1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес е христијанскиот празник:

Дискусија во 'Религија' започната од Snow-Queen, 19 август 2012.

  1. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    ПРЕПОДОБНА МАЧЕНИЧКА ПАРАСКЕВА (ПЕТКА) РИМЈАНКА

    63045243_1282490177_vm1173.jpg

    „Сите што сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети“

    (2. Тим. 3: 12)

    ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

    Историјата на Православната Црква познава неколку жени-светителки, кои го прославиле името на Спасителот Христос, а го носеле името Параскева – Петка. Една од нив е и денешната славеничка, преподобната маченица Параскева – Петка, која, според житијните податоци кои се дојдени до нас, родена е во градот Рим од христијански родители. Уште од детството била воспитувана во Христовата вера, па со голема срдечност се трудела на дело да ги исполни сите Божји заповеди. Цврсто верувајќи и живеејќи според заповедите на својата вера, таа ги упатувала и другите на вистинскиот пат со помош на верата и благочестивиот живот. Кога нејзините родители умреле, Параскева го раздала целиот свој имот на бедните, па се замонашила. Како монахиња, таа со уште поголема ревност ја проповедала Христовата вера, не криејќи се од никој, иако во тоа време Христовата вера била крваво гонета од римските власти. Злобните Евреи први ја обвиниле света Параскева заради проповедање на забранетата вера. Тогаш, таа била изведена на суд пред римскиот цар Антонин. Сите царски ласкања ни најмалку не помогнале да ја поколебаат верата кај оваа Божја слугинка. Тогаш ја подложиле на огнени маки и на главата ѝ ставиле вжештен шлем. Но, Господ чудно ја спасил, а таа се извлекла од овие маки и го напуштила градот Рим. И повторно тргнала од град до град да го христијанизира темниот незнабожечки народ во вистинската вера. Во два од тие града таа повторно била изведувана пред кнезовите и судиите, па измачувана за својот Господ Бог, таа и понатаму правела големи чуда на очиглед на сите, притоа брзо опоравувајќи се од маките и раните. А незнабошците, пак, како и секогаш, нејзините чуда им ги припишувале на маѓиите, а нејзиното опоравување на силите и милостите на нивните непостоечки богови. Еднаш, света Параскева му рекла на кнезот-мачител: „Кнезу, мене не ме исцелија твоите богови, туку мојот Христос, вистинскиот Бог“. На крај, по долги и тешки измачувања заради Христовото име, некој кнез по име Тарасиј ја посекол со меч. Така, оваа светителка славно го завршила својот плоден живот. Таа чесно пострадала за Христа во II век, а нејзините свети и чудотворни мошти подоцна биле префрлени во Цариград.

    Подвизите на светите маченици секогаш претставувале поттик за светите отци на Црквата да напишат и понекое богоугодно слово, во кое искажуваат најпофални зборови за подвизите на овие светила на Православието. Кога славиме спомен на една благочестива и богобојажлива жена, која бестрашно пред мачителите ја исповедала својата вера во Христа Господа, та дури и со глава ја докажала вистинитоста и чистотата на она во што таа верува, убаво е да се потсетиме на зборовите за мачеништвото на великиот учител и отец на Православието, свети Кирил Александриски, кој говори: „Верни се зборовите на апостолот дека, ’сите што сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети‘ (2. Тим. 3: 12). Синовите на беззаконието, подобни на диви ѕверови, ги напаѓаат оние, кои сакаат да живеат праведно, зашто сметаат дека славата на праведниците е укор и осуда за нивниот нечестив живот. Лошото, некако, секогаш се изобличува, откако ќе се спореди со доброто, а тоа, што има високо достоинство, едвај го обелоденува безобразието на злото! Од што произлегува тоа? Се креваат стрелите на зависта и се распалува огнот на негодувањето во изобличените, а тоа е почеток на бес и повод за нечестие против оние, кои решиле да живеат почесно. Впрочем, праведните и да паднат во опасност и маки, нема да бидат сосема заробени од непријателот, зашто Заштитникот на светиите никако нема да ги презре оние, кои се подложуваат на опасности заради Него. Он ќе ги избави, и тоа многу лесно, и ќе ги покаже пославни од порано, откако ќе го направи нивниот подвиг поголем во трпението за нив. Со ова ќе се согласи и божествениот Павле, кој вака пишува: ’Верен е Бог, Кој нема да дозволи да бидете искушувани повеќе од вашата сила, а заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да трпите‘ (1. Кор. 10: 13). Па и самите оние, кои се подложуваат на опасности и кои мажествено ги поднеле тешкотиите на гонењето, во книгата на Псалмите воскликнуваат: ’Ти нè испита, Боже, со оган нè очисти, како што среброто со оган се пречистува. Ти (Боже) нè воведе при мака, нанесе маки на нашите племиња. Допушти луѓето да ни се качат на глава. Минавме низ оган и вода, но нè изведе да здивнеме‘ (Псал. 65: 10-12).

    Слушате ли, како лесно тие умеат да го поднесат тоа, со што ги искушуваат? Тие дури се радуваат, зашто се прогласени за победници – го победиле искушението преку трпение и ја посведочиле својата возвишена љубов кон Бога! Мачениците велат дека минале низ оган и вода, како познатите предмети за кадење, кои, откако ќе се фрлат во огнот, го откриваат својот својствен пријатен мирис, па така и светата душа, подметната по некаков начин на дејството на огнот, преку искушение и мака, претставува доказ за својата многуобразна добродетел…“

    Ете со такви прекрасни зборови опишан е подвигот на светите маченици. Затоа, потребно е секогаш и насекаде да им се оддава достојна почит, зашто тие секогаш се прекрасни застапници пред престолот Божји за сите нас. И не случајно уште еден свет отец, свети Григориј Богослов, во едно слово нè поучува сите нас, како треба да ги празнуваме светите маченици. Тој вели дека потребно е: „да се очистиме духовно, по примерот на светите маченици; или поверно кажано, да се очистиме за Христа, како што се очистиле и тие за Него со крв и вистина; да се ослободиме од секаква скверност на телото и духот, па да твориме дела свети и со страв Божји; да се измиеме, за да бидеме чисти… Зашто за чистиот ништо така не е скапоцено, како чистотата и очистувањето! Да се подвизуваме заради подвижниците, да победуваме по примерот на победниците, да сведочиме за вистината по стапките на сведоците. Да се подвизуваме против началствата и властите на злото, против световладетелите на темнината на овој свет, против поднебесните и донебесните духови на злобата, против околните страсти и внатрешната борба во самите нас, против нападите однадвор, кои секојдневно се множат. Да се вооружиме со трпение против раздразнетоста, како против ѕвер; против јазикот, како против остар меч; да го изгаснеме сластољубието, како да е оган! А над сè, да го земеме штитот на верата, за да ги избегнеме сите стрели на лукавиот…

    Страшна е таа војна, влева доверба тоа востание, блескава е таа победа! Ако ние сме се собрале за ова и сеуште се собираме, ние, тогаш, навистина ги почитуваме светите маченици, образувајќи победни чети. Ако, пак, имаме за цел (денес) да му угодиме на стомакот и да се предадеме на времени забави…, ако овде наоѓаме место за веселби и пијанство, а не за целомудрие…, тогаш (да се запрашаме) дали е тоа пристојно и полезно?… Во краен случај, ќе кажам, дека тоа сосема не го сакаат од нас светите маченици!… Затоа денес е забранета секаква неумереност. Ако денес сме се собрале духовно да го чествуваме споменот на светите маченици, тогаш ќе се удостоиме и со нивната награда на небесата.“ Амин!

    протоереј Златко Ангелески
     
    Последна измена од модератор: 8 август 2017
    На Presque vu, macush1, Acka22 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Успение на Пресвета Богородица

    КАКО ПОМИНАЛЕ ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА


    П
    осле Вознесението Господово, за Мајката Божја се грижел апостол Јован Богослов, а во негово отсаство Пресветата живеела во домот на неговите родители, во близина на Елеонската гора. За сите апостоли и верни, Таа била прва тешителка и поука. Разговарајќи со нив, Мајката Божја зборувала за чудесните случувања за Благовештението, за бессеменетото зачнување на Христос Спасителот, за Неговото детство и воопшто за земниот живот.
    Како и апостолите Таа со Својата присатност, со збор и молитви ја градела и ја утврдувала Христовата Црква. После слегувањето на Светиот Дух на денот Педесетница, Светите Апостоли уште едно десетина години боравеле во Ерусалим, служејќи на спасение на Јудејците, со желба Пресветата Богородица што почесто да ја сретнуваат и од Незе да ги слушаат божествените зборови.
    Многу новообратени христијани доаѓале дури во Ерусалим да ја видат и слушнат Пресветата Богородица.
    Сочувано е посланието на Св. Игнатиј Богоносец од Антиохија упатено до апостол Јован Богослов: „Многу жени кај нас сакаат да ја посетат Пресветата Богородица, и да ги допрат градите кои ги хранеле Господ Исус Христос и од Нејзе да слушнат многу тајни. Кај нас се пронесе Славата за Девицата и Мајката Божја, исполнета со благодат и со сите одлики. Се зборува дека Таа за време на прогонствата и злосторствата била секогаш радосна, дека во неволји и беди не му подлегнувала на огорченоста, не се гневела на непријателите, но им правела добро, во благосостојба е кротка, према сиромашните милостива и секогаш спремна да им помогне колку што може, силна во верата...а Наставничка и Учителка е на нашата сè уште млада побожност, и на сите верни е на секое добро дело; над сè ги сака смирените, зошто и Самата е исполнета со смирение...Незиното трпение е неисцрпно кога и сè потсмеваат јудејските учители и фарисеи. За Нејзе ни кажуваа луѓе, достојни на секоја доверба, дека врз темелот на Незината Светост се гледа соединетоста на ангелска и човечка природа. Поради сето ова кај нас се роди голема желба да го видиме тоа небесно чудо и таа прекрасна светлина.“
    Во другото послание, Св. Игнатиј Богоносец му пишува на апостол Јован Богослов: „Ако бидам во можност ќе дојдам кај тебе да се видам со сите свети верници кои се собрани околу тебе, а над сè сакам да ја видам Мајката Христова, за Која, кога зборуваат, кај сите предизвикува воодушевување, љубов, почитување, и секој сака да ја види. А како и не би сакал да ја видам Пресветата Девица, со Нејзе да зборувам, со Онаа која го родила Вистинскиот Бог.“
    За време на прогонот кој бил подигнат против младата Црква Христова ( Дап.12, - 1-3 ), Пресвета Дева Марија, заедно со апостол Јован Богослов, се засолнила на свои 43 години во Ефес, каде на овој апостол му било одредено да го проповеда Евангелието.
    Пресветата Богородица ги посетувала христијаните и во другите градови. На пример, Таа била во Антиохија кај Св. Игнатиј Богоносец, на кого му напишала: „Ќе дојдам со Јован и тебе со твоите ќе те видам.“
    Пресвета Богородица била и на Кипар кај Лазар четвородневни, кој бил помошен епископ, потоа на Света Гора Атонска, за која, по сведоштвото на Св. Стефан Светогорец, Мајката Божја рекла: „Ова место нека ми биде доделено, дадено од Синот мој и Господ мој. Пред Бога ќе бидам застапничка на ова место.“

    ЗА НАДВОРЕШНИОТ ИЗГЛЕД НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
    П
    о преданието, врз зборовите на свештеноначалникот Дионисиј Ареопагит и Св. Игнатиј Богоносец, Св. Амвросиј Милански во актот “ За девствениците “ пишува за Мајката Божја: „ Таа не била Девица само со тело, туку и со духот, со смирено срце, внимателна во зборување, благоразбирлива,, богомудра, бавна на збор, постојано го читаше Светото Писмо, беше неуморна во трудовите, целомудра во разговорите, зборувајќи со луѓето како да е пред Бога. Незиното правило било: „Никого да не навреди, од сите да бара да ги почитуваат постарите, да не завидува на никој, да го одбегнува самофалењето, да биде здравомислена.“
    Кога Таа ги навредила родителите и кога била во кавга со роднините? Кога се погордеала пред некој скромен човек, кога го исмеала послабиот, кога го одбегнала сиромашниот?
    Во Незините очи никогаш немало жестина, неконтролирани зборови, ништо непримерно во делата: скромни движења на телото, тивок настап, гласот хармоничен, телесните очи кај Неа биле одраз на душата, вотелотворност на чистотија. Сите свои денови Таа ги поминувала во пост. На сонот Му се предавала само колку е потребно, но и тогаш, кога Телото ì било смирено, духот ì бил свеж, повторувајќи го во сонот она што го читала, или размислувајќи како да ги претвори во дело поставените цели или, пак, планирајќи нови. Од домот излегувала само кога требало да појде во Црква и тоа во придружба на сродниците (??? роднини). Впрочем, иако излегувала од својот дом во друштво, најдобрата стража за Себе била Самата Таа. Другите го чувале само Незиното Тело, а за Својот карактер се грижела Самата....”
    По преданието, кое го забележал црковниот историчар Никифор Калист, Богородица била : „со среден раст или, според мислењето на други, нешто повисока од среден раст, бојата на Нејзиното лице била како бојата на пшеничното зрно. Незината коса била светло костенлива и малку златеста, очите ì биле бистри и со боја на зрела маслинка, веѓите благо спуштени и темни, носот малку издолжен, устата во боја на лицето исполнета со слатки зборови, лицето ниту тркалезно, ниту оштро, но некако издолжено, дланките и прстите долги....Во разговор со другите ја чувала рамнотежата, не се смеела нити се збунувала, а посебно, никогаш не се гневела...секогаш едноставна, без ì најмало преправање. Таа во исто време била олицетворение на највозвишена смиреност. Незините ризи биле едноставни, без украси, како што покажува Незиниот свештен покров на главата кој е до ден-денес сочуван. Кратко речено, во сè Незино беше присутна голема благодат.“
    Во дневникот на Св. Праведник Јован Кронштатски стои запишано дека му се јавила Богородица: „На ден 15. Август, односно на Успение на Богомајката 1898. година имав чест во сон за прв пат да го видам лицето на Небесната Царица и да го слушнам Нејзиниот мил, блажен глас кој бодри: Вие најмили чеда на Отецот Небесен! Тогаш чувствувајќи ја својата недостојност, го гледав Незиниот Лик со трепет и со мисла: дали ќе ме турне гневно Царицата Небесна! О, Лик Незин пресвет и преблаг! О, очи чисти, добри, смирени, спокојни, величествени, небесни, божествени! Нема да ве заборавам, очи преубави! Уште една минута се продолжи тоа појавување, потоа Пресветата тивко исчезна. Прво ја видов како да е на икона, а пото, потоа како слегува од неа, како станува и си заминува.“
     
    На Presque vu, macush1, orevokrsacka и 4 други им се допаѓа ова.
  3. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    ЗОШТО СМРТТА НА МАЈКА БОЖЈА ЈА НАРЕКУВАМЕ УСПЕНИЕ?
    Зборот успение значи – потонување во сон, заспаност, мирен крај, упокоение слично на сон. Упокојувањето на Мајка Божја, Црквата го нарекува Успение, затоа што „како да заспала на кратко и како да се окрепила од сонот.“ Прекрасен бил животот на Пречиста Дева, прекрасно е и Незиното Успение, како во песната што ја пее Светата Црква: „ Бог на вселената покажува на Тебе, Царице на чудесата што ги надминуваат законите на природата. И во Рожбата Ти го сочува девството и во гробот ти го сочува Телото од распаѓање.( Канон 1, песна 6, тропар 1). Во ликот на Пресвета Дева победени се законите на природата: Смртта го враќа телото создадено од земја. Смртта не го покосила Нејзиното Тело; раѓајќи Бог, го сочувала Своејата девственост, и во Успението останала жива. По Рождеството Христово, Таа пребива како Девица, а после смртта пребива како жива. Таа заспала за да се разбуди за живот на вечно блаженство. Му се претставила на Животот, на Изворот на Животот, та со своите молитви да ги спасува слугите Божји.
    Празникот Успение на Пресвета Богородица го нарекуваме голем, затоа што на тој ден „Спасителот на сите во целата Своја Слава ја сретнал и ја населил Мајката Своја покрај Себе.“

    КАКО СЕ СЛУЧИЛО УСПЕНИЕТО?
    Околностите под кои се случило Успението на Мајката Божја во Православната Црква се познати уште од апостолски времина. Во првиот век за Успението пишувал свештеномаченикот Дионисиј Ареопагит, а во вториот век за телесното преминување на Пресвета Богородица на Небото сведочат белешките на епископ Мелитон Сардски. По преданието за Успението на Мајката Божја во четвртиот век Св. Епифаниј Кипарски, додека во петтиот век Св. Патријарх Јувеналиј Ерусалимски ì го кажува на Светата благоверна царица Пулхерија следново: „Иако во Светото Писмо не се зборува за упокојувањето на Пресвета Богородица, сепак за тоа имаме сознание што се темели на најдревното и најверодостојно предание. Всушност, ова предание детално е собрано и изложено во црковната историја на Никифор Калиста во 14. Век.“
    До времето на Своето блажено Успение, Дева Марија повторно живеела во Ерусалим. Незината слава како Мајка Божја веќе била на широко позната, та со тоа стекнала и многу противници, кои сакале да ì го загрозат животот. Меѓутоа, Бог ја чувал од непријателите. Деновите и вечерите ги поминувала во молитва.
    Често одела на Гробот Господов, го кадела со темјан и паѓала ничкум во молитвите. Не еднаш непријателите на Спасителот пробале да ја спречат да го посетува ова свето место и барале од првосвештениците да постават стража за да го чуваат Гробот Господов. Меѓутоа, бивајќи на чудесен начин, со Духот Свет, невидлива за стражарите, Светата Дева продолжувала да се моли пред Гробот.
    Во една од таквите посети на Голготата пред Нејзе застанал Архангел Гаврил и ì го најавил незиното преминување од овој свет во вечниот блажен живот небесен. Како влог, Архангелот ì дал палмова гранка од Рајот, која светела со нестварна светлина на Царството Божје. После оваа небесна вест, со своите три придружнички, Сепфора, Евгенија и Зоила, Богородица се вратила во домот на Св. Јован Богослов, каде живеела.
    Пресвета Богородица почнала да се спрема за Своето заминување. Таа за ова го запознала Својот посинок Апостол Јован и му ја покажала светлата гранка, оставајќи му во аманет гранката да ја носи при Незиното погребение пред поворката. Св. Јован веднаш го повикал Апостолот Јаков, првиот епископ ерусалемски, сите сродници и ближни и сите христијани не само во Ерусалим, туку и во поблиските градови и села. На сите ним Пресвета Богородица почнала да им раскажува како ì се јавил Архангелот и ì јавил дека наскоро ќе премине во живот вечен. На ова, сите собрани плачеле, а Таа ги советувала да не плачат, туку да се радуваат за Незиното преминување, бидејќи Таа нема да ги остави сираци, туку дека пред Престолот на живиот Бог, со уште поголем жар ќе се моли за нив и за целиот свет. Уште им дала во аманет Нејзиното Тело да биде погребано во Гетсиманската градина, затоа што таму веќе била гробницата на Нејзините Свети родители Јоаким и Ана и св. праведник Јосиф, Нејзиниот свршеник.
    Додека ги давала пред смртта овие упатства, одеднаш со голем татнеж се насобрале многу облаци и го опкружиле домот на Св. Јован Богослов; зашто по Божја заповед Светите Ангели ги собрале Светите Апостоли расеани по разните краишта на вселената за да го проповедаат Евангелието и неочекувано ги донесле на облаците и ги спуштиле пред вратата на куќата во која живеела Мајката Божја. Погледнувајќи се едни со други, Апостолите се радувале и се прашувле во чудо: „Која е причината што Бог нè собра овде?“ Св. Јован Богослов ги пречека со солзи радосни, велејќи им дека Пресвета Богородица наскоро ќе премине кај Господ.
    Влегувајќи кај Мајката Божја и гледајќи ја преисполнета со небесна радост, благолепно седејќи на Својот одар, Апостолите ја поздравија и ì раскажаа за чудесното собирање. Пресвета Богородица му заблагодари на Бога што ì ги исполнил желбите на Незиното срце. Потоа Богородица им кажала дека наскоро ќе премине во живот вечен, а Апостолите почнале да ронат солзи во солзи. Пресвета Богородица ги тешела зборувајќи им: „Не плачете, пријатели и Христови ученици, не ја поматувајте мојата радост со вашите таги, туку радувајте се со Мене, зашто одам кај Својот Син и Бог мој.“ Додека Богомајката вака ги тешела апостолите, се појавил апостол Павле со своите ученици: Дионисиј Ареопагит, прекрасниот Еротеј, божествениот Тимотеј и други од редот на седумдесетмина Апостоли. Сите нив ги собрал Духот Свет да се удостојат за последен благослов од Пресвета Марија и со побожност да се приготват за Нејзиното погребение. Таа секој од нив го повикувала по име да пријде при Неа, го благословувала, му оддавала пофалба за неговата вера и труд проповедајќи го Христовото Евангелие, на секој му посакала вечно блаженство и заедно со нив се молела за мир и благосостојба во светот.
    Во петнесеттиот ден на месец Август, во третиот час кога требало да се случи Успението на Пресветата, во одајата во која лежела, гореле многу свеќи. Светите Апостоли со песни и славословија стоеле покрај благолепниот украсен одар- лежај на Пречистата Дева Марија, Која постојано се молела, чекајќи го Своето упокоение и доаѓање на Својот Син и Господ.
    Одеднаш одајата ја осветлила неискажлива Светлина на Божествената Слава и оние кои го виделе ова биле обземени со побожен трепет. Во пламенот на неизмерната Светлина, према Пресветата од Небо слезе Самиот Цар на Славата Христос придружуван со мноштво Архангели, Ангели и други Небесни Сили, заедно со праведните души на Праотците и Пророците кои од дамнина го пророкувале Рождеството на Пресвета Дева Марија. Здогледувајќи го Својот Син Мајката Божја се подигнала од одарот и се поклони пред Христа, велејќи:„ Велича душата моја Господи, и се израдува Духот мој пред Бога, Спасе мој, зашто погледна на смирениети на слугинката Своја!“ Господ тогаш ја повика Својата Мајка да премине во Живот Вечен, а Пресвета Дева – повторувајќи како некогаш во Благовештенијата: „Нека ми биде по Твоите зборови.“ ( Лк. 1, 38 ) – повторно легна и без никаква телесна болка, како да заспа со сладок сон, зашто беше без грев, ја предаде душата во рацете на Својот Син и Бог.
    Тогаш започнало радосното архангелско и ангелско пеење. Придружувајќи ја чистата душа према Небото, со богобојазливи страв како Небесна Царица, Ангелите извикувле: „Радувај се Благодатна, Господ е со Тебе, благословена си Ти меѓу жените!“. Небесните двери таинствено се отвориле, а Херувимите и Серафимите со радост ја прославиле средбата со душата на Пресвета Богородица. Благодатното Лице на Богородица сјаеше во слава на Божествена девственост, а од Незиното Тело се ширеле најубави миомириси. Богобојазно и со страв, Светите Апостоли му се поклониле на Господ, Кој со слава ја вознесе на Небо душата на Својата Мајка, и со плачење го опкружиле одарот на Пресвета Богородица. Пристапија и го целиваа Незиното Пресвето Тело, оддавајќи му свечено почитување, и со тоа се осветувале и се исполнувале со благодат и духовна радост. Семоќната сила Божја, која од Незиното Свето Тело истекувала, излекувала болни кои со вера и љубов го доирнале Незиниот одар.
    Оплакувајќи го земното збогување со Мајка Божја, Апостолите го завршиле погребението на Незиното Пречисто Тело. Светите Апостоли Петар, Павле, Јаков, со другите од редот на дванаесетте Апостоли на своите грбови го носеле одарот на кого лежело Телото на Секогашдева Марија. Св. Јован Богослов одел пред сите со рајската светлозрачна гранка, а другите Апостоли и верните ја прателе поворката со свеќи и кадилници, пеејќи свечени песни. Оваа свечена поворка одела од Сион, низ цел Ерусалим, сè до Гетсиманската градина. Одеднаш над Богомајката се појавил златен круг, сличен на венец, блескајќи со јака светлина. И од него се разлевало преубаво ангелско пеење, кое го исполнувало воздухот, за сите чујно. Тој блескав облак со небасните пеачи се движел во воздухот над поворката до самото место на погребението.
    Жителите на Ерусалим кои не веруваа во Христа, поразени од величестевена та глетка и ојадени од почестите што ì се дадени на Мајката Божја, им го пренесле ова на првосвештениците и книжниците. Острастени од завист и омраза према сè што ги потсетува на Христа, овие пратиле слуги да ја растераат поворката и да го спалат телото на Мајката Божја. Разбеснетиот народ и војниците со жестина им се втурнале на христијаните, но венецот од облак се спуштил на земја и направил заштита како ѕид. Гонителите можеле да ги чујат чекорите и пеењето, но не и да ја видат поворката. Многумина од нив Светите Ангели ги ослепеле, па така ослепени се вратиле со тапкање, во градот. Еден јудејски свештеник од завист и непријателство према Мајката на Исус од Назарет сакал да го преврти одарот на кој беше Телото на Пресвета Дева, но невидливиот Ангел Божји му ги отсекол рацете, кои го допреле одарот. Кога видел што му се случило, паднал на земја и почнал да моли: „Смилувајте ми се, мене, слуги Христови!“ Горко се покајал и со вера се исповедал пред Мајката Божја и Христа Спасителот и тогаш добил исцелување. Му се вратиле рацете, па и тој ì се придружил на поворката и станал ревносен Христов следбеник.
    Кога поворката стигнала до Гетсиманија, со плач и ридање започнало последното целивање на Пречистато Тело на Богомајката. Дури вечерта Светите Апостоли можеле да го положат во гроб Телото и со голем камен да го затворат влезот во пештерата. Светите Апостоли останале покрај гробот на Пресветата во Гетсиманија три дена, молејќи се и пеејќи псалми.
    По Божја промисла на Апостол Тома не му било судено да присуствува на погребението на Мајка Божја. Кога дошол третиот ден во Гетсиманија, со горчливи солзи се свртел према гробот и гласно изразил жалење што не беше удостоен да го прими последниот благослов од Богомајката. Се сожалиле Апостолите и одлучиле да го отворат гробот за да му овозможат да се утеши со последното поклонение пред остатоците на Секогашдева. Но, отворајќи го гробот, ги виделе само Нејзините погребни овои од кои се ширеле небесни миомириси, и на тој начин посведочиле за прекрасното вознесение на Небо на Телото на Пресветата.
    Навечер, истиот ден, кога Апостолите се собрале во домот да вечераат, додека благословувале за принесените дарови, парче леб оставиле за Господ. Се јавила Мајката Божја во придружба на многу Ангели и рекла:„ Радувајте се! Јас сум со вас во сите денови за навек.“ Ова толку силно ги израдувало Апостолите и сите кои беа со нив, и извикаа: „Пресвета Богородице, помогни ни“. Така е воспоставен чинот на подигање на панагијата, т.е. подигање леб во чест на Мајка Божја, кој до ден денешен е сочуван во манастирите. Оттогаш, Светите Апостоли сами се осведочиле и целата Црква, во тоа, дека Пречиста Дева Марија била во третиот ден после погребението вокресната од Синот и Богот Свој и со Телото вознесена на Небо. Светите Апостоли повторно влегле во гробот ја зеле плаштеницата оставена за утеха на тажните и како вистинско сведоштво за тоа дека Богомајката станала од гробот.
    Празникот Успение на Пресвета Богородица сè до денес особено свечено се слави во Гетсиманија, на местото на Нејзиното погребение. Никаде срцето не бива попотресно и потажно заради разделбата со Божјата Мајка, а никаде не се исполнува со таква радост и вера во Нејзиното бескрајно и непрекинато мајчинско посредништво за светот, како таму, на местото на Нејзиното погребение.
    [​IMG]
     
    На macush1, Orthophill, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Нека ни е среќен и вековит денешниот празник Успение на Пресвета Богородица, заштитничката на градот Скопје. Нека ни дари, мир, спокојство, здравје и љубов.
     
    На Orthophill, Rama, LegallyBlonde13 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    За многу години празникот. Мир, среќа и благосостојба во сите домови.
     
    На Rama, Sv. Nikolka, LegallyBlonde13 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    6.301
    Пол:
    Женски
    Честит и вековит празник. Да го поминете празникот во мир, спокој и благосостојба. Среќна слава на сите што го слават овој празник и среќен именден на сите кои го носат едно од најубавите библиски имиња Марија :f::f::f::f:
     
    На orevokrsacka, Rama и Sv. Nikolka им се допаѓа ова.
  7. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Утре е празникот Св Фануриј се меси Фанурија - колач за исполнување на желба. Дали имате слушнато или направено? Не сум сигурна, но знам дека се меси од 7 или 9 посни состојки, до масло. Може и масло. Тој што го меси колачот си замислува желба, и утре во раните утрински часови во било кои од Храмовите, колачот Попот го пее со црвено вино и свеќа, потоа се дели на блиските, за среќа, благослов, напредија. Велат дека овој Светец, е заштитник на учениците и студентите и воопршто на научните работници. Ве молам, ако некој / а знае, нека сподели рецепт од колачот, правила околу адетот и искуства.
     
  8. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    8.077
    Пол:
    Женски
    Јас денес го направив и го однесов во црква. Години наназад си правам.:)
    Не е тоа посебен и универзален рецепт. Што сакаш си ставаш (благ вкус), важно 9 состојки да се на број.

    Мојот беше со:

    500 гр. брашно
    1л. сода бикарбона
    1/2 л. цимет
    50 мл. масло
    3 г.л. света вода
    3 г.л. мармалад(од кајсии)
    1л. мелени бадеми
    1 ванилин шеќер
    малку сол

    Додека го месиш си замислуваш желба и се молиш за благосостојба, мир,среќа...во домот.

    Другото е така како што имаш напишано.
    :)
     
    На La.loca, victoria, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Одлично, па ти посакувам да ти се исполни желбата. Но зошто денес, нели утре е празникот на 09-ти Септември?
     
  10. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    8.077
    Пол:
    Женски
    Да, ама можи и вечерта пред празникот. (кај нас во Бт, обично е после 16 часот).

    Инаку, ти благодарам.:)
    И тебе исто ти посакувам( ако решиш да направиш):)
     
  11. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    105.726
    Пол:
    Женски
    И јас денес направив лепче и бев во црква на литургија. Преубава свеченост, нека е за многу години денот и нека на сите ни ги исполни молитвите и желбите.
     
    На Sv. Nikolka, H.VAGA, victoria и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Да, навистина убав празник. Сигурно сте го читале житието. Св. Фануриј бил заштитник, на учениците, студентите и воопшто на научните работници.
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Отсекување на главата на Свети Јован Крстител

    [​IMG]

    Црквата во личноста на св. Јован Крстител ги гледа сите небесни доблести, сите доблести на сите Пророци, на сите Апостоли, сите Ангели небесни, сите Маченици, сите Исповедници. Зашто Претечата најпрв од сите беше испратен од Бога да Го објави доаѓањето на Спасителот во светот. Прв Го виде Светиот Дух како од небото слегува на Христа, при Неговото Крштение; тој е првиот Евангелист кој ја објави благата вест за приближувањето на Царството Небесно; првиот проповедник кој на душите во адот им го проповедаше триумфалното Христово слегување во адските простори. Вистински земен ангел и небесен човек, за кого Самиот Господ рекол дека тој не е само пророк, туку и повеќе од пророк, ангел кој е испратен пред Него за да Му го подготви патот. Прв маченик и пример за сите идни маченици кој, како што се вели во тропарот, радосно пострада за вистината, знаејќи дека смртта е само капија што води кон вечноста. Првиот исповедник Божји, кој бестрашно го гледаше Ирод во очи, кажувајќи му дека заради гревот сите закони на небото и земјата се против него.

    И ете, секогаш актуелната личност и проповед на најголемиот меѓу родените од жена продира длабоко во битието на секој човек и повикува на еден возвишен подвиг и мисија. Св. Јован, со својот громогласен повик оддекнува во пустината на современото привидно радосно живеење, повикувајќи го сиот човечки род, т.е сите нас, кон покајание, кон отворање на срцата за Бога, кон поголема близина со Него и со сите што нѐ опкружуваат. Секој е повикан на таква пророчка, маченичка, апостолска и ангелска служба. Така, современиот христијанин е човек како и сите други, но тој истовремено е и апостол кој Го прославува Бога на секое место, во секоја прилика и според своите дарови и можности. Апостолската дејност станува и негова дејност, која тој доброволно ја присвојува, зашто не може, а да не зборува за радоста која ја живее. Таа радост што го потресува неговото битие го поттикнува да излезе од себе самиот во служба на другите, во служба на вистината, и налик на св. Јован и на сите апостоли, да го освојува светот со добрата и радосна вест за Царството Божјо, за воскреснатиот Христос. Некои излегуваат на јавни места и отворено ја проповедаат Божествената спасителна наука, некои, пак, проповедаат со своето молчење кое зборува, некои предизвикуваат и потрес во современиот дух според кој се живее денес. Едните, сведочејќи ја вистината, ги приклонуваат главите под непријателскиот меч, другите, пак, се овенчуваат со мачеништво однатре, невидливо… Но, секогаш и во секој миг, христијанинот знае дека е повикан да живее ангелски живот: неговиот поглед, збор и делата негови се сведоци на Царството Божјо, кое веќе блеска во него. Тој ги пренесува на небото тежините, слабостите и гревовите човечки, а на земјата ја симнува насмевката на Отецот Небесен. И знае, дека не е доволно само да се проповеда за Христа, туку и да се работи на Неговата нива, од која како плод достоен за покајание ќе израсне љубовта кон Бога и пожртвуваноста за ближните.


    Каква смрт имала Саломија - ќерлата на Иродијада
    која ја побара главата на СВ.Јован Крстител
    ,,Заштo ситe кoи сe фаќаат за нoж, oд нoж ќe загинат" (Мт. 26:52).
    Сeкoј грeв e нoж и oбичнo луѓeтo бидуваат пoгубeни сo oнoј грeв кoјштo гo правeлe сo жeлба. Taка се случило и со Салoмија, сквeрната ќeрка на Ирoдијада, кoја ја пoбарала и ја дoбила главата на Св. Јoван Крститeл на тас.
    Живeeјќи вo Шпанија, вo градoт Лeрида, сo прoгoнeтиoт Ирoд и сo Ирoдијада, таа eдeн дeн тргнала прeку замрзнатата рeка Сикoрис.
    Мразoт сe искршил и таа паднала вo вoдата дo гуша. Парчињата oд мраз ја стeгналe oкoлу вратoт, таа сe прпeлкала играјќи сo нoзeтe вo вoдата какo штo нeкoгаш играла на
    Ирoдoвиoт двoрeц. Нo нe мoжeла ниту да сe пoдигнe, ниту да сe удави сè дoдeка oстриoт мраз нe ѝ ја oтсeкoл главата. Нeјзинoтo тeлo гo oднeсла вoдата, а главата ѝ ја дoнeслe на тас на Ирoдијада, какo нeкoгаш главата на Јoвана Крститeл.
    Глeдатe ли какo страшнo смртта личи на направeниoт грeв.
     
    На Presque vu, macush1, ЕденЧлен и 5 други им се допаѓа ова.
  14. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Празник на појасот на Пресвета Богородица

    После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија. Овој ковчег никогаш не се отвараше, с ѐ до времето на царот Лав Мудриот (886 г. – 912 г.). Сопругата на Лав, царицата Зоа, душевно се разболе, и според некое таинствено видение посака врз неа да го положат појасот на Пресвета Богородица. Царот го помоли патријархот, па го отворија ковчегот, го извадија појасот и го положија врз болната царица. Таа веднаш оздраве. Во спомен на тоа чудо се востанови овој празник. Дел од тој појас се наоѓа во Грузија, во Зугдид. Имено, ќерката на царот Роман се исцели со помош на овој појас и подоцна, кога се омажи за царот Абухаз Грузиски, таа понесе дел од појасот со себе. На заповед од рускиот цар Александар I изградена е посебна црква во Мингрелија во Зугдид, каде што се чува тој дел од чудотворната облека на Пресветата Божја Мајка.
     
    На Presque vu, душленце, macush1 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Денес се празнува раѓањето на Пресвета Богородица

    Собрани заедно, големите празници служат да ни ја раскажат сторијата на
    Воплотувањето, чија кулминација се наоѓа во центарот на годината со празнувањето на „Празникот над празниците“ – Пасха. Прв меѓу големите празници од црковната година, која започнува во септември, е Рождеството на Пресвета Богородица. Празникот е познат и како Мала Богородица, еден е од најголемите празници на Православната Црква.

    Раниот живот на Марија, Мајката Божја, сè до настанот на Благовештението е опишан во древното Протоевангелие на Јаков. Химнографијата и иконографијата за празниците што го одбележуваат зачнувањето на Марија, нејзиното раѓање и посветувањето на Храмот како дете, се базираат од овој ран (околу 2 век) спис.

    Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко Ѝ беше од племето Давидово, а мајка Ѝ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи им го синот Исак. И семноќниот Бог Којшто гледа с ѐ ги израдува со радост што ги надминуваше сите нивни очекувања и најубави соништа. Бидејќи им подари не само ќерка туку и Божја Мајка; ги озари не само со привремена радост туку и со вечна. Бог им даде само една ќерка, којашто подоцна им роди само еден внук - но каква ќерка и каков внук! Благодатната Марија, прославена меѓу жените, храм на Светиот Дух, олтар на Живиот Бог, трпеза на небесниот леб, кивот на светоста Божја, дрво со најсладок плод, слава на родот човечки, пофалба на женскиот род, источник на девственоста и чистотата - тоа беше од Бога даруваната ќерка на Јоаким и Ана. Родена во Назарет, а после три години одведена во храмот ерусалимски, од каде што се врати подоцна пак во Назарет, за наскоро да ја чуе благовеста на Светиот архангел Гавриил за раѓањето на Синот Божји, Спасителот на светот, од Нејзиното пречисто и девствено тело.

    web.jpg

    „Мојата душа Го велича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, оти го виде смирението на Својата слугинка, и ете, отсега ќе ме ублажуваат сите родови” (Лк. 1,47).
     
    На Presque vu, душленце, carangigia и 6 други им се допаѓа ова.
  16. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Денес се празнува Крстовден

    Воздвижение на Чесниот Крст Крстовден— значаен христијански празник од есенскиот циклус, еден од 12те големи празници, којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 27 септември. Крстовден е празник на пост и покајание. Овој ден се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос, наречен Чесен Крст и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. На овој ден верните се потсетуваат на распнатиот Богочовек, на Крстот достоен за безусловна верност, и на неизбежното спасение кое доаѓа преку Христовото Распетие и сораспнувањето со Него. За време на празникот, Крстот е положен во центарот на Храмот, окружен со цвеќа и гранчиња босилек.

    Нека ни е за многу години празникот.
     
    На Rama, sonuvana, orevokrsacka и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Денес е празник посветен на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија.

    17-sophia.jpg

    Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (софија – мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години.

    Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но одлучно ја исповедаа верата во Господ Христос и одбија да ѝ принесат идолски жртви на Артемида. Пред страдањето мајката ги крепеше ќерките со совети да истраат докрај. „Вашиот небесен љубител Исус Христос е вечно здравје, неискажлива убавина и живот бесмртен. И кога вашите тела ќе бидат убиени во маки, Он ќе ве облече во нераспадливост и раните на вашите тела ќе светнат на небото како ѕвезди.“ Мачителот ги мачеше со лути маки сите една по една: најпрво Вера, па Надеж, па Љубов. Ги тепаа, ги сечеа, ги фрлаа во оган и во врела смола и најпосле една по една ги убија со меч. Софија ги зеде мртвите тела на своите ќерки, ги однесе надвор од градот и таму чесно ги погреба.

    Остана на нивниот гроб три дена и три ноќи молејќи го Бога и така му го предаде својот дух итајќи во рајските населби, каде што ја чекаа душите на нејзините блажени ќерки.

    Верувајте, надевајте се и љубете! За многу години празникот!

    Св.ап.Павле до Коринтјаните (1) 13;13 А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.
     
    На Presque vu, sonuvana, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Денес, православните христијани слават:

    Собор на сите македонски Светители


    Во Македонија, во таа света земја, самиот свети апостол Павле со Сила, Тимотеј и Лука го донесе Христовото Слово за спасение на човечкиот род. Мајката Божја, Пресветата Богородица со стапнувањето (присуството) свое, на македонската земја, ја благослови и таа постана света земја, матица на христијанството за Европа.
    [​IMG]Светата Македонска Православна Црква во првата недела од месец октомври, со голема слава и чест го празнува споменот на сите македонски светители, кои со своите богоугодни дела имаат големо значење на само за македонскиот народ, туку и за целиот Христијански свет. Извршувајќи дела достојни за светители, тие се издигнаа кон боженствениот живот и Бог ги овенча со вечни венци на славата.
    Доколку некој упати поглед кон минатото со сигурност ќе види дека на територијата на Македонија во текот на вековите се раѓале и дејствувале голем број на Христови војници кои умирале бранејќи ја евангелската вистина, и тоа од самите почетоци, кога светиот апостол Павле со Сила, Тимотеј и Лука го ширеа Благовестието за спасение на човечкиот род.
    Имињата на македонските светители кои се родиле, живееле и ја ширеле Христовата вера во Македонија се:

    Свети Кирил Солунски, филозоф 24, Мај /11, Мај

    Свети Методиј Солунски 24, Мај и 19, Април /11, Мај и 6, Април

    Свети Климент Охридски 09, Август и 08, Дек./ 27, Јули и 25, Ноември

    Свети Наум Охридски 05, Јануари и 03, Јули/ 23, Декември и 20, Јуни

    Свети Григориј епископ Охридски 21, Јануари/ 08, Јануари

    Свети Гаврил Лесновски 28, Јануари / 15, Јануари

    Свети Прохор Пчински 28, Јан. и 01, Ноември/ 15, Јан. и 19, Октомври

    Свети Јоаким Осоговски 29, Август/ 16, Август

    Свети Агатангел Битолски 05, Февруари / 23, Јануаи

    Свети Јосиф археп. Солунски 08, Февруари / 26, Јануари

    Свети Ѓорги Кратовски 24, Февруари и 8, Јуни/ 11, Февруари и 26, Мај

    Света Кирана Солунска 13, Март / 28, Февруари

    Свети Никита Серски 16, Април / 03, Април

    Света Матрона Солунска 09, Април / 27, Март

    Свети Јован Кукузел 14, Октомври / 01, Октомври

    Свети Александар Солунски 09, Јуни / 27, Мај

    Свети Еразмо Охридски 15, Јуни/ 02, Јуни

    Свети Нектариј Битолски 05, Декември/ 22, Ноември

    Свети Спасо Радовишки 21, Авг. и 11, Септември/ 08, Авг. и 29, Август

    Света Васа Солунска 03, Септември/ 21, Август

    Света Злата Мегленска 26, Октомври /13, Октомври

    Свети Ефтимиј Солунски 28, Октомври/ 15, Октомври

    Свети 15 Тиверополски (Струмица.) 11, Декември/ 28, Октомври

    Свети Роман еп. Македонски 11, Декември 28, Октомври

    Свети Николај архиеп. Солунски 12, Декември / 29, Октомври

    Св. Св. Зиновиј и Зиновија Егејски 12, Ноември / 30, Октомври

    Света Тесалоникија 20, Ноември / 07, Ноември

    Свети Ангел Лерински 21, Ноември/ 08, Ноември

    Свети Христо 11, Декември/ 28, Ноември

    Свети Никодим Охридски

    Преподобен Петар Мегленски 10, Април / 28, Март

    Преподобен Иларион Мегленски 10, Април и 3, Ноември/. 28, Март и 21,Окт..

    Преподобен Акакиј Серски 14. Мај / 01, Мај

    Преподобен Јаков Костурски 14, Ноември / 01, Ноември

    Преподобен Дионисиј Костурски 14, Ноември/ 01, Ноември

    Преподобен ѓакон Јаков Костурски 14, Ноември/ 01, Ноември

    Преподобен Петар Атонски 25, Јуни /12, Јуни

    Преподобен Теофил Македонски 21, Јули/ 08, Јули

    Преподобен Давид Солунски 09, Јули/ 26, Јуни

    Преподобен Атанасиј Атонски 18, Јули / 05, Јули

    Преподобен Никодим Елбасански 24, Јули /11, Јули

    Преподобен Јован Рислдки 31, Авг. и 1, Ноември /18, Авг. и 19 Октомври

    и сите знајни и незјани македонски светители.
     
    На Presque vu, Rama и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  19. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Рождество Христово – Божик
    [​IMG]РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – БОЖИК

    „Мудреците… штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; а кога ги отворија своите ковчежиња, Му принесоа дарови: злато, ливан и измирна“

    (Матеј 2: 11)

    ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

    Денешниот празник на Христовото раѓање е еден свечен ден, кога секој вистински верник ја доживува својата исконска врска со изворните вистини и убавини на нашата Православна вера. Денес е ден, кога човечката душа доаѓа во допир со Богомладенецот Христос, допир со небесниот Бог Отец, Кој Го испрати Својот Син во овој свет, но допир и со Животворниот Божји Дух, Кој носи радост во човечките срца. Таа радост е посебна Божикна радост, кога возрасните и децата се исто, кога во секоја душа се повторува Тајната на Богораѓањето во верата, во радоста, во единството на сите генерации, кои се повикани во Божјо синовство.

    Како што во наследните гени човекот ги прима „биографиите“ на сите свои предци, така и во јадрото на секоја жива душа, засветлуваат сите вистини, од кои и заради кои постои овој чудесен Божји свет. Животот е скриен, но и откриен продолжеток од Вечноста кон вековите. Затоа Божик не е само памтење на Евангелието, туку и прочитување на вечната Вистина за Небото и за нас.

    Големата Тајна на денешниот празник, раката на богонадарениот уметник ја овековечила на светата празнична икона, која денес го благоукрасува нашиот храм. На таа икона можме да ја видиме и Ѕвездата, која ги предводи Мудреците и им го покажува вистинскиот пат до Богомладенецот, тука се стадата заедно со своите кротки овчари, потоа вечерниот оган, а тука е и ѕвезденото небо од зимската палестинска ноќ. Но, над сè и пред сè, тука е онаа величенствена порака од Небото над јаслите од Богомладенецот: „Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја“ (Лука 2: 14). Доколку не беа напишани Евангелијата, доволно ќе беше да ја запаметиме оваа порака, зашто од неа можеме да изведеме сè што е кажано во светите Евангелија.

    Кога мудреците, а заедно со нив и источните народи, Го прифатиле Спасителот Христос за свој Бог и кога Му се поклониле, тие како подарок донесоа злато, ливан и смирна.

    Кога Го прифатија Елините, како подарок ја донесоа својата наука и својата философија.

    Кога Го прифатија Римјаните, како подарок ја донесоа својата идеја за поредок и организација.

    Но, кога нашиот скромен и простосрдечен народ го прифати Богомладенецот Христос за свој Спасител и Искупител, како подарок донесе божикна слама, чист пченичен леб, а пред сè, топло, искрено и за големи нешта способно срце. Ние на нашето Православие можеби му дадовме една наивна надворешна карактеристика, но во сите пресудни моменти умеевме да покажеме дека ја сфативме и усвоивме неговата суштина. И ние умееме да бидеме длабоко човечни, да бидеме херои, да се жртвуваме, и, по примерот на Спасителот, да страдаме за правдата.

    Да размислиме длабоко, што, всушност, се случило на денешниот ден. Божик ни најмалку не е обичен, традиционален празник. На денешен ден се случило она, кое во Вселената не се случило ни пред, ни потоа. Се случило нешто, кое не може да се спореди со ништо, ниту, пак, може да се смести и вброи со сите останати настани од светот, кои се случиле во текот на историјата. Се случило нешто, кое не може да се покори на ниту едно правило и ниту на еден закон. Тајната на денешниот ден не може да биде сфатена од она срце, во кое нема љубов, ниту, пак, од оној разум, во кој не пребива Божјата благодат. Денес во мало човечко тело се роди Оној, Кој е причина за секое раѓање. Денес во редот на творбите застана Оној, Кој уште пред времето ги смисли сите творби. За вистинската суштина на денешниот ден, прекрасно говори свети Јован Златоуст: „Она што праотците толку силно го посакуваа, она што пророците го претскажуваа и праведниците сакаа да го видат, токму тоа се случи денес! Бог се јави на земјата во тело и се насели меѓу луѓето. Да се зарадуваме и да се развеселиме! Јован заиграл во мајчината утроба кога Пресвета Дева Марија дошла кај Елисавета, неговата мајка. Зарем ние не треба уште повеќе да ликуваме од радост, гледајќи ја денес не само Марија, туку и својот Господ и својот Спасител!”.

    Да влеземе и ние денес со својот дух во Витлеемската пештера и да се поклониме на Богочовекот Христос. Ако со телото реално не можеме да присуствуваме во Витлеем на прекрасниот настан, тогаш, со духот сигурно можеме да се искачиме дури до небото, пред Неговиот вечен престол, онаму, каде што се поклонуваат оние исти ангели, пастири и мудреци, кои некогаш се поклонија во Витлеем. Денес и Богомладенецот Христос, преку Својот Свет Дух слегува во нас, во ризницата на нашето тело и ни носи мир и радост. Ова претставува голема Тајна: како може Бог да се спушти во човечкото тело преку Својот Свет Дух. Па, зарем сите Божји светии и праведници не го почувствувале тоа небо во себе како вистински настан, за што ни оставиле и вечни сведоштва. И сите тие светии и праведници родителски и духовно нè опоменуваат дека треба да ја очистиме пештерата од нашиот живот од секаква нечистотија и неморалност, за да може Богомладенецот Христос да се всели и во нашите духовни пештери, нашите срца, та и ние заедно со ангелските хорови да запееме: „Боже наш, Кој си роден од Дева, слава Ти во векови. Амин!“.

    Протоереј Златко Ангелески
     
    На Presque vu, Orthophill, orevokrsacka и 5 други им се допаѓа ова.
  20. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    БОГОЈАВЛЕНИЕ

    „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли доаѓаш?“

    (Матеј 3: 14)

    ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

    Во едно од своите многу Слова за големиот и спасителен празник – Богојавление, светиот и славен учител на Црквата – свети Јован Златоуст, прашува: „Знаете ли, чеда мои, зошто Богојавление не се нарекува оној ден, кога Христос се родил, туку оној ден, кога Он се крстил?“. Одговорот на ова прашање светителот го дава во понатамошниот текст од своето Слово, кога говори:

    „Денешниот ден е оној ист ден, во кој Он се крстил и ја осветил природата на водата. Заради тоа, на овој празник, по водосветот, сите земаат од светата вода и ја носат во своите домови, па ја чуваат со години и години, зашто денес се осветува природата на сите води. Чудото на осветувањето на водата е очигледно, зашто нејзината природата не се менува, и покрај многуте години на стоење, таа, сепак, и понатаму останува чиста и свежа… И зошто овој ден се нарекува Богојавление? Зашто Христос не им станал познат на сите тогаш, кога се родил, туку тогаш, кога се крстил. Сè до овој ден, Он на народот не му бил познат. А, дека народот не знаел за Него и дека не разбирал кој е Он, да го послушаме свети Јован Крстител, кој вели: Но, меѓу вас стои Еден, Кого вие не Го познавате (Јован 1: 26).

    Зарем би требало да нè чуди фактот што другите не Го знаеле, кога до тој ден не Го знаел ни самиот Крстител, зашто и самиот тој вели: Јас не Го познавав, но Оној, што ме прати да крштавам со вода, ми рече: Врз Кого видиш да слегува Духот и да останува над Него, Он е, Кој ќе крштева со Дух Свети (Јован 1: 33). Оттука се гледа дека, во суштина постојат две Богојавленија (првото, кога Он се родил, и второто, кога се крстил). А, неопходно е да кажеме зошто Христос дошол да се крсти и какво е тоа крштение, зашто мора да се знае и едното, и другото.

    Постоело јудејско крштение, кое ја чистело телесната нечистотија, но не и гревовите на совеста. Јудејското очистување не ослободувало од гревовите, туку само од телесната нечистотија. Нашето очистување не е такво. Тоа е далеку повозвишено и исполнето е со голема благодат, зашто избавува од гревовите, ја очистува душата и го дава дарот на Светиот Дух. И Јовановото крштение било далеку повозвишено од јудејското, но пониско од нашето. Тоа било слично на мост меѓу јудејското и христијанското, раководејќи од едното кон другото. Јовановото крштение не ги поттикнувало Јудејците на зачувување на телесната чистотија, туку, наместо тоа, им помагало и ги советувало да преминат од пороците кон добродетелите и надежта во спасението да ја полагаат во творењето на добри дела, а не во разни потопувања и очистувања со вода. Зашто, Јован ним не им говорел: Исперете ја својата облека! или: Измијте ги своите тела, па ќе бидете чисти! Но, што им говорел тој? Напревете плод достоен за каење (Матеј 3: 8)! Јовановото крштение било повозвишено од јудејското, но пониско од нашето, токму затоа што тоа не го дарувало Светиот Дух, ниту давало благодатна прошка: тоа заповедало покајание, но немало власт да отпушта гревови. Заради тоа и Јован говорел: Јас ве крштевам за покајание со вода… а Он ќе ве крсти со Дух Свети и оган (Матеј 3: 11). Значи, очигледно е дека Јован не крштевал со Дух.

    Кога веќе ја видовме разликата во крштението, треба да кажеме и за тоа зошто Христос се крстил и со какво крштение? Он не се крстил ниту со старото – јудејското, ниту со нашево, зашто Он немал потреба од отпуштање на гревовите. И како би можело тоа да биде потребно за Оној, Кој нема никаков грев? Он не направи грев, ниту, пак, во устата Негова се најде измама (1. Петр. 2: 22) и кој од вас може да Ме укори за неправда (Јован 8: 46) – говори Писмото. Неговото тело не било без удел во Духот, зашто, како би можело да биде поинаку, кога тоа исто Тело во почетокот е создадено од Светиот Дух? Ако, значи, и Неговото тело имало удел во Духот и ако Он бил без било каков грев, тогаш, зошто Он се крстил? Затоа, најпрво треба да знаеме со какво крштение Он се крстил, па дури тогаш сето ова ќе ни биде појасно.

    Со какво крштение се крстил Христос? Ниту со јудејското, ниту со нашево, туку со крштението Јованово. Зошто? За да се научиме сите ние, од самата природа на крштението, дека Он не се крстил како последица од гревот, ниту затоа што му бил потребен дар од Светиот Дух. Како што веќе рековме, Неговото крштение било лишено и од едното, и од другото. Оттука се гледа дека Он на Јордан не дошол ниту заради отпуштање на гревовите, ниту заради стекнување на Светиот Дух. И повторно, за никој од оние, кои тогаш биле присутни да не помислат дека и Он дошол заради покајание, како и сите останати, Јован и на тоа предупредил. Што е оној, кој на другите им говори: Направете плод достоен за каење!, а Нему Му рече: Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли доаѓаш? (Матеј 3: 8-14). Ова го рекол за да покаже дека Он не дошол од истата причина, со која дошле останатите, и дека Он е толку многу далеку од потребата да се крсти, зашто е многу повозвишен и неспоредливо почист и од самиот Крстител. Тогаш, зошто Христос се крстил, ако тоа не го направил ниту заради покајание, ниту заради стекнување на дар од Светиот Дух? Христос се крстил од други две причини, од кои за едната говори ученикот, додека за другата Самиот Он му говорел на Јован.

    Која е причината за крштението, која ја спомнал Јован? Онаа, за Христос да им стане познат на многумина, за што говорел и апостол Павле: Јован крштеваше со покајно крштевање, велејќи му на народот да верува во Оној, Кој иде по него (Дела 19: 4). Тоа било крајот на крштението. Доколку апостолите би го посетувале домот на секого и на сите им го покажувале Христа пред вратите, говорејќи: овој е Божјиот Син, тогаш таквото сведочење би предизвикало сомнеж и тоа би било премногу тешко. Исто така, и да Го земеле Христа и да Го однесле во синагогата и таму да Го покажеле, и таквото сведочење би предизвикало сомнеж. Меѓутоа, бидејќи целиот народ од градовите пристигнал на Јордан и престојувал на бреговите на реката, каде што и Он Самиот дошол да се крсти, а од небесата добил сведоштво преку гласот на Отецот и слегувањето на Светиот Дух во вид на гулаб, тогаш сето ова направило никој да не посомнева во Јовановото сведочење за Него. Заради тоа Јован и вели: Јас не Го познавав, покажувајќи го своето сведоштво како достојно за верување. Тие биле роднини по тело, но за да не посомнева никој дека Јован сведочи за Него заради сродството, благодатта на Светиот Дух устроила својот претходен живот Јован да го помине во пустината, за да не се посомнева дека тој сведочи заради пријателство или некаква друга досетка. Меѓутоа, Јован за Него објавил онака, како што од Бога бил научен: И јас не Го познавав. А како Го позна? Оној, што ме прати да крштевам со вода, ми рече: Врз Кого видиш да слегува Духот и да останува над Него, Он е, Кој ќе крштева со Дух Свети (Јован 1: 33).

    Гледате ли дека Светиот Дух не слегол онака, како што првиот пат слегол врз Него, туку со Своето слегување во вид на гулаб, како со прст укажува на проповеданиот, покажувајќи им Го на сите. Од таа причина Христос дошол да се крсти. А, постои и друга причина, за која токму Он Самиот говорел. Која е таа причина? Кога Јован рекол: Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли доаѓаш?, Он му одговорил: Остави го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда (Матеј 3: 14-15). Го забележуваме ли расудувањето на слугата? Го гледаме ли смиреноумието на Господарот? Што значат зборовите: да ја исполниме секоја правда? Правда се нарекува исполнувањето на сите заповеди, како што е речено: И обајцата беа праведни пред Бога, постапувајќи според сите заповеди и повелби Господови без погрешка (Лука 1: 6). Бидејќи таа правда требало да ја исполнат сите луѓе, но никој од нив во целост дотогаш не ја исполнил, Христос дошол на земјава и ја исполнил.

    Некој ќе речи: во што се состои правдата, доколку некој се крсти? Покорувањето на пророкот значело правда. Како што Христос бил обрезан, како што принесол жртва, како што ја почитувал саботата и јудејските празници, така го присоединил и ова останатово – покорноста кон пророкот кој крштевал. А, дека било Божја волја тогаш сите да се крстат, да послушаме што говори за тоа свети Лука: И сите луѓе, што слушаа, па и митниците, Му благодареа на Бога дека се беа крстиле од крштавањето Јованово, а фарисеите и закониците го отфрлија советот Божји за нив, и не се крстија од него (Лука 7: 29-30). Според тоа, ако покорувањето на Бога значи правда, а Бог го испратил Јован за да го крсти народот, тогаш Христос, покрај сè останато што го бара Законот, го исполнил и ова. Да замислиме дека заповедите од Законот чинат одредена сума и дека нашиот човечки род бил должен да го отплати тој долг. Меѓутоа, ние, кои сме биле обвинети, не сме го отплатиле, заради што власта над нас ја презела смртта. Кога Христос дошол на земјава и видел дека сме под власт на смртта, го исплатил долгот, го извршил она што прилегало и ги оттргнал оние, кои не можеле да го вратат долгот. Освен тоа, Он не рекол: би требало да го направиме тоа и тоа; туку рекол: треба да ја исполниме секоја правда. Врз Мене е, рекол Он, како на моќен Господар, да платам за оние, кои немаат.

    Ете, тоа е причината за Неговото крштевање, за да можеме да видиме дека Он ги исполнил сите заповеди од законот. Заради тоа и Духот слегол во вид на гулаб, зашто, каде што е измирувањето со Бога, таму е и гулабот. Гулабот и во Ноевата арка ја донесол маслиновата гранка, како знак на Божјото човекољубие и избавување од несреќата. И денес во вид на гулаб, а не во телесен вид (нешто, што треба посебно да го забележиме), слегува Духот и ѝ ја покажува на вселената Божјата милост, истовремено покажувајќи дека духовниот човек треба да биде незлобив, прост и невин, како што говори и Христос: Ако не се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во Царството небесно (Матеј 18: 3). Кога престанала несреќата, Ноевиот ковчег останал на земјата, додека овој Ковчег – Христос, кога се смирил гневот, се вознесол на небото и седнал од десната страна на Бог Отец. Нему Му припаѓа сила и поклонување, заедно со Отецот и Светиот Дух, сега и во векови. Амин!

    Протоереј Златко Ангелески

    БОГ СЕ ЈАВИ!!!
     
    На Presque vu, korisnichka, Rama и 2 други им се допаѓа ова.