1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес е христијанскиот празник:

Дискусија во 'Религија' започната од Snow-Queen, 19 август 2012.

  1. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Преподобен Антониј Велики

    [​IMG]ПРЕПОДОБЕН АНТОНИЈ ВЕЛИКИ

    „Со воздржание и цврсто трпение си го посрамил противоборецот и непријателот, и целата негова гордост…“

    (Од вториот седален на Утрената)

    ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

    „Во историјата на православното монаштво, со својот живот засветлиле многу водачи, но ненадминлив раководител во исполнувањето на подвижничките правила бил сефалниот Антониј“. Со овие зборови, блажениот Теодорит се обидувал да ни го опише духовното богатство, кое се криело во пустините уште за време на својот земен живот, преподобниот Антониј, наречен уште и Велики, заради големата светост на својот живот. Со длабоко почитување и со благоговение за него говореле уште и блажениот Августин, и свети Јован Златоуст, но и неговиот современик и пријател на преподобниот – свети Атанасиј Велики. А, пак, еден руски подвижник, кој се удостоил да ги посети местата во пустината каде што се подвизувал преподобниот, запишал: „Павле Тивејски и Антониј Египетски за Христовата Црква се она, што за Египет се пирамидите“.

    Многу време е потребно за да се изложи поучниот ангелоподобен живот на овој голем подвижник. Денес ќе имаме можност да се потсетиме на еден расказ, кој доволно сведочи за ангелскиот живот на преподобниот, како и за однесувањето кон него од ангелскиот невидлив свет. „Великиот меѓу сите совршени отци, Антониј прозорливиот, кој поминал низ сите бесовски искушенија, имаше можност честопати со своите телесни очи да ги гледа ангелите и бесовите, како се борат за придобивка на човечките души, трудејќи се да го насочат човекот секој на својата страна. Тој беше толку велик и висок во своите добродетели, та дури можеше да им досадува и да им се потсмева на нечистите духови, многупати и натажувајќи ги заради нивниот пад од небото и заради осудата дека ќе бидат во вечните маки“. Вака го започнува расказот за свети Антониј Велики, големиот руски подвижник свети Димитриј Ростовски, во еден свој древен Отечник. И, ете, еднаш, се вели во Отечникот, два беса се советувале меѓу себе за својата судбина. Едниот од нив го прашал другиот, кој се викал Зерефер: „Што мислиш, ќе ни прости ли Господ нам, ако се обидеме да се покаеме?“. „А да го прашаме за ова Антониј, одговорил Зерефер, тој од нас не се плаши и можеби ќе ни даде некаков одговор“. „Па, тогаш оди ти прашај го, му одговорил собеседникот на Зерефер, но внимавај, зашто тој може да го почувствува твоето искушување“. Бесот-искушувач се согласил, па заминал во пустината да го праша великиот Антониј. Но, на прозорливиот старец овојпат од Бога не му било допуштено да ја претчувствува бесовската итрост. Зерефер се преобразил во човек, па во лик на покајан грешник пристапил кон преподобниот и со солзи во очите почнал лукаво да го испрашува: „Оче свети, јас не сум човек, туку заради своите гревови повеќе заличив на ѓавол. Затоа, помоли се, оче свети, Господ да ти открие тебе, дали ќе го прими покајанието од таков грешен ѓавол, каков што сум јас и од сличните на мене“. Не насетувајќи ја итроста на лукавиот, старецот му ветил дека ќе ја исполни неговата прозба. „Оди си дома, а јас утре ќе ти кажам што ми одговорил Господ“. Старецот, според својот обичај, се молел цела ноќ. И ете, нему му се јавил ангел Господов кој му рекол: „Зошто ти се молиш за бесот. Тој тебе те искушува. Но, сепак, ти немој да тагуваш заради тоа што Господ допушти да паднеш во едно вакво искушение, зашто таква беше премудрата Божја волја. На ваков начин Господ посака да ти открие дека грешниците, во колку големи и тешки гревови да паднат, никогаш не треба да очајуваат за своето спасение, така што, дури и самиот ѓавол ако се обрати кон Господа со вистинско покајание, тогаш Господ ќе му прости и нему. А сега, кога ќе дојде повторно ѓаволот кај тебе за да го добие одговорот, ти кажи му дека Господ е многумилостив и никогаш не го одвраќа своето лице од покајаниот грешник, па дури тоа да е и самиот ѓавол. Кажи му дека Господ ќе го прими и неговото покајание, само ако го исполни она, кое ќе му биде заповедано. А, потоа, речи му од името на Господа: Вака вели Господ. Јас знам кој си ти, ти си древната злоба и не можеш да бидеш нова добродетел; ти, кој си свикнат да живееш во гордост, можеш ли да се смириш во покајание? Но, за да немаш оправдување во денот на сеопштиот суд дека некогаш си посакал да се покаеш, а Господ не го примил твоето покајание, еве вака гласи Господовата заповед: Три години ќе стоиш на едно исто место, свртен кон исток, и ноќе и дење ќе викаш со силен глас вака: Боже, помилуј ме мене, древната злоба! Ова ќе го кажеш стопати. Потоа со силен глас ќе ја кажеш втората молитва: Боже, спаси ме мене помрачената прелест! И ова, исто така, ќе го кажеш стопати. И на крај, исто така, стопати ќе извикаш: Помилуј ме мене, мерзоста на запустението! Откако ќе ја исполниш оваа заповед со смиреномудрие, тогаш ќе бидеш примен во твојот прв чин, кој некогаш си го имал и ќе бидеш вброен со Божјите ангели“.

    Откако му го кажал ова на преподобниот Антониј, ангелот постанал невидлив. Утрото, пред келијата на преподобниот, пристапил искушувачот, поклонувајќи се пред старецот со лажно смирение, па со солзи го очекувал одговорот. Великиот Антониј му одговорил: „Јас се молев за тебе на Господа Бога, и Господ вети дека ќе го прими твоето покајание, ако ти ја исполниш следната заповед, која Господ ти ја дава“. Тогаш преподобниот му кажал на ѓаволот што бара Господ од него. Откако го ислушал сето тоа, Зерефер со злобно смеење и со горделиво негодување му рекол на старецот: „Ако јас сакав да се нарекувам древна злоба, помрачена прелест и мерзост на запустението, тоа можев да го направам многу одамна. Па сега ли бараш од мене јас така да се наречам? Никогаш и никогаш ти тоа нема да го дочекаш од мене. Јас сум господар над грешниците, па зарем сега ти бараш од мене да се понижам? Никогаш и никогаш…“. Откако го рекол тоа, лукавиот зашумил, се изгубил во воздухот и постанал невидлив. Тогаш старецот паднал на молитва и заблагодарил на Господа за Неговата голема милост кон своите творби, говорејќи: „Навистина, Господи, се исполнија Твоите зборови дека, древната злоба никогаш не може да биде нова добродетел“.

    „Ова, драги мои браќа, не се трудевме напразно да ви го раскажеме, – го заклучува својот расказ светиот Димитриј Ростовски, – но со цел да ја согледате големата Господова благост и благоутробие, зашто, ако Господ е подготвен да го прими и ѓаволот, доколку се покае, тогаш колку повеќе ќе нè прими нас, луѓето, за кои дури и Својата Крв на крстот ја изли“.

    Не гледајќи на добрината и на Божјата милосрдност, самиот ѓавол, по својата гордост, не сака и не може да се обрати кон Бога со покајание. Злобната гордост и себељубието претставуваат пречка и за човекот да не може да падне во покајание и да го достигне спасението. Затоа, да се плашиме и да бегаме од сатанската гордост, за да не останеме непокајани грешници и да не бидеме осудени на вечна пропаст. Амин!

    Протоереј Златко Ангелески
     
    Последна измена од модератор: 30 јануари 2018
    На Presque vu, Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  2. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Православната Црква на 22 март (9 март по стар стил) го одбележува споменот на 40-те севастиски маченици, ден кој меѓу народот е популарен како Младенци. На тој ден, според старата народна и црковна традиција, сопружниците (младенците) што стапиле во брак во текот на минатата година, во својот дом пречекуваат гости, кои им носат подароци и на тој начин тие им помагаат на брачниците во започнувањето на нивниот заеднички живот.
    Кое е значењето на овој празник и каква е неговата конекција со бракот? За да одговориме на ова прашање, треба да го проанализираме значењето на овој празник и поимање на бракот во Црквата, па да го најдеме заедничкиот именител на овие две нешта. Токму во него се крие возвишениот теолошки концепт на таа врска, зашто тука, да разјасниме, не станува збор за бесмислен народен обичај, иако такви ги има многу во народното сознание.
    Подвигот на мачеништвото
    40-те маченици пострадале на почетокот од 4 век и култот на нивното почитување започнува уште оттогаш, за што сведочи и беседата на св. Василиј Велики, произнесена во денот на нивниот спомен, неколку децении по нивното мачеништво. Според мартириологот, за време на страдањето на мачениците, во еден момент се појавиле венци над нив како символ на небесната награда за нивниот подвиг.
    [​IMG]
    Во првите векови мачеништвото за Христа бил масовен феномен; речиси сите апостоли својот живот го завршиле со насилна смрт, а во првите три века речиси нема епископ на Црквата кој не пострадал маченички. Воопшто, станува збор за милиони знајни и незнајни личности, кои со својата смрт Го посведочиле Воскреснатиот Христос. А што, всушност, претставува мачеништвото? Христос рекол: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој и нека Ме последува! Зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби животот свој заради Мене, тој ќе го спаси. Зашто, каква му е ползата на човека, ако го добие целиот свет, а себе самиот се упропасти или си направи штета?“ (Лк 9,23-25). Мачеништвото, во оваа смисла, е подражавање par excellence на Христа, Кој беше распнат заради нас и нашето спасение.
    Бог, според учењето на Црквата, во Христа ја воипостазира човечката природа, та преку воплотувањето таа да биде исцелена (спасена). Бог во Христа го исполни она што првиот човек не успеа и затоа за Исуса говориме дека е нов Адам (види Рим 5,12-21). Но, бидејќи овој свет е паднат и изопачен од гревот, а Бог е совршена Љубов и Смирение, затоа Божествената Љубов во овој свет не можеше поинаку да се манифестира, освен преку Крстот. Затоа што Бог го преобразуваше светот, победувајќи го злото со совршено добро (сп. Рим 12,21), зашто само на тој начин можеше да се стави крај на злото, оти, како што рекол Честертон, ако на злото му се враќа со зло, кога тој циклус воопшто ќе заврши. Христос, совршената Љубов Божја, не враќајќи му на злото со зло ја претрпе крсната смрт, но бидејќи таа Љубов беше посилна од смртта, на крајот следуваше и Воскресението од мртвите, а таа Христова победа му се дарува на секој оној што Го последува Него.
    Словенскиот збор маченик претставува превод на грчкиот термин μάρτυρ, што значи сведок. Мачениците заради Христа биле сведоци на Воскреснатиот Христос, на Неговата победа над смртта, сведоци на преобразувањето на смртта во Христа, преку Кого таа станува Пасха, премин во животот на царството на славата. Еве како св. Василиј зборува за тоа: „Сега ние ликуваме кога умираат преподобните. Бидејќи природата на жалоста се измени по Крстот Господов. Смртта на светиите веќе не ја придружуваме со плач, туку околу нивните гробови се радуваме со божествена радост. Имено, смртта за праведникот е сон или, подобро речено, премин во подобар живот. Затоа мачениците ликуваат кога ги колат. Желбата за најблажениот живот ја умртвува болката на колењето. Маченикот не гледа на опасноста, туку на венците.“
    Расудувајќи вака, можеби ќе се запрашаме: а зар да се следи Христа, мора да го завршиме животот со маченичка смрт? Воопшто не. Во погоре наведените Христови зборови, одрекувањето од сопствениот живот и носењето на крстот, заради здобивање на спасението, не треба да го сфатиме како повик на самоегзекуција. Тука станува збор за уништување на ултимативниот грев, коренот на сите други гревови – гордоста и на сите негови деривати: егоизмот, солипсизмот и високото мислење за себеси, а не одрекување од радоста на животот. Имено, во таа смисла е овде носењето на крстот: во победата над себеси во името на Христа, во откажувањето од својата гревовна волја, која се противи на совршената Божја волја, т.е. во стекнувањето на опозитот на гордоста – смирението. И тоа е мачеништво, крст, по кој следува воскресение. За неопходноста од смирението, еве како говори еден од најголемите боговдахновени аскети на нашето време, св. Силуан Атонски: „На смирената душа Господ ѝ ги открива Своите тајни. Целиот живот светиите се смирувале себеси и се бореле со гордоста. И јас се смирувам себеси ден и ноќ, и сѐ уште не се смирив како што треба, туку преку Духот Свет мојата душа го позна Христовото смирение, на кое Он ни заповеда да се научиме од Него, и мојата душа непрестајно се стреми кон Него… О, Христово смирение, колку е тоа слатко и пријатно. Тоа се наоѓа само во ангелите и светите души, а ние треба да се сметаме за полоши од сите, и тогаш Господ ќе ни даде и нам да го познаеме Христовото смирение преку Духот Свет… Каква е нашата радост, што Господ не само што ни ги простува гревовите, туку ѝ на душата и дава да Го познае Него, само кога таа ќе се смири. Секој последен бедник може да се смири и да Го познае Бога преку Духот Свет. Не се потребни ниту пари, ни имот, за да се познае Бога, туку само смирение. Господ Се дава Себеси бесплатно, само по милоста… На многу, поради гордоста на нивниот ум, Господ не им дава да Го познаат, а тие сепак мислат, дека многу знаат. А колку вреди нивното знаење, ако не Го знаат Господа, не ја знаат благодатта на Светиот Дух, не знаат како таа доаѓа и зошто се губи? Но да се смириме себеси, браќа, и Господ сѐ ќе ни покаже, како што љубовниот татко сѐ им покажува на своите деца…Силно верувај, дека ние страдаме само до тогаш, додека не се смириме; а штом се смириме, тогаш завршуваат маките, зашто Духот Божји заради смирението ја известува душата, дека таа е спасена.“ Но, за да се стекне смирението, потребно е многу труд и голем подвиг, и тој процес можеме да го идентификуваме како носење на крст, како мачеништво.
    Брачниот живот како via dolorosa
    Според учењето на Црквата, има два пата за стекнување на смирението, т.е. на спасението. Има два начина за да се последува Христа: монаштвото и бракот. Христијанинот треба да одбере помеѓу овие две (сп. Мт 19,10-12), а третата опција – девство во светот, светоотечкото предание не ја препорачува како многу опасна. Монаштвото и брачниот живот претставуваат испитани експерименти, на кои ако сериозно им се пристапи, водат до Царството Небесно. И двата начина обезбедуваат поволна атмосфера за стекнување на смирението: монахот целосно се откажува од својата волја, предавајќи се на послушание кон својот старец, а брачникот е постојано во ситуација да го лимитира своето јас, во полза на другиот.
    Отец Александар Елчанинов прекрасно ја опишува човечката димензија на светата тајна брак, во која, како во оган, се претопува егоизмот: „Бракот е просветување, мистерија. Во него се случува потполно изменување на човекот, се раширува неговата личност, се добиваат нови очи, ново чувство за животот, преку него човекот се раѓа во светот во нова полнота. Но, индивидуализмот на нашето време во бракот создава особени тешкотии. Нивното преодолевање укажува дека двајцата вршат сознателни усилби за градење на бракот… Философијата на семејните кавги: честопати кавгите произлегуваат од прекорите на жената, што тешко се восприемаат од страна на мажот, макар тие прекори и да се правилни (самољубие). Треба да се разјасни од каде се тие прекори: често тие доаѓаат од желбата на жената да го види својот маж подобар, отколку што е тој навистина, од преголемото барање од него, т.е. од нејзиното идеализирање. Во таквите случаи, жената претставува совест на својот маж и така и треба да се восприемаат тие прекори. Мажот, особено во бракот, е наклонет да се опушти и да се успокои на емпириската даденост. Жената го оттрга од неа и од мажот очекува повеќе. Во таа смисла, постоењето на семејните судрувања, колку тоа и да е чудно, претставуваат доказ за остварениот (а не само на проектираниот) брак, и во тој нов човек, слеан од двајца, жената ја игра улогата на совест. Еве зошто меѓу блиските луѓе кавгите понекогаш се дури и полезни – во огнот на кавгата изгорува целото ѓубре на навреди, недоразбирања, понекогаш долго време натрупувано. И после взаемното објаснување и исповед настапува чувство на полна јаснотија и спокојство – сѐ е разјаснето, ништо не претставува бреме. Тогаш се разврзуваат возвишените способности на душата и, комуницирајќи взаемно, се достигнува потполна еднодушност и едномислие.“
    Во истиот контекст, говорејќи за бракот како за крст, современиот руски теолог протоѓаконот Андреј Кураев на еден досетлив, но реален начин го уподобува него на космичка катастрофа. „Под тој термин во астрономијата се подразбира судар на два ѕвездени система. Замислете си, си било еднаш едно сонце по име Иван. Околу тоа сонце кружеле планети: тато, мама. По подалечните орбити – дедовци и баби. Понекогаш на гости прелетувале комети – чичковци и тетки… А во соседниот влез растело друго сонце по име Тања. Со сопствен планетарен систем. И во еден момент тие се сретнале… Секое од тие сонца се навикнало да биде центар на својот систем, околу кој сѐ се врти. Но, тука веќе тој треба да се премести. И наскоро таму и ново сонце ќе засветли, и толку – ти самиот си веќе само планетичка… Тешко е да се прими во својот живот друг човек. Тешко е да ги удвоиш сопствените нервни завршетоци, па болката и радоста на другиот да ги восприемаш како свои… Патот на бракот е тежок по самата своја суштина, зашто да создадеш семејство – тоа значи да пустиш друг човек во самата срцевина на својот живот, да живееш не само заради себе, да загубиш некаква автономија. Во таа смисла, секоја сериозна љубов, а уште повеќе бракот, се сродни на самоубиство: човекот престанува да живее за себе и во себе, и почнува да живее за другиот. Тоа е многу тешко и многу болно. И овде Црквата е чесна – затоа и таа говори, дека семејниот пат по себе е маченички. И при венчавањето врз главите на младите се полагаат токму маченички венци. Дека венците се маченички станува јасно од зборовите што се пеат во таквата пригода: ’Свети маченици, кои храбро страдавте и се овенчавте, молете се на Господа да се спасат душите наши‘.“
    Имено така се восприема бракот во христијанството. Заедно со монаштвото, тој е еден од начините со кој ние можеме да го здобиеме спасението на душата. Во нашето општество, кое во голема мера го има изгубено црковното сознание, постои аверзија кон монашкиот начин на живот. Тоа е така, затоа што номиналните христијани не можат да го разберат него, бидејќи тие расудуваат со категориите на секуларниот, дехристијанизиран ум. И не можат да ја видат радоста, со која се исполнети монасите, затоа што Бог за нив не претставува предмет на нивната љубов, што значи дека таа радост за нив е непозната. А нивното преферирање на брачниот живот се базира само врз вообичаената претстава за брачната среќа: телесната љубов, потомството и т.н. Но, оние што Го познале Бога вистински, што дозволиле да бидат допрени од Неговата љубов, за нив Он претставува врвното нешто за што жеднее нивната душа. И во таа смисла, за христијаните што живеат во подвиг, и двата начина се тешки, така што нема некоја особена разлика меѓу нив, туку секој го избира оној пат што му соодветствува. Кој од овие два пата е потежок? Еве што вели Кураев: „Јас знам монаси, кои тргнале по патот на монаштвото, затоа што почувствувале таков религиозен поттик, така што тие решиле да не се премислуваат повеќе; тие го зеле оној крст, кој им се чинел како најтежок… Во исто време знам и монаси, кои го избрале тој пат врз спротивни препоставки. На пр., еден мој сокласник во Богословијата. Кога тој предаде молба за постриг во монаштво, јас го прашав: ’Зошто реши така?‘ Тој одговори: ’Едноставно се знам себеси. Јас сум слаб човек. Нема да успеам истовремено да им служам и на семејството и на Црквата. А навистина сакам да ѝ служам на Црквата. Затоа за мене тоа претставува полесен пат. Јас го избирам, затоа што би сакал да успеам да го сторам најважното во животот‘. Има луѓе, за кои брачниот пат би им бил потежок, отколку монашкиот пат. А има луѓе со поинакво устројство на душата. Маченичката символика ја има и во чинот на венчавање, и во монашкиот живот… Семејниот живот не е само медениот месец. Би било голема измама да се мисли, дека чувството на првичната вљубеност ќе се зачува за цел живот. На негова смена треба да дојдат некакви поинакви, многу подлабоки односи, отколку романтичните чувства на првите денови.“
    Но, од ова не треба да заклучиме дека брачниот живот е исполнет само со мачнини и болка. Споменатиот отец Александар во своите „Записи“ ќе напише: „Во бракот празничната радост на првиот ден треба да се продолжи на цел живот; секој ден треба да биде празник, секој ден мажот и жената треба да бидат нови и необични еден на друг. Единствениот пат за тоа е задлабочувањето на духовниот живот и на двајцата, работата над себеси.“ Значи, сѐ зависи од самите брачници; колку и да е среќен бракот, сепак, неминовни се оние ситуации кога секој од нив ќе мора да ја крши својата гордост, затоа што во брачната заедница нема место за егоцентризам. Но, тој брачен крст поради љубовта се носи со радост. За таквото сугубо значење на љубовта пее еден познат христијански поет: „Кога љубовта ќе ве повика, следете ја, иако нејзините патишта се тврди и стрмни… Бидејќи, како што љубовта ве крунисува, така и ќе ве распнува. Бидејќи, колку ви помага да растете, толку и ве потсекува… Како снопови од жито таа во себе ве собира. Таа ве толчи за да ве оголи. Таа ве сее за да ве ослободи од вашите лушпи. Таа ве меле додека не побелите. Таа ве меси додека не станете еластични, а потоа ве става на својот свет оган, за да станете свет леб на Божјата света гозба. Сево ова љубовта ќе би го направи за да ги дознаете тајните на своето срце и според тоа знаење да станете парче од срцето на самиот Живот.“
     
    На LegallyBlonde13, korisnichka, P.S.love и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.037
    Пол:
    Женски
    Православните Христијани денес го слават празникот Цветници, последното влегување на Исус Христос во Ерусалим.

    cvetnici-2.jpg

    Влегувањето во Ерусалим, откако го воскресна четиридневно погребениот Лазар, е мигот на најмногубројното и најрадосното препознавање во Него Господ и Спасител. Исус влегува во престолнината на осле, според старозаветното пророштво. Ова е уште еден од многубројните знаци по кои би можеле да Го препознаат, но сепак овој знак не го разбраа ниту Неговите ученици. Многуброен народ наслушна дека ќе дојде, па го дочекаа со палмови гранчиња во рацете. Значи, ги слекуваа облеките од себе постилајќи ги пред Него и во восхит возвикнуваа вдахновено: Осана! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово, Царот Израилев! Дури и некои од дојдените Елини на поклонение за Пасха пристапија и молеа да Го видат. Единствено свештенството и фарисеите се озлобија готвејќи се да Го погубат брзо, а мислеа да го убијат и Лазар кој сведочеше за Неговата сила и за Неговото Божество. И повторно Господ се труди да им го открие Својот идентитет на насобраните и да ги подготви за најблиската иднина и за смислата на оваа мисија и нејзините искушенија. Всушност, кога им се обраќа со словото за Крстот, тие тогаш го губат знаењето за Него како за Цар и Христос, тогаш им се затвара умот за словото и за Писмата. Цветници се празнуваат во неделата пред Воскресение. Претставуваат сигурно најдраматичниот празник меѓу Дванаесетте големи празници на Црквата. Го ознауваат почетокот на најтешката седмица во историјата на човештвото, којашто аскетското трезвеноумно познание на човековата природа ја нарекува „Страстна“.
     
    На Presque vu, LegallyBlonde13, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  4. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    [​IMG]ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – ВЕЛИГДЕН

    „Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи,

    и на оние во гробовите, живот им подари!“

    (Тропар на празникот)

    ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

    ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

    Колку се прекрасни и необични зборовите со кои денес се поздравуваме за увото и срцето на секој христијанин! Исполнети се со сила и живот, исполнети се со радост и необична милост. Дали некогаш на земјата се имаат слушнато слични зборови, кои би имале толку необично дејство за срцето и човечката душа, кои толку силно би ги потресле и толку длабоко би ги возбудиле.

    Христос воскресе! Воскресна Оној, Кој од лукавиот ученик беше предаден на смрт; воскресна Оној, за Кого злобните јудејци измолија крст кај Пилат; воскресна Оној, Кој беше распнат на Голгота меѓу двајца злосторници; воскресна Оној, чиј гроб беше запечатен и опколен со стража; воскресна како Бог, подигнувајќи го од гробот Своето пречисто и нераспадливо тело, соединувајќи го повторно со Својата бесмртна душа; воскресна од мртвите во третиот ден, како што претскажаа уште од порано светите и божествени книги. Затоа денес се весели небото и се радува земјата, се радува сиот видлив и невидлив свет. Сиот човечки род денес го прославува Христовото Воскресение. Сите христијани денес ликуваат и се радуваат со воскреснатиот Бог и Спасител, зашто, навистина, овој ден го создаде Господ, за да се радуваме и веселиме во него.

    Христос воскресе! Чие срце од овие зборови нема да се распламти со небесен оган, кој не согорува, туку просветува, кој не гори, туку оживува? Кој го разгорува тој небесен оган во нашите срца кога ги слушаме зборовите : Христос воскресе!? „Зар не гореа срцата наши, кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Писмото?“ (Лука 24: 32), така расудувале Христовите ученици, кога Го познале воскреснатиот Господ, сеќавајќи се на разговорот со Него. Пред да им се отворат очите, тие Го познаа, бидејќи срцата им беа загреани, чувствувајќи го во себе светоносното дејство на Господа, кое им се јави. Зарем денес нашите срца не се загреани со тој ист оган, кога ја чувме веста за Христовото Воскресение? Зарем не се загреани заради тоа што воскреснатиот Господ со светлината на Својата животворна благодат се допре до нашите срца?

    Христос воскресе! Каков е тој свет, каде што се приближува нашата душа славејќи го воскресението? Тоа е невидливиот свет, ангелскиот свет, тоа е небесниот Ерусалим, Црквата на Живиот Бог, составена од совршените членови во светоста на нашата земна Црква. Зарем службените духови, кои се определени да им служат на оние, што ќе го наследат спасението (спореди: Евр. 1: 14) нема да земат живо учество во секое славење на нашето спасение? Зарем можат да не земат активно учество во нашето славење најблиските, по својата природа, членови на небесната Црква, кои заминаа од нас, но не ги прекинаа своите врски со нас? Затоа, не е никакво чудо, ако кај воскреснатиот Господ се сретнуваме со невидливата светлина, исто онака, како што кај истото место се сретнале жените мироносици со ангелите; не е чудо, зашто ангелите го воспеваат Воскресението во исто време, кога пееме и ние на земјава, па дури и пред нас. Денес небото и земјата, видливиот и невидливиот свет го празнуваат Христовото издигнување, зашто предметот на празнување е заеднички, и радоста е заедничка, па заради тоа е целосна и совршена. Радоста на земјата одекнува на небото и таму ја зголемува радоста, и радоста на небото одекнува на земјата во срцата на оние кои веруваат и им ја зголемува радоста, поклонувајќи им сведоштво на единство на невидливиот со видливиот свет.

    Христос воскресе! Што има поубаво после тоа, кога тие прекрасни зборови, издигнувајќи го христијанскиот дух од земјата кон небото, од смртта кон животот, во него создаваат небо, во него поттикнуваат нов и поубав живот, кој се изразува во чувството на внатрешно единство со сите кои веруваат; во чувство на најжива љубов, која ги прегрнува сите без исклучок – блиски и далечни, богати и сиромаси, познати и бедни, пријатели и непријатели? Ништо не може да се спореди со чувството кое го произведуваат зборовите со кои денес се поздравуваме. Тие зборови, како молња, во еден миг го заобиколуваат целиот свет и сите се воодушевуваат со една мисла, со една надеж, со една љубов. Насекаде, и во палатаите, и во колибите, меѓу ближните и далечните, меѓу господарите и слугите, насекаде се разлева поздравот: Христос воскресе! и насекаде се слуша отпоздравувањето: Навистина воскресе!, насекаде сè диши со радост, се гледа љубовта и се чувствува животот!

    Христос воскресе! Тоа е плод од семето на нашето спасение, посеано уште во рајот, а воедно, тоа е плод на семето и за нашето идно спасение. „Ете, Христос воскресна од мртвите и со тоа стана првина за умрените. Бидејќи смртта дојде преку човекот, така и воскресението од мртвите стана преку човек. И како што по Адама сите умираат, така и во Христа сите ќе оживеат“ (1. Кор. 15: 20-22), а тоа е одговор кој најубаво ги задоволува сите прашања и човечки очекувања. Кој и во колкава мерка ќе ја разбере најдлабоката смисла, која се содржи во зборовите: Христос воскресе!, тој во исто толкава мерка ќе ја разбере и големата тајна на Божјата грижа за нашето спасение.

    Но, зошто, треба да се раширува кругот на размислувања за спасителните дејства кои во нас ги предизвикува радосната вест за Христовото Воскресение, кога секој од нас, повеќе или помалку, може да ги почувствува? Треба само да се посакува и да се молиме на Бога само за едно, тие дејства да не бидат моментални, туку да бидат трајни и постојани во целиот наш живот. Треба да се посакува, светлината и животот, кои денес се појавиле и се родиле во нашиот ум и срце, никогаш да не се намалат, никогаш да не згаснат, туку постојано да се хранат и негуваат со вера и љубов, сè до нашиот гроб и до нашето воскресение. На таков начин, радоста, која денес ја чувствуваме во заедницата со воскреснатиот Господ, со Црквата небесна и земна, ќе биде наша постојана радост, која ќе ни послужи како почеток и залог за онаа постојана радост, која ќе настапи по нашето воскресение во царството на славата. Само на таков начин има смисла денес да се слави Христовото Воскресение и да се пее во слава на Воскреснатиот Христос: Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари!

    ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

    НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

    протоереј Златко Ангелески
     
    На Presque vu, kuc, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  5. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Светол (Источен) Петок – Балаклија

    источен.петок.балаклија.jpg

    Светол Петок [Παρασκευή Διακαινησίμου], познат и како Источен петок – Балаклија, е петокот од Светлата седмица. Овој ден е посветен на прославувањето на Пресвета Богородица, која во богослужбите на Светлиот петок е наречена и Животоносен Источник [Ζωοδόχος Πηγή]. Востановувањето на овој празник се случило во чест на чудата кои се случувале на изворот кој се наоѓал покрај храмот „Животоносен источник“, посветен на Пресвета Богородица, во близината на Цариград. Храмот бил изграден по залагањето на царот Лав Велики [5 век]. Според преданието, уште додека не бил цар на Византија, во ближната шума Лав наишол на еден слеп човек, кој го довел до изворот на кој го измил и му дал да пие од водата, по што слепиот прогледал. Кога станал цар, на местото каде што се случило чудото, ѝ изградил храм на Пресвета Богородица, во знак на благодарност кон неа. Набргу после тоа, многуброен народ започнал да доаѓа во тој храм од сите страни, барајќи и наоѓајќи лек за многуте болести. Меѓу нив бил и подоцнежниот цар Јустинијан I [6 век], кој примајќи исцеление на тој извор, го обновил и проширил храмот кој бил срушен по земјотресот. Царевите Василиј I Македонец [9 век] и неговиот син Лав VI Мудриот [9-10 век] повторно го обновувале храмот и изворот, од кои се точеле голем број исцеленија за народот и византиската аристократија. Во синаксарот на овој празник се спомнуваат многубројните исцеленија, но и воскресението на еден мртовец, како чуда кои се случиле на храмовиот извор. Кон овој извор прибегнувале и исцеление добивале болните од беснило, тумори и рак, грозница, неплодност, како и болните од очни и душевни болести. Историјатот на оваа светиња и денешниот празник го запишал Никифор Калист во 14 век. На иконата на празникот се слика Богородица со Богомладенецот, над изворот, кон кој притекнуваат слепи и хроми луѓе, цареви и свештеници. Манастирските извори [источници] со питка вода најчесто се посветени на овој празник. Постои традиција секоја година на овој ден, по отслужената Литургија и молебен кон Богородица, да се изврши и мало осветување на вода, со која верните ќе се мијат за да добијат исцеление од многуте болести со кои се соочуваат.
     
    На Presque vu, orevokrsacka, Bitter-Sweet и 2 други им се допаѓа ова.
  6. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Преп. Марија Египетска; св. Мелитон Сардиски

    Марија Eгипeтска

    Живoтoписoт на oваа прeкрасна свeтитeлка гo напиша св. Сoфрoниј патријархoт Eрусалимски. Нeкoј јeрoмoнах, старeцoт Зoсим, сe oддалeчил eднаш вo Чeсниoт Пoст вo задјoрданската пустина на дваeсeт дeна oдeњe. Oдeднаш здoглeдал eднo чoвeчкo битиe, сo сувo, гoлo тeлo и сo кoса бeла какo снeг, кoe сe пушти да бeга oд oчитe на Зoсима. Старeцoт дoлгo трчал, дoдeка тoа битиe нe прилeгналo вo eдeн пoтoк и нe викналo: “Авва Зoсимe, oпрoсти ми заради Гoспoда, нe мoжам да ти сe oбратам, oти сум жeна гoла!” Тoгаш Зoсим ѝ ја дoфрлил свoјата гoрна мантија (расoтo); таа сe загрнала и му сe јавила. Старeцoт бил уплашeн слушнувајќи гo свoeтo имe oд устата на нeпoзнатата жeна. Пo нeгoвoтo дoлгo настoјувањe, жeната му гo раскажала свoeтo житиe. Таа била рoдeна вo Eгипeт и oд свoјата дванаeсeтта гoдина пoчнала да живee развратнo вo Алeксандрија, и вo разврат пoмина пoлни 17 гoдини. Гoнeта сo тeлeсниoт блудeн oган, таа сeдналаа eдeн дeн на лаѓа штo плoвeла кoн Eрусалим. Пристигнувајќи вo свeтиoт град, сакала и таа да влeзe вo црквата да му сe пoклoни на Чeсниoт Крст, нo нeкoја нeвидлива сила ја задржувала и нe ѝ давала да влeзe. Вo гoлeм страв таа пoглeднала вo икoната на Прeсвeтата Бoгoрoдица вo припратата и ѝ сe мoлeла да ѝ дoпушти да влeзe и да гo цeлива Чeсниoт Крст, испoвeдувајќи ја грeшнoста и нeчистoтата свoја, и вeтувајќи дeка пoтoа ќe oтидe таму кадe штo Свeтата Прeчиста ќe ја упати. Тoгаш ѝ билo дoпуштeнo да влeзe вo црквата. Oткакo гo цeливала Крстoт, излeгла пoвтoрнo вo припратата прeд икoната и ѝ благoдарила на Бoгoрoдица, нo вo тoј миг чула глас: “Акo гo прeминeш Јoрдан, ќe најдeш дoбар мир!” Таа вeднаш купила три лeба и тргнала за Јoрдан кадe штo пристигнала истата вeчeр. Утрeдeнта сe причeстила вo манастирoт на св. Јoван и ја прeминала рeката. Вo пустината прoживeала цeли 48 гoдини, вo прeгoлeми маки, вo страв, вo бoрба сo страснитe пoмисли, какo и сo диви ѕвeрoви. Сe хранeла сo зeлјe. Пoтoа, кoга стoeла на мoлитва, Зoсим ја видeл какo стoи вoздигната вo вoздухoт. Таа гo замoлила идната гoдина да ѝ дoнeсe oд свeтитe Дарoви на брeгoт на Јoрдан, а таа ќe дoјдe да сe причeсти. Идната гoдина Зoсим дoшoл сo свeтитe Дарoви навeчeр, на брeгoт на Јoрдан, нo сe чудeл какo свeтитeлката ќe гo прeминe Јoрдан. Вo тoј мoмeнт видeл на мeсeчината дeка таа дoшла крај рeката, ја прeкрстила рeката и тргнала пo вoдата какo пo сувo. Кoга ја причeстил, таа гo замoлила идната гoдина да дoјдe вo истиoт пoтoк кадe штo првпат сe видeлe. Зoсим oтишoл и гo нашoл нeјзинoтo тeлo мртвo на тoа мeстo, а над главата на пeсoкoт билo напишанo: “Пoгрeби гo, авва Зoсимe, на oва мeстo тeлoтo на смирeната Марија, прeдај гo правoт на прав, сe прeтставив на 1 април вo самата нoќ на спасoнoснoтo Христoвo страдањe пo причeстувањeтo сo бoжeствeнитe тајни”. Oд oвoј напис Зoсим гo дoзнал нeјзинoтo имe, и другo и страшнo чудo, дeка таа минатата гoдина oнаа истата нoќ кoга сe причeстила стигнала вo тoј пoтoк, дo кoј тoј мoрал да патува 20 дeна. И така Зoсим гo пoгрeбал тeлoтo на чудната свeтитeлка Марија Eгипeтска. А кoга сe вратил вo манастирoт, ја раскажал цeлата истoрија на нeјзиниoт живoт и чудата, штo тoј личнo ги видeл oд нeа. Така, Гoспoд знаe да ги прoслави пoкајанитe грeшнички. Свeта Марија сe спoмeнува уштe и вo пeттата нeдeла на Чeсниoт Пoст. Црквата им ја истакнува на вeрнитe какo примeр на пoкајаниe. Сe упoкoила oкoлу 530 гoдина.

    Св. Мeлитoн eп. Сардиски, вo Мала Азија.

    Пoзнат пастир на Црквата oд II вeк. Владeeјќи сo гoлeма учeнoст, тoј сe трудeл да ги сoбeрe ситe книги наСвeтoтo писмoвo eдeн кoдeкс. А пo свoјата крoткoст и благoчeстиe сe трудeл, пак, да внeсe мир вo Црквата Лаoдикиска, разбранувана сo спoрoт oкoлу празнувањeтo на Пасхата. Oсвeн тoа, гo бранeл христијанствoтo прeд нeзнабoжцитe. Така, oкoлу 170 гoдина патувал вo Рим и му пoднeсoл на царoт Маркo Аврeлиј eдна писмeна апoлoгија (oдбрана) на вeрата и Црквата христијанска. Oвoј учeн, благoчeстив и рeвнoсeн маж, св. Мeлитoн, сe упoкoил мирнo вo Гoспoда вo 177 гoдина.

    Прeп. Прoкoпиј Чeх

    Рoдeн e вo Хoтиш вo Чeхија oд пoзнати рoдитeли. Пoстанал свeштeник и сe oддалeчил вo планина да живee пo примeрoт на истoчнитe пустиници. Хeрцeг Улрих случајнo гo нашoл и му пoмoгнал да гo oснoва манастирoт на св. Јoван Прeтeча при рeката Сазава. Oвoј свeт маж сe упoкoил вo 1053 гoдина.
     
    На Presque vu и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  7. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Томина недела

    tomina.jpg

    Неделата по Велигден е наречена Томина недела, но и Нова недела, Антипасха. Нова недела се нарекува, затоа што почетокот на сите недели започнува од неа. Таа е прва недела по Пасха, и прв пат по Пасха се обновува празнувањето на светлото Христово Воскресение. Апостолското правило гласи: „Осум дни по Велигден повторно нека ви биде чесен празник, во кој неверниот апостол Тома се увери во воскресението“. Имено, по воскресението Христово, кога Христос им се јавил на апостолите да ги утеши и увери во Своето воскресение, светиот апостол Тома не бил присутен. Подоцна, тој посакал Христос да му се јави за и него, за да го увери во воскресението. Осум дни по Пасха, апостолот Тома [наречен и Близнак] своето неверие го заменил со вера, кога неговите сомнежи ги отклонил самиот Господ, Кој влегувајќи низ затворена врата во собата во која апостолите биле собрани на молитва, го повикал Тома да ги допре Неговите рани. После таа случка, апостолот извикал: „Господ мој и Бог мој!“. Денот е наречен и Антипасха, но не со значење „ден на безбожниците“, односно антипасхалистите. Зборот „анти“ не значи само против, туку исто така и кон, наместо. На овој ден завршува осмодневното славење на Воскресението Христово. Многу свети отци, како св. Јован Златоуст и св. Августин Ипониски, како и шпанската монахиња Етерија која во 4 век престојувала во Ерусалим, го сведочеле ова празнување. Богослужебно, Томина недела е „мала Пасха“: се служи речиси истата Пасхална литургија. Покрај главната тема за исповедањето Томино [„Господ мој и Бог мој!“], спомнуваме и за славното слегување на Исус Христос во адот, каде на умрените им ја објавува Својата победа над гревот и смртта, и Своето вечно прославување [1 Пт. 3,18-19]. Поредокот на службата за овој ден, е сличен и со поредокот на службите на Дванаесетте Господови празници, само без паримии, но со литија и стихири. Од овој ден повторно се совршуваат молитви за упокоените, по прекинот од Лазарева сабота [од овој период на условна забрана изземени се четириесетдневните парастоси]. Во понеделникот кој следи се служат парастоси на гробовите, преку кои живите членови на Црквата како да го празнуваат Воскресението заедно со нејзините упокоени членови. На парастосите и погребенијата сè до одданието на Велигден, наместо трисвето се пее пасхалниот тропар. Во Византија, од Пасха до Антипасха не се случувале коњски трки, ниту пак било кои други игри. Оние кои се крштевале на Велика Сабота се облекувале само во бела боја, по што од овој ден продолжувале да се облекуваат вообичаено [секојдневно].
     
    На Presque vu, kuc и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Св. апостол и евангелист Марко

    Апостоле свјатиј и евангелисте Марко, моли милостиваго Бога да прегрешениј оставление подаст душам нашим.

    [​IMG]
    Му беше сопатник и помошник на апостолот Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Кога Марко беше во Рим со Петар, верните го замолија да им ја запише спасоносната наука на Господ Исус, Неговите чуда и Неговиот живот. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар. Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Мисир. Така тој беше првиот проповедник на Евангелието и првиот епископ во Мисир. Мисир беше сиот притиснат од густиот мрак на незнабоштвото, гатањето и злобата. Со Божја помош Свети Марко успеа да го посее семето на Христовата наука низ Ливија, Амоникија и Пентапол. Од Пентапол, воден од Духот Божји, дојде во Александрија. Таму успеа да ја заснова Црквата Божја, да постави епископ, свештеници и ѓакони и с ѐ добро да утврди во благочестивата вера. Својата проповед ја потврдуваше со големи и многубројни чуда. Кога незнабожците подигнаа обвиненија против него, како против разорувач на нивната идолопоклоничка вера, а градоначалникот почна да трага по него, тој побегна повторно во Пентапол и таму продолжи да го утврдува своето поранешно дело. После две години Свети Марко, на голема радост на верните чијшто број во меѓувреме се умножи, се врати во Александрија. Тогаш го фатија незнабожците, цврсто го врзаа и почнаа да го влечат по калдрмите викајќи: „Да го повлечеме волот во оборот!“ Сиот ранет и искрвавен го фрлија во затвор. Овде најнапред му се јави ангел небесен и го храбреше и го крепеше. Потоа му се јави Самиот Господ Исус и му рече: „Мир на тебе, евангелисту Мој!“ А Марко Му одговори: „И на тебе, Господи мој, Исусе Христе!“ Утредента злочестивите луѓе го извлекоа од затворот и повторно го влечеа по улиците, извикувајќи го истото: „Да го повлечеме волот во оборот!“ Сиот измачен и истоштен Свети Марко изусти: „Во Твоите раце, Господи, го предавам мојот дух!“ и издивна. Неговите свети мошти беа чесно погребани од христијаните. Со векови им даваат исцеленија на луѓето од маките и од болестите.
     
    На melnicanecot, La.loca, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  9. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    2.437
    Пол:
    Женски
    Преображение Господово.

    Ни посакувам на сите што повеќе мигови,во кои ќе не допре Божјата светлина и ќе ни ги преобрази и зајакне срцата.
     
    На cresa-jagoda, carangigia, afrodita94 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.311
    Пол:
    Машки
    Амин
     
    На Rama, Orthophill и sonuvana им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.687
    Допаѓања:
    42.873
    Пол:
    Женски
    Света Богородица.
    За многу години нека ни е празников.Ви посакувам мир, здравје и среќа.:l:
     
    На Rama, Petra777, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  12. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.311
    Пол:
    Машки
    [​IMG]✝️УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА. За многу години!!!

    40282008_10212453186430375_8418455849453748224_o.jpg
     
    На kuc, Rama, orevokrsacka и 8 други им се допаѓа ова.
  13. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    За многу години празникот :angel:
     
    На Rama, orevokrsacka, Petra777 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    6.301
    Пол:
    Женски
    Успение на Пресвета Богородица :l:
    За многу години празникот, да имаме мир и многу здравје. Среќна слава на сите кои го слават овој празник и среќен именден. :) :f:
     
    На Rama, orevokrsacka, Valentina.Vaki и 7 други им се допаѓа ова.
  15. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.386
    Допаѓања:
    5.845
    Крстовден.

    Нека им е честит и за многу години на оние што го слават.
     
    На Rama, carangigia, ЕденЧлен и 3 други им се допаѓа ова.
  16. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    За многу години денешниот празник Крстовден.
     
    На Rama, carangigia, ЕденЧлен и 2 други им се допаѓа ова.
  17. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Денес е празник на Вера, Љубов, Надеж и мајка им Софија.

    Нека ни се напомош на сите:angel:
     
    На Rama, Orthophill, carangigia и 3 други им се допаѓа ова.
  18. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.943
    Допаѓања:
    28.792
    Пол:
    Женски
  19. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    531
    27.10 – Преподобна Параскева Петка Епиватска

    Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски.

    По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе Света Петка во долгата низа години?

    На старост еднаш ѝ се јави ангел Божји и ѝ рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“

    Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата возљубена пустина и се врати во Епиват. Тука таа поживеа уште две години, повторно во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век.

    Два века по нејзиното претставување пред Господа, Цариград и околината беа под владеење на папските крстоносци. Во 1238г. благочестивиот бугарски цар Јован Асен ги пренесе моштите во својата престолнина во Трново, каде беа свечено дочекани и положени во придворната црква. Од нив се точеа секакви исцеленија на оние кои со вера им пристапуваа.
    Кога турскиот султан Бајазит го зазеде Трново, моштите на св. Петка беа пренесени во Валахија; а кога Турците ја освоија и Валахија, моштите беа пренесени во Белград.

    Во 1521г. султан Сулејман II го освои Белград и ги пренесе моштите на св. Петка во Истанбул, во неговите палати. Моштите продолжија да точат исцеленија, и овој пат светителката се прославуваше не само меѓу христијаните, туку и меѓу муслиманите. Овие пак, боејќи се дека поради чудата на светителката може да биде загрозена муслиманската вера, ги предадоа нејзините мошти во Вселенската патријаршија.

    Штом благочестивиот молдавски војвода Василиј Лупул узна дека моштите на преподобната се наоѓаат во патријаршиската црква во Истанбул, со голема вера и љубов Му се помоли на Господа тие да се пренесат во неговата православна држава. Оваа негова желба ја потпомогна Господ, Кој во срцето на Цариградскиот Патријарх Партениј благослови мисла за благонаклоност кон молдавскиот господар. Тогаш патријархот, во согласност со целиот свештен собор и другите пресвети патријарси, ги испрати чесните мошти на преподобната Парскева во престолниот град на војводата Василиј, Јаши. Таму, со големо торжество и огромна радост на цела Молдавија, моштите на св. Петка беа положени во црквата на светите Три светители на 27 октомври 1641 година, каде до ден денес се наоѓаат. FB_IMG_1540560222520.jpg
     
    На Orthophill, sonuvana, La.loca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Денес 18. октомври (31. по нов стил) светата Православна Црква ги празнува:
    1. Светиот апостол и евангелист Лука, лекарот и првиот иконописец. Благодарение на неговото дело - Светото Евангелие и Дејанијата на светите апостоли, знаеме како архангелот Гаврил и` ја соопшти најрадосната вест на Дева Марија, која во тој миг стана Пресвета Богородица, како беше зачнат свети Јован Крстител, детали за детството на Господ и Спасител наш Иисус Христос, но и за светото Вознесение и слегувањето на Светиот Дух врз апостолите.
    2. Светиот Константин Кавасила, архиепископот Охридски на Јустинијана Прва и на цела Бугарија. Овој велик маж на Црквата се прослави како достоен наследник на најблажениот Димитриј Хоматијан. Познат е по тоа што ги дополнувал богослужбените последованија на светите Климент и Наум Охридски и ја напишал службата на светите Петнаесет Тивериополски маченици.
    3. Свети Петар митрополит Цетински и господар на Црна Гора и Брдата. Голем светител и ревнител за верата православна меѓу племињата кои живееле во неговата митрополија и неговата држава. Успевал да ги помирува меѓусебно закрвавените племиња. Неговите свети и нетрулежни мошти го чекаат Второто Христово Доаѓање и Воскресението на мртвите во Цетинскиот храм.
    По нивните свети молитви, Господ Иисус Христос да не` спаси и помилува!
     
    На sonuvana, La.loca, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.