Со надеж во воскресение и живот денеска, 25.11.2024 година, кога си спомнуваме за светиот Јован Милостив, пред Господа се претстави Високопреосвештениот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Се молиме на Господ Бог неговата душа да ја всели во место светло, место блажено, каде што нема никаква тага ниту воздишка, но живот бесконечен. Вечен спомен Високопреосвештен свет владико!