1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес е христијанскиот празник:

Дискусија во 'Религија' започната од Snow-Queen, 19 август 2012.

  1. girl.9

    girl.9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    478
    Денеска е Свети Архангел и Михаил
    честито име на михаил михаела ангел ангела и сите кои имаат име :)
     
    На AngelOfArh и rak4estip им се допаѓа ова.
  2. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Денес се празнува Свети Нектариј Егински

    Свети Нектариј е роден на 1 октомври 1846 година, во Силвира, регионот на Траки (Грција), како петто од вкупно шест деца во сиромашно семејство. Неговото име било Анастасиос Кафалас. На возраст од 14 години се преселува во Константинопол (Истанбул), каде што почнува да работи за да може да го продолжи образованието. Во 1866 година се преселува на островот Киос, каде што наредните години го надополнува своето образование. Бидејќи беше од сиромашно семејство, кога сакаше да замине од својот дом, немаше пари за да го плати билетот на бродот, а капетанот не сакаше да го пушти да влезе без билет. И неколку дена бродот не можеше воопшто да се помрдне. Дојдоа најдобрите мајстори, но не можеа да откријат зошто бродот не може да исплови. Свети Нектариј целото тоа време седеше спроти бродот нажален, и дури кога капетанот му го фати погледот, сфати зошто бродот не може да тргне. Во моментот кога го пушти свети Нектариј да се качи, во тој час бродот исплови. Во 1876 година, на возраст од 30 години се замонаши и го доби името Нектариј. Во 1885 година дипломираше на Универзитетот во Атина. За време на своето студирање, напиша многу книги и даде многу свои коментари на Библијата. По дипломирањето, заминува во Александрија, Египет, каде што е ракоположен за јеромонах и служи во црквата во Каиро. Заради неговата побожност и дарба за проповед на Евангелието, во 1889 година е назначен за Митрополит на Пентаполи од Патријархот Софрониј. Остана во Каиро една година, и неправедно и без објаснување беше преместен далеку од Египет, како резултат на клевети и лаги кажани за него. Во 1891 година се враќа во Грција, и две години служи на Евија. Во 1894 година именуван е за директор на Црковното училиште, каде неговите служби оставаат длабок траг и печат. Напиша многу студии и книги, за сето време додека служеше во Атина. Во 1904 година, на барање на неколку монахињи основа женски манастир на островот Егина. Манастирот го посвети на Света Троица, а изградбата заврши во 1910 година. Исто така, основа и многу цркви и параклиси низ целиот остров. Во декември 1908 година, на возраст од 62 години, ја напушти функцијата директор, и се пресели во манастирот, каде што остана до крајот на својот живот, во длабоко тихување како монах. Додека се градеше манастирот, секогаш им помагаше на работниците, работејќи заедно со нив. Многу сакаше цвеќиња и дрвја. Се претстави пред Господ на 21 ноември 1920 година (во 22 часот), на 74-годишна возраст. Последните неколку години свети Нектариј боледуваше, и последните денови ги помина во болницата во Атина. Кога го пренесуваа од Атина во Егина, мирото непрестајно течеше од неговото чело. Сите беа вчудоневидени. Преблагиот мирис најпрвин се разлеа низ целата болница, па потоа и низ цела Егина. Во болницата, кога докторите дојдоа да го пресоблечат, случајно неговата кошула ја фрлија на соседниот кревет на кој лежеше парализиран човек. Во истиот момент кога тој се допре до кошулата на свети Нектариј, се излекува. На неговиот погреб присуствуваше многуброен народ. Пристигнуваа од секаде, за да се допрат до свети Нектариј. За Свететител е прогласен на 20 април 1961 година. Секој 22 ноември мноштво народ доаѓа во манастирот на свети Нектариј за да се поклони на неговите мошти.
    Болните од рак веруваат во чудотворната сила на свети Нектариј Егински (23.11.2007)
    Болните од рак веруваат во чудотворната сила на свети Нектариј Егински (23.11.2007)


    [b]Институтот по онкологија и радиологија на Србија го одбележа споменот на грчкиот светител, кому се припишуваат две илјади направени чуда.
    [/b]
    Голем број верни ја посетија Грција и се поклонија на моштите на свети Некатриј Егински, светител на новото време (1846-1920), чиј ден се празнуваше вчера. На светителот му се припишуваат чудотворни исцелителни сили, особено за болни од рак. Манастирот, којшто е од него основан во Егина, го посетуваат поклоници од целиот свет и мнозина од нив не кријат дека добиле исцеление над неговите мошти кои после упокојувањето во 1920 година се мироточиви.
    На свети Нектариј Егински му се припишуваат две илјади чуда и тоа обајснува зошто во различни студии го нарекуваат „земен ангел – небесен човек“. Според православното верување од свети Нектариј исцеление добиле болни од рак, парализа, Паркинсонов синдром и нервни болести, бубрежни болести и болести на очите. Затоа, не е чудно што мноштво здравствени институции, а пред сѐ Институтот по онкологија и радиологија на Србија, го имаат за свој заштитник. Мошти на овој светител, освен во Егина, се наоѓаат насекаде низ светот, и црквите што ги имаат го сметаат тоа за голема благодат. Во Српската Православна Црква неговите мошти се наоѓаат во манастирот во Раковица, каде што патријархот Герман ги донел после една кратка посета на Грција. Во Бугарија моштите на свети Нектариј Егински се чуваат во Руенскиот манастир, с. Скрино (Бобошево).
    [b]Извор: Православие.бг[/b]
     
  3. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Свети Николај Чудотворец

    Овој славен светител, когошто и денес го слават по сиот свет, им беше единец син на своите богати и угледни родители, Теофан и Нона, жители на градот Патара во Ликија. Бидејќи им беше син единец даруван од Бога, тие Му го посветија на Бога, принесувајќи Му така дар. Знаењето за духовниот живот Св. Николај го стекна преку својот чичко Николај, епископот Патарски, и се замонаши во манастирот „Новиот Сион“, основан од тој негов чичко. По смртта на родителите Николај им го раздаде наследениот имот на сиромасите и ништо не задржа за себе. Додека беше свештеник во Патара тој многу се прочу со делата на својата милостиња, иако ги криеше грижливо, за да го исполни зборот Господов: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6, 3). Кога се предаде на самотност и на безмолвие, мислејќи така да проживее до смртта, му дојде глас одозгора: „Појди на подвиг меѓу народот, ако сакаш да бидеш од Мене овенчан.“ Веднаш потоа според чудесната Божја Промисла беше избран за епископ на градот Мир во Ликија. Милостив, мудар, неустрашлив. Св. Николај му беше вистински добар пастир на своето стадо. За време на гонењето на христијаните под Диоклецијан и Максимијан го фрлија во затвор, но тој и во затворот ги поучуваше луѓето на законот Божји. Присуствуваше на Првиот Вселенски Собор во Никеја и од голема ревност за вистината го удри еретикот Ариј. За ова дело го отстранија од Соборот и од архиерејската служба, сѐ додека на неколкумина од првите архиереи на Соборот не им се јавија Самиот Господ Христос и Пресвета Богородица и не го објавија своето благоволение кон Николај. Чувар на Божествената вистина, овој чудесен Божји светител беше и одважен заштитник на правдата меѓу луѓето. На двапати спаси по тројца луѓе од незаслужена смртна казна. Милостив, вистинољубив и праведен, одеше меѓу луѓето небаре ангел Божји. Уште за време на животот луѓето го сметаа за светител и го повикуваа на помош во маки и неволји и им се јавуваше во сон и на јаве на тие што го повикуваа, еднакво лесно дали се блиску или далеку, и им помагаше. Од неговото лице блескаше светлина како од лицето Мојсеево, па и со самата своја појава им носеше на луѓето утеха, мир и добра волја. На старост малку се разболе и се упокои во Господа, многустрадален и многуплоден, за вечно да се весели во Небесното Царство продолжувајќи да чудотвори на земјата, помагајќи им на верните и прославувајќи Го својот Бог. Се упокои на 6 декември 343 година.
    ЗA МНОГУ ГОДИНИ ДА НИ Е ПРАЗНИКОТ!!!
     

    Прикачени фајлови:

    • nikola.jpg
      nikola.jpg
      Големина на фајлот:
      9,8 KB
      Прегледи:
      320
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ДЕНЕСКА Е СВЕТА МАЧЕНИЦА ЈУЛИЈАНА
    [​IMG]
    Света Јулијана живеела и пострадала за Христа во градот Витинија, Мала Азија, во третиот век. Потекнувала од богата и угледна фамилија.

    Уште додека била малечка, била ветена за жена на некојси Елевсиј, кој исто така потекнувал од висок род. Додека растела, Јулијана се запознала со Христовото учење и поверувала во единствениот Бог. Кога и дошло време за мажење, таа не сакала да влезе во брак со Елевсиј, зашто тој бил незнабожец. Родителите не успеале да ја разубедат и најпосле ја предале како христијанка на Елевсиј, кој во тоа време бил управник. Елевсиј ја измачувал два дена, а потоа ја погубил. Оваа блажена девојка пострада во 290 година.
     
  5. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Преподобен Наум Охридски Чудотворец

    Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. Околу Свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршеше чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од лудило. Се упокои во првата половина на 10 век.
     
    На xoxo.Martina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Денес се пали оган! ;) :D
     
  7. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    ^
    Тоа не е празник! Пагански обичај е :^)
     
  8. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555

    3нам дека е обичај, а не празник! :) ;)
     
  9. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.599
    Пол:
    Женски
    Денес е Бадник
    Бадник се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден - Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.
    Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24. декември. Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, осбоено поврзани со Бадниковата вечера.

    Традиционално, во Македонија семјството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани, или во некои места, духовите на мртвите.
    На Бадник во секоја куќа се меси кравјаче, пита или погача во која се става пара. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравјачето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравјачето ја бараат парата, и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои
     

    Прикачени фајлови:

  10. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Во Македонија
    Традиционално, во Македонија семјството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани, или во некои места, духовите на мртвите.
    На Бадник во секоја куќа се меси кравјаче, пита или погача во која се става пара. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравјачето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравјачето ја бараат парата, и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои.
    Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца. Во врска со обредните коледарски огнови е и обичајот коледица. И денес како и во минатото и во селата и во градовите во сите краишта на Македонија помали или поголеми групи деца палат оган и го прескокаат.
    Рано изутрината на Бадник, децата пеат и одат по куќите каде што добиваат подароци како што се: пари, ореви, костени, јаболка, портокали и др.Зборот Бадник веројадно доаѓа од старомакедонскиот збор - да бидеш буден. Таа ноќ, како што запишал Шапкарев, „сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: бадник - будник“. И многумина други истражувачи на овие обичаи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеењето, будноста покрај обредниот оган.
     

    Прикачени фајлови:

    • 52849.jpg
      52849.jpg
      Големина на фајлот:
      69,1 KB
      Прегледи:
      190
  11. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Бадник е денеска, еден ден пред Христовото раѓање... Ете уште 1-2 часа ќе седнеме да бараме паричка.. :D .. А утре е пак Божиќ!! :inlove: Еееех, празници... :angel:
     
  12. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Обожавам Бадник! :inlove: :inlove: :inlove:
     
  13. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Бадник...и кај мене не се падна паричката туку кај брат ми и со среќа нека му е...инаку утре Божиќ еден од моите омилени празници :*
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Божиќ или Божик е денот на христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат Грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат Јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари.
    Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости.
    [​IMG]
    Празнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот на христијанството, најверојатно во апостолскиот период. Апостолските правила одредуваат ден за празнување на Раѓањето Христово (25 декември), покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“
    Времето кое му претходело на Рождеството Христово било исполнето со длабоко чувство за едно безгранично зло. Во секој момент се чувствувала несигурноста на тоа време. Светот пред Христовото раѓање наликувал на добро изорана нива, подготвена да го прими семето на вечниот живот - начелото на идниот век.
    Навуходоносор во неговиот таинствен сон го гледа образот на Рождеството Христово, протолкуван од Данаил (2 глава). Карпата којашто се отцепила од планината без да ја допре човечка рака и го разрушила големиот идол е образ на Христовото раѓање.
    [​IMG]
    „Христос се роди“ и „Вистина се роди“, се зборовите со кои денеска се поздравуваат православните христијани, одбележувајќи го денот на христовото раѓање, Божиќ.
    Божиќ е ден на семејна топлина и блискост, и претставува најрадосен христијански празник. Тоа е ден кога семејството се собира заедно и во топла и пријатна атмосфера го поминува целиот ден.
    На Божиќ се оди и во црква, христијаните да запалат свеќа и да оддадат почит на Христос и неговото дело.
    Како што Христос бил роден во пештера близу Витлеем, затоплена и осветлена од неговите родители, се претпочита таква атмосфера да се создаде и во домот на секој верник. Со полна трпеза вкусна храна и задолжително присуство на јагне и црвено вино, роднините ја покажуваат меѓусебната љубов и верба, а со тоа и љубовта и вербата кон божјиот син Исус Христос.
     
  15. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Денес е Божиќ, денот на Христовото раѓање.. Еден од најголемите празници во Христијанството!! Честит Божиќ, девојки!! :*
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  16. hearted

    hearted Нов член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    4
    Честит Божик на сите христијани. :)
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    СВ. СТЕФАН

    На третиот ден од празникот Божик, светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан.
    [​IMG]
    Тој е наречен првомаченик затоа што тој е прв што настрадал за Христосовата вера. Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана Христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен Архиѓакон.

    Еднаш мноштво Евреи, фарисеи и садукеи се расправале за Исус Христос. Едни тврделе дека е вистински син Божји, други дека е пророк, трети дека е измамник. Тогаш се замешал Стефан кој инспиративно зборувал за Исус Христос напоменувајќи дека во него не веруваат само лошите луѓе. Посрамотените противници што не можеле на Стефан да му се спротивстават со факти веднаш го наклеветиле пред насобраниот народ дека ги навредувал Мојсеевите закони. Разгневениот народ поверувал на лажните обвиненија и на лажните сведоштва, го изнесле Стефана надвор од градот и го каменувале. Умирајќи тој се молел на Бога за себе си, но и за тие што го убиле. Во претсмртниот час извикал: „Господе, не земај им го ова за грев“. Народот што го каменувал Стефана му ја соблекол белата облека и му ја дал на едно момче по име Савле да ја чува. Тоа момче, во тоа време жесток противник и прогонувач на христијаните подоцна со името Павле станал најголем приврзаник и афирматор на христијанството. Христијаните го зеле телото на Стефана и достојно го погребале во близината на Ерусалим. Култот на Св. Стефан е стар колку и самата Христова црква, зашто тој е почитуван исто колку и апостолите. Уште светиот апостол Павле него го нарекува маченик Христов. Култот особено пораснал по наоѓањето на неговите мошти и нивното пренесување во Цариград. Преданието вели дека пренесувањето на моштите на Св. Стефан во Цариград било за време на владеењето на Константин Велики и за време на патријархот Митрофан. Животните што ја влечеле колата во кои биле моштите на Св. Стефан на едно место одеднаш застанале и со човечки глас рекле: „Зошто не тепате? Светецот треба да биде поставен овде!“ Царот веднаш на тоа место подигнал црква посветена на првомаченикот.

    И во црковните песни и проповеди Св. Стефан се нарекува: прв, врв на мачеништвото, почеток на мачеништвото, прв во маченичката фаланга.
     
    На leilla му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    На многу години Свети Стефан!!!

    Прв меѓу седумте ѓакони бил Стефан, човек исполнет со вера и со Светиот Дух.
    Во Eрусалим бројот на верните сè повеќе се зголемувал. Дури многумина од еврејските свештеници се обратиле кон Христа. Тоа многу ги налутило членовите на синедрионот. Тие се разгореле во полемика со Стефан, но не можеле да се спротивстават на духовната сила и мудрост, со кои биле исполнети неговите зборови – толку повеќе, што Стефан правел и чуда. Тогаш тие прибегнале кон друго средство: го подбуцнале против него народот, старешините и книжниците, откако го обвиниле пред синедрионот, наводно за хулење на Бога и Мојсеовиот закон. Пронашле лажни сведоци, кои ги потврдиле нивните зборови.

    Го повикале Стефан во синедрионот. Наместо да се заштитува, тој почнал да ги обвинува своите обвинители, дека, имено, тие постојано го нарушуваат законот, а напразно се фалат дека го исполнуваат. Тој ги наброил сите добродетелства на Господа кон еврејскиот народ: Како Тој го спасил от тешкото египетско ропство, чудесно го зачувал во пустината, му го дал Законот, ја изградил за него скинијата, а потоа и храмот, му испраќал пророци и проповедници, кои му возвестувале за Христа; а, како тој избран народ го нарушавал Божијот Закон, ги убивал испратените од Бога пророци и најпосле ја исполнил мерката на своите престапи, со тоа што го распнале Христа. „Тврдоглави и необрезани по срце и уши – извикал Стефан – вие секогаш се противите на Светиот Дух, како вашите татковци, така и вие! Тие ги убија оние што го предизвестија доаѓањето на Праведникот, Чии што предавници и убијци станавте вие!” Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан со тие зборови го предизвикал гневот на слушателите: тие скрцале со забите и срцата им се кинеле от злоба. А, Стефан, исполнет со Светиот Дух, одеднаш го прекинал својот говор, погледнал кон небото, кон божественото видение што се појавило пред неговите очи и радосно извикал: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како стои оддесно на Бога!” Тогаш сите еднодушно се нафрлиле врз него и откако го извлекле надвор от градот во Јосифовата долина, околу Кедарскиот поток, почнале да фрлаат камења врз него. А тој се молел и велел: „Господи Исусе, прими го мојот дух!” Потоа, паднал на колена и извикал со висок глас: „Господи, не сметај им го ова за грев!” – и со тие зборови починал. Тоа се случило во 37 година.

    Ниту кроткоста на Стефан за време на мачењата, ниту последната трогателна молитва за непријателите, не ги скротила убијците. Тие дишеле злоба и гнев. Од сите нив најмногу се гневело едно момче по име Савел, суров гонител на Христовата Црква – оној истиот што подоцна, просветен од Духот Божји, станал најцврст и ревностен проповедник на вистинската вера и славен апостол – Павле. Преданието говори дека Пресветата Дева, придружувана од апостол Јован Богослов, гледала од некоја височинка како го убиваат Стефан и се молела за него. Телото на првомаченикот било оставено да го изедат ѕверовите и птиците. Но, Гамалиил, еден бележит еврејски законоучител, кој што го почитувал светиот маченик, го зел неговото честно тело и го погребал на својот имот. Верните многу го оплакувале Стефан.

    Наспроти гонењата, христијанската Црква сè повеќе закрепнувала. Храброста со која верните ги поднесувалетие гонења, ги убедувала непристрастните во вистинитоста на христијанската вера. Оние што поверувале биле принудени да бегаат от Ерусалим, каде што Савел жестоко ја гонел Црквата. Се распрснале по цела Јудеја и насекаде бројот на христијаните бргу се зголемувал. Во 415 г. моштите на првомаченикот Стефан биле откриени преку чудесно видение, кое го имал некој свештеник. Тие били поставени во Сионскиот храм, во Ерусалим. Многу години потоа, благочестивата византиска царица Евдокија, сопругата на Теодосиј Помладиот, допатувала во Ерусалим, и на местото, каде што светиот првомаченик Стефан бил убиен и земјата се обагрила со неговата честна крв, изградила прекрасна црква, што го носела неговото име, во чест на Христа Бога.
    Химнографија
    Тропар

    глас четврти

    Првомачениче Христов и апостоле, со добар подвиг
    си се подвизувал, и си го изобличил безбоштвото на
    мачителите. Бидејќи со камења беше убиен од рацете на
    беззакониците, прими венец од Десницата што е во височините,
    а на Бога Му се молеше, извикувајќи:
    „Господе, не им го земај ова за грев!“

    Кондак

    глас трети
    Господ вчера доаѓаше во тело, а денес слугата излегува од тело.
    Вчера Царот во тело се роди, денес слугата со камења е убиван:
    за Него и умира првомаченикот, божествениот Стефан.
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Свети Јован Крстител (грч: Ιωάννης ο Βαπτιστής) – е пророк кој се родил шест месеци пред Христос наречен Предтеча поради неговата објава на веста за доаѓањето на Месијата (види Мк 1,2). За Јован самиот Спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена (Мт 11,11) и дека до него се „законот и пророците“ (Лк 16,16), а од него па натаму Царството Божјо се проповеда со Евангелието.
    [​IMG]
    Раѓањето и службата на светиот Христов предтеча ги претскажале пророците Исаија (40,3) и Малахија (4,5), како и самиот архангел Гавриил (Лк 1,5-15). Јовановото рождество детално го изложил светиот евангелист и апостол Лука (1,1-80). Својата младост, св. Јован ја поминал во пустина (Мт 3,4; Мк1,1) сѐ до појавувањето пред народот. Во својата триесетта година започнал да проповеда во јудејската пустина и да го повикува народот кон покајание: „Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно“ (Мт 3,2) и „излегуваа пред него Ерусалим и сета Јудеја, и сета околина Јорданска.“ (Мт 3,5-6) Според евангелистот Лука, Јован ја започнал својата проповед во 15 година од царувањето на Тивериј, во времето на јудејскиот намесник Понтиј Пилат и Ирод Антипа. Првичното место на служба му била јорданската пустина, а потоа јорданскиот брег. Она што тој постојано го нагласувал е дека неговото крштение со вода е само подготовка за пречекот на Месијата, и дека Месијата Кој доаѓа е поголем од него. А токму Христос доаѓа на Јордан со барање да биде крстен, за да „ја исполни секоја правда.“ (Мт 3,15) Јован Го крштева Исус и Го претставува на народот како „Јагне Божјо кое на себе ги зема гревовите на светот“ (Мт 3,13-17) и за да „ја исполни секоја правда.“ (Мт 3,15 и Мк 1,9-11) Јован за Христос сведочел како за вистински Бог и Син Божји и Спасител на светот (Кн 1,15-18, 19-38, 35-37 и Мк 1,9-11), при тоа вршејќи ја својата служба во „духот и силата на Илија.“ (Лк 1,17). Себе се сметал за недостоен да ги „одврзе ремчињата на неговите обувки“ (Јн 1,27)

    Како нестрашлив проповедник на богоморалниот живот, свети Јован не се воздржувал од упатување прекори на царот Ирод Антипа поради неговиот незаконски брак со Иродијада, жената на својот полубрат Филип (Мк 6,17), која во бракот ја донела и нејзината ќерка од претходниот брак (Светото Предание сведочи дека нејзиното име е Салома, Саломе). Поради тоа, Ирод го фрлил во темница во тврдината Махир, во пустината, и сакал да го убие. Од тоа го одвраќала помислата на народот, за кој свети Јован „важеше за пророк“ (Мт 14,5). На иродовиот роденден, за време на гозбата, Салима со своето танцување го воодушевила Ирод, кој пред сите ветил дека ќе ѝ подари сѐ што ќе посака, „па дури и половина царство“ (Мк 6,21-23). Откако мајка ѝ ја советувала, Салома ја побарала главата на светиот Јован Предтеча, и царот ѝ ја исполнил желбата: џелат му ја отсекол главата на славниот Христов пророк, и ѝ ја дал на девојката, а таа на својата мајка. Дознавајќи за тоа, учениците јованови го погребале остатокот на неговото тело.
     
  20. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Честит именден и слава на сите денес што слават. :)