1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес е христијанскиот празник:

Дискусија во 'Религија' започната од Snow-Queen, 19 август 2012.

  1. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ КОЗМА И ДАМЈАН

    a-43.jpg

    Светите бесребреници Козма и Дамјан биле браќа, родум од Азија. Нивниот татко бил многубожец, а мајка им по име Теодотија – христијанка. По смртта на нејзиниот маж останала вдовица, која што своето време го поминувала во усрдно служење на Христа, посветувајќи го целиот свој живот во угодување на Бога. Таа била како онаа вдовица која што ја величал апостолот: „вистинска вдовица… која што откако останала сама, се надева на Бога, пребивајќи во молитва дење и ноќе“. Живеејќи богоугодно, Теодотија ги научила на тоа и своите возљубени чеда Козма и Дамјан, воспитувајќи ги во доброто поучување во христијанската вера, во изучување на Светото Писмо и во секоја добродетел.

    Кога станале полнолетни и се утврдиле во непорочниот живот во Господовиот закон, Козма и Дамјан биле како два светилника на земјата, коишто светеле со добри дела. Тие го добиле од Бога дарот на исцелението и дарувале здравје на душите и телата, лекувајќи секаква болест, исцелувајќи секаков недостаток и секаква нечистотија помеѓу народот и изгонувајќи ги злите духови. Им помагале не само на луѓето, но и на животните. Од никого не земале ништо, бидејќи сето тоа го правеле не за печалба, не за збогатување со злато и сребро, но заради Бога, сакајќи преку љубовта кон ближниот да ја изразат својата љубов кон Него. Преку исцеленијата тие ја барале не својата слава, но Божјата, и исцелувајќи ги луѓето за прослава на името на Господа, Тој им дарувал сила за исцеление. Тие избавувале од болестите не дотолку со билки, туку со името на Господа, без пари и награда, туку дарум, исполнувајќи ја Христовата заповед: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“. Затоа го добиле од верниците името „бесребрeници“, оние кои не земаат сребро за лечење.

    Откако ги преминале добродетелно пречките на својот земен живот, мирно и благочестиво починале. Се прославиле со многу чудеса, не само за време на својот живот, но и по својата смрт, како големи застапници и добри исцелители на нашите болести, душевни и телесни.

    За нив постои следното предание:

    Една жена, по име Паладија, многу години лежела болна и не добивала никаква помош од најразлични лекари. Кога чула дека светите Козма и Дамјан исцелуваат секакви болести, таа испратила молба до нив да ја посетат пред нејзината смрт. Светиите ја примиле нејзината молба, отишле во нејзиниот дом и таа жена веднаш добила исцеление, според нејзината вера, со самото доаѓање на светите лекари кај неа станала од креветот здрава, славејќи Го Бога, Којшто им дарувал на Своите слуги таква благодат за исцеление.

    Од благодарност кон своите лекари за стореното благодејание таа посакала да им даде подарок. Но тие никогаш не земале ништо од никого, затоа што не ја продавале благодатта, која што ја имале од Бога. Жената имала намера да го убеди барем едниот од нив да прими од неа макар и најмал дар: таа зела три јајца и тајно отишла кај свети Дамјан и го заколнала во Бога да ги земе од неа тие три јајца во името на Света Троица. Дамјан, кога го чул името на Триединиот Бог, го примил од жената тој мал дар, заради великата клетва, со која што го заколнала. Свети Козма, откако разбрал за тоа, многу се натажил и пред својата смрт дал завет да не го погребаат свети Дамјан близу до него, бидејќи тој ја нарушил Господовата заповед и зел од жената награда за исцелението.

    Свети Козма починал во Господа, а дошол часот на смртта и на Дамјан и тој се претставил од земниот живот во вечниот. Луѓето, бидејќи не знаеле каде да го погребат Дамјан, затоа што знаеле за заветот на свети Козма и не смееле да го положат брат му близу до него. Додека биле во дилема како да постапат, дошла една камила, којашто пред тоа била бесна и добила исцеление од светителите. Таа проговорила со човечки глас да не се колебаат да го погребат Дамјан близу до Козма, бидејќи тој ги зел трите јајца од жената не заради награда, но заради Божјото име. Така нивните чесни мошти биле положени заедно во местото Фереман.

    Еднаш, во време на жетва, еден од месните жители излегол на својата нива да жнее. Изнемоштен од жегата, тој посакал да се одмори и отишол под дабот, легнал и длабоко заспал. Додека спиел, преку неговата отворена уста влегла змија. Откако се разбудил, земјоделецот не почувствувал никаква болка и одново почнал да работи на својата нива. Но вечерта, кога се прибрал дома и по вечерата си легнал, почувствувал страшна болка бидејќи змијата започнала да ја раскинува неговата внатрешност. Од неподносливите страдања започнал да вика и ги разбудил сите домашни. Тие дошле кај него, и гледајќи ги неговите страшни измачувања, не можеле да му помогнат со ништо. Тие дури не можеле да разберат каква е таа болест. Тогаш болниот, откако не добил никаква помош од околните, прибегнал кон брзите свети помошници Козма и Дамјан и воскликнал: „Свети лекари Козма и Дамјане, помогнете ми!“ Светителите веднаш побрзале со својата помош: болниот заспал длабоко, и за време на сонот змијата излегла од неговата уста. Сите, кои што го виделе тоа чудо, се згрозиле и ги прославиле светите угодници. Кога змијата излегла, мажот се разбудил и со помошта на светите бесребреници оздравел целосно.

    Во тоа место имало друг маж по име Малх. Тој живеел близу до храмот на светите лекари Козма и Дамјан во Фереман. Имајќи намера да тргне на долг пат, тој ја однел својата жена во храмот и ѝ рекол: „Ете, јас тргнувам на далечен пат, а тебе те доверувам на закрилата на светите Козма и Дамјан; остани дома, додека не ти испратам знак за себе, којшто ти ќе го познаеш дека е мој. И ако посака Бог, потоа ќе те земам кај мене“. Откако ја доверил својата жена на светителите, Малх тргнал на пат. По неколку дена ѓаволот примил образ на еден познат човек, и откако дошол кај жената, го покажал тој знак, кој што ѝ го покажал нејзиниот маж, и ѝ рекол: „Ти го праќам знакот и ќе те земам кај мене“. „Твојот маж – рекол тој – ме испрати да те доведам кај него“. Жената одговорила: „Го познавам тој знак, но не сакам да отидам, затоа што сум доверена на светите Козма и Дамјан, и ако сакаш да дојдам со тебе кај мојот маж, дојди со мене во храмот на светителите, допри се до крајот на олтарот и заколни се, дека нема да ми сториш никакво зло по патот“. Ѓаволот ветил и, откако влегол со неа во храмот, се фатил за крајот на олтарот, се заколнал и рекол: „Се колнам во силата на светите Козма и Дамјан, нема да ти сторам никакво зло по патот, но ќе те одведам кај твојот маж“. Откако ја чула клетвата, жената поверувала на лажниот бес, којшто се јавил под ликот на нивни познаник, и тргнала со него на пат. Измамникот ја завел на пусто и непроодно место со намера таму да ја повреди и убие. Кога се видела во крајна опасност, таа ги кренала очите кон небото и од целото свое срце извикала кон Бога: „Боже, по молитвите на Твоите светители Козма и Дамјан, помогни ми и побрзај да ме избавиш од рацете на овој убиец!“ И веднаш се појавиле брзите помошници, светите бесребреници Козма и Дамјан. Ѓаволот, кога ги видел, ја оставил жената и побегнал, а кога се искачил на високиот брег, тој паднал во пропаста и исчезнал, а светителите ја зеле жената и ја одвеле дома. Таа им се поклонувала и велела: „Ви благодарам, господари мои, што ме избавивте од горчлива погибел. Ве молам, кажете ми, кои сте вие, за да знам кому да му оддавам благодарност до крајот на својот живот“. Тие одговориле: „Ние сме Христовите слуги Козма и Дамјан, на коишто те довери твојот маж, пред да тргне на пат, па затоа побрзавме кон тебе на помош и по Божјата благост те избавивме од ѓаволот“. Кога го чула тоа, жената паднала на земјата од страв и радост, а светителите станале невидливи. И таа воскликнувала, восхвалувајќи и благодарејќи Му на Бога и на Неговите свети слуги Козма и Дамјан. Кога дошла во храмот, паднала со солзи пред иконата на светителите и им раскажувала на сите за тоа што се случило, односно, за тоа како Господ покажал милост кон неа по молитвите на Своите угодници, и се молела со овие зборови: „Боже на нашите отци Авраам, Исаак и Јаков и нивното праведно семе! Ти си ја угасил огнената печка за трите момчиња, Ти си ѝ помогнал на Својата слугинка Текла пред мачителите; Ти благодарам, што ме избави и мене, грешната, од ѓаволската мрежа, преку Своите угодници, светите Козма и Дамјан. Ти се поклонувам Тебе, Којшто вршиш величествени и преславни чуда, и Те славам Тебе, Отецот и Синот и Светиот Дух во веки. Амин.

    Тропар, глас 8:

    Свети бесребреници и чудотворци, Козма и Дамјане, посетете ги нашите немоќи, дарум добивте, дарум давајте ни.
     
    На orevokrsacka, sonuvana, afrodita94 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – БОЖИЌ

    Божиќ.jpg

    „Мудреците… штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; а кога ги отворија своите ковчежиња, Му принесоа дарови: злато, ливан и измирна“ (Матеј 2: 11) ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ! Денешниот празник на Христовото раѓање е еден свечен ден, кога секој вистински верник ја доживува својата исконска врска со изворните вистини и убавини на нашата Православна вера. Денес е ден, кога човечката душа доаѓа во допир со Богомладенецот Христос, допир со небесниот Бог Отец, Кој Го испрати Својот Син во овој свет, но допир и со Животворниот Божји Дух, Кој носи радост во човечките срца. Таа радост е посебна Божиќна радост, кога возрасните и децата се исто, кога во секоја душа се повторува Тајната на Богораѓањето во верата, во радоста, во единството на сите генерации, кои се повикани во Божјо синовство. Како што во наследните гени човекот ги прима „биографиите“ на сите свои предци, така и во јадрото на секоја жива душа, засветлуваат сите вистини, од кои и заради кои постои овој чудесен Божји свет. Животот е скриен, но и откриен продолжеток од Вечноста кон вековите. Затоа Божик не е само памтење на Евангелието, туку и прочитување на вечната Вистина за Небото и за нас. Големата Тајна на денешниот празник, раката на богонадарениот уметник ја овековечила на светата празнична икона, која денес го благоукрасува нашиот храм. На таа икона можме да ја видиме и Ѕвездата, која ги предводи Мудреците и им го покажува вистинскиот пат до Богомладенецот, тука се стадата заедно со своите кротки овчари, потоа вечерниот оган, а тука е и ѕвезденото небо од зимската палестинска ноќ. Но, над сè и пред сè, тука е онаа величенствена порака од Небото над јаслите од Богомладенецот: „Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја“ (Лука 2: 14). Доколку не беа напишани Евангелијата, доволно ќе беше да ја запаметиме оваа порака, зашто од неа можеме да изведеме сè што е кажано во светите Евангелија. Кога мудреците, а заедно со нив и источните народи, Го прифатиле Спасителот Христос за свој Бог и кога Му се поклониле, тие како подарок донесоа злато, ливан и смирна. Кога Го прифатија Елините, како подарок ја донесоа својата наука и својата философија. Кога Го прифатија Римјаните, како подарок ја донесоа својата идеја за поредок и организација. Но, кога нашиот скромен и простосрдечен народ го прифати Богомладенецот Христос за свој Спасител и Искупител, како подарок донесе божикна слама, чист пченичен леб, а пред сè, топло, искрено и за големи нешта способно срце. Ние на нашето Православие можеби му дадовме една наивна надворешна карактеристика, но во сите пресудни моменти умеевме да покажеме дека ја сфативме и усвоивме неговата суштина. И ние умееме да бидеме длабоко човечни, да бидеме херои, да се жртвуваме, и, по примерот на Спасителот, да страдаме за правдата. Да размислиме длабоко, што, всушност, се случило на денешниот ден. Божик ни најмалку не е обичен, традиционален празник. На денешен ден се случило она, кое во Вселената не се случило ни пред, ни потоа. Се случило нешто, кое не може да се спореди со ништо, ниту, пак, може да се смести и вброи со сите останати настани од светот, кои се случиле во текот на историјата. Се случило нешто, кое не може да се покори на ниту едно правило и ниту на еден закон. Тајната на денешниот ден не може да биде сфатена од она срце, во кое нема љубов, ниту, пак, од оној разум, во кој не пребива Божјата благодат. Денес во мало човечко тело се роди Оној, Кој е причина за секое раѓање. Денес во редот на творбите застана Оној, Кој уште пред времето ги смисли сите творби. За вистинската суштина на денешниот ден, прекрасно говори свети Јован Златоуст: „Она што праотците толку силно го посакуваа, она што пророците го претскажуваа и праведниците сакаа да го видат, токму тоа се случи денес! Бог се јави на земјата во тело и се насели меѓу луѓето. Да се зарадуваме и да се развеселиме! Јован заиграл во мајчината утроба кога Пресвета Дева Марија дошла кај Елисавета, неговата мајка. Зарем ние не треба уште повеќе да ликуваме од радост, гледајќи ја денес не само Марија, туку и својот Господ и својот Спасител!”. Да влеземе и ние денес со својот дух во Витлеемската пештера и да се поклониме на Богочовекот Христос. Ако со телото реално не можеме да присуствуваме во Витлеем на прекрасниот настан, тогаш, со духот сигурно можеме да се искачиме дури до небото, пред Неговиот вечен престол, онаму, каде што се поклонуваат оние исти ангели, пастири и мудреци, кои некогаш се поклонија во Витлеем. Денес и Богомладенецот Христос, преку Својот Свет Дух слегува во нас, во ризницата на нашето тело и ни носи мир и радост. Ова претставува голема Тајна: како може Бог да се спушти во човечкото тело преку Својот Свет Дух. Па, зарем сите Божји светии и праведници не го почувствувале тоа небо во себе како вистински настан, за што ни оставиле и вечни сведоштва. И сите тие светии и праведници родителски и духовно нè опоменуваат дека треба да ја очистиме пештерата од нашиот живот од секаква нечистотија и неморалност, за да може Богомладенецот Христос да се всели и во нашите духовни пештери, нашите срца, та и ние заедно со ангелските хорови да запееме: „Боже наш, Кој си роден од Дева, слава Ти во векови. Амин!“.

    ХРИСТОС СЕ РОДИ!
     
    На Rama, sonuvana, melnicanecot и 9 други им се допаѓа ова.
  3. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.311
    Пол:
    Машки
    received_533766150462828.jpeg
     
    На Rama, sonuvana, carangigia и 5 други им се допаѓа ова.
  4. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Навистина се роди!
    За многу години!
     
    На Rama, sonuvana, carangigia и 3 други им се допаѓа ова.
  5. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Мир во душата и радост во срцето! Среќен Божиќ:angel:
     
    На kuc, Rama, sonuvana и 5 други им се допаѓа ова.
  6. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    531
    Водокрст, ден пред Богојавление

    На 18. јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува за големото торжество што ја очекува следниот ден. Затоа, поради важноста на јавувањето на Света Троица во водите јордански, овој ден е наречен Навечерие на Богојавление (на мак. Водокрст, Водопост), и за него е определен еднодневен пост, како воведение во празникот на Просветлението. Мерата на постот за верниците, како и за останатите пости, се определува индивидуално, по силите на верникот и по благослов на духовникот, а сѐ во склад со Преданието. Богослужбите на овој ден го пресликуваат поредокот на навечерието на Рождеството Христово – Бадник. Се богослужат Царски часови, како и голема вечерна со Василиева Литургија. После входот со Евангелие и молитвата „Светлино тивка“ се читаат тринаесет паримии, затоа што во раната Црква токму на овој ден, и во овој дел од Литургијата се покрстувале сите огласени што претходно се подготвувале за Свето Крштение. Поредокот на остатокот на богослужбата го следи поредокот на Василиевата Литургија. По задамвоната молитва се преминува кон Голем водосвет, по кој сите верни се поросуваат со осветената вода, и пијат од неа. Црковниот гениј предупредува дека никој не треба да отстапи од вкусувањето на осветената вода, затоа што поради благодатта на празникот се осветува сета природа и сета твар, и човекот треба да земе учество во оваа Тајна.

    Постои благочестиво предание на овој и утрешниот ден со осветената вода да се попрскаат домовите на верниците, пеејќи го тропарот на Богојавление. Оваа, и водата осветена утре, се користи преку целата година, за по нејзината моќ здравите да се укрепат, болните да се исцелат, демоните да се изгонат, непријателите да се одвратат и секое добро од Бога да се добие.
     
    На Rama, kuc, ЕденЧлен и 3 други им се допаѓа ова.
  7. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    varhijereji32.jpg Син на некој ѓакон од градот Мелитопол. Уште како дете добро ги помнеше зборовите на Евангелието и се трудеше да ги исполни. Се насели покрај едно езеро каде што ловеше риба, ја продаваше и им делеше на сиромасите. По Божја Промисла го избраа за епископ Лампсакиски. Го очисти градот од незнабоштвото, ги затвори идолопоклоничките храмови, изгради многу цркви и го утврди благочестието. Со молитва лечеше секаква болест, а особено имаше власт над злите духови. Еднаш кога сакаше да изгони зол дух од некој луд човек, злиот дух го молеше да не го изгонува. „Ќе ти дадам друг човек, во него влези и живеј“, му рече Партениј. „Кој е тој човек?“, праша демонот. „Јас сум“, одговори светителот. „Влези и живеј во мене!“ Кога го слушна тоа демонот побегна како од оган викајќи: „Кај можам да влезам во Божјиот дом?!“ Свети Партениј поживеа долго и својата обилна љубов кон Господ и кон луѓето ја покажа на дело. Во вечниот покој на Христос се пресели во VI век.

    *Да ни е здрав и жив игуменот отец Партениј, св.Јован Бигорски.:angel:
     
    На Rama, Orthophill, orevokrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  8. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    За многу години Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица ! Мир и спокој во сечиј дом, радост, љубов, добрина, човечност и здравје!
    golqma_bogorodica.jpg
     
    На simonna.a, melnicanecot, Rama и 9 други им се допаѓа ова.
  9. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.835
    Допаѓања:
    2.073
    Neka e cestit praznikot na Golema Bogorodica neka donese Mir , zdravje, srekja i beriket.
     
    На simonna.a, sjdgo, La.loca и 4 други им се допаѓа ова.
  10. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.641
    Пол:
    Женски
    Денеска е Крстовден.
    Празник во којшто царот Константин и царицата Елена ги пронајдоа трите крста откога го распнале Исуса.Ги пронајдоа кога го рушеа храмот на божицата Венера,внатре во темелите.Имаше покојник кој виде чудо од крстот Господов.Бидејќи царицата не знаеше на кој од трите крста е распнат Исус,човекот шо му бил роднина или нешо пријател на тој покојниот човек,ја повикал царицата да ги положат крстовите врз покојниот за да видат кој е вистинскиот.Го положиле првиот,ништо.Го положиле вториот,пак ништо.Кога го положиле третиот покојниот воскреснал.
    Денес Крстовден се прославува како ден на селото,а и секако на манастирот,во село Крстоар-Битолско кај манастирот Св.Христифор.Станав уште рано зори во 5 и по часот и околу 7ипол стасав в манастир и бев на служба.
    Шо не ми се допадна?
    1.На служба бевме 30-40 души.Постарите жени што дојдоа,секој што влегуваше во манастирот и се поклонуваше пред иконата го гледаа од гла до пети и го меркаа кај ќе стој и шо прај.Трети си праеја муабет,а се држи служба.Мислам прајте си муабет,ама излезете надвор или почекајте да заврши службата барем.
    2.Се креваа колаците (лепчињата) и сите се испотуркаа да земат парче наместо мирно да си почекаат на редо,има за сите значи трпение в црква Господе Боже.
    3.Заврше шо заврше службата и одеднаш полно коли надојдоа се накотија по сите можни маси,клупи само за да кркаат и да слушаат музика и да акнат по некое орце.Греој.Еден сат два ако станавте порано ќе ви пропаднеше дено мислам,духовното не ви е битно,важно е да слушате народно в црква и да си ги наполните стомачињата.
    4.Гробот на монахињата ќе пропадни полека никој од селото не се ни трудат да го средат,а да не беше жената ќе пропаднеше манастирот.
    5.Владиката наводно слушам не одобрува да се напрај манастирот.Е добро ај ќе почекаме да падни фасадата и таванот на некој врз гла,за да ни текни дека манастирот каде што живеела Света Стефанида да се напрај.
    Зошто не ги земиме за пример грчките манастири?
    Ето Ќефалонија ко бев,таму немаше за празници музика да ечи како свадба без зет и невеста,туку фино лепо камбаната ќе те разбудеше,ќе одеше на служба,околу тебе само тишина и ќе почувствуваш внатрешен мир.
    Но,ова е Македонија.Јас не сум Горниот да судам,само да не биди премногу доцна кога ќе се освестиме.Само си кажувам мислење.
    Јас после службата си заминав дома,бидејќи не можам да трпам музика со ора чуда да ми ечи додека сум дојдена на манастир за да го прославам празнико и да си добијам мир.
    Како и да е,нека е за многу години!
    Господ да е со сите вас.
    Ве поздравувам♡
     
    На kuc, Rama, La.loca и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Ostaveniot

    Ostaveniot Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    1.905
    Пол:
    Машки
    Вчера беше Свети Матеј
    Среќна слава и именден на тие што славеа Sveti-Matej.jpg
     
    На afrodita94, P.S.love, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  12. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Машки
    Преподобен Порфириј Кавсокаливит. Старец Порфириј се родил во 1906 година во Свети Јован Каристиски, на Евија. Неговото световно име било Евангелос. На деветгодишна возраст се вработил во јагленарница, а потоа кај еден пријател на семејството во Пиреја. Татко му заминал да работи на каналот во Панама, за да го прехрани семејството. На возраст од околу 12 години, тајно тргнал сам за Света Гора. На бродот го запознал јеромонахот Пантелејмон, својот иден духовник, кој се подвизувал во ќелијата на Свети Георгиј во Кавсокаливија, Света Гора. По две години бил пострижан за монах. Поради неговата ревност, послушание и подвизи на млада возраст стекнал дар на проѕорливост. На Света Гора се разболел од пневмонија, на околу 18-годишна возраст, па затоа старците го испратиле на островот Евија за да се лечи. По кратко време бил ракоположен за свештеник на возраст од 20 години, а потоа бил произведен за духовник. Триесет и три години служел како парохиски свештеник во атинската Поликлиника, исповедајќи ги болните и сите што доаѓале кај него, често исцелувајќи ги со молитвата и со благодатта Божја. Во 1950 година се населил во напуштениот манастир посветен на свети Никола, на Пендели, а во 1979 година се населил во Милеси, Атика. Во јуни 1991 година, претчувствувајќи го својот крај и не сакајќи да биде погребан со почести, заминал во ќелијата на Свети Георгиј во Кавсокаливија, Света Гора, каде што бил замонашен пред 70 години. На 2 декември Му ја предал својата душа на Бог.[​IMG]
     
    На P.S.love, душленце, kuc и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Mamy.

    Mamy. Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Na koja data e fanurija?
     
  14. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.033
    Пол:
    Женски
    Во среда на 9 септември
     
    На Mamy. и Sahlene им се допаѓа ова.
  15. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    105.726
    Пол:
    Женски
    На 9ти септември
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  16. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Денес е Крстовден .
     
    На P.S.love му/ѝ се допаѓа ова.
  17. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1601414753868.jpg
    Свети мч-чки
    ВЕРА,НАДЕЖ и ЉУБОВ
    и мајка им СОФИЈА


    Мало житие
    .... Тие живееле и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија ушта во младоста останала вдовица, но како добра христијанка ги воспитала своите три ќерки во Христовата вера. Апостол Павле ни сведочи дека, „верата е жива претстава за она, на кое се надеваме, и докажување на она, што не се гледа“ (Евр. 11: 1), страдањето пак на овие свети маченички било преточување во живот на овие зборови?

    Имено, кога мачителската рака на Адријан се протегнала и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имала дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години.Кога биле изведени пред злочестиот цар тие држејќи се за раце смерно го гледале преслаткиот Христов лик кој постојано стоел пред нивните очи и им помагал во најтешките мигови, и мачењата кои, тие ги претрпеле, постанувале слатки и безболни, зашто имале длабока и конкретна смисла. Тие одлучно ја исповедале верата во Господ Христос и одбиле да ѝ принесат идолски жртви на Артемида.
    Пред страдањето мајката ги крепела ќерките со совети да истраат докрај. „Вашиот небесен љубител Исус Христос е вечно здравје, неискажлива убавина и живот бесмртен. И кога вашите тела ќе бидат убиени во маки, Он ќе ве облече во нераспадливост и раните на вашите тела ќе светнат на небото како ѕвезди.“
    Мачителот ги мачел со лути маки сите една по една: најпрво Вера, па Надеж, па Љубов. Ги тепале, ги сечеле, ги фрлале во оган и во врела смола и најпосле една по една ги убиле со меч. Софија ги зела мртвите тела на своите ќерки, ги однела надвор од градот и таму чесно ги погребала. Останала на нивниот гроб три дена и три ноќи молејќи Го Бога и така Му го предаде својот дух итајќи во рајските населби, каде што ја чекаа душите на нејзините блажени ќерки.

    „А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта“
    (1. Кор.13: 13)

    Честито име на сите славеници!
     
    На Bitter-Sweet, Ginger^, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Денес е Св.Софија.
    Мајка на три ќерки Вера, Надеж и Љубов.
     
  19. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.943
    Допаѓања:
    28.792
    Пол:
    Женски
  20. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Денес е Св.Игњат или попознат кај народот со изреката, каков ќе ти биде денот таква ќе ти биде цела година :)
     
    На Аргентина * и sunshinebabe им се допаѓа ова.