1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес е христијанскиот празник:

Дискусија во 'Религија' започната од Snow-Queen, 19 август 2012.

  1. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Честит именден на сите кои што слават денес. :)
     
  2. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Вечно име :)
     
  3. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Мислам дека најдобро ќе биде овде ако прашам, ако не преместете ми го прашањето, само ве молам ако некој го знае одговорот да ми каже. Дали има ден кога на сите што се викаат Матеј или Матеја им е именден? Ве молам ако некој знае, нека пише :)
     
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Има :)

    Свети апостол и евангелист Матеј 29(16). Ноември
    Матеј беше син на Алфеј, најпрво цариник (т.е. закупец и порезник или митар) и како таков него го виде Господ во Капернаум и го повика: „Врви по Мене.“ И откако стана, тргна по Него (Матеј 9, 9). Потоа Матеј Му приреди дочек на Господ во својот дом и даде повод Господ да изрече неколку големи вистини за Своето доаѓање на земјата. Откако Го прими Светиот Дух, Св. Матеј го проповедаше Евангелието во Партија, во Мидија и во Етиопија, земјата црнечка. Во Етиопија го постави за епископ некој Платон, свој следбеник, а самиот се повлече во молитвена осама во гората каде што му се јави Господ. Ги крсти жената и синот на кнезот на таа земја, заради што кнезот се разгневи и испрати стража да го доведат Матеј пред него на суд. Војниците отидоа и се вратија кај кнезот говорејќи дека го слушнале гласот Матејев, но никако со очите не можеле да го видат Светиот апостол. Тогаш кнезот испрати друга стража. Кога и оваа стража му се приближи на апостолот, него го огреа небесна светлина толку силна, што војниците не можеа да гледаат во него, но исполнети со страв го фрлија оружјето и се вратија. Тогаш кнезот сам појде. Кога му се приближи на Св. Матеј, овој заблеска со таков блесок, што кнезот одеднаш ослепе. Но Светиот апостол имаше милостиво срце, Му се помоли на Бога и кнезот прогледа - за жал прогледа само со телесните очи, не и со духовните. Тој го фати Св. Матеј и го подложи на лути маки. Имено, на двапати ложеше голем оган на неговите гради. Но силата Господова го сочува жив и неповреден. Тогаш апостолот Му се помоли на Бога и Му го предаде својот дух. Кнезот нареди и телото на маченикот го положија во оловен ковчег, па го фрлија во морето. Светителот му се јави на епископот Платон и му кажа за своето тело и за сандакот каде се наоѓаат. Епископот отиде и го донесе ковчегот со телото на Св. апостол Матеј. Кога го виде ова ново чудо, кнезот се крсти и го прими името Матеј. Потоа овој кнез ја остави сета светска суета и прими презвитерски чин, па богоугодно ѝ послужи на Црквата. Кога умре Платон, му се јави на овој Матеј самиот апостол Матеј и го посоветува да го прими епископството. Тој беше многу години добар пастир, додека Господ не го повика во Своето бесмртно Царство. Светиот апостол Матеј го напиша Евангелието на еврејски јазик, коешто набрзо беше преведено на грчки и до нас дојде на грчки, додека она на еврејски се изгуби. За овој евангелист се вели дека никогаш не јадел месо, а се хранел со овошје и зеленчук.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Ахам, благодарам за информацијата и само уште ако знаеш да ми кажеш точна дата кога се слави тоа :)
     
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Си пишува :) . На 29. ноември.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Преподобен Антониј Велики 30/01/2013

    Мисирец, роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството. Најпрво се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне онеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години не дружејќи се со никого освен со Бога преку непрестајна молитва, богомислие и созерцание, поднесувајќи ги неискажливо трпеливо демонските искушенија. Неговата слава се пронесе по целиот свет и околу него се собраа многубројни ученици коишто ги поучуваше со пример и со слово на патот кон спасението. За осумдесет и петте години од неговиот подвижнички живот само двапати отиде во Александрија, и тоа првиот пат да бара мачеништво во времето на гонењето на Црквата, а вториот на повик на Св. Атанасиј за да ја собори клеветата на Ариевците дека божем и тој ја прифатил Ариевата ерес. Се упокои во сто и петтата година од животот, а зад себе остави цела војска следбеници и ученици. Иако на беше наобразуван, им беше советник и учител на најучените луѓе на неговото време, каков што беше Св. Атанасиј Велики. Кога некои елински филозофи го искушуваа со книжевна мудрост, Антониј ги засрами со прашањето: „Што е постаро: разумот или книгата? И кое од тие двете е причина за другото?“ Засрамени филозофите се разотидоа, зашто видоа дека самите имаат книжевно памтење без разум, наспроти разумот што го има Антониј. Тој е човек кој го достигна совршенството коешто воопшто може да биде достигнато на земјата. Тој е воспитувач на воспитувачите и учител на учителите; цели осумдесет и пет години се преобразуваше себеси, па само така имаше сила да ги преобразува и другите. Исполнет со многубројни години и добродетели, Свети Антониј се упокои во Господ во 335 година.
    За многу годни нека ни е празникот!!!
     

    Прикачени фајлови:

    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Иконата е од свети апостол Тома.

    [​IMG]
     
    На Witchman и xoxo.Martina им се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Свети Атанасиј Велики (грч: Αθανάσιος ο Μέγας), Архиепископ Александриски, наречен и „око на Црквата“ е еден од најголемите богослови на Црквата кој е бранител на никејското православно исповедување на верата во Света Троица. Во црковната химнографија тој е нарекуван „стол на Црквата“, „голема труба на вистината“ и „неспоредлив борец од првите борбени линии.“ Роден е во Александрија, во христијанско семејство од грчко потекло. Се образувал во Александриската катихетска школа и во подвижничката школа на египетските монаси, каде учител и духовен отец му бил свети Антониј Велики. На тој начин се здобил со елинско енциклопедиско образование, но и црковно - богословско. Неговиот спомен се празнува на 15 мај и 31 јануари, односно 2 мај и 18 јануари по стар стил.

    Свети Кирил Александриски (роден во 376 - починал во 444) е христијански светец и Патријарх на Александрија во периодот од 412 до 444 година.
    По потекло Кирил Александриски бил благородник и близок роднина на Теофил Александриски, по чија смрт самиот бил посветен за патријарх. За време на својот живот водел три големи борби: со еретиците новацијани, со еретикот Несториј Константинополски и со Евреите во Александрија. Новацијаните настанале во Рим, а така биле наречени по презвитерот Новацијан, нивниот ересоначалник. Се гордееле со својата добродетел, оделе облечени во бела облека, им забранувале на другите брак и сметале дека никој не треба да се моли за оние што извршиле смртен грев ниту да се прими назад во црквата оној кој еднаш отпаднал, колку и горко да се кае.
    Кирил нив успеал да ги победи и да ги протера од Александрија. Борбата со евреите била многу потешка и покрвава. Евреите во градот Александрија се засолниле уште од времето на Александар Македонски. Нивната омраза кон христијаните била бесна и подмолна. Тие ги убивале христијаните безмилосно и подло и ги распнувале на крст. По долга и тешка борба Кирил издејствувла кај императорот Теодосиј II да се протераат eвреите од Александрија. Неговата борба против Несториј Константинополски, ја решил Третиот Вселенски Собор во Ефес. Со тој собор претседавал самиот Кирил, истовремено застапувајќи го и Римскиот Папа Целестин I, на негова молба, бидејќи тој од старост не можел присуствува на соборот. Несториј билл осуден, анатемисан и од царот прогонет на источната граница на империјата, каде подоцна починал. Починал во 444 година. Се смета дека тој ја составил „Богородице Дево, радувај се! “
    Се празнува на 31.(18.) јануари и на 22.(9.) јуни.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  10. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    Прочка-Велики Поклади
    (Недела на проштевањето)

    Овој празник пред Чесниот пост е устроен за да потсети на духовниот карактер на постот. Му се посветува на проштевањето или посуштински на покајанието, кое во Црквата претставува единствената вистинска содржина на личносните односи. Телесното воздржување што се практикува за време на постот е неразделно од богокопнежливата љубов на христијаните. Таа самата подразбира тежнеење да се живее во добродетелите на милостивост, кротост, долготрпеливост, смирение и секое човекољубие. Верните настојуваат ревнувајќи во овие добродетели и особено преку подвигот на Исусовата молитва, да Му приготват во себе живеалиште на Светиот Дух.
    Празник на проштевањето и очистувањето од гревовите

    Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите и сл. се остатоци од претхристијанските пролетни забави.

    Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. Со Прочка започнуваат и долгите Велигденски пости, период исполнет со многу обичаи и верувања, со многу одречувања и надежи за пречек на Христовото воскресение (Велигден) за причесна и идентификација со Спасителот Исус Христос.

    На Прочка се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето (оттука и празникот го добил името) потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници итн. Очигледно е дека некои обичаи како што е на пр. проштевањето имаат христијанска основа, додека други се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања.

    Кога станува збор за празникот Прочка не смее да се изостават деновите што му претходат на овој празник. Една недела пред Прочка (поточно во саботата) е Задушница. Саботата пред Прочка во некои краишта на Македонија е познат под името Умрело дете за баничка, во други, само Дете за кора. Тоа е поврзано со легендата за некое сиромашко дете кое што гледајќи како богатите носат секој ден на фурната сукани јадења побарало од мајка му да му меси баничка. Мајка му, бидејќи немала брашно постојано го лажела дека следниот ден ќе му меси, а детето чекајќи и плачејќи умрело. За спомен на тој ден и на тоа дете останало на овој ден да се меси баничка, зелник или друга храна и да се раздава.

    Неделата пред Прочка се вика Месопусна или Месна недела, а некои ја викаат и Месни Поклади зашто на тој ден се запокладува (запостува) со месо, месни производи и свинска маст. Овој период од седум дена од Месни Поклади до Прочка се вика и Сирна недела или Сирници поради тоа што во овој период се јадат млечни производи. Некои ја викаат и Бела недела. Според преданието на некој што умрел во текот на овие денови во забите му нашле месо што го сметале за причина за смртта. Оттогаш останало строго да се внимава во текот на Сирната недела да не се јаде месо. Од обичаите што се изведуваат на Сирни Понеделник интересно е канењето на ветерот да дојде преку летото кога е потребен за веење на житото. Имено тогаш се прави „топејнца“, со кисело млеко или маштејнца (маштеница) се носи на гумното, три пати се трча низ гумното со викање: „Ела ветре да јајме топејнца,/ в лето да дојш да вејме чејнца, југу, југу, југу...“ Потоа се руча до стежерот.

    Од Сирни Поклади, односно од Прочка започнува да не се јадат и млечни производи со што започнуваат големите, долги седум недели Велигденски пости, што траат до Велигден.

    Обичајот проштевање тргнува од христијанското сфаќање за помагање и проштевање меѓу луѓето. Се верува дека на овој ден и небото и земјата се проштеваат, па тоа треба да го сторат и луѓето. Небото затоа што и погрешило на земјата со громови, мразеви, поројни дождови и сл. бара прошка. И луѓето еден од друг бараат прошка за грешките. Притоа секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а се проштеваат и пријатели, роднини, соседи итн. Откако три пати ќе се поклони помладиот му вели на постариот: „Прости ми!”, на што овој одговара: „Простено да ти е и од мене и од Господа”, или само: „Просто да ви е”. Во некои краишта на Македонија тој што барал прошка носел некаков подарок како портокал, лимон, суво грозје, алва, јајце и др. и во таа смисла во некои краишта портокалот останал како симбол на проштевањето. Во населените места посебен впечаток во вечерните часови на овој ден остава раздвиженоста на населението, кога многумина во групи брзаат да се простат со родителите, роднините, пријателите, а потоа да се најдат покрај богатата трпеза. Останало забележано дека и младите вљубени на чешмата се проштевале со по некој бакнеж зашто за време на Велигденските пости и бакнувањето се сметало за грев.

    Амкањето е интересен обичај кој особено на децата им причинувал голема радост. Се изведувал на тој начин што едно варено бело јајце се прободувало со игла, потоа низ него се провирал конец (некаде конопен во други места памучен) кој се врзувал за урката, за таванот или за синџирот од огништето. Најстариот човек во куќата, најчесто домаќинката го држела конецот (урката и сл.) и сите почнувајќи од постарите амкале, обидувајќи се да го лапнат јајцето, но без при тоа да се послужат со рацете. Само на помалите деца им се дозволувало да се послужат со рачињата. Велат, чинело човек барем со забите да го допре јајцето за да му бидат бели и здрави. Ако некој го лапнел јајцето, му го давале да го изеде, а амкањето продолжувало со друго.

    Во Мариово кога тој што амкал ќе речел: „Ам!”, домаќинот го прашувал: „Што амкаш?”, на што тој одговарал: „Амкам за здравје!” При лупењето на јајцето се внимавало еден дел од лушпата да остане поцелосен, а потоа од него сите пиеле вода велејќи: „За крто душа!”, што значи кртовите што се наоѓале во нивните или бавчите да умрат или барем да минат во туѓ синор. Во Дебарца според обичаите и верувањата што ги забележавме притоа се велело: „Таму му гробнина, таму му столнина!”, што имало исто значење. Во некои краишта од Македонија сите пиеле вино од белката на јајцето, а лушпите ги фрлале во соседниот двор, за и болвите да прејдат кај соседите. Во Скопје, како и во Воден, Битола и др. места амкале најпрвин со пита, потоа со јајце и на крајот со алва. По амкањето со конецот на кој било врзано јајцето се гатало за живот на старите луѓе во селото. Се споменувало некое име на стар човек и се запалувал конецот. Ако подолго време горел со пламен, ќе живеел долго, ако веднаш угаснел ќе умрел во таа година. Во некои места вака се гатало само за старите луѓе, во други за секој член од семејството.

    Величествен впечаток оставаат големите обредни огнови, кои се палат вечерта на овој празник. Во Штип, Радовиш, Гевгелиско и некои други места овој оган се викал Голема Ора-копа, за разлика од Малата Ора-копа, оганот што се палел една недела порано. Големата Ора-копа се изведувала посвечено од малата, со поголеми огнови, со повеќе деца, со повеќе песни итн. Важно е за овие огнови што децата ги прескокнуваат со верување дека ќе се очистат не само од болви, вошки и други паразити, туку и од негативните демони, но најповеќе од гревовите.

    Во Разлошко овој оган се вика Гаро. Целото попладне децата го подготвувале Гарото, а уште пред да го запалат девојките пееле:

    Јунак стрелба стрелаше,

    стрелите му падаа,

    на момини дворове.

    Мома двори метеше,

    и си стрели береше.

    Јунак и се молеше:

    -Дај ми моме стрелите,

    ќе ти одам прстенче!

    По запалувањето на Гарото вечерта, девојките играле оро без песни, а момчињата го прескокнувале Гарото, играле и пукале од пиштоли. Повозрасните момчиња фрлале стрели, наречени „самострели” кон куќите на девојките што ги сакале. Стрелите ги правеле од борова срцевина, напоена со боров катран, на врвовите му лепеле боров катран од колите, потоа ги запалувале од Гарото и така ги фрлале кон куќите на саканите девојки. Во Банско овој оган се викал Стрелачка и околу него не се играло оро.

    Д.В. Македонски забележал кон крајот на минатиот век дека во селата Емборе, Дебрец и Палиор во егејскиот дел на Македонија децата, исто така, правеле голем куп од дрва, смреки и слама, наречен Ерле и навечер на празникот го палеле со пукање од пушка или пиштол. Ако тоа не успеело дури тогаш го палеле со оган. Околу него пееле, а потоа запален сноп слама (ржаница) носеле дома со верување дека летото нема да има болви. Вакво Ерле правеле децата од секоја маала и се натпреварувале чие ќе гори последно.

    Во Струга како што е запишано во зборникот на Браќата Миладиновци се изведувал обичајот наречен Лапрди. „На Поклади вечерта децата играет околу црков со лапрди. Лапрди сет др’гови, не толку д'лги, на врхот расцепени и в цепот накладено сено сврзано. В сеното клавает јаглен, и вртет лапрдата, на десно, на лево, дури да се запалит сеното и да изгаснит. После оставет драговите в црква”.

    Понеделникот по Прочка се вика Чист Понеделник и тогаш започнуваат долгите Велигденски пости. На овој ден се чисти куќата, особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење. Ефтим Спространов забележал дека во Охрид во втората половина на минатиот век целата ова недела по Прочка се викала Чиста Недела и секој ден одделно: Чист Понеделник, Чист Вторник итн. Понабожните три дена ништо не јаделе, а во средата оделе во црквата каде што земале светена вода „наезмо”, а потоа дома приредувале гозба, со посна храна, на која ги канеле роднините и пријателите. Овој строг пост трите дена по Прочка се вика Тримери, а самиот чин постење, односно гладување тримерење.

    „На сите да им простиме сè. Дури и на непријателите. Така Господ направил. Бог бара од нас да не бидеме никогаш во непријателство со луѓето и да немаме злопамтливост.
    Ако е до грешност и до казна, сите сме грешни и сите сме за казна. Но, Бог не нè повикал да судиме и да казнуваме, туку да простуваме. И поставила правило: Бог ќе ни ги прости нам гревовите, доколку и ние им простуваме на оние што ни згрешиле (Матеј 6,14-15;18,35). И рекол: „Проштевајте и ќе ви биде простено“ (Лука 6,37).
    Прости му целосно и сè. Ако не му простиш ти, ќе му прости Бог. Така ти си си наштетил себе си, а не нему. Колкупати да му простиме? Вака прашал и апостол Петар, а Христос му одговорил: „До седумдесет пати по седум“ (Матеј 18,22), што значи безброј пати.
    Да му простиш некому, па тоа е вистинското дело на љубовта. Да ги избришеш сите навреди, лаги и клевети на другиот кон тебе е духовен херојство. Тоа е растоварување на двете души – и твојата и неговата, од голема тежина,“
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Благовец – празник на мајките
    Свето Благовештение е Богородичен празник, односно еден од празниците посветени на Пресвете Богородица. Тие се поврзани со животот на Божјата Мајка. Таков е и овој празник. Со право некои го сметаат и за двоен празник: Господов и Богородичен. Господов, бидејќи на овој ден Господ Исус Христос се воплотил – зачнал, а Богородичен, бидејќи Богородица постанала Божја мајка.
    [​IMG]
    Името на празникот

    Благовештението е истоименито со Евангелието. Тие носат исто име. Евангелие е Благовестие, Благовештение. Празникот така и се нарекува на грчки јазик: Евангелизмос (JO Eujaggelismov~), а на старомакедонски (црковно-словенски) јазик: Благовештение(BlagovyÃen·e). Составено е од два збора: блага + вест, радосна вест.

    Полното име на празникот е: Благовештение на Пресвета Богородица. Се сретнува, обично во руски и црковно-словенски богослужбени книги и како Благовештение на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија.

    Бил именуван и како: Благовештение на Марија од ангелот, Зачнување Христово, Почеток на искупувањето, Почеток на спасението, Благовештение за Христа, а во ВИИ век е усвоено името: Благовештение на Пресвета Богородица.

    Благовештение го празнуваат и Источната и Западната црква.
    Неговото народно именување е Благовец, Благоец, Благостене, Благовден, Половина Велигден, Блошчење, Кукувден.

    Благовец – празник на мајките
    Благовец е празник на Божјата Мајка, а според старата црковна традиција е и празник на сите мајки – Денот на мајките. Новото нецрковно време го заменуваше со празнувањето на 8 Март, па се подзаборава дека Благовештение е празникот на мајките.

    На Благовец е денот на мајките, затоа што Богомајката Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.
    Денес, бакнете ја мајка ви!
    На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

    Именден
    Именден празнуваат: Благој, Блаже, Блажо, Благин, Благомил, Благомир, Благовестин, Благун, Евангел, Вангел, Блага, Благица, Благана, Блажена, Благојка, Благуња, Благодатка, Благовеста, Бонка, Вангелија, Евангелица и др.
    [​IMG]
    Датум на празникот

    Празникот Благовец е секогаш на 7 април (односно 25 март, по стар стил). Датумот не го менува и е од групата на постојаните празници.

    Постојат две причини за поврзувањето на Благовец со овој датум: Првата е поврзаноста со Божик, а втората, со создавањето на човекот.

    Уште од древноста, секогаш се празнувал на овој датум. Благовец е строго поврзан со Божик. Се празнува точно девет месеци пред Божик. Неговата поврзаност со Христовото раѓање не му дава да биде изместен, бидејќи тој е датумот на зачнувањето (7 април / 25 март с.к.), а девет месеци потоа е Раѓањето на Господа Исуса Христа (7 јануари / 25 декември с.к.).

    Врската, пак, со создавањето на човекот ја поставиле некои црковни писатели кои велат дека Благовештението и зачнувањето на Исуса Христа се случило на истиот датум и во тој ден кога бил создаден човекот. Бог го создал човекот без грев, но тој згрешил и требало да биде пресоздаден во истиот ден кога бил првпат создаден, а тоа е денот Благовец – кога започнува искупувањето на човекот.

    Во третиот век, на Запад се појавиле пресметувања кои, според римскиот календар, посочуваат дека 7 април/25 март е денот на распнувањето на Господа Исуса Христа. Потоа, се мислело дека токму на тој датум Христос воскреснал. А сега многу ретко може да се совпадне празнувањето на Велигден со овој датум и кога тие ќе бидат заедно, во ист ден и Благовец и Велигден, тоа се вика Кириопасха.

    Благовец останува на својот датум за празнување, но Велигден е подвижен и може да го доведе празникот Благовештение во ист ден со него или со другите подвижни празници.

    Благовец се празнувал уште во ранохристијанската црква и традиција. Зачувана е прекрасна беседа од свети Атанасиј Велики, од ИВ век, во која вели дека Благовештение е првиот празник во редот на празниците, бидејќи е почеток на домостројот – на планот за спасение на луѓето. Слова за Благовештение, од истото време, имаат и свети Јован Златоуст, свети Василиј Велики и свети Григориј Богослов.

    Првите празници во христијанството се поврзани само со Исуса Христа, бидејќи сè било сконцентрирано кон Спасителот, Којшто бил во центарот на сите славења и спомени. Потоа, се прошириле празниците и кон Богородица, меѓу кои е првенствено и празникот на Христовото воплотување, зачнување и отелотворување – празникот Благовештение.

    Во петиот и шестиот век се појавиле еретички – погрешни учења за Богородица и за воплотувањето на Господа Исуса Христа, но тоа не го намалило празнувањето на Благовештение, туку напротив, уште повеќе се засилило ова празнување. Црквата и со празникот се борела против лажните учења, а ги збогатила содржините на богослужбените текстови со докази и со воспевања за боговоплотувањето и за Богомајката. Тоа, пак, најубаво и најмногу го направил свети Јован Дамаскин, во ВИИИ век.

    Историја и празнување

    Света Дева Марија уште како мала, само на тригодишна возраст, ја однеле нејзините родители во храмот, за да Му служи на Бога, бидејќи така беше Му ветиле на Бога уште кога Го молеле да им даде дете. Таа останала таму цели 12 години и кога наполнила 15-годишна возраст, таа не смеела повеќе да остане во храмот, туку требало да се сврши и да стапи во брак. Таков бил Законот. Но, нејзиниот одговор бил поинаков и таа рекла дека не сака да се мажи, туку сака да Му се посвети на Бога.

    Тоа ги збунило свештениците и додека тие се чуделе што да прават, а да не го прекршат Законот Божји, ете, Бог му открил на свештеникот Захарија, таткото на свети Јован Крстител, да повикаат дванаесет мажи од Давидовото колено, кои немаат жени и од нив да го одберат оној кому ќе му ја доверат Дева Марија како на оној кој ќе ја чува нејзината девственост и дадениот завет, а ќе се грижи за неа. Бог одбрал да му ја дадат на Јосифа од Назарет, којшто и бил роднина и на поголема возраст. Тој бил претходно оженет и имал деца со починатата жена, кои биле возрасни колку Марија. За него ја свршиле и таа продолжила да живее и во неговиот дом, исто како да е во Соломоновиот храм. Времето го минувала во молитва, читање на Светото писмо, богомислие и ракотворство: везење, плетење, ткаење и сл.

    Од дома не излегувала и световните работи не ја интересирале. Малку зборувала, а никогаш без потреба. Најмногу другарувала со ќерките на Јосиф. А кога се исполнило времето, Бог го извршил ветувањето и го испратил архангелот Гавриил да и каже дека таа ќе е Божјата Мајка.

    На овој ден, девет месеци пред Божик, на света Дева Марија и се јавил архангелот Гавриил и и ја кажал радосната вест – благовестието: дека таа ќе Го роди Спасителот на светот, ќе Го роди Бога во тело. Таа блага вест е светото Благовестие дека таа Го примила во своето пречисто тело, телото на Бога Кој се воплотил – зачнал во нејзината утроба. Оттогаш таа постанува Богомајка.

    Црквата го посветува овој празник на Благовестието и на Богозачетието. Тоа е почеток на спасението. Почеток и на Евангелието. Таа вест е првото Евангелие = Благовестие, блага вест, радосна вест за спасението.

    Химната на празникот, основната песна, тропарот, вели: Денес е почетокот на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева и Гавриил благодат благовестува. Затоа и ние со него да и воскликнеме на Богородица: „Радувај се, благодатна, Господ е со тебе!“

    Величанието, пак, воспева, велејќи: Со архангелски глас ти пееме, чиста: „Радувај се, благодатна, Господ е со тебе!“ „Благодатна“ значи облагодатена, полна со благодат.

    Настанот го опишува и Светото писмо и Светото предание. Во Евангелието според Лука се запишани зборовите на Благовестието и разговорот со архангелот (Лука 1, 26-38). А Светото предание кажува дека тогаш Света Дева Марија била во градот Назарет, во куќата на Јосиф и го читала Светото писмо, и тоа точно зборовите од Книгата на пророкот Исаија, кои пророчки велат дека: „Девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог“ (Иса. 7,14; Матеј 1,23).

    Само што се израдувала на пророштвото и возбудено помислила дека кога би знаела која е таа девојка би и служела до крајот на животот, ете, нејзе и се јавил архангелот Гавриил и и кажал дека таа е девојката што ќе Го роди Спасителот на светот.
    И кога влезе ангелот при неа, рече: „Радувај се, благодетна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!“ А таа, штом го виде, се уплаши од зборовите негови и помисли: „Каков е овој поздрав?“

    И и рече ангелот: „Не бој се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога; и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус. Он ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на неговиот татко Давида; и ќе царува над домот Јаковов секогаш, и царството негово нема да има крај“. Историјата на Новиот завет ја отворил архангелот Гавриил со зборовите: „Радувај се!“ Тоа значи дека Новиот завет е време на радост за луѓето, радост заради доаѓањето на Спасителот и за добиеното спасение. Со Благовец започнало времето на спасението.

    Иконата и богословието на празникот

    Иконата на Благовештение е многу значајна икона во црквата и затоа го зазема главното и централно место во храмот: таа секогаш се наоѓа на царските двери, низ кои се минува за во олтарот, во најсветиот дел од црквата. Тие ги симболизираат вратите во царството небесно.

    Во иконографијата и фрескосликарството овој празник се претставува со два лика: Богородица и архангел Гавриил (Гавриил, во превод од еврејски, значи: сила Божја, Божја моќ). Насликана е Богородица како богоизбраната девојка кај која доаѓа ангелот Божји забрзан, за да и ја каже Благата вест – Благовештение. Тој и подава жезол како на Царица – Владичица која владее. Пред неа, обично, стои отворена книга – во знак на нејзината љубов кон словото Божјо, кон Светото писмо и свештеното знање.

    На иконата се гледа дека ангелот е со растреперени крилја и е во движење кон девојката, што значи дека тој од небото директно доаѓа кај неа, слегува од небото на земјата како предвесник, за да ни каже дека и Бог ќе слезе од небото на земјата и дека Спасителот доаѓа во светот преку Света Дева Марија. Спасението го изгубивме преку Ева, а го добивме преку Дева.

    Ангелот е небесен жител, а Девојката е жител на земјава. Благовец, Благовестието и Богозачетието – зачнувањето на Бога, го споија небото со земјата. Богородица постана небоземната поврзаност. Затоа, библиски е претставена како скала од земјата до небото – скала низ која Бог слезе на земјава и скала преку која човекот се искачи на небото.

    Таа е скалата небесна што ја видел Јаков, како што е запишано во Библијата, а се чита на вечерната богослужба на Благовец (1. Мој. 28, 10-17). Земјата е поврзана со небото – човекот со Бога и Бог со човекот. Богородица Го прими Бога – таа, како претставник на човекот (на човештвото), стана богопримателка, а тоа значи човештвото Го прими Бога. Богородица е небесната врата. Низ неа Бог мина и стана и човек, останувајќи и Бог.

    Бог се воплотува, значи Бог зема тело, а тоа значи дека небото и земјата се соединуваат. Воплотениот Спасител е вистински Бог од небото, а истовремено и вистински Човек од земјата – Богочовек. Бог и Човек – небесен Бог и земен Човек. Бог како Бога и Човек како Адама.

    Кога Богородица му рече на ангелот: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои“ (Лука 1,38), Бог се воплоти и Богородица стана небесната врата.

    Зборовите: „Нека ми биде според зборовите твои“, значат: „Нека биде така“ – „Амин“. Тоа е нејзиното „да“ за да стане Мајка Божја – нејзиното: „Да биде волјата Твоја, како...“.

    А, пред да го прифати Богомајчинството, светата Девица, бидејќи не знаела за маж и не можела да си замисли како е можно такво раѓање, го праша ангелот: „Како ќе биде тоа?", Ангелот и рекол дека тоа ќе биде од Светиот Дух: „Светиот Дух ќе слезе на Тебе и силата на Севишниот ќе те осени“ (Лука 1,35). Тогаш Бог се воплотил.

    На иконите и на фреските Го има Светиот Дух како зрак што слегува кон утробата на Марија или како гулаб. Во Символот на верата велиме: „Единородниот Син Божји, роден од Отца пред сите векови, роден нестворен... слезе од небото и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек“. Тоа е Божјото доаѓање кај луѓето. Дошол Бог кај нас на земјава.

    Зошто го направил тоа и зошто требало Бог да го стори тоа?

    Човекот отпаднал од Бога кога згрешил, измамен од ѓаволот. Но, ѓаволот требало да биде победен од оној што претходно бил победен од него – од човекот. Ѓаволот го победил човекот – и требало човекот да го победи ѓаволот. Човекот, пак, што бил победен од ѓаволот, не бил роден човек, како што се раѓаме ние: човек од човек, природно, туку бил роден на необичен начин, надвор од природниот ред, не од семе машко, туку создаден од земја, од земјата чиста и непорочна како Дева, бидејќи уште не била проколната од Бога.
    Таков бил Адам. И од таков човек требало да биде победен ѓаволот, а таков е Господ Исус Христос, зачнат, воплотен и роден, не според природниот закон, туку од утробата на чистата и света Дева Марија. Тоа зачнување и воплотување не е по природен начин, туку натприроден и не е по начинот на обичното раѓање, туку е според начинот на создавање.
    И, како што Адам бил оживеан со дувнувањето од Бога, така и новиот Адам – Исус Христос се воплотил под дејството на Светиот Дух Кој слегол врз Пресветата Дева Марија. Така постанал совршен Бог и совршен човек – еднаков во сè со луѓето, освен гревот. Бог и човек – со две природи: Божја и човечка – во една личност. Човечката природа страдала за нас, а Божјата останала нестрадална.

    Празничен ручек

    Благовец се паѓа во текот на Велигденскиот пост и е посен празник. Сепак, православниот ред и правило, на Благовец, разрешува да се јаде риба, зејтин и да се пие вино. Традиционално се меси пита, а трпезата се збогатува и со суви пиперки, полнети со ориз и ореви, компир во разни варијанти, зелена салата и штрудла со јаболка и грис.
    Честит празник на сите што празнуваат!
     
    На friendy и pepita82 им се допаѓа ова.
  12. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    Велики Петок

    На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос и Неговото слегување во адот. Ова е стожерна точка во Страдалната седмица, тогаш Богочовекот Кој невино пострада за спасението на човечкиот род ја стекна благодатта на искупувањето од прародителскиот грев, со што се обезвласти владеењето на смртта и на пеколот (демоните) над природата на човекот. (Попросто кажано, оттогаш луѓето живеејќи богоугодно, очистувајќи ги своите срца од страстите, повторно можат да стануваат слободни личности и како такви наследници на рајот.) За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. На Велики Петок тајниот Христов ученик Јосиф од Ариматеја го измоли од Пилат мртвото тело на невино распнатиот Господ Исус, а јудејскиот кнез Никодим којшто и самиот тајно Го следеше Христовото Божествено учење, со смеса од смирна и алој Му го подготви телото за погребение. Погребот е извршен во петок пред Пасха, во свеж гроб во близината на Голгота (сопственост на Јосиф од Ариматеја). Присутствувале само неколку луѓе. Долгата традиција на споменувањето на овој ден го исполнила со вонредни богослужбени дејства (ги изобразуваат настаните што се случија на Велики Петок: ова започнува со утрената, којашто како бдение се служи уште вечерта во Четвртокот, во која се објавува евангелската историја за страдањата и смртта на Господ Исус Христос во дванаесет евангелија). Со оглед дека на Велики Петок Богочовекот Исус Христос Му се принесе Себеси како благодарствена и искупителна жртва на Бога Отецот во име на севкупната човечка природа (човечкиот род), во Црквата не се служи Светата Евхаристија, освен можеби литургијата на претходно осветени дарови. Во аскетската книжевност, Светите отци особено се задржуваат на карактерот на молитвата на Господ во Гетсиманската градина произнесена на Велики петок, и ја покажуваат како извор, вдахновение и пример на она вонредно животворно "сеќавање на смртта" што е преисполнето со безостатната предаденост на Синот кон волјата на Бога Отецот.

    Велики петок освен Велипеток уште се вика и Распет петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос.

    Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи дури и не се готви храна. Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. Како на строг пост, како што се вика „пост на вода“ тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол.

    Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден сочувствувајќи со распнатиот Исус. Тогаш се оди во црквата каде што оставаат дарови на Распетието Христово, а цвеќето на „плаштеникот-оплакувњето Христово“. Секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје.

    На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус. Исто така, се поставува и “„Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кое верниците се поклонуваат и Исуса го бакнуваат во раните на нозете.

    СТРОГ ПОСТ
    Православниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    Велика Сабота

    Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика сабота е исполнета со исчекување на благодатта на Неговото Воскресение. Смртта на Господ веќе ги воскреснала упокоените праведници во Ерусалим кои им се јавиле на мнозина, а први што трепереле пред можноста да се објави како воскреснат биле непријателите Негови (првосвештениците и фарисеите што побарале да биде убиен). Побарана е стража од римски војници да Му го чува телото. Сепак, Он како оној што невино и неправедно а Божествен претрпел понижувања, страдања и смрт на крст, незадржливо воскреснал. Смртта и пеколот (демоните) не нашле начин да воспостават власт над Таквиот. Воскреснатиот Господ им се јавил на Своите ученици онака како што сведочат Неговите апостоли и евангелисти. Долгиот богослужбен ден на Велика Сабота завршува длабоко во ноќта со бдението пред Пасха. А на живоносниот Гроб Господов во Ерусалим се празнува Светиот оган. Овој оган од Светиот гроб се пренесува по Светата Земја и ги осветлува сите домови. На денот на великата новозаветна жртва Сонцето на правдата – Христос, го разгорува Светиот оган. Овој празник е востановен со чудото во времето на патријархот Наркисос, кога во недостиг од масло кандилата биле налеани со вода и запалени од оган кој чудесно слегол од небото и за време на пасхалната служба горел како под масло. Древните христијански сведоштва говорат дека незгасливиот оган се чува на Светиот гроб од раните времиња на христијанството. На бдението пред Пасха (Воскресение) во Црквите ширум Православието Епископот, бидејќи е на местото и во образот Христов, самиот ги благословува и ги пали кандилата, а сите други земаат светлина од неговата свеќа.
    Својата проповед за небесното царство, т.е. за блажениот, спокоен и радосен живот, Христос ја започна на свои 30 години и проповедаше три години.

    Но, како Бог тој не замолкна како што секој човек замолкнува со својата смрт, туку и вистински мртов како човек продолжуваше да проповеда на оние што од почетокот на времето и човечкиот род умреа од бодилото на смртта.

    Велика Сабота е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение.
     
  14. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Велигден.Христос Воскресе.Нека ни е среќен празникот и нека ни е за многу години. :*
     
    На Ketrin.Moon и EvAngelos им се допаѓа ова.
  15. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ !!!

    Нека ни е среќен празникот и за многу години на сите верници од православна вероисповед.

    Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден - Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

    Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургиии.

    Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

    Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли - христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание.

    Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение.

    Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе!

    Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во Воскресението. Оваа практика и до ден денес е запазена во Светото Послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се до Вознесението Христово, Спасовден.

    Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта.

    Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а водено ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението.

    Според хронологијата на христовите настани забележани во Евангелието, се знае дека на Велики Четврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во христовото тело и крв. Оваа света тајна - Евхаристија е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има христовата крв.

    Затоа црвената боја, симболизирајќи ја христовата крв од светата причест ги украсува велигденските јајца. Како што бојадисаните црвени јајца од Велики четврток се јасна најава за блискоста до Велигден, така и тогаш, на Велики четврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.

    Според Светото предание се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца.

    Се вели дека Марија Магдалена наскоро по Христовото вознесение (Спасовден) го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието.

    Во Рим таа побарала да појде и кај римскиот император Тивериј, со цел да му раскаже на царот за Господ Исус Христос. На средбата, таа на царот најнапред му подарила едно црвено јајце и го поздравила со зборовите Христос Воскресе.

    Потоа му раскажала за се што учел Христос, за неговите добри дела и чуда што ги правел на луѓето.

    Следејќи го нејзиниот пример, првите Христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат Христос Воскресе - Вистина Воскресе!
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  16. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Источен Петок - Балаклија




    Во Цариград во V век, во близина на таканаречената „Златна Порта“ постоело место полно со кипариси и чинари, уште одамна посветено на Пресвета Богородица. Во шумичката постоел извор, исто така одамна познат како источник на чуда. Со текот на времето местото обраснало со грмушки, а водата исчезнала во калта. Само влажноста на земјиштето навестувала дека постои извор.
    Еднаш војникот Лав Маркел минувајќи низ тоа место наишол на беспомошен патник, слеп човек кој го беше загубил патот не можејќи да се снајде. Лав му помогнал да се врати на патеката, и го одведел човекот, ослабен заради истоштеноста, под сенка да се одмори, а тој, пак, тргнал во потрага по вода за слепиот. Одеднаш слушнал глас кој му велел: „Лав, не барај вода некаде далеку. Таа е тука блиску.“ Лав, вчудоневиден од таинствениот глас, почнал да бара наоколу, но вода не можел да најде. Додека стоел така, натажен и замислен, истиот глас повторно му се обратил: „Цару Лав! Појди во сенката на шумичката, нацрпи од водата што ќе ја најдеш таму и подај му од неа на жедниот. Стави му врз очите од калта во изворот. Тогаш ќе узнаеш Која сум Јас, Која е Таа што толку долго време го благословува ова место. Набргу ќе ти помогнам да подигнеш тука црква со Моето име и на сите што ќе притекнат овде и со вера ќе Ме повикаат ќе им бидат услишани молитвите и потполно ќе се исцелат од нивните болести“.
    Лав поитал кон назначеното место, зел кал од изворот и ја ставил врз очите на слепиот, давајќи му и вода да се напие, и на овој веднаш му се вратил видот. Без водач тој пристигнал во Цариград, славејќи ја благодатта на Пресветата. Овој настан се случи за време на цар Маркијан (391-457).
    Царот Маркијан го наследил Лав Маркел (457-473). Тој го запамтил јавувањето на Пресветата и наредил изворот да се исчисти од тињата; изградиле насип за да се оддели овој од другите извори во близината, а водата ја затвориле во голем тркалест камен базен, над кој изградиле црква посветена на Пресвета Богородица.
    Царот Лав го нарекол изворот „Животодавен Извор“, зашто таму била објавена чудотворната благодат на Пресветата.
    Стотина години по Маркијан, владеел царот Јустинијан Велики (527-565), човек длабоко посветен на православната вера. Многу време тој страдал од водена болест, не наоѓајќи помош кај лекарите и сметајќи се себеси веќе за осуден на смрт. Еднаш на полноќ тој слушнал глас: „Ти, цару, нема да оздравиш сѐ додека не се напиеш од Мојот извор.“ Царот не знаел за кој извор му зборувал гласот, та паднал во очајание. Тогаш, дента, Богородица му се јавила велејќи му: „Стани, цару, појди до Мојот извор и напиј се од него, па ќе бидеш здрав како порано.“ Болниот ја послушал Пресветата Владичица. Го нашол изворот, се напил од неговата вода и наскоро му се повратило здравјето. Во близина на црквата изградена од Лав, благодарниот цар подигнал нова велелепна црква, каде што подоцна бил основан голем манастир.
    Во петнаесеттиот век царскиот град паднал во рацете на муслиманите. Прочуената црква на Животодавниот Извор била уништена, а градежниот материјал бил употребен за изградба на џамија на султанот Бајазит. Местото каде што порано стоела црквата било покриено со земја и кршен камен, така што и од самите нејзини темели немало трага. Прекрасната околина била претворена во муслимански гробишта. Турската стража, поставена при урнатините на црквата, им забранувала на христијаните не само да се собираат на тоа место, туку дури и да пријдат таму.
    Со текот на времето забраната станала не толку строга и на христијаните им било дозволено да направат малечка црква на тоа место. Но, во 1821 г., и таа била урната, а самиот извор бил затрупан. И повторно христијаните ги расчистиле урнатините, го откопале изворот и повторно црпеле вода од него. Дури и при овие остатоци од некогашното величествено свето здание, Пресветата, како и порано, со Својата благодат им помагала на оние што притекнувале при Неа. Подоцна, меѓу скршените парчиња кај еден од прозорите била пронајдена, веќе полураспадната од времето и влагата, плоча на која биле запишани 10 чуда што се беа случиле при Животодавниот Извор меѓу 1824 и 1829 година.
    За времето на владеењето на султанот Махмуд, православните добиле малку слобода за извршување на богослужбите. Тие го искористиле ова да подигнат, по трет пат, црква над Животодавниот Извор. Во 1835 г., со големо велелепие, Вселенскиот патријарх Константин, во сослужение со 20 епископи и во присуство на мноштво верници, ја осветил црквата којшто и до ден денес стои. Во близина била изградена болница и прифатилиште за сиромашни. Дури и муслиманите зборуваат со голема почит за Животодавниот Извор, како и за Богородица, Која преку него ја излева Својата благодатна моќ. „Голема меѓу жените Света Марија“, вака тие зборуваат за Пресветата Дева. Водата од Животодавниот Извор ја нарекуваат „вода на Светата Марија“.
    Невозможно е да се наведат сите чуда источени од Животодавниот Извор преку кои беше излеана благодат врз цареви, патријарси, врз големци како и врз обични луѓе. Силата на благодатта до денешен ден дејствува преку изворската вода. Таа сила лично ја имаат доживеано не само православни христијани, туку и католици, Ерменци, па дури и Турци.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Според календарот на МПЦ денеска е Св. цар Константин и царица Елена.
    [​IMG]
    Во времето кога во Рим царуваше Диоклецијан, управник на западните римски области беше христољубивиот Констанциј Флор, кој во бракот со света Елена го доби синот Константин.Последниов во историјата толку се прослави, што го доби името Велики.

    За христијаните, пак, тој е првиот благочестив цар.Во 313 година, тој го издаде познатиот Милански едикт, со што се прекина тривековниот прогон на христијаните во Римската империја.Со него почнува една нова, христијанска ера во Римската државна историја, а тоа Константин го одбележи со пренесувањето на престолнината од древниот многубожечки Рим, во новиот град Константинопол.Свети Константин го свика и Првиот вселенски собор во 325 година, на кој црквата ја осуди ереста на Ариј. Изгради многу величествени цркви, посебно во Ерусалим. Пред смртта се крсти, а по смртта црквата го приброи овој цар меѓу своите светила, заедно со неговата мајка Елена.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Св. цар Константин и царица Елена. :)
     
  19. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    Задушница !

    Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење). Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците порзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата средба со душите на починатите се обавувала на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, кршење на орев како хтоничен плод со кој се повикуваат душите на средба, со обредни лепчиња, со раздавање на храна и ритуален оброк заедно со мртвите.
     
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Оваа твоја порака ама врска си нема со Православната Црква и нејзиното учење.
    Македонската Православна Црква во својот календар има запишано 3 задушници и тоа: задушниците пред Неделата на Страшниот Суд, задушниците пред Духовден и задушниците пред Митровден. Нивната смисла е следнава:
    - Задушниците пред неделата на Страшниот Суд, односно неделата Месопусна (неделата пред Прочка) се воспоставени за да ние се помолиме за нашите браќа, сестри, татковци, мајки, прататковци и прамајки, за да и тие дадат добар одговор на Страшниот Суд, застанат од десната страна на Господа и влезат во вечната радост.
    - Задушниците пред Духовден, влечат потекло од молитвата која на овој ден коленоприклоно се чита за оние избавување на оние души кои се во адот. Овие денови ние се молиме да Бог ги избави од геенските огнови нашите роднини кои од нас се претставија.
    - Задушниците пред Митровден, се воспоставени најпрво во Русија како спомен за сите борци и поборници кои паднале на во борбите и својот живот го положиле за верата и татковината. Со текот на времето попримиле универзално значење.
    Во овие денови, најдобро е секое православно Христијанско семејство да спреми блудец (варена блага пченица засладена со мед која е симбол на Воскресението, поскура-просфора и вино) и да ги однеси в црква или на гробишта и да бидат опеани од страна на свештеник за прошка на гревовите на упокоените предци.
    Душите на оние што се рајските населби и се близу до Бога не сакаат да шетаат по земјата, а душите пак на оние кои се во пеколот и да сакаат не можат да излезат од таму...
     
    На Witchman, Mama25 и kravce им се допаѓа ова.