алексиј нè тера да се потсетиме на едно прашање, кое со векови ги измачувало сите мислители и философи: Зошто сме ние овде на земјава? Одговорот на ова прашање се содржи во нашата вера во Бога: Овде сме, за да ја покажеме својата љубов кон Бога и да се научиме да Го љубиме Бог повеќе, отколку гревот. Да се трудиме со нашата мала љубов да одговориме на големата Божја љубов. Овој кус земен живот нам ни е даден како училиште и испит: Да научиме и да се испитаме дали и ние со љубов ќе возвратиме на големата Божја љубов кон нас, зашто „секој ден и секој час од нас се бара доказ за нашата љубов кон нашиот Бог“ (свети Исак Сирин). Амин!

    протоереј Златко Ангелески

    Извор: https://blagovesti.wordpress.com/2013/03/30/sveti-aleksij-covek-bozji/
     
    На Rama, Orthophill, Makide и 1 друга личност им се допаѓа ова.