1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес е христијанскиот празник:

Дискусија во 'Религија' започната од Snow-Queen, 19 август 2012.

  1. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Денес е Православниот празник Богојавление - Водици.
    Водите на овој ден се осветуваат и има верување дека оној што ќе го фати Светиот Крст ќе го прати среќа целата година.

    Се празнува со зборовите : Бог се јави, Навистина се јави
     
    На P.S.love и edna_malecka им се допаѓа ова.
  2. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    162814852_5265016980206722_7450702945079841929_o.jpg
     
    На Rama, P.S.love и BY<3 им се допаѓа ова.
  3. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Денес, православните христијани со почит си спомнуваат на денот кога девојката по име Марија ја примила радосната (благата) вест од страна на архангелот Гаврил дека таа ќе зачне и ќе го роди Месијата (Христос), Спасителот на светот. Затоа овој ден е наречен БЛАГОВЕШТЕНИЕ и се празнува секогаш на денешниот датум. Пречистата девојка Марија, на Третиот Вселенски Собор на Црквата, одржан во Ефес во 431 година, била наречена Богородица.

    Самиот настан е опишан во Евангелието според Лука, 1:26-38.

    А во шестиот месец беше испратен од Бога ангелот Гаврил во галилејскиот град, по име Назарет, кај една девојка. Таа беше свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов; а името на девојката и’ беше Марија. И кога влезе ангелот кај неа, рече:
    „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!“
    А таа, штом го виде, се вознемири од зборовите негови и размислуваше што значи тој поздрав. И и’ рече ангелот:
    „Не плаши се, Марија, зашто си нашла благодат во Бога; и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус. Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давид; и ќе царува над домот Јаковов засекогаш, и царството Негово нема да има крај.“
    А Марија му рече на ангелот:
    „Како ќе биде тоа кога јас не знам за маж?“
    Ангелот и’ одговори и рече:
    „Светиот Дух ќе слезе на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји. Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неротка, и таа зачна син во староста своја; нејзе и’ е веќе шести месец; зашто кај Бога ниеден збор не останува невозможен.“
    Марија, пак, рече:
    „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!“
    И ангелот си отиде од неа.

    Во раното Христијанство, овој празник имал различни имиња: „Зачнувањето на Христос“, „Благовештение за Христос“, „Почеток на откупувањето“, „Благовештение од Ангелот на Марија“ и дури во VII век на Исток и на Запад бил наречен „Благовештение на Пресвета Богородица“.

    Слава и благодарност на Бога за се’!

    Превземено.
     
    На SeaMermaid, orevokrsacka, Orthophill и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Денес е Преображение Христово.

    “Третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но и за Неговата слава после страдањето на Крстот. За да не ги раслаби Неговото страдање та да отпаднат од Него, Он, Премудроста, сакаше пред да се случат страдањата делумно да им ја покаже Својата Божествена слава. Затоа ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и излезе со нив ноќе на гората Тавор и овде се преобрази пред нив. И заблеска лицето Негово како сонце, а облеката му побеле како снег. И се појавија покрај Него Мојсеј и Илија, големите старозаветни Пророци. И видоа учениците и се восхитија. И Петар рече: Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме три сеници: една за Тебе, за Мојсеј една, а една за Илија. Но додека Петар уште говореше, се оддалечија Мојсеј и Илија и сјаен облак ги опфати Господ и учениците и дојде глас од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го.“ Откако го слушнаа овој глас учениците паднаа ничкум на земјата како мртви и останаа така лежејќи во страв додека Господ не им пријде и рече: „Станете и не бојте се“ (Матеј 17). Зошто Господ ги зеде само овие тројца ученици на Тавор, а не сите? Зашто Јуда не беше достоен да ја види Божествената слава на Учителот, Когошто тој ќе Го предаде, а Господ не сакаше него сам да го остави под гората, та да не може предавникот со тоа да го оправда своето предавство. Зошто се преобрази на гората, а не во долината? За да н ? научи на две добродетели: на трудољубие и богомислие. Зашто искачувањето на височина бара труд, а височината ја претставува височината на нашите мисли, т.е богомислието. Зошто се преобрази ноќе? Бидејќи ноќта е попогодна за молитва и богомислие одошто денот и ноќта ја закрива со темнина целата земна убавина, а ја открива убавината на ѕвезденото небо. Зошто се јавија Мосјесј и Илија? За да ја разбијат еврејската заблуда дека Христос е некој од Пророците, Илија, Еремија или некој друг - затоа Он се јавува како Цар над пророците, и затоа Мосеј и Илија се јавуваат како слуги Негови. Дотогаш Господ многупати им ја покажуваше на учениците Својата Божествена моќ, а на Тавор им ја покажа Својата Божествена природа. Тоа видение на Неговото Божество и слушањето на небесното сведоштво за Него како за Син Божји требаше да им послужи на учениците во деновите на страдањето Господово за укрепување на непоколебливата вера во Него и во Неговата крајна победа.”

    Нека Бог ни даде силна верба и истрајност, за многу години.
     
    На SeaMermaid, Veta, Reina.Gitana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. macufkam

    macufkam Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2014
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    дали се пости или е мрсен прашувам бидејки ќерка ми се вика софиа и оваа година сакам чисто да и кршам колач бидејки има 7 месеци сакам како инендем со најблиските да го прославиме
     
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Ако е во среда или петок се пости. Во друг ден се мрси.
     
    На macufkam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. macufkam

    macufkam Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2014
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    во четврток се паѓа ,извинете на долгиот пост ама искрено не се разбирам многу
     
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Во четвртокот се мрси. Ако правите собиранка во средата вечер - се пости.
     
    На macufkam му/ѝ се допаѓа ова.
  9. macufkam

    macufkam Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2014
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    чисто на денот сакам да ги повикам блиските на еден ручек
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    значи слободно мрсно.
     
    На macufkam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    8.173
    Пол:
    Женски
    Како што веќе одговорил Ортофил, во четврток мрсно е. Честито име, да е здрава и жива!:l:
     
    На macufkam и Orthophill им се допаѓа ова.
  12. macufkam

    macufkam Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2014
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    фала ви:$
     
  13. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    https://www.facebook.com/310011705838087/posts/1869202286585680/
    Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија! Вера имала 12 години, Надеж 10, а Љубов 9 години, сите ревносни за Христа! Убаво потсетување на оние христијански вредности кои денес се повеќе од потребни.
    „А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта“
    (1. Кор. 13:13)
    Нека е за многу години, честит именден на сите кои слават :l:
     
    На IRBBB, Rama, Reina.Gitana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Денес е нашиот православен христијански празник Петровден :)
    Нека ни е на помош на сите нас. :angel:
     
    На manako1, Orthophill, SeaMermaid и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    6.015
    Пол:
    Женски
    Денеска е Успение на Пресвета Богородица.:l::) Нека ни е за многу години празникот!:)
     
    На Sky Daisy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cherry Girl

    Cherry Girl Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2023
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Сретение Господово.
    Нека е за многу години и напомош.:l:
     
    На Reina.Gitana, Orthophill и Mic18 им се допаѓа ова.
  17. bubabuba

    bubabuba Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Денес на календар е Св. Симеон, но и во септември месец на 14 семптември е Св.Симеон, кога е именден за име Симон?
    За многу години
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Машки
    Два различни празници се денеска е св.Симеон Богобрименец , а на 14.09 е преп.Симеон Столпник. И на двата дена е именден на Симон
     
    На bubabuba и Orthophill им се допаѓа ова.
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Денеска е свети Симеон Богопримец, човекот, кој во своите прегратки Го носеше Богомладенецот нашиот Господ Иисус Христос, кога Пресвета Богородица си земаше молитва. Денешниот свети Симеон беше преведувач од времето кога цар Александар Македонски (или владетелите по него) издаде наредба на елински да се преведат списите на Стариот Завет. И кога го преведувал пророштвото на светиот пророк Исаија, за тоа како Девица ќе зачне и ќе роди син, тој се возмутил и место девица го употрепил зборот млада жена. Господ му открил, дека направил грев, сомневајќи се дека Девица ќе зачне и ќе роди. Праведникот запрашал, како било тоа можно. Но, Господ му открил, дека и самиот ќе биде сведок и ќе го види тоа чудо и нема да умре, додека не Го земе Оној за Кого проповедал пророкот Исаија. Така Симеон, бил казнет да живее долг век. Кога Го зел Христа в раце, Го препознал и се израдувал што за скоро ќе си умре, и во тој спомен ја испеал химната која ја читаме секоја вечер: „Сега го отпушташ Твојот раб Владико, според Твојот збор со мир, зашто очите мои Го видоа Спасението, Кој е Светлина за откровение на народите и Слава на Твојот народ Израилот“.
    Светите Симеоновци Столпници долги години се подвизувале на стоп и така го спечалиле Царството Небесно.
    Денешниот Симеон, е неспоредливо почесен и пославен од другите свети Симеоновци, затоа денес им е именденот на сите Симони и Симеони, освен на оние кои посебно се крстени по некој од другите свети Сиемоновци.
     
    На bubabuba и Mic18 им се допаѓа ова.
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Прочка денес. Убаво е со простување да влеземе во најважниот пост. Да покажеме љубов кон блиските, но и кон сите, кои Господ ни ги пратил на патот, поточно не сме ги избрале сами, а тука се во нашите мали животи од одредена причина. Простувањето покрај љубовта е најважната христијанска порака. Сите да сте живи,здрави и благословени.
     
    На kuc и Mic18 им се допаѓа ова.