1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес е христијанскиот празник:

Дискусија во 'Религија' започната од Snow-Queen, 19 август 2012.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    ЦВЕТНИЦИ


    ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

    Календарот на Православната Црква е исполнет со голем број на празници, кои секоја година нè потсетуваат на настаните кои што се случиле во текот на минатите векови, а кои настани длабоко се проникнати во сржта на православниот човек. Такви празници нашата Црква востановила да се празнуваат и во чест на настаните од земниот живот на Спасителот Господ Исус Христос. Иако ги употребуваме термините „празник“ и „празнување“, сепак, денес си спомнуваме за еден трагичен настан, за едни тешки и мачни мигови од животот на Спасителот. Многумина од нас би рекле: па денес сè е исполнето со торжество – Христос влегува во Светиот Град Ерусалим; го пречекува мноштво на народ кој ликува и кој е подготвен од Него да направи политички лидер, кој ќе очекува од Него победа над римскиот непријател, и што е тука трагично и жално?

    За жал, тука сè е трагично и жално! Жално е, зашто сето тоа торжество, сето тоа ликување, сите тие надежи се втемелени на недоразбирање, на несфаќање на Христовата мисија. Трагично е, зашто сето тоа мноштво од народ, кое денес ликува: „Осана на Давидовиот Син!“, само по неколку дена ќе се врати при Него со нов восклик, многу гнасен и многу страшен, полн со омраза и злоба, а кој гласи: „Распни Го!“.

    Што, впрочем, се случило за толку кус период со народот Израилев? Влегувајќи во Ерусалим, тие од Христос очекувале да ја земе во Свои раце земната власт, да постане очекуваниот Месија, Кој ќе го ослободи Израилскиот народ од непријателите, дека конечно ќе заврши ропството под Римската окупација и конечно тие ќе можат да им се осветат на сите нивни непријатели. Но, наместо тоа, Христос во Светиот Град влегува кротко, патувајќи кон Својата смрт. Народните водачи, првосвештениците и книжниците, кои потајно се надевале на Него како на свој ослободувач, го свртиле целиот народ против Него, велејќи му дека Он не е очекуваниот, Он не е Оној, на кого тие се надевале, па затоа и му го покажале патот до смртта.

    Што очекувале Евреите од Христос, а што, пак, Христос ни ветил нам со Својата смрт? Имено, токму во тие дни, зборувајќи му на народот каква ќе биде нивната судбина, кога тие ќе поминат покрај Него, не познавајќи Го Него, не одејќи по Него, Спасителот Христос, меѓу другото, им рекол: „Ете, ви се остава вашиот дом пуст, отсега пуст ќе биде и вашиот храм, пуст ќе биде и вашиот народен дом, ќе се испусти и вашата душа, ќе се испусти и вашата надеж, сè ќе се претвори во пустина…“

    Единственото нешто, кое може да ја претвори човечката пустина во расцветана градина, единственото нешто кое може да му даде живот на она кое се претворило во пепел, единственото нешто кое може да му помогне на човечкиот живот да се насочи кон својата вистинска цел е присуството на Живиот Бог, Кој дава вечна содржина на сè што е времено. Само и единствено пред Живиот Бог не постои ни големо ни мало, туку сè во својата смисла е толку многу значајно и добива вистинска вредност и смисла.

    Еврејскиот народ, кој барал земна слобода, земна победа, земна слава, бил запрепастен кога со своите уши ги слушнал Христовите зборови: Ви се остава вашиот дом пуст! И навистина, што остана од тоа поколение? Христос во една прилика претскажа дека градот Ерусалим ќе биде разрушен, не останувајќи камен на камен од него, и дека ќе ги избијат децата негови (спореди: Лука 19: 42-44). Само по четири дена откако ги кажал овие зборови, Ерусалим и еврејскиот народ ја довршиле мерката на своите престапи. На Голгота е извршено безпримерно во светот злодело: Синот Божји, Кој дојде во светот да ги спаси грешните, бил прикован на Крстот и распнат! Но, само по кусо време се извршила Божјата правда. Само по 70 години од страшните Голготски настани, римскиот војсководач Тит, за време на царувањето на својот татко Веспазијан, го освоил Ерусалим и го покорил. Историските факти ни сведочат дека во тие пустошења околу 115.000 еврејски трупови биле изнесени само од една градска порта во Ерусалим; 1.100.000 евреи биле убиени од меч во Ерусалим и околината, не сметајќи ги старците, жените и децата, кои умреле од глад или од страшните измачувања. Ете што остана од тоа поколение кое прво ликуваше: Осана на Давидовиот Син, а по четири дена злобно викаше: „Распни Го, распни“! И воопшто, што остана од сите оние првосвештеници, книжници, јазичници, фарисеи и садукеи, кои во свои раце ја имаа власта да Го судат Оној, Кој немаше грев, и кои говореа дека таа власт никој никогаш нема да ја одземе од нив? Остана пустина и ништо! Остана по некој гроб, а повеќето што остана е рамно поле и ништо повеќе.

    А, што се случи со Господ Исус Христос, драги браќа и сестри? Христос не пројави никаква сила и никаква власт. Пред лицето на оние кои не го разбраа Он и понатаму останува несфатен. А еве и зошто. Зашто Он сè можи. Он можеше таа толпа од народ, која толку величенствено го пречека, да ја собери заедно, да ја вплоти, од неа да направи сила и да се стекне со политичка власт. Но, Христос од тоа се откажа. Он и понатаму остана бессилен, беспомошен, навреден, заврши на Крстот после срамната смрт, среде ироничните насмевки на оние, чии гробови до ден денес не можат да се најдат, и чија пепел одамна е разнесена од пустинскиот ветар.

    Но, нам, кои веруваме во Христа, Он ни вети живот. Он нè научи на таа вистина, дека освен љубовта и освен подготвеноста да им служиме на своите ближни, на земјава не постои ништо друго. Он нè научи на тоа дека човечкото достоинство е толку величенствено, така што и Бог постана човек, не понижувајќи се Себе. Он нè научи на тоа дека на земјава не постојат ништожни луѓе, освен ако не умеат вистински да љубат и да простуваат. Христос нè научи на тоа дека во нашиот опустошен живот можеме и понатаму да ја почувствуваме Неговата благодат, само ако Го повикаме да дојде во нашите срца. Само Живиот Бог може да ги потполни тие човечки длабочини, кои зјаат со пустотија и кои ние со ништо не можеме да ги потполниме. Само Живиот Бог може да создаде хармонија во човечкиот живот и да ја расцвета безживотната човечка пустина во прекрасна градина на добродетели…

    Затоа, денешниот ден е жалосен ден, иако го нарекуваме празник. Колку е страшна и трагична глетката, кога Спасителот Христос минува меѓу својот народ, Кој доаѓа со вест за љубов до крајот на светот, а тие Му Го вртат грбот и кројат сплетки како да Го убијат. Ним, едноставно, не им дошло до љубов, затоа што тие љубовта не ја барале и не ја сакале, затоа што за нив било страшно да се љуби онака, како што ни заповедал Христос – до подготвеност да се живее само за љубов и да се умре од љубов. Тие го претпочитале, тие го барале, тие го очекувале само земното и ништо повеќе. Затоа им остана пустината, затоа сè им опусти, затоа опустошеа и тие самите и затоа постанаа ништо.

    А оние малкумина, кои го слушнаа гласот на Спасителот, кои ја избраа љубовта и пониженоста, кои посакаа да љубат по цена и на својот живот и на својата смрт, тие се стекнаа со живот, и тоа со живот без непотребности, победнички и торжествен живот. И додека тие влегуваат во вечниот дом Божји и постануваат храмови на Светиот Дух, другите, кои не го прифаќаат Христос за свој Спасител, остануваат надвор од Божјата благодат, пусти и осамени во својата бедност. Иако патот, по кој врвел Христос во Ерусалим, е пат до сопствениот гроб, сепак, од гробот се продолжува кон славниот и вечен живот во Бога. Токму смртните страдања Го овенчале со слава и чест. Затоа, постојано да внимаваме на нашиот животен пат, кој неминовно води до гробот, како на пат, кој може да нè одведе кон небото, зашто „ако со Него страдаме, (та) со Него и да се прославиме“ (Рим. 8: 17) како наследници Христови. Амин!

    протоереј Златко Ангелески
     
    На j......s, Rama, orevokrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    БЛАГОВЕШТЕНИЕ

    Бог е највеличествена Вистина и извор на секоја вистина. Надвор од Него нема вистина. Надвор од Него сè е лага.

    Бог е извор на вечниот Живот: од Него потекнува целиот живот во Вселената. Надвор од Него нема живот. Надвор од Него сè е смрт.

    Бог е извор на вечната Светлина. Надвор од Него е темнина и мрак.

    Бог е извор на сите духовни добрини: љубовта, сочувството, милосрдноста, радоста, мирот, блаженството… Надвор од Него има само зло, омраза, тага, страдање, очајување…

    Од Божјото откровение, или Светото Писмо, кое, по вдахновение на Светиот Дух, го напишале свети Божји луѓе, дознаваме дека Бог од љубов создал сè што постои: прво невидливиот, духовен свет, чии жители се ангелите, потоа видливиот, и на крајот го создал човекот, како круна на сите творби. За разлика од другите живи суштества, човекот е создаден од двострана природа: во материјалното тело, кое е слично со телата на останатите живи суштества, го вдахнал животворниот дух, по што човекот „постана жива душа“ (1. Мој. 2: 7). Така човекот, во своето битие, воедно соединува два света, материјалниот и духовниот, односно, видливиот и невидливиот. Исто така, на чудесен начин, од телото на првиот човек – Адам, Бог ја создал и првата жена – Ева.

    Дарувајќи го човекот со дарови, какви што нема ниту едно друго живо суштество на земјава: бесмртна душа, разум и слободна волја, Бог на човекот му одредил и поинаква животна задача во однос на останатите живи суштества: во духовната заедница со својот Создател и во послушноста кон Неговите заповеди, да се усовршува до богосличност. Во грижата за Своето најскапоцено создание на земјата и на неговата вечна судбина, Создателот, во изрекувањето на оваа заповед, го предупредил човекот што ќе го снајде, доколку ја престапи дадената заповед: ќе ја загуби бесмртноста и ќе постане роб на смртта (спореди: 1. Мој. 2: 16-17).

    За своја несреќа, но и за несреќа на своите потомци, прародителите Адам и Ева, по наговор на отпаднатиот ангел – ѓаволот, ја погазиле заповедта, па на таков начин и себе и своето потомство го одвоиле од Бога и од сите оние добрини, кои Бог ги има во Себе: вистината, животот, светлината, љубовта, добрината, радоста, мирот, блаженството… Повеќе ѝ поверувале на лагата од отпадникот, дека, божем, кога ќе ја престапат заповедта, ќе постанат еднакви со Бога. Како да имале малку Божји дарови, па уште и посакале да бидат и богови! Но, наместо тоа, тие самите се осудиле на смрт и лишување од Божјите добрини и постанале робови на ѓаволот, гревот и смртта. Наместо вечниот и блажен живот во заедница со Бога, тие избрале заедница со отпадникот од Бога, а со тоа и судбината која него го очекува: вечно мачење во огнениот пекол.

    И како што човештвото сè повеќе се намножувало, така сè повеќе се оддалечувало од Бога и сè повеќе потанувало во зло.

    Жалејќи ја својата најмила творба, Бог превземал разни мерки за го врати човекот при Себе. За таа цел, најпрво преку Мојсеј на луѓето им го дал законот на планината Синај и во него изложил како треба да живеат, за да ја заслужат Неговата милост. Кога и по тоа злото напредувало, Он им испраќал пророци, кои ги изобличувале луѓето поради нивните гревови и ги повикувале на покајание. Па кога и тоа не помагало, Бог одлучил, заради спасението на луѓето, да Го испрати на земјава и Својот Единороден Син, второто Лице од Света Троица, нешто, што било одлучено на предвечниот совет на Света Троица, уште пред да биде создаден човекот. Се очекувало само да се исполни времето и условите за спасението. Имено, се чекало луѓето да се изморат од талкањето по беспаќата, да се изнамачат, да потклекнат во своите страдања, да го подигнат својот поглед кон небото и да го побараат спасението. Напоредно со ова, меѓу луѓето требало да се роди и духовно да се одгледа достојно човечко битие, кое би послужило како мост или скала, по која Бог ќе слезе меѓу луѓето и од тоа битие да прими човечко тело.

    Кога овие два услови се исполниле, Бог го испратил својот архангел Гаврил во малото галилејско гратче Назарет при девојката Марија, за да ѝ ја соопшти радосната вест за Божјиот избор таа да биде Мајка на Божјиот Син, Спасителот на човечкиот род. Според сочуваното Предание, во тој момент Марија ја читала книгата на пророкот Исаиј, и тоа токму она место, во кое се говори како девојка ќе зачне, и ќе роди син, и ќе му дадат име Емануил, што значи: со нас е Бог (спореди: Иса. 7: 14). Евангелистот Лука ја опишал таа сцена на јавувањето на архангелот Гаврил на света Дева Марија и го забележал нивниот разговор.

    Влегувајќи кај неа, архангелот ја поздравил со зборовите: „Радувај се, благодатна! Господ е со Тебе! Благословена си ти меѓу жените!“ (Лука 1: 28).

    Појавата на архангелот не ја изненадило премногу Богородица, зашто за време на нејзиното живеење во ерусалимскиот храм, од својата четврта, па до петнаесеттата година, таа честопати имала можност да ги види Божјите ангели. Но, неа ја збуниле и ја уплашиле неговите зборови.

    Гледајќи дека е збунета, архангелот продолжил: „Не бој се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога; и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус. Он ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давида; и ќе царува над домот Јаковов секогаш, и царството Негово нема да има крај“ (Лука 1: 30-33).

    На овие зборови Марија приговорила, како може тоа да се случи, кога таа дала завет пред Бога на безбрачност?

    На ова прашање архангелот ѝ одговорил: „Светиот Дух ќе слегне на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји. Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неплодна, и таа зачна син во староста своја; нејзе ѝ е веќе шести месец“ (Лука 1: 35-36).

    На овие зборови, бидејќи секогаш била послушна на Бога, во својата смиреност кротко одговорила: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои! И ангелот си отиде од неа“ (Лука 1: 38).

    Во тој момент се случила големата и преславна тајна: Божјиот Син постанал син на Дева Марија. И повторно се воспоставила врската меѓу небото и Земјата, меѓу човечкиот род и Бога, која била прекината од човечките гревови.

    Затоа празникот Благовештение во црковните песни се нарекувапочеток на нашето спасение.

    Овој настан ни сведочи за бескрајната Божја љубов кон грешниот човечки род, а која човечкиот ум, според зборовите на свети апостол Павле, не е во состојба да ја сфати (спореди: Ефес. 3: 19). Таа била причина за Бог толку многу да се понижи, па од престолот на Својата Божја слава, да слезе од небесните височини на Земјата, да земе врз Себе лик на слуга, да го понесе товарот на сите човечки гревови и да се жртвува за луѓето на Голгота, та со Својата крв да ја измие од луѓето гнасотијата на гревот, а преку Својата жртва и да ги измири со Бога.

    Таква љубов ниту е видена, ниту е слушната во светот, ни пред, ни потоа, сè до денес и до крајот на векот. Зашто, според зборовите на апстол Павле, за добриот и праведен човек, некој можеби и би се осудил да умре, но за грешниот – никој и никогаш. Но, Христос умре токму за грешните и безбожниците (спореди: Рим. 5: 6-8).

    Кога Он покажал толку голема љубов кон нас, наша должност е да Му возвратиме со најголема можна мерка на љубов, која се манифестира во исполнување на Неговите заповеди и во подготвеноста и ние за Него да го положиме својот живот.

    Празникот Благовештение треба да нè поттикне и на љубов, почитување и благодарност кон Пресвета Дева Марија, Преблагословената Мајка на Божјиот Син и нашиот Спасител, која преку својот девствен и свет живот била избрана за соучесничка во тајната на спасението на човечкиот род.

    Додека нашата прамајка Ева, во својата гордост посакала да биде еднаква со Бог, света Дева Марија, исполнета со смиреност, послушност и побожност, кротко му рекла на архангелот: „Еве ја слугинката Господова; нека биде Божјата волја“.

    Нејзиното смирение и послушност на Божјата волја, во тој момент се издигнале над сите ангелски сили и таа постанала „почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите“, како што пееме во една црковна песна, која се пее речиси секојдневно.

    Врз неа се исполниле Господовите зборови: „Зашто, секој што се издига, ќе биде понизен; а тој што се понизува, ќе биде издигнат“ (Лука 14: 11).

    Затоа, на празникот Благовештение, хорови од луѓе на Земјата и на ангели на небото, во своите песни ја прославуваат пресветата Мајка Божја.

    Да им се придружиме на тие хорови и ние, па со благодарно срце да воскликнеме: „Радувај се, благодатна Мајко Божја, Господ е со тебе! Ти си најблагословена меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба, зашто си го родила Спасителот на нашите души!“.

    https://blagovesti.wordpress.com/2015/04/07/благовештение/
     
    На okcenzi, orevokrsacka и simply-red им се допаѓа ова.
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Свети апостол Акила

    Светиот апостол Акила е еден од 70 те апостоли, ученик на светиот апостол Павле.
    По потекло од Понт, евреин од раѓање, до пред неговото познание на Господ Исус Христос, живеел во Италија заедно со својата сопруга Прискила. Но кога во Италија започнува да се благовести за светата вера, царот Клаудиј наредил да се врши изгонување на евреите од Италија, од страв да не дојде друг Цар и да не му го преземе престолот, не познавајќи го вистинското значење на зборот Цар и доаѓањето на Господ Исус Христос. Па така и светиот апостол Акила се преселува со својата сопруга во Коринт.
    Таму заедно со неа работат, зашто бил килимар по занает.
    Светиот апостол Павле од Атина доаѓа во Коринт и таму се запознава со светиот апостол Акила и неговата сопруга. Така тие се крштеваат.
    По една година и половина поминати заедно со нив, тие стануваат ревносни ученици и затоа добиваат благослов за да го поучуваат народот. А светиот апостол Акила за својата ревност е поставен за епископ. За својата вера во Бог претрпел доста мачења и на крај ја предава својата душа истотака маченички, убиен.

    Преподобен Елиј

    Преподобен Елиј од малечок бил даден во манастир да се подвизува. Со своите подвизи засветил во египетската пустина украсувајќи се со смирението, воздржливоста, кротоста... па затоа Бог му дарил дар на чудотворство уште од неговата младост.
    Имено кога еднаш старците, монаси го испратиле да земе жар, тој со својата простосрдечност и силна вера земал жар во својата облека и им ја донел на старците. Никој не останал не восхитен од неговата вера, зашто облеката во која носел жар воопшто не се оштетила ниту изгорела.
    Многубројни се чудесните дела кои Бог ги пројавил преку својот избран сад, направени во текот на неговиот земен живот.

    Еднаш преподобниот заминал во пустината да ги посети своите браќа монаси кои живееле во тешкотии немајќи што да јадат. Па бидејќи имал храна која Бог му ја испраќал на таинствен начин посакал истата да ја подели со нив. Имајќи доста храна за понесување и бидејќи тој товар бил доста тежок, недалеку од себе во пустината видел диви магариња каде пасат. Отецот се помолил и викнал едно од магарињата да дојде и да му помогне. Едно од нив, најсилното во стадото магариња, дотрчало до него и ги приклонило своите колена за отецот да го натовари својот товар. Отецот го натоварил, се качил на него и заминал во пустината кај своите браќа. Така и стигнал до нив. Па кога ја растоварил храната од него, му дарил благослов да се врати во пустината, а тоа со послушание се вратило во пустината.

    Во друга прилика посакал да отиде во еден подалечен манастир за да биде на Света Литургија. Пристигнувајќи до манастирот се изненадил, бидејќи видел оти нема Литургија. Тогаш браќата монаси му ја објасниле причината за тоа зошто нема Литургија. А тоа бил еден крокодил кој убил доста луѓе, па отецот се плашел да ја помине реката и затоа не пристигнал да богослужи. Отецот со својата кротост и смирение им рекол дека ќе замине да го побара отецот, а тие го одвраќале од намерата, зашто може крокодилот да му наштети. Пристигнувајќи до реката отецот се помолил и го викнал крокодилот. Монасите стоеле на страна и се чудела на своите очи и на она што го гледаат. Тогаш отецот се качил на неговиот грб и крокодилот го пренел на другата страна од реката. Така преподобниот го посетил отецот и му рекол да дојде со него. А другиот отец кога видел на што ќе ја помине реката се исплашил и побегал, додека преподобниот повторно се вратил на брегот носен на самиот крокодил. Но кога пристигнал на брегот му рекол на самиот крокодил дека за сторените гревови и заради стравот што го имаат сите од него, дека подобро е да го напушти овој свет. И во истиот миг крокодилот умрел на самиот брег.
    Во истиот манастир отецот останал три денови. Поучувајќи го секој монах, со својата прозорливост дадена од Бог како дар, на сите им ги кажал гревовите, но воедно и доблестите кои ги имале. Па по три денови заминал од кај нив и се повлекол во пустината. Еден монах посакал да биде со него, па тргнал заедно со него за да се подвизува како него. Но кога го видел првото искушение од демоните, како тие видливо му се закануваат, веднаш побарал помош од отецот. А отецот му дарил совет, го осенил местото со крсниот знак и веќе тие искушенија поминале од кај тој монах.
    Преподобниот Елиј доживеал длабока старост правејќи низ животот безброј чудеса. Така се претстави пред Бог и оваа света душа, избраниот Божји сад.

    Свет маченик Јуст

    По потекло од Рим, војник. Еднаш вракајќи се од битка на небото видел крст од кој произлегувал глас и го поучувал во верата. Така тој ја познал вистинската вера и поверувал.
    Откако неговиот трибун дознал за неговата вера веднаш го подложил на измачување за да ја промени истата. На рацете му ставале вжарени метални ракавици, на главата му ставиле вжарен шлем, под пазувите му давале да носи вжарени метални кугли... И на крај го ставиле во вжарена печка. Во истиот миг храбриот Христов војник го предал својот дух на Бог, а за да ја прослави Бог неговата храброст, ни едно влакно од него не изгорело, туку останал целиот како што и бил.

    Преподобен Никодим Светогорец

    Овој богоносен отец се роди на островот Наксос (Егејско море), 1749 година. По потекло од побожните родители Антониј и Анастасија (подоцна замонашена со името Агата), овој отец на неговото крштение го добива името Никола.
    Уште како малечок се одликувал со многу смирение и кротост. Имал бистар ум и многу памтење. Па затоа и му дозволиле уште во претшколска возраст да биде присутен на часовите во училиштето. А тој дури и го запаметувал она што сите го заборавале, па дури и самиот наставик што кажал.
    Гледајќи ја неговата остроумност и дар на разбирање се’ тоа го видел и отецот, па го земал кај себе да го научи малку повеќе за Бог. Да учи, да биде повеќе присутен на богослужбите. Така се раѓа во него и неговата голема љубов кон Бог која пламтела се повеќе и повеќе.
    Така и заминува за Смирна да учи во тамошнато училиште и малку повеќе и подлабоко да го познае Бог. Во ова богословско училиште младиот Никола поминал 5 години, украсувајќи се безброј добродетели. Совршено го изучил францускиот, латинскиот и италјанскиот јазик.
    Во 1770 година младиот Никола се враќа во своето родно место, бидејќи во Смирна настанува гонење на христијаните. Еден негов учител отец Еротеј толку многу го сакал и го барал да се врати во Смирна се со цел да биде покрај него макар во неговата старост. Но на младиот Никола тамошниот епископ му дава место на секретар и негов придружник. Но не била таква волјата Божја, зашто Бог сакал на друг начин младиот Никола да биде учител, но учител кој ќе помине подвиг и кој ќе го прими Светиот Дух на Атон, во Рајската градина на Мајката Божја.
    Црпејќи мудрост и опит од познанството со светогорските монаси Георгиј, НИфонт и Арсениј, младиот Никола одлучува да замине за Атон и да се подвизува. Така во 1775 година доаѓа во манастирот Св. Дионисиј каде добива ангелски образ, се замонашува со името Никодим.
    Тука младиот Никодим се подвизува и најмногу своето време го поминува во молитва, пост и многу читање. Па бидејќи Бог му дарил бистар ум за разбирање, а воедно вткаен во него и неговиот духовен подвиг и опит, светиот Никодим започнува да пишува доста книги. Некои ги преведува, додека некои ги пишува за поука не само на монасите, туку за секој човек. Зашто сите се повикани на спасение, не само монаштвото, туку секој човек. Воедно тука се запознава со доста свети подвижници, подоцна вброени во имињата на светиите кои се вечни заспаници за нашите душа. Меѓу нив е и св. Макариј Коринтски кој му ја дава книгата „Добротољубие“ притоа замолувајќи го да ги поправи грешките во неа.

    Еден период преподобниот се преселува на пуст остров наспроти Света Гора каде заедно со својот старец Арсениј. Таму отецот се подвизува уште повеќе и уште повеќе го засилува својот подвиг за пишување на духовна литература. Тој подвиг трае скоро една година, па повторно се враќа на Света Гора. Во таа 1783та година Св. Никодим го добива големиот ангелски образ, Голема схима. Гледајќи го неговиот подвиг многу браќа стануваат негови сотрудбеници во подвигот и многумина прават свои келии во близина не неговата наречена Теонина.
    Толку бил смирен, кроток што секогаш се именувал и секаде се потпишувал како простак, или немудар, или мртвороден, или немонах-монах Никодим... Во оваа света душа имало толку смирение.
    Големи биле неговите подвизи на Света Гора, но и големи напади добивал од невидливиот мрачен свет. Но со молитвата и силата Божја, секое искушение поминувало. Во последните години од својот овоземен живот, дури и го променувал местото на живеење, одејќи од место на место.
    Оваа блажена душа поминувајќи го трнливо овој овоземен живот, ноќта на 13ти јули (по стар стил) 1809 година, на шеесетгодишна возраст, кога се раѓало утрото на новиот ден, се изгаснал еден свет живот, животот на св. Никодим. И ден денес неговите мошти прават безброј чудеса и не ја остваат ни една молитва упатена до овој светилник на праволсавието.

    Проподобен Онисим Чудотворец

    Овој свет отец дојде на овој свет по благовестието на Ангел Божји од кој неговите родители биле крстени, па им било кажано дека ќе имаат син кој ќе се вика Онисим.
    Уште како млад жеден за Бог заминува од кај своите родители и оди во манастир да се подвизува. Додека неговите родители не знаејќи каде се наоѓа од плачење и двајцата ослепуваат. Но кога настанало гонењето на христијаните во манастирот каде бил преподобниот, тој заминал кај своите родители, а тие не го препознале. Па затоа тој им напишал писмо, опишувајќи си го својот живот и ставајќи го тоа писмо на прозорецот од нивниот дом. Така повторно заминува и основа манастир, а потоа се враќа и ги зема со себе своите родители. По неговите молитви Бог му дава исцеление на неговите родители и тие прогледуваат.
     
    На Winter Lady, Mama25 и Orthophill им се допаѓа ова.
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Се си мислев дека имаше тема, се во врска со религијата, ама не ја најдов, па ај овдека да прашам.
    26 Јули е Св.Арх. Гаврил и Михаил? нели е тоа и летен Михаил, како што е зимниот во Ноември
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    На 21. ноември (8. ноември стар стил, зимски Архангеловден) се празнува празникот на соборот на свети Архистратиг Михаил и 9. чина ангелски. Исто на овој ден се празнуваат заедно и сите кнезови на ангелите - Гаврил, Рафаил, Урил, Салатил, Варахил и Јегудил (и Јеремил).
    На 26. јули (13. јули с.с., летен Архангеловден) и на 8. април (26. март с.с.) се празнува само архангелот Гаврил. Првиот пат во спомен и благодарност за сите чуда и објави што сме ги добиле преку него, вториот пат во знак на благодарност што на Пресвета Богородица и` ја благовести најблагата вест, дека ќе зачне и дека ќе Го роди Синот Божји.
    Арх. Михаил и неговите чуда посебно се празнуваат и на 19.(6.) септември. Особено тогаш се празнува чудото во Хони, но според светото предание на овој ден (19.09) светиот архангел слегува во пеколот, го спушта своето свето крило и собира на него голем број на грешници.
    Ќе напишам уште дека секој понеделник им е посветен на сите чесни небесни и бестелесни сили.
     
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Светата маченичка Марина

    [​IMG]Родум од Антиохија Писидиска, од родители незнабожци. Дури во својата дванаесетта година слушна за Господ Исус Христос, дека се воплоти од Пречистата Дева, дека изврши многу чуда, прими крсна смрт и славно воскресна. Нејзиното младо срце се распали со љубов кон Господ и таа се заветуваше дека никогаш нема да се мажи и со сета душа сакаше да пострада за Христа, да се крсти со крв на мачеништво. Татко ѝ ја замрази заради нејзината вера и не ја сметаше за ќерка.

    Кога царскиот намесник Олимвриј дозна дека е христијанка, побара од неа најпрво да му биде жена. А кога го одби, и нареди да им се поклони на идолите, на што Света Марина одговори: „Нема да им се поклонам ниту ќе им принесам жртва на безживотните и мртви идоли, кои ниту самите знаат за себе ниту пак знаат дали ние ги чествуваме или ги бесчестиме: не им ја давам онаа чест што Му припаѓа само на мојот Создателот“. Тогаш Олимвриј ја подложи на маки, па целата изнаранета ја фрли во затвор.

    Во затворот Марина Го молеше Бога и по молитвата и се јави најпрво ѓаволот како страшна змија што и се намотка околу главата. Но штом светителката се прекрсти, змијата се распукна и исчезна. Тогаш ја заблесна небесна светлина и ѕидовите на затворот заедно со покривот исчезнаа и се јави крст, висок и блескав, а на неговиот врв бела гулабица, од која се слушна глас: „Радувај се, Марино, словесна гулабице Христова, ќерко на севишниот Сион, зашто дојде денот на твојата радост.“ Тогаш, со силата Божја, беше исцелена од сите рани и болки. Другиот ден безумниот судија ја мачеше во оган и во вода, но Марина сѐ претрпе како во туѓо тело. Најпосле ја осуди на смрт со меч. Пред смртта и се јави Господ Исус со ангели. Беше заклана во времето на царот Диоклецијан, но со душата и силата остана да живее на небото и на земјата.

    Една рака од Света Марина се наоѓа во манастирот Ватопед на Света Гора. Во Албанија пак, на планината Ланга над Охридското Езеро, се наоѓа манастир на Света Марина со дел од нејзините чудотворни мошти. Во овој манастир се случуваа и се случуваат многубројни чуда и за нив сведочат не само христијаните туку и муслиманите. Кон оваа светителка Турците имаат толкава почит, што никогаш не посакале да посегнат по светоста и имотот на манастирот. Едно време тутор на овој манастир беше Турчин.



    [​IMG]

    Преподобен Леонид Устнедумски

    Овој руски Светител од младоста се подвизуваше во неколку манастири: во Соловецкиот, Мирожскиот и др. Најпосле основа свој манастир на реката Луга во Вологодската губернија. Се подвизуваше тврдокорно додека душата не му се исполни со благодатната светлина и сила на Светиот Дух. Како голем светилник привлече многумина кон подвижничкиот живот. Наречен е Устнедумски бидејќи еднаш кога го касна отровна змија тој за тоа не сакаше ни да мисли ни да зборува, па остана жив. Откако Му угоди на Бога, се престави мирно на 17 јули 1653 година. Неговите мошти почиваат во неговиот манастир.

    Извор: Премин портал
     
    На tessie, shushu, Mama25 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.983
    Пол:
    Женски
    Денес е успение на Голема Богородица.
    Би сакала да прочитам нешто повеќе за појавата на кефалониските змии на овој празник,се што најдов е така малку „суво“ објаснето.
     
    На Mekuska и tessie им се допаѓа ова.
  8. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Нека ни е за многу години денешниов празник на сите христијани и посакувам овој ден да го поминеме во мир заедо со своите семејства.
    Ќе се молам за мир и спасение на душите на оние кои се декларираат себеси како христијани а го скрнават името божје и ја нарекуваат мајката божја со погрдни имиња, незнаејки дека со тоа дирекно го негираат и самиот наш бог Исус Христос, а со неговото негирање ја негира и нашата вера. Јаболкото лесно ќе го заштитите од надворешните штеточини но она што може најмногу да го уништи е црвот одвнатре. (Јаболкото го користам како симбол за христијанатвото).
    Затоа без оглед дали и колкави верници сме да се обидеме да не го сечеме дрвото на кое седиме и да си ја чуваме и пазиме сопствената вера а не ние самите одвнатре да си ја негираме.
    Уште еднаш, нека ни е за многу години и нека ни е бог напомош, и нека им прости на сите грешници, впрочем и неговото страдање е токму поради тоа насебе да ги преземе сите гревови и на лугето да им обезбеди вечен живот.
     
    На Mekuska, Sweet Justice и BoyL им се допаѓа ова.
  9. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Денеска е Св. маченик Никита.

    Свети Никита по потекло беше Гот. Во негово време готскиот кнез Атанарик започна гонење на христијаните во својата област. Меѓу оние што не сакаа да се откажат од Христа се најде и овој свет маченик. Беше фрлен во оган и на тој начин погубен, но Бог така устрои неговите мошти сепак да останат цели. А нив ги зеде другарот на Никита, Маријан, и ги пренесе од готската земја (Влашка и Бесарабија) во областа Киликија во Мала Азија, во градот Мопсуест. Тука неговите чудотворни мошти беа положени во црквата подигната во негов спомен. А пострада и се прослави овој чудесен маченик во 375 година.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Денес е св.Архангел Михаил
    Нека е за многу години празников,да ни даде мир,спокој и здравје,а другото само ќе дојде.
    Среќна слава и именден на сите што слават
    sv20arhangel20mihail-arandjelovdan.jpg
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици

    [​IMG]
    Во времето на владеењето на царот Јулијан Отстапник, кога христијаните биле прогонувани, Тимотеј, Комасиј, Евсевиј и Теодор ја напуштиле Никеја и се населиле во Солун. Потоа го оставиле Солун и се преселиле во Тивериопол, денешна Струмица. Тимотеј станал епископ на тивериополската Црква. Комасиј се откажал од војничкиот чин и се замонашил проповедајќи го словото на Вистината во тивериополските села. Евсевиј исто така бил монах којшто луѓето најмногу ги привлекувал со своите добри дела. Теодор, епископ, бил еден од триста и осумнаесете богоносни Отци кои учествувале на Соборот во Никеја. Кон овие четворица притекнале и Петар, Јован, Сергиј, Теодор, Никифор кои што биле презвитери, Василиј и Тома коишто биле ѓакони, Еротеј, Даниил и Харитон коишто биле монаси и Сократ кој порано бил војник, но се откажал од сѐ и станал дел од овој добар лик на Отците. И тие, кога се собрале сите заедно, воделе вистински ангелски живот просветлувајќи ги жителите на Тивериопол со светлината на познанието. Кога за ова дознал царот Јулијан испратил луѓе во Тивериопол со заповед тамошните жители да се откажат од Христа и да им се поклонат на идолите. Најпрвин пред царските пратеници биле повикани овие петнаесет свети мажи. Но, бидејќи тие не сакале да им принесат жртва на демоните и на нивните идоли веднаш биле осудени на смрт и посечени со меч. Кога Светиите го завршиле својот благочестив живот нивните чесни тела многу денови стоеле зафрлени бесчесно за да бидат изедени од кучиња, ѕверови и птици. Но, Господ ги запазил недопрени и неповредени така што оние што ги гледале го прославувале Христа Бога. Подоцна некои христијани се собрале и ги подигнале со почести чесните тела на Мачениците, ги завиткале во чисти плаштаници и откако ги извршиле сите служби, ги положиле во Тивериопол, секого во посебен ковчег, на којшто било напишано името на секого од нив, каков живот водел и каков чин имал во Христа. И по смртта, Мачениците чинеле големи чудеса не само на месните жители туку и надвор од границите на Тивериопол, така што мнозина од Елините познавајќи ја Вистината пристапувале кон верата Христова и се крштевале. На тој начин ниту во Тивериопол, ниту во околината не останал ниту еден безбожник. А верата се беше распространила и во останатите западни краишта така што Тивериопол станал како некоја кула од секаде видлива, којашто ја раздавала и на другите градови светлината на верата и ги враќала од мракот на заблудата оние што се наоѓале во длабокото море на неверието.

    Светите Петнаесет Тивериополски свшетеномаченици и денес се почитуваат како покровители и заштитници на градот Струмица.

    [​IMG]
    „Голема пофалба и крепост има градот Тивериополски, светители, свештеници и левити: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се јавија.
    Овие Петнаесет, демонските сили ги изгонуваат и на верните здравје им даруваат.“ (тропар на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици)


    http://preminportal.com.mk/content/view/7450/53/
     
    На tessie и Orthophill им се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    На 2.Јануари се празнува Свети Игнат, ден за кој се верува дека е одлучувачки за тоа што ќе ви се случува во текот на целата година, бидејќи постои верување дека она што ќе го правите денеска, ќе го правите и цела година.
    sv-ignat.jpg
    За овој ден се верува дека ќе ви биде онаков како и целата година, до толку што постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.

    Ако некој ви побара пари, обидете се да не му позајмите, бидејќи тоа ќе ви се случува во текот на целата година.[​IMG]

    “Вистинските” бадникови и божикни обичаи почнуваат денеска, на втори јануари со празникот Св. Игнат. На овој ден во некои краеви во Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот – таква ќе биде и претстојната година за семејството.

    Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка. Според народното верување од овој ден започнува да расте денот.

    За денешниот ден се верува дека ќе ви биде онаков како и целата година, до толку што постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.

    Лошите баби порано оделе од куќа на куќа на денешен ден да позајмат пари макар и за млеко, само за да на добрите луѓе им тргне лошо годината. Но, ваше право е денеска да го вратите секој оној кој ќе ви побара пари и да му речете дека денеска е Св.Игњат и од мојата куќа не излегува ништо, дојди утре.
     
  13. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Житие: Теодосиј Велики
    Прв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители. Како млад го посети Св. Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема духовна слава. Со кадилницата во која стави ладно ќумурче и темјан, Теодосиј бараше место за да се насели и да основа манастир и запре таму каде што ќумурчето само од себе се разгоре. Овде се насели и почна да се подвизува. Наскоро околу него се собраа монаси од странски земји. Заради тоа изгради по една црква за секој јазик на кој се зборуваше во обителта, и во слава Божја истовремено служеа и се пееја на грчки, ерменски, грузиски итн. Но во денот кога се причестуваа, сите браќа се собираа во големата црква, во која се служеше на грчки. Трпезата и имотот им беа заеднички на сите, трудот и трпењето заеднички, а неретко и гладувањето. Теодосиј им беше возвишен пример за живот на сите свети монаси, пример во трудот, во молитвата, постот, бдеењето и во сите христијански добродетели. И Бог му подари дар на чудотворство, па можеше да исцелува болни, да се јавува на далечина и да помага, да умножува леб и пченица. Молитвата му беше на усните дење и ноќе. Се упокои мирно во Господ кога имаше сто и шест години, во 529 година.
     
    На Orthophill, Bulgarian и tessie им се допаѓа ова.
  14. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    здраво

    не знам каде тука ке прашам :)
    Дали на празникот Св Харлампиј се носи мед во црква да се освети или на друг празник беше ова ?
    Ме интересира и ако знаете зошто се прави тоа ?
    поздрав
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Во средината на 14. век во Европа беснеела опасна чума. Таа чума сотрела една до две третитини од тогашното европско население. Истата чума престанала да го уништува народот баш на денот на свети Харалампија. Поради тоа, на иконите под нозете на светителот се наоѓа едно страшно и црно чудовиште - тоа е чумата. Значи свети Харалампија ја победил чумата, како што свети архангел Михаил - сатаната, свети Георгија - аждајата, свети Димитрија - паганскиот цар Калојан, света Марина - ѓаволот, свети Марко Ефески - римскиот папа итн. Исто така празникот на свети Харалампија уште се нарекува и Чуминден.
    Медот на овој ден се осветува и за да биде лек од секоја болест, особено од чумата, но и бидејќи на овој ден веќе почнувал да се вади медот од кошниците (во она време немало прихрана, па пчелите си го јаделе во текот на зимата својот мед). На Сретение Господово, се свети восокот и свеќите.
     
    На Dinnna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.544
    Пол:
    Женски
    Денес е христијанскиот празник Св.пророк Илија.
    sv-ilija.jpg

    Пророкот Илија живеел околу 900 години пред Христа (поточно роден е во 816 година пред Христа) во местото Тесвит. Царот на евреите од тоа време Ахав многу ги кршел законите и покрај предупредувањето од Илија да не го прави тоа зашто може народот да го стигне божја казна. Царот Ахав сакал народот да се откаже од својот единствен Бог и да верува во богот Вал на кого што му подигнал храм во Самарија. А кога меѓу народот завладеал неморал пророкот Илија се помолил на Господа и три години дожд не заврнал и меѓу народот зафатил голем глад. Земјата испукала, секнале изворите, а многу луѓе и стока изумреле. А кога народот видел дека направил голем грев и се покајал, пророкот Илија пак се помолил на Господа по што заврнал обилен дожд.

    Кога Исус се преобразил на ридот Тавор ( на Преображение) за да им покаже на своите апостоли како ќе воскресне после смртта, за што ги повел и апостолите Петар, Јаков и Јован тука се појавиле и Мојсие и Илија кои одамна биле умрени и зборувале со Исус за тоа што ќе се случи по неговата смрт.

    Во народното верување Св. Илија се смета за клучар кој го отклучува и заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици, очигледно е дека врз свети Илија се пренесени многу елементи од врховниот пагански бог на Словените, громовникот Перун.

    Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во летно време кога да биет ровја, Св. Илија трчал со кочијата по облаци за да ја втаса ламјата и штотуку да ја втасал ќе врлел со еден камен морски и одошто силно ќе удрел со камчето, огон силен излегувало и кај и да удрело ќе расипело и убиело. Ламјата од страв кај ќе и се вдаит, тамо ќе се скриет, за да не ја убиет. Тешко му кај ќе се скриет.“

    Ефтим Спространов меѓу другите записи на обичаи од Охрид запишал и верување дека ако грми на свети Илија, оревите ќе бидат шупливи. Тој забележал и дека Св. Илија е празник на кожуварите.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.544
    Пол:
    Женски
    Православната црква денес го празнува успението на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија.

    По тој повод христијаните од цела Македонија го посетуваат манастирскиот комплекс посветен на Света Ана во село Маловишта, Битола, кое е единствено во рамките на Националниот Парк Пелистер.

    Постои верување поврзано со манастирот Света Ана кое вели дека манастирот има чудотворна моќ да дава пород. Брачните парови кои имаат проблеми со формирањето на семејство, на 6–ти наспроти 7–ми август треба да преспијат во просториите на црквата Света Ана. А таа ќе ги слушне и исполни нивните молитви и ќе ги успокои и израдува нивните души.

    Мештаните раскажуваат за многу брачни парови кои немале деца, но по посетата на манастирот добиле пород и благодарни, секогаш доаѓале на славата на манастирот.

    Во близина на манастирот има и лековита вода што извира од коренот на една бука и тука е од памтивек.

    Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. После долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост.

    ana.jpg
     
  18. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Среќен празник ''Мала Богородица'' :) Повелете на слава. :D
    [​IMG]
     
    На korisnichka, Orthophill и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.544
    Пол:
    Женски
    Покров на Пресвета Богородица, 14/1.X

    Празник посветен на вечното покровителство на Мајката Божја

    Овој празник е во врска со почитувањето на Пресвета Богородица како заштитничка и покровителка на сите христијани. Настанот што се празнува на 1 октомври (с.с.) се случил на овој ден 911 година за време на цар Лав Мудри (Филозоф). Тогаш за време на ноќното бдеење во црквата посветена на Богородица во Цариград, кога била преполна со народ, во четвртиот час по полноќ се појавила Богородица со покрив во рацете. Блеснала во сјај придружена од апостоли, светци, маченици и девици. Со покривот го покрила целиот народ за по нејзиното исчезнување да исчезне и покривот оставајќи им благосостојба на тие што тука се нашле во тој момент.

    Празникот Покров на Пресвета Богородица е востановен во спомен на овој настан, но и да потсетува на постојаното покровителство на Пресвета Богородица и помошта што таа им ја дава на сите што се молат искрено.

    Свети Јован Кукузел, 14/1.X.

    Најпознат музички деец во Православната црква

    На овој ден Светата православна црква покрај споменот на Пресвета Богородица го празнува и споменот на свети Јован Кукузел. Поврзувањето на овие два спомени не е случајно.

    Свети Јован Кукузел е голем византиски композитор од македонско потекло, заедно со св. Јован Дамаскин се најпознатите музички дејци во Источната православна црква. Тој е познат црковен псалт, композитор, музички теоретичар и голем христијански богоугодник и испосник. Неговото дело оставило траги во културите на повеќе балкански народи кои денес подеднакво го проучуваат и слават. Неговата нотација наречена Кукузелова, неовизантиска, доцновизантиска и сл. била во употреба од крајот на 15 до почетокот на 20 век. Од истражувачите на музиката бил наречен ангелогласен, извор на музиката, учител над учителите, голем мајстор на уметноста и сл. Според едни извори тој е роден во Драч (денес во Албанија) од родители Македонци, но според преданието и повеќе други показатели е роден во селото Џерменци (или Џерманци) во дебарскиот крај, во близина на манастирот „Свети Јован Бигорски“, а Драч е споменуван само како поголем град и за подобра ориентација на странците.

    Според некои сознанија св. Јован Кукузел потекнувал од селото Жорноница, во близина на манастирот „Св. Јован Бигорски“, а бидејќи село со вакво име не постои, веројатно се работи за селото Жировница. Имено Ѓорѓи Трајчев во „Книга за Мијаците“ пишува дека во 1924 година, Јосиф Чешмеџиев со дозвола на српските власти престојувал во дебарскиот крај за да ги проучува народите песни. „Тука (реканско) во селото Жорноница, – вели Чешмеџиев – распрашувам стари и млади за разни песни и си правам белешки. Заинтересиран од мојата работа старецот дедо Арсо ме прашува: „Си слушнал ли за прочуениот псалт при патрикот Јоан Кукузелот? Тој е од нашиот сој, ние сме далечни пра-правнуци.“ Тука сосема случајно Јосиф Чешмеџиев го открива родното место на Јоан Кукузел.“ Ѓ. Трајчев укажува на неколку показатели што одат во прилог на тезата дека св. Јован Кулузел потекнува од ова село. Мијаците на кои им припаѓал и самиот Кукузел се длабоко религиозни и природно надарени пејачи и уметници (иконописци и резбари), потоа фактот што отишол во Светогорскиот манастрир да биде овчарче и да чува кози, што има објаснување во фактот што Мијаците се познати сточари. Тоа што при школувањето во Цариград го воделе од градот Дурацо (Драч) доаѓа оттаму што во Царигарад пристигнал од Драч, зашто најкусиот пат за Цариград од овие простори водел токму преку Драч.

    Што се однесува пак до времето во кое живеел св. Јован Кукузел истражувачите се со различни мислења, но се согласуваат дека тоа било меѓу XI и XV век, но најверојатно живеел во 12 век.

    Откако починал татко му Јован живеел со мајка му којашто подоцна го испратила на школување во Цариград, каде што дошла до израз неговата надареност за музиката. На почетокот на школувањето во царскиот двор, кога уште не го знаел добро грчкиот јазик, кога другарите го прашале што јадел одговорил: „Куку-зелје“ (грав и зелје), од што му останал прекарот Кукузел, што подоцна станал и негово презиме со кое се афирмирал на многу поширок простор.

    Се истакнал како добар пејач, бил наречен ангелогласен, поради што станал прв пејач во царскиот двор. Царот, како свој миленик, имал намера да го ожени за ќерка на некој негов големец, но Јован повеќе од сите земни задоволства, особено од привремената слава што ја имал во тој момент, ги сакал Божјите дарови поради што решил да замине на Света Гора. Во тоа време кај царот поради некои манастирски работи престојувал игуменот на Светогорската лавра „Свети Атанасиј“ од кого младиот Јован се запознал со животот во манастирите на Света Гора. Веднаш потоа без знаење на царот, ја фрлил свилената облека, облекол искинати алишта, зел овчарски стап и се упатил кон Света Гора. Зачукал на портата на манастирот „Свети Атанасиј“ и на чуварот му рекол дека е овчарче што сака да живее во манастирот. На игуменот токму во тоа време му требал пастир поради што го примил без размислување. Веднаш бил упатен да ги чува козите, а тој тоа го правел со задоволство, уживајќи во тишината и минувајќи ги деновите во пост и молитви.

    Царот многу го разжалостило исчезнувањето на омилениот пејач, поради што испратил луѓе низ целата земја да го бараат. Тие дошле и во манастирот „Свети Атанасиј“ но во сиромашното овчарче со искината облека не можеле да го препознаат бараниот прв пејач од царскиот двор.

    Во житието се истакнува дека еднаш додека ги пасел козите и пеел некоја црковна песна, го слушнал некој скитник кој живеел во некоја пештера. Јован не го гледал скитникот, а тој останал запрепастен од ангелскиот глас и од фактот што и козите во тоа време не паселе туку ја слушале песната што маѓепсувала. Тој отишол во манастирот и му кажал на игуменот, а овој го повикал козарчето и го запрашал: „Те заколнувам во Бога, да ми ја кажеш вистината: ти ли си Јован Кукузел, толку бараниот од царот“. Јован немал каде, морал да му признае, но и да го моли да го остави во гората и да не го враќа кај царот. Паднал пред неговите нозе велејќи: „Јас сум грешниот и недостоен раб на твојата светост, но те молам многу, да ме оставиш во ова послушание, што сте ми го дале отпрвин, зашто ако дознае царот за мене, ќе ме оттргне со сила од ова спасително пристаниште“. Игуменот му ветил дека ќе се избори пред царот да го остави во манастирот и заминал за Цариград. Откако пристигнал кај царот клекнал пред неговите нозе и му рекол: „Ја молам државата под твоја власт, владико, да ми дарува еден човек за спасение на неговата душа и ако навредил тој некого во царството твое, да му простите.“ Царот го прашал за името на тој човек, но игуменот одбил да го каже додека царот не вети прошка. Тогаш царот наредил да напишат таква прошка, а тој лично ја потпишал и му ја дал на игуменот. Дури тогаш овој му кажал дека се работи за Јован Кукузел, што тој толку долго и загрижено го барал, објаснувајќи му ја и неговата положба и неговата желба за живот во манастирот. Царот се израдувал и се натажил истовремено. Се израдувал затоа што разбрал дека неговиот омилен пејач е жив и здрав, а се нажалил затоа што со тој потпис засекогаш го изгубил од својот двор. Игуменот со одбрани зборови го утешил возбудениот цар, а потоа се вратил во манастирот каде што на Јована и на останатите членови на манастирското братство им го пренесол разговорот со царот.

    По овој настан откако се ослободил од овоземниот цар Јован се решил да се посвети на небесниот цар. Побарал одобрение од манастирскиот старешина и изградил ќелија во која го минувал времето во пост и молитви. Шест дена живеел во ќелијата, а во неделите и празниците доаѓал во манастирот каде што со големо воодушевување пеел на десниот клирост. Еднаш при пеењето од замор малку се наслонил и задремал во стојалиштето, а во тој момент му се јавила Пресвета Богородица и му рекла: „Радувај се Јоане чедо мое, пеј ми ти мене, и нема да те оставам“. Притоа, во раката му оставила златна пара. Кога се разбудил Јован многу се возбудил, со песни ја славел мајката Божја, а златникот го оставил во црквата, каде што се случиле многу чуда. Дотогаш пеел само во неделите и празниците, а оттогаш почнал да пее секој ден.

    Подоцна од многу стоење му загноила едната нога и од неа течела смрдлива течност, но мајката Божја му се јавила и му соопштила: „Од денес ќе бидеш здрав и кога ќе оздравиш повеќе никогаш дури до смртта да не се разболуваш, живеејќи во постење, бдение и други добротворства, најмногу од сите да бидеш во смиреност“. И навистина Јован повеќе не се разболел сè до смртта. Смртта, пак, си ја предвидел и посакал да биде погребан во ќелијата на светите Архангели што самиот си ја изградил. Откако се простил со манастирското братство се причестил со светите Тајни Христови, ја предал душата на Бога со молитва и насмевка на устата. Починал на 1 октомври (с.с.) на денот на празникот Покров на Пресвета Богородица.

    Култот на Свети Јован Кукузел се раширил низ целиот Балкански Полуостров. Тој нашол одраз во црковното пеење, литературата, сликарството и во преданијата. Сепак, неговите заслуги се најзначајни во црковното пеење. Тој е творец на новата византиска нотација во негова чест наречена „Кукузелова“ Му се припишува вокалниот стил во црковното пеење наречен „пападикиски“ во кој внесува и музички елементи од народниот, пред сè, македонскиот мелос.

    Ракописите со делата на св. Јован Кукузел денес се чуваат на повеќе места: Лавра Атонска, Синодална Московска библиотека, Дворската библиотека во Виена, Градскиот музеј на Охрид, Државната библиотека во Минхен, библиотеките во Цариград, Атина и многу други поголеми и помали библиотеки, архиви, музеи и сл. низ целиот свет.
     
    На orevokrsacka, Ane-Goki1 и Orthophill им се допаѓа ова.
  20. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393