Педесетница, Духовден, трет најзначаен христијански празник. Роденден на Црквата. Преку Светиот Дух, а со одобрение на Господ, Христос им предава сила и знаење на апостолите да ја продолжат неговата мисија. Света Троица.
(+)Рождество на чесниот славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован Честит именден на Иван, Иванка, Јанко, Јане, Јана…
Денес 13 Јули е посветен на апостолот Св.Павле или се нарекува Павловден. Денес се празнува Собор на Светите славни и сефални 12 апостоли.
Светите Кузман и Дамјан, наречени Свети Бессребреници — христијански маченици, по занимање лекари, бессребреници и чудотворци.
Денеска е Свети Архангел Гаврил, во народот овој празник е познат и како летен Арханѓел, а за него се врзуваат и многубројни обичаи. Архангел Гаврил, заедно со Архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради што стоеле најблиску до Бога. Поради тоа се верува дека на денот на Свети Архангел Гаврил треба да се одмори и дека не треба да се работи за себе или за пари, но и дека ова е најдобро време за отпочнување на каква било доброволна работа. Треба да споделуваме се што имаме со блиските бидејќи ова е празник на споделувањето. Потрудете се утре да направите некое добро дело, па дури и некое симболично. Нема да ве чини ништо, а светецот ќе ви помогне да ви се промени животот. Св. Архангел е посветен на доброто и давањето, па така и луѓето треба да се сетат на своите блиски како и на оние кои имаат помалку од нив. Свети Aрхангел Гаврил се празнува веднаш по празникот Благовештение, како учесник во настанот, односно како гласник на зачнувањето на Спасителот. А на 26-ти јули, црквата се сеќава и ги слави сите негови јавувања на човечкиот род од почетокот на времето се до денес. Инаку, овој празник е најверојатно за прв пат востановен во деветтиот век на Света Гора Атонска. За многу години.
ОКОЛУ ГЛУПОСТИТЕ ПОВРЗАНИ СО ПРАЗНИКОТ „ГОРЕШНИЦИ“ Во овие краишта нешто од незапознаеност, нешто повеќе од суеверие се празнува таканаречениот празник Горешници кој е поврзан со чествувањето на Св. Вмч. Марина. Имено, на овој ден не се палат свеќи, кандила, не се работи ништо зошто е „тежок празник“ и на гробовите се носат лисја од орев за да не им биде жешко на мртвите итн, итн. Дека ова е човечка глупост и измислица ќе ги приложам следните „научни факти“ што секое дете од четврто одделение ги знае, ама ние кои сме зрели и едуцирани личности ги забораваме. Одиме по ред: 1. На овој ден речиси во секој храм се служи Литургија. За да се отслужи една Литургија на Светиот Престол треба да има свеќи и кандило. Конкретно кај нас во храмот тој ден ќе бидат запалени 4 свеќи и 11 кандила, што значи ако не треба да горат прво ние тука нема да палиме. Велат кој пали свеќи ќе го снајде пожар. Јас не знам на некој од нас да му се запалило нешто, а пожари има и други денови освен овој 2. Овој ден е како секој обичен ден и треба да си ги вршиме своите работни обврски. Прашањето: „дали се пере овој ден“ е повеќе од глупаво и ќе го прескокнам! 3. Мојот омилен дел е со покривањето на гробовите со лисја за да им биде ладно на мртвите. За ова во неколку подточки: а. Мртвите не чувствуваат топлина бидејќи се мртви и не им функционираат сетилата. Ова е повеќе од јасно, нема потреба од понатамошно објаснување; б. Секоја материја подложи на распаѓање, тоа е природен процес кој не го одминал и човекот. Истото се случува и со посмртните останки. Евентуално ако не е дошло до распаѓање, човекот станал дел од синџирот на исхрана, односно црвчињата ја завршиле работата. Тоа го знаеме од учебникот по биологија в. Ајде да се направиме наудрени и да речеме дека стварно им е жешко, треба да знаеме дека мермерот (обично плочите се изработени од тој материјал) е изолатор на топлина. Значи никаков зрак не допира до нив, плус да не збориме за влажност на земјата и други фактори. Ова е најкратко, може комотно еден семинарски труд да се напише на оваа тема. Би Ве замолил да покажете здраворазумност и рационалност. Вака станувате предмет на исмевање и Вие, а и Православието како вера бидејќи погрешно го исповедате, тоа Ве прави само номинални верници. Нема потреба да сме солидни познавачи на Аристотелова логика за да го знаеме горепишаното. За крај доколку сакате вистински да го чествувате споменот на Светата Марина, тогаш се гледаме на Света Божетвена Литургија.
Православните верници на 30 јули го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените. Според народното верување, Света Марина пали и казнува со огин и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци. За многу години.
Преображение Христово или Преображение Господово — христијански празник кој се слави секоја година на 19 август. На овој ден се прославува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован.
Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица — значаен христијански празник посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување.
Отсекување на главата на Св. Јован Крстител — еден од големите 15 христијански празници од есенскиот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 11 Септември. Овој празник е познат под различни имиња како:Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен, некаде едноставно само Отсечение или Опсечение. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост.