1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес е христијанскиот празник:

Дискусија во 'Религија' започната од Snow-Queen, 19 август 2012.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Духовден - Педесетница

    Духовден се празнува три дена, а првиот ден од празникот секогаш е во недела. Овој е единствен од дванаесетте големи празници што нема претпразненство. Тоа се надоместува со фактот што во текот на целиот период од Велигден до Духовден се чувствува празничното расположение. На овој празник редовно му претходи задушница што се празнува во саботата пред Духовден, кога се изведуваат повеќе обичаи што им се наменети на покојните претци. Овој ден меѓу народот е познат и под името „Мртва сабота“.
    Овој ден се вика и Педесетница, не само затоа што се празнува педесет дена по Велигден туку и затоа што настанот што му дава печат на овој ден се случил токму на еврејскиот празник Педесетница. Овие два празника Пасха и Педесетница, заедно со Преполовение се единствените што имаат основа во Стариот завет. Евреите го празнувале Пасха како ден на излегувањето на еврејскиот народ од египетското ропство, а празникот Педесетница го празнувале во спомен на денот кога Господ му ги подарил законите на Мојсие во Синајската Гора. Во Новиот завет Пасхата станала празник на излегувањето на човекот од ропството на гревот и на смртта и на влегувањето во вечниот живот, а Педесетницата во спомен на дарувањето на светиот Дух на апостолите.
    Тој ден апостолите биле на едно место во Ерусалим, биле дванаесет на број зашто испразнетото место на Јуда Искариотски, кој по предавството на Исус се обесил, го пополниле со Матиј, кого го избрале со коцка од учениците Христови, за нивниот број пак да биде дванаесет. Околу 9 часот наутро одеднаш се слушнал силен шум од небото како дување на силен ветар, се покажал Светиот Дух, ја исполнил просторијата, а потоа во форма на пламени јазици слегол врз апостолите. Овој момент е претставен и на иконите во нашите цркви каде што се насликани на едно место сите апостоли, заедно со Богородица, а над нивните глави се гледаат пламени јазици што всушност го претставуваат Светиот Дух.
    По овој настан апостолите започнале да зборуваат на разни јазици, а многубројниот народ што се собрал по силниот шум помислил дека тие луѓе зборуваат неразбирливо затоа што се пијани. Тогаш се појавил светиот апостол Петар кој на собраните луѓе им објаснил дека тие луѓе не се пијани туку се исполнети со Светиот Дух што им го испратил Господ. Потоа ги поканил да се крстат, а многумина што чувствувале товар на совеста поради настаните што му се случиле на Исус Христос, веднаш прифатиле да ја примат верата Христова. Само во тој момент се крстиле околу 3000 луѓе.
    Овој настан во Светото писмо поточно во книгата „Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука“ вака е опишан: „Кога се навршија дните на Педесетницата, сите апостоли беа заедно и еднодушни. И ненадејно се чу шум од небото, како да идеше силен ветар, и ја исполни целата куќа, каде што седеа. И им се јавија разделени јазици, како огнени и застанаа по еден над секого од нив. И се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат. Сите се чудеа и во недоумение си зборуваа еден со друг: „Што ли ќе биде ова?“ А други потсмевајќи се велеа: „Се напиле со слатко вино“. Тогаш Петар стана со единаесетте, го подигна гласот свој и им рече: „Луѓе Јудејци, и вие сите што живеете во Ерусалим, знајте го ова и внимавајте на моите зборови: овие луѓе не се пијани, како што мислите вие, зашто е третиот час од денот: но тоа е претскажано преку пророкот Јоил: И ете во последните дни, рече Бог ќе излеам од Мојот Дух на секое тело и ќе пророкуваат синовите ваши и ќерките ваши, и младичите ваши ќе имаат виденија и старците ваши ќе сонуваат соништа; и во тие дни врз слугите Мои ќе излејам од Мојот Дух и тие ќе пророкуваат. И ќе покажам чудеса на небесата и знаци долу на земјата, крв и оган и чад. Сонцето ќе премине во темнина, а месечината во крв, и тоа уште пред да настапи големиот и славен ден Господов. И тогаш секој што ќе го призове името Господово, ќе се спаси.” (Дела 2/1-21)
    Со ова се исполниле зборовите на Св. Јован Крстител кој подготвувајќи го народот за доаѓањето на Исус Христос, повикувајќи ги луѓето на покајание и крштевајќи ги им зборувал: „Јас ве крштевам со вода, но Оној што иде по мене е посилен од мене; јас не сум достоен да Му ги понесам ни обувките; он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган.“ (Матеј 3/11) Ако во Стариот завет Светиот Дух бил испраќан врз одбрани личности, пророци, во Новиот завет тој според пророкот Јоил требало да биде излеан врз целиот народ. „И ете по тоа ќе излеам од Мојот Дух врз секоја плот;“ (Јоил, 2/28)

    Новозаветната Педесетница или Духовден е денот на славното исполнување на ветувањето за Христовото испраќање на Светиот Дух врз апостолите.

    Ова е крајно радосен, извонреден и утешителен настан. Куќата во која тие пребиваат еднодушни одеднаш е преисполнета со шум од небото, сличен на силен ветар, а разделени јазици, како огнени, се спуштаат врз секого од учениците. Од ова тие се исполнуваат со Дух Свети и почнуваат да го благовестат Евангелието на разни јазици, онака како што Светиот Дух им даваше да изговараат. За разлика од мистиката на Успението на Пресвета Богородица, на пример, при доаѓањето на славата на Господ и другите одондестрани и чудесни појави кое им се открива како видение на некои од присутните, настаните на Педесетница стануваат очигледни за сите, не само за достојните. За да ги видат, на ерусалимјаните не им беше неопходен духовниот вид, иако на виденото не дадоа сите еднаков духовен одговор. Значи, зборувањето на сите јазици на кои луѓето од Ерусалим зборуваа (бидејќи во него живееја дојденци од разни краеви) едни го гледаа како прекрасно чудо, други како знак на пијанство. Петар вдахновено го објаснува настанот и ги упатува на пророштвата за овој настан до Избраниот народ дојдени преку Пророкот Јоил. Благовеста на Петар допре до срцата на многубројните луѓе што го чуја и тие го примија покајанието заради името на Исуса Христа. Во тој ден се крстија и присоединија кон Црквата Христова околу три илјади души. Оттогаш наваму Педесетница се смета за роденеден на црквата Божја. За првпат по падот човекот ипостасно Го прима Светиот Дух и ја добива полната и реална можност да живее според благодатта.
     
    На Witchman и Mama25 им се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Свети Наум Охридски

    Нашиот преподобен и голем отец Наум, согласно воспитувањето на благородните родители, откажувајќи се од благородството и богатството, им се придружи на рамноапостолните браќа Константин Философ и Методиј. Станувајќи им придружник на овие прекрасни мажи и благовесници на Вистината, се предаде во нивни раце. Нив ги имаше за пример во сè и за свои учители, поучувајќи се во нивното училиште од делата на свети Григориј Богослов, свети Јустин Философ, свети Григориј Неокесариски, свети Василиј Велики, свети Јован Златоуст, свети Григориј Ниски, Блажен Августин, свети Јован Дамаскин, и подготвувајќи се за големото апостолско дело што го очекуваше. Дејноста на свети Наум е тесно поврзана со мисионерската дејност на светите Методиј и Кирил. Околу 863 година тој замина со нив во земјите на Централна Европа. Патувајќи со нив по селата на новоформираното Кралство на Моравија – на територијата на среден Дунав, меѓу Чешка, Баварија и Словачка – овој вистински Христов апостол беше подложен на многу искушенија: беше биен, исмејуван, хулен, претрпувајќи долги и бескрајни тегоби и тешкотии, затвори, насилства и студ, и протерувања од непријателите Христови и на Верата. Но, Господ го поткрепи нивното богоудно дело и за кратко време работата на овие свети Отци доживеа голем успех, во голема мера и затоа што тие го знаеја локалниот јазик. И за да привлечат мнозина да Го познаат Христос, и за да ги просветлат со светлината на благочестивата вера и со пишаното слово, се спротивставија на тријазичната ерес според која словенскиот јазик не беше достоен за на него да се шири Словото Божјо, туку оваа чест беше припишувана само на три јазици: еврејскиот, грчкиот и латинскиот. Раководени од зборовите на Спасителот: „Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание“ (Марко 16, 15), тие го преведоа Светото Писмо – Стариот и Новиот Завет како и Литургијата на свети Јован Златоуст од грчки на словенско-македонски јазик, создавајќи ја за оваа цел глаголицата, предавајќи го јасно словенскиот збор со букви и со изразни зборови какви што пронајдоа. На овој начин ѝ дадоа на својата мисија цврста основа во писмо и книги. Пред да го објават тоа корисно и Божјо дело меѓу тамошните народи, светите Методиј, Кирил, Климент, блажениот Наум и другите со нив свети ученици-апостоли, заедно решија да го претстават пред Вселенската Црква, за да добие сила и потврда. Ги зедоа книгите, и исполнети со Божјиот Дух, околу 869 г. стигнаа во старата престолнина на Ромеите – Рим. Тогаш беше архиереј големиот Адријан II (867-72). Тој, откако разбра за доаѓањето на Светите, ги пресретна оддалеку со целиот свештенички собор и торжествено ги прослави, како што се практикувало во такви случаи за светители. А свети Наум, иако беше помлад од сопатниците, им беше еднаков на своите сотрудници во апостолската ревност и во чудотворната сила, како и во ученоста и во познавањето на многу јазици. Таму, кога влегуваа во градот, Господ, Кој ги прославува оние што Го слават, покажа преку Своите служители натприродни чуда. Така многу слепи прогледаа, мнозина свиени се исправија, глуви и неми проговорија и прослушаа, хроми проодија и други се очистија од нечистите духови и се исцелија од разновидни болести. Од тие чуда и од други Божји откровенија, кога архиерејот виде и сфати дека се од Бога дела, ги замоли Светите да му ги покажат книгите што ги преведоа. Штом му ги донесоа, тој ги провери со целата своја строгост, срамнувајќи го грчкиот со словенскиот текст, ги прогласи за веродостојни, ги одобри како погодни во секој поглед за евангелизација на словенскиот народ, и рече: „Господ е благословен! Овие книги се вистински принесувања жртви на Бога, Нему угодни!“ Потоа тие отслужија Божествена Литургија и папата го потстрижа во голема схима Константин и го нарече Кирил, а Методиј го назначи за Архиепископ на Моравија и цела Панонија, со седиште во древната епископска столица Сирмиум (Сремска Митровица), со јурисдикција над словенските земји на Панонија, Моравија, Словачка и дел од Хрватска. Потоа ги ракоположи светите Климент и Наум заедно со другите свештеници и ѓакони и благослови да се служи Литургија на словенски јазик во градските цркви. Откако Светите го исполнија доброчестивото дело, тие сакаа да се вратат назад, секој во своето место. Тогаш ги пресретна целиот народ од градот со големи почести и љубов. А и тие се трудеа секаде каде што имаше тешкотии и болести да исцелуваат. А начинот на кој лекуваше свети Наум беше чудесен и достоен да се прикаже: од неговите очи се излеваше исцелителска сила, која ги лекуваше болестите кај они кои со вера ќе погледнеа во очите на овој свет угодник Божји. Со сила беа одделени оние кои ги следеа, со многу солзи и со тажни лица, и на крајот, кога се простуваа еден од друг со целиви и духовна љубов, благословувајќи ги, Светителите тргнаа по патот. По кратко време, на 14 февруари 869 г., во манастир во Рим се упокои богоносниот Кирил и неговото сефално тело беше положено во храмот на свети Климент Римски. А свети Методиј, пак, ја остави жалоста по својот роден брат Кирил, и откако доби разрешување од блажениот папа Адријан, отиде со сите свои ученици во Панонија. И таму сè добро уреди и поучи. Свети Методиј 24 години носеше архиерејски чин во Моравија и Панонија и, покрај другата дејност, раководеше во Велеград словенско пастирско училиште, каде што учеа многу ученици и каде што беше центарот на словенското богослужење и образование за тие држави. Кога умре во 885 г., тој остави голем број ученици (свештеници, ѓакони, ипоѓакони), до 200 на број, кои беа воспитаници на тоа училиште, во чие подготвување секако учествуваше и презвитерот Наум, меѓу другите избрани ученици, кои ревносно проповедаа во својата околина, пишуваа и преведуваа црковни книги. Првенството меѓу учениците го држеше Горазд, кого самиот свети Методиј го прогласи за Моравски Архиепископ кога доби известие од Господ за своето упокојување. Но дрската толпа од еретици не престана да се бори против него дури и по неговата смрт. Така тие го лишија Горазд од епископска власт и архиерејството го презеде некој Латин, наречен Вихинг, кој беше опијанет од беснотијата на ереста. Тој со својата група почна да го напаѓа православното мнозинство на учениците на свети Методиј. Исполнет со еретичкото учење на Македониј и Аполинариј, тој го преврти целото светоотечко учење на свети Методиј и бараше од верните да исповедаат дека Синот е роден од Отецот, а дека Духот излегува од Синот. Тогаш Светите почнаа да се борат против тие соблазнувања и силно да го проповедаат правилното учење за Светиот Дух, преобраќајќи мнозина во Православието и гласно исповедаа: „Ние веруваме дека Духот произлегува од Отецот и дека Отецот е причина на раѓањето на Синот, но дека е присутен во Синот и секогаш преку Него се раздава на достојните. Меѓутоа, едно е излегување, а друго е раздавање. Првото го објаснува начинот на постоењето на Духот, зашто, како што е Синот од Отецот по раѓање, така е Духот по произлегување од Него. Давањето не го објаснува начинот на постоењето, но покажува обогатување и раздавање... Светиот евангелист Јован ни Го претставува Синот, Кој зборува за Духот на вистината, Којшто излегува од Отецот. Затоа престанете да го острите страшниот меч против себеси. Престанете да се спротивставувате на Божјиот Син, Големиот Благовестител, од Кого, преку и за Кого е целото Евангелие, и без Духот да учите за Духот, или подобро да речеме да зборувате во противниот дух!“ Вихинговците (Франко-Германите) видоа дека не можат со логика и со Откровение Божјо да ја бранат својата теза, па прибегнаа кон лукавство: прво се заколнаа пред Светополк – кнезот на Моравија, дека право веруваат, а тој затоа им ја предаде Црквата во тие места, и тогаш тие го започнаа страшното гонење на Методиевите ученици и следбеници. Ги присилуваа да ја примат нечестивата догма, ги мачеа бесчовечно, им ги разграбуваа домовите, ги влечкаа голи низ трње. Презвитерите и ѓаконите што беа помлади ги продаваа на Евреите како робови. Светите Горазд, Климент, Наум, Лаврентиј и Ангелариј и многу други знаменити мажи ги оковаа во пранги и ги затворија во темница, каде што им беше забранета секаква утеха, бидејќи по никаков начин при нив не смееја да пристапат ни роднини ни познати. Но, што промислува Бог, Кој не дозволува да се навредуваат и обесчестуваат Неговите луѓе? Кога се наоѓаа Светите во затворот и пееја од целата душа и срце едногласно „Господи, Пресветиот Твој Дух...“, о чудо, голем земјотрес се случи, целото место се затресе, и паднаа многу ѕидови и куќи на тираните, па паднаа синџирите и јажињата од рацете и нозете на Светите. Свети Наум ја покажа силата на својата молитва кога чудотворејќи ја отвори затворската капија. И сите заедно излегоа и тргнаа по патот, радувајќи се како некогаш апостолите, зашто се удостоија да страдаат поради Светиот Дух, како оние поради името на Распнатиот Владика. И сите се зачудија пред тоа чудо и ги нарекоа Светите големи. Но јазикот на еретиците повторно се обиде да го изопачи чудото, припишувајќи го тоа на Велзевул, како што направија Јудејците пред Христос. Потоа, бидејќи безумниот кнез не можеше да го разбере ова чудо – Светите повторно беа ставени во окови, потешки од првите и со затворски маки побезуспешни од поранешните. Изминаа три дена. И кога ја завршуваа молитвата на Третиот час, повторно стана истото што и порано: земјотрес и шум од небото и раскршување на прангите. И без да му соопштат за тоа нешто на кнезот, богоборците повторно ги подложија Светите на истите мачења. Откако изминаа десет дена, пак, по третпат Бог ги посети подвижниците, но бесчувствителните еретици повторно си останаа така заслепени. И така врз болките од раните им се наложија на Светителите уште поголеми страдања. Бидејќи имаа од кнезот дозвола да се однесуваат со нив како им е угодно, тие ги извлекоа од затворот и ги измачуваа со бесчовечни удари. По таквите удари, не им дозволија дури ни да се нахранат, бидејќи никому не му дозволуваа да им подаде дури ни парче леб на Христовите слуги. Прогласени за бунтовници против државниот поредок, беа предадени на војниците за да ги одведат пооделно на разни места покрај Дунав, осудувајќи ги небесните граѓани на изгонување од градот. И војниците – луѓе варвари, ги грабнаа Светителите, ги изведоа надвор од градот и откако ги соблекоа, ги протераа голи. Свети Климент ги зеде со себе светите Наум и Ангелариј и се упати со нив кон Дунав на југ, раководејќи се од Евангелието: „Кога ќе ве изгонат од еден град, одете во друг“ (Матеј 10, 23). И ете тие пристигнаа во едно село, во кое решија да ги поткрепат своите тела истоштени од недостаток на храна и покрив. Се распрашаа кој во селото е богољубив, гостољубив и прочуен со благочестивиот свој живот и, откако најдоа таков, отидоа на гости кај него. Тој човек имаше единец син. Но штом влегоа туѓинците во куќата, синот умре. Таткото, целиот скршен, ги проколнуваше и им се закануваше, сметајќи ги за маѓесници и демони. Но и Светите сами страдаа не помалку од таткото. Тогаш тие се оддадоа на молитва, успокојувајќи го со кротост силниот гнев на таткото. И навистина, штом се помолија за детето – о ново чудо!, о, Твојата вечно светла благодат, Спасителу Христе! – на ожалостениот татко жив му го предадоа синот. Таткото, пак, надвор од себеси од радост викаше: „Простете, простете ми преподобни Отци. Јас ништо не знаев за вас и затоа сум повиновен. Но еве ви сè што имам, па и самиот ќе ви бидам слуга!“ Задоволни од верата на човекот, тие смирено зедоа само она што им беше најпотребно за патувањето што им претстоеше и тргнаа по патот што водеше кон Дунав. Кога стигнаа на дунавскиот брег и го видоа силното и поради тоа непреодно течение, откако заврзаа три дрва со лоза, со молитви и Божјо чудо ја преминаа реката на другата страна и стигнаа до Белград. Тамошниот воен намесник убаво ги пречека и ги прати кај владетелот по име Михаил-Борис2, кој со почести и велелепно ги поздрави, благодарејќи Му на Бог бидејќи доби такви учители, не обични луѓе, туку исповедници и маченици. Тој некое време ги задржа во Преслав, а потоа според желбата ги распореди во местата наоколу, за да го проповедаат името Христово. Им нареди на граѓаните да ги слушаат Светите и да им се потчинуваат на наредбите, како да се негови, и да им помагаат во градењето на светите храмови кои тие ќе сакаат да ги градат, за да се множи благочестието. Во Преслав свети Наум работеше седум години (886-893) развивајќи учителска дејност. Таму го продолжуваше делото на своите учители, поткрепен од Духот. Ја ширеше писменоста, подготвуваше свештеници, го објаснуваше и толкуваше Светото Писмо и делата на светите Отци, а понадарените свештеници ги поттикнуваше да препишуваат и да создаваат свои дела. Тој исто така имаше и улога на дворски советник, прво кај кнезот Михаил-Борис, а потоа и кај неговиот наследник царот Симеон. А свети Климент беше испратен за учител во областа Кутмичевица во Македонија, каде што доби многу поволни услови за работа. Тој во манастирот за свој помошник подоцна го зеде свети Наум за да му помага во учителствувањето и другите дела. Кога кнезот Михаил-Борис се повлече заминувајќи во манастир и на престолот дојде неговиот благочестив син Симеон (893-927), тој го предложи свети Климент за епископ на Дремвица и Белица (се смета дека е ова Тивериополската епархија – денешна Струмица). Така во 893 година свети Климент стана прв словенски епископ на Балканот меѓу ромејските епископи. На своето место на Охридскиот универзитет тој тогаш го постави свети Наум, како најдостоен наследник, да ја продолжи неговата учителска дејност. Светите Климент и Наум го поткрепија делото на своите учители Кирил и Методиј поставувајќи цврст темел на православната словенска Црква и на православната словенска култура во Македонија, како и во другите православни земји: Бугарија, Србија, Русија и др. Со христијанското словенско училиште и просвета, со подготвувањето на свештеници и други клирици образовани на словенски јазик, со воведувањето и ширењето на словенскиот јазик во сите богослужби и во целата просвета, од црквите во Македонија го отстранија паганството како и грчкото и латинското влијание. Во секоја парохија дејствуваа по 300 одбрани ученици (учители, проповедници, клирици), а нивниот вкупен број изнесуваше 3500, од кои половината, ако не и повеќе непосредно се беа напоиле од благодатното слово на свети Наум. Во Охридскиот книжевен центар свети Наум работеше седум години. Ова училиште имаше карактер на универзитетска установа и со право денес се смета за прв универзитет во Европа. Сиот овој труд даваше обилни плодови уште во тоа време. Во 900 година свети Наум на брегот на Охридското Езеро основа манастир посветен на светиот архангел Михаил и сите свети небесни и бестелесни сили, којшто го освети Епископот Климент. Со повлекувањето во манастирот, свети Наум се вгради во темелите на монаштвото во Македонија, и околу него се собраа мноштво монаси од целиот Балкан. И откако направи сè што Му е благоугодно на Бог, почина таму блажениот Наум во длабока старост и Му ја предаде својата душа на Бог на 23 декември 910 година. А чесното тело негово беше положено во гробот, во десното крило на храмот, од Христовиот архиереј Климент Охридски, кој се упокои шест години подоцна. Уште на крајот на десеттиот век светите Наум и Климент се канонизирани за светители. Свети Наум е почитуван уште за време на животот, а особено по повлекувањето во манастирот и за време на отшелништвото во крајезерските пештери, како добродетелен и свет подвижник и како чудотворец. Свети Наум беше мудар учител, боговдахновен раководител на монасите, строг подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Правеше многу чуда за време на животот и по смртта. Од неговите чудотворни мошти и денес се случуваат многубројни чуда, исцеленија од тешки болести, особено лудило и демоноопседнатост. Многумина болни доаѓаат на неговиот гроб и тоа не само православни туку и луѓе од друга вера. Во 1926 година еден муслиман од Ресен донесува камбана за да ја приложи на манастирот од благодарност што Светителот му го беше излекувал братот и од смртна постела го подигнал повторно во живот. Името на приложникот е Џемаил Зизо, а на неговиот брат Сулејман Зизо, и двајцата угледни граѓани на тогашен Ресен. Затоа, браќа, и ние да му последуваме на добриот живот на овој блажен Отец, кој се зачува наполно девствен и чист и кој претрпе многу беди и напасти поради вистинската Божја вера, па со него да ги достигнеме вечните богатства на нашиот Господ Исус Христос, во слава на Отецот, на Синот и на Светиот Дух, секогаш и во сите векови. Амин.
     
    На Witchman, eticka, Dinnna и 2 други им се допаѓа ова.
  3. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Денес е РАЃАЊЕ НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ (ИВАНДЕН)

    Пророк кој оди пред Спасителот
    Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност празник посветен на раѓањето на Свети Јован Крстител.

    ivandenСвети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учеење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел Свети Јован додека го покрстувал народот.

    Свети Јован е една од ретките личности во христијанската вера (покрај Исус Христос и Богородица) кому Светата црква му посветила повеќе празници: Раѓање на Св. Јован Крстител, (Иванден), Отсекување главата на Свети Јован Крстител, Собор на Свети Јован Крстител, итн. Оттука може да види и значењето на овој лик во христијанската вера и воопшто во верувањата на нашиот човек. Во народниот живот и во народното верување Свети Јован е значаен и по тоа што тој го има кумството и побратимството, зашто како што се раскажува во преданијата и како што се пее во песните кога светците ги делеле функциите токму на св. Јован му паднале кумството и побратимството.

    Свети Петар - кључи од рајови,
    Свет Илија - сиљни секавици,
    Свети Јован - кумство, побратимство,
    Неделица, празник да празнуват.

    Иванден е еден од најважните празници кај целиот словенски свет во кој се преплетуваат голем број обичаи и верувања од старата словенска митологија, со празнувањето на денот на раѓањето на св. Јован Крстител. Во народната традиција овој празник е поврзан со летната солстиција, односно со периодот на долгодневницата. Овој празник во годишниот круг празници е симетричен на Божик, денот поврзан со зимската солстиција, односно со периодот на краткодневицата. Овие два празници ги поврзуваат и повеќе обичаи и верувања поврзани пред се со сонцето. Во таа насока се и обичаите и верувањата поврзани со огновите. Ритуалите со билките, исто така претставуваат еден од најважните елементи поврзани со Иванден, а тие пак исто така се остаток од старите словенски верувања.

    Според светото предание св. Јован и Исус Христос биле блиски роднини зашто мајката на Јована, Елисавета и била братучеда (според други сестра) на Ана, мајката на Марија, односно тетка на Марија, мајката на Исуса. Во времето кога според предвидувањето на старите пророци требало да се роди Спасителот Евреите биле под ропство на Римјаните. Во тоа време живеел еден чесен и побожен свештеник Захариј со својата жена Елисавета. Тие веќе беа остареле , а немале деца што во тоа време се сметало за голема несреќа и за божја казна за некој голем грев. И двајцата постојано и искрено го молеле Господа да им даде рожба, а Бог ја слушнал нивната молитва. Еднаш кога Захариј во храмот се молел на Бога го слушнал гласот на ангелот Гаврил кој му рекол дека ќе добие син кој ќе се вика Јован. Бидејќи не поверувал, за казна веднаш онемел. Кога му се родил синот според обичајот требало да го носи името на таткото, но кога Захариј го запрашале за името тој бидејќи го изгубил говорот зел штица и на неа напишал: „Нека се вика Јован“. Кога го напишал тоа говорот пак му се вратил и тој раскажал дека детето ќе биде пророк што ќе оди пред Спасителот и ќе му го подготвува патот.

    Во младоста Јован го сакал животот во пустината. Живеел во некоја пустина во долниот тек на реката Јордан, се облекувал со ткаенини од влакна од камила, а се хранел со скакулци и мед од диви пчели и со корења од билки. Кога наполнил 30 години по божја волја ја напуштил пустината и се вратил меѓу еврејскиот народ, каде што ги учел луѓето да се покајат и да се подготвуваат за доаѓањето на Спасителот.
    Јован отворено зборувал против сите неправди, мани и негативности кај луѓето. Грешниците ги повикувал да се покајат и поправат за да им стане достапно царството небесно. Многумина помислиле дека тој е ветениот Спасител на што Јован одговарал: „“Јас не сум Христос. Тој е посилен од мене, јас не сум достоен ниту врвците на обувките да му ги одврзам. Јас ве крштевам со вода, а тој ќе ве крсти со Светиот Дух. Мене Господ ме испрати да одам пред него и да му го подготвувам патот“.

    Народни обичаи и верувања поврзани со Иванден
    Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ. Верувањето пак дека тој ден играло сонцето или дека се превртувало три пати е поврзано со тоа што Иванден се паѓа во најтоплиот период од годината.

    Од обичаите што се изведуваат на овој ден повпечатливи се оние поврзани со растението папрат. Имено вечерта спроти празникот се бери папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести, временски непогоди како и други несреќи.

    Вечерта спроти празникот жените берат цвеќе што се вика Иванден, кое што го ставаат на ковчезите со алиштата за да ги чува од молци. Е. Спространов запишал дека во Охрид на Иванден ги ваделе „рутишчата“, ги распостилале по прозорците за да ги види сонцето и ги оставале да ветрејат. И во зборникот на браќата Миладиновци среќаваме податок дека тој ден во Воден, треви лековити „висеет на дуќаните за да имает повеќе покупници“. За вакво вадење од ковчезите на најубавите облеки пишува и Кузман Шапкарев кој напоменува дека надвор ги чуваат до заоѓањето на сонцето за да не ги јадат молци.

    Со празникот Иванден е поврзан и обичајот Тајане, што се изведувал во повеќе краишта на Македонија, но најдолго се задржал во Прилепско, Битолско и Крушовско. Имено вечерта спроти Иванден момчиња и девојки собирале билки со кои закитувале едно ѓумче и го полнеле со вода од три чешми. Едно од нив на возраст од 10-12 години го носело ѓумчето на глава и него го викале „Тајане“, а другите момчиња и момичиња оделе околу него и му пееле пригодни песни. Утрото групата со Тајането одела по дуќаните каде што исто така, пееле песни и собирале подароци од кои потоа правеле заедничка вечера. Притоа се пеело:

    Тајане, Бојане, имам брат Свети Јоване,
    ункеши, ункеши, ункеши по маглата.
    По магла, по магла, по магла ситна роса,
    по роса, по роса, по роса мома боса.
    Играле момите крај манастирот,
    калуѓер гледа од пенџериња,
    фрли си шапка на герамиди,
    од герамиди на трендафилот,
    белата брада на берберница
    црната брада на касапница.

    Кус опис на овој обичај пред околу еден век направил М. Цепенков кој сведочи дека во Битола спроти Иванден „ќе нанижат еден ѓум со секакви цвеќиња и ќе му клаат тел од невестата што гувеела. Ќе го покријат со еден превес и ќе му го клаат на некое дете на глаа, да го носит. После ќе се ватат девојчињата рака за рака, секое спроти бојот, та ќе одат од чешма на чешма пеејќи една влашка песна вака: „Тајани, ѓанизмата кок' за, ќи к' за“ и др. Утрото ќе шетаат по куќите и ќе пеат та ќе му даваат кај пари, кај брашно, кај масло и др. Од собраното зајре ќе направат и сите ќе ручаат, а парите ќе си и делат или ќе и купат нешто емиш за јадење. Во Крушоо клаваат во ѓумо прстење и кој ќа биди пообелен таа мома побрго ќе се мажи“
     
  4. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Иванден.Вечно име на сите Ивани :D
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Светите апостоли Петар и Павле – Петровден
    Денес ги славиме двата големи апостоли, кои целиот свој живот му го посветија на бога. Тоа се светите апостоли Петар и Павле. Тие одеја по земјата уште пред 20 векови, но и до ден денес се живи и им помагаат на сите православни христијани кои ги слават, им се молат и името нивно го повикуваат. Тие ги оставија земни радости и се посветија на царството небесно.
    [​IMG]
    Светиот апостол Петар, беше рибар и прво се викаше Симон, но Господ благоизволи да го нарекува Кифа или Петар (Јован 1, 42). Прв од учениците јасно ја изрази верата во Господ Исус, велејќи: „Ти Си Христос, Син на Живиот Бог“ (Матеј, 16, 16). Љубовта кон Господ му беше голема, а во верата се утврдуваше постапно. Кога Го изведоа Господ на суд, Петар трипати се одрече од Него, но само еден поглед на лицето Господово го исполни со срам и покајание. По слегувањето на Светиот Дух стана неустрашлив и снажен проповедник на Евангелието. После една негова беседа во Ерусалим се обратија околу три илјади души. Го проповедаше Евангелието ширум Палестина и Мала Азија, Илирика и Италија. Вршеше големи чуда: лечеше болни, воскреснуваше мртви, дури и од неговата сенка се исцелуваа болните. Имаше голема борба со Симон Волхот, којшто се прикажуваше за бог, а всушност беше слуга сатанин. Најпосле го посрами и го победи. На заповед на свирепиот цар Нерон, којшто беше пријател на оној Симон, Петар беше осуден на смрт. Откако го постави Лин за епископ на Рим и го посоветува и утеши стадото Христово, Петар радосно појде да прими смрт. Кога виде пред себе крст, ги замоли џелатите да го распнат главечки, бидејќи се сметаше себеси за недостоен да умре како неговиот Господ. Така се упокои и прими венец на вечна слава великиот слуга на великиот Господ.

    Светиот апостол Павле

    Родум од Тарс, од племето Венијаминово. Прво се викаше Савле, учеше кај Гамалиил, беше фарисеј и гонител на христијаните. Во христијанската вера беше обратен преку чудо од Самиот Господ, Којшто му се јави на патот за Дамаск. Крстен од апостолот Ананија. Му се даде името Павле и беше приброен кон службата на големите апостоли. Со пламена ревност го проповедаше Евангелието секаде, од границите на Арабија до Шпанија, меѓу Евреите и незнабожците. Го нарекоа апостол на незнабожците. Колку што беа страшни неговите страдања толку беше натчовечко неговото трпење. Низ сите години на неговото проповедање како на тенок конец висеше ден за ден меѓу животот и смртта. Откако сите денови и ноќи ги исполни со страдања за Христа, откако на многубројни места ја устрои Црквата и откако ја достигна таа мера на совршенство што можеше да рече: „не живеам веќе јас, туку Христос живее во мене“, беше убиен со меч во Рим, во времето на царот Нерон, кога и апостолот Петар.

    Апостолите Петар и Павле се можеби најзначајните личности во историјата на Црквата. Од искуство знаеме дека најтешко, при секоја работа, при секој наш потфат во животот, е да се постават темели, да се воспостави базата, основата. Овие апостоли се луѓето кои ја организирале Црквата. Ним Црквата им го должи својот развој, им го должи своето учење и се разбира им должи за можноста за напредување и достигнување на небесните височини.

    Вистинит е само оној Бог, кој на човекот му дава бесмртност и живот вечен, му дава вечна правда и вистина а тоа е само нашиот Бог Исус Христос. Затоа должиме вечна благодарност кон Светите апостоли Петар и Павле кои целиот живот го посветија на ширењето на словото божјо.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    1.479
    па добро.. луѓето малку повеќе беа сконцентрирани на #скопјесесеќава, но...
    не денес, ами вчера, 26 јули, беше големиот христијански празник Св. Архангел Гаврил.
    за многу години.
    [​IMG]
    Светиот Архангел Гаврил е благовесник на зачнувањето на нашиот Бог Исус Христос, Синот Божји.

    Неговиот спомен Светата православна црква го празнува следниот ден по Благовештение на Пресвета Богородица, односно на 8 април според новиот (или на 26 март според стариот) календар. Празникот е наречен собор бидејќи тогаш во храмовите се собираат оние што веруваат во него.

    Заедно со Архангел Михаил тој е најпознатиот меѓу ангелите, оној што соопштил повеќе вести поради што е познат како гласоносец или како вестител. Освен што на Богородица и се јавил во Назарет и и ја соопштил благата вест дека ќе го роди Спасителот Исус Христос (Свето Благовештение), тој е познат и со повеќе други јавувања како во Стариот така и во Новиот Завет. На Захарија му се јавил и му соопштил дека ќе му се роди син што ќе се вика Јован (Св. Јован Крстител), а поради тоа што овој не поверувал го казнил со одземање на гласот до раѓањето на синот. На Богородица и се јавил и и го соопштил денот и часот не нејзиното Успение, на пророкот Данило му се јавил и му соопштил за доаѓањето на Спасителот, на Мојсеј му се јавувал повеќепати додека овој го чувал стадото на Јатор, му соопштил многу важни работи меѓу кои и за постанокот на светот што овој ги запишал во Прва книга Мојсеева (Битие) застапена на почетокот од Стариот завет на Светото Писмо. Им се јавил и на св. Јоаким и Ана и им соопштил дека ќе им се роди ќерка Дева Марија што ќе се прослави со тоа што ќе го роди Спасителот, на Пресвета Дева Марија освен тоа што и се јавил кога и ја соопштил благата вест дека ќе го роди Спасителот и се јавувал и друг пат и тоа повеќепати, додека оваа престојувала во храмот во Ерусалим, му се јавувал на праведниот Јосиф, на овчарите што ги паселе своите стада на ридовите околу Витлеем кога при раѓањето на Исус силна светлина ги исплашила, му се јавувал и на самиот Господ Исус Христос кога го бодрел при страдањата, им се јавил на жените мироносници утрото по Воскресението кога го посетиле Господовиот гроб итн.

    За сите овие јавувања на архангел Гаврил Светата православна црква го востановила празникот Собор на св. архангел Гаврил што се празнува на 26 јули според новиот (или на 13 јули според стариот) календар. Овој празник се празнува и со домашни служби и со селски собори многу посвечено во однос на 8 април поради тоа што овој празник е веднаш по големиот празник Благовештение, и е во негова сенка, а се паѓа и во строгите или тешки Велигденските пости. Се смета дека ова празнување за прв пат е востановено на Света Гора во IX век по повод едно јавување на архангелот кога со прст врз каменот во една ќелија ја напишал песната „Достојно ест“, посветена на Богородица. Поради тоа оваа ќелија до денес се вика „Достојно“.

    Гаврил значи „сила Божја“, поради што и неговото јавување на Благовештението има и симболично значење, укажува на силата на тој што ќе се роди од Пресвета Дева Марија, дека тој ќе биде силен, семоќен, односно дека тој ќе биде Бог Спасител.

    Архангел Гаврил, заедно со Архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради што стоеле најблиску до Бога. Кога му се јавил на Захарија му рекол: „Јас сум Гаврил кој стои пред Бога...“ (Лука 1/19) Значи Гаврил е еден од седумте најблиски до Господа серафими чии имиња се: Михаил, Гаврил, Рафаил, Урил, Селатил, Ехудил, Варахил. Некои кон овие го додаваат и Јеремил. Сите имаат иста чест или исто ниво на значење, но имаат различни служби.

    На иконата Светиот Архангел Гаврил е претставен или со крин при Благовештението на Пресвета Богородица, или со рајска гранка при Успението на Пресвета Богородица.
     
    На Orthophill и Gordana10 им се допаѓа ова.
  7. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    1.479
    [​IMG]

    Денеска е многу голем ден за нас Македонците.
    Денеска е Св. пророк Илија (Громовник) - Илинден, а воедно и Македонија слави 110 години од Крушевската република и 69 години од Првото заседание на АСНОМ. За многу години Македонци.
    Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јули.

    Денеска е Св. пророк Илија-Громовник

    Свети Илија беше Евреин. Живееше далеку пред Христа. Потекнуваше од градот Тесвит, по што и беше наречен Тесвиќанец. Кога се роди, околу него татко му виде Божји ангели како го повиваат во оган и го хранат со пламен, што укажуваше на неговата подоцнежна пророчка служба. Младоста ја помина во постојано богомислие и во молитва, честопати повлекувајќи се на пусти места. Прорече многу настани и направи голем број чуда со силата Божја, што беше во него. Пред крајот на неговиот земен живот го избра за свој наследник пророкот Елисеј, а потоа се вознесе на небото во огнена кочија, Се јави пак при Христовото преображение, а ќе се појави и пред второто Христово доаѓање.
    Пророк кој пали и гаси на небото и земјата

    Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици.

    Шапкарев кој објавил богати записи за многу македонски обичаи и верувања забележал дека на 20 јули (с.с.) на споменот на пророк Илија празнуваат еснафите: кожуварите, самарџиите и ѓерамидџиите.

    Големиот македонски празник Илинден кој во свеста на македонскиот народ најповеќе асоцира на славното Илинденско Востание и на Крушевската Република, сепак во својата основа го има Свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања.

    Прокот Илија живеел околу 900 години пред Исус Христос (поточно е роден во 816 година пред Христа) во местото Тесвит, поради што во Библијата е наречен Тесвиќанин. Кога се родил Илија татко му Савах видел необичен знак, околу детето имало многу Божји анѓели гои го повивле со оган и му давале пламен да јаде. Ова видение таткото го раскажал на свештениците, а еден од нив му рекол да не се плаши зашто детето ќе биде под Божја заштита, зборот ќе му биде силен како оган, животот ќе му биде посветен на Господа и ќе суди со меч и со оган. Името Илија значи крепост Господова. Целата младост Илија ја минал во молитви, често повлекувајќи се во пустина за да може во тишина да се моли и да размилсува.

    Во тоа време еврејските цареви се откажале од Божјите дарови и им се приближиле на идолските богови. Најдалеку во тоа отишол царот Ахав со неговата пакосна жена Језавела кои на богот Вал му изградиле храм и го терале народот да му се моли, откако ги позатвориле или истепале Божјите пророци и сите оние што му биле верни на Господа. Тогај кај царот дошол Илија којшто му соопштил дека поради неговите гревови ќе страда целиот народ. „Во овие години нема да има роса, ниту дожд, освен според мојот збор“.(3 Цар, 17/1). Наместо да се покајат, Ахав и жена му сакале да го убијат Илија, но Господ го спасил и го испратил кај потокот Хорат спроти Јордан. „...од тој поток ќе пиеш, а на гавраните сум им заповедал да те хранат таму“. (3 Цар, 17/4) Така и се случило, но кога настанала голема суша поради што и потокот пресушил Господ го пратил Илија во сарепта Сидонска кај една жена вдовица што живеела со својот син. Таа била многу сиромашка и кога Илија пристигнал кај неа имала само „грст брашно во ношвите и малку масло во масларникот”, но со негова молитва тоа никогаш не се завршило. Кога по извесно време починал синот на вдовицата Илија се помолил на Господа и тој воскреснал.

    По Божја промисла се вратил кај царот Ахав и му предложил да ги собере сите жреци од храмот на Вал и да ги изведе на ридот да се молат за дожд. На ридот се собрал и многу народ, а Илија им рекол најпрвин да направат жртвеник и да се молат секој на својот Бог и кој ќе им даде оган да го запалат жрвеникот во него да веруваат. Жреците со часови го молеле богот Ваал, но без успех. Потоа Илија зел дванаесет камења „колку што се колената на синовите на Јакова” и од нив направил жртвеник и убаво го потурил со вода. И уште не ја завршил молитвата кон својот Бог кога од небото паднал оган и го запалил жртвеникот. „И оган Господов падна и ја изеде сепаленицата и дрвата и камењата и земјата и ја голтна водата што беше во копот. Кога виде тоа сиот народ падна ничкум и рече: Господ е Бог, Господ е Бог” (3 Цар. 18/38-39) Потоа биле истепани сите пророци на богот Ваал. Илија се помолил на Господа и по три години и шест месеци откако земјата испукала и многу луѓе изумреле, повторно паднал спасоносниот дожд. Но поради убиството на лажните пророци Илија пак морал да бега пред бесот на царицата Језаавела и да се крие во Божјата гора Хорив. Оттаму се вратил кај царот Ахав и му прорекол лоша судбина дека кучињата ќе му ја лижат крвта и ќе ја изедат царицата. Тоа и се остварило.

    Пред крајот на животот Илија за свој наследник во пророкувањето го одредил Елисеј. Кога дошло времето за тоа Господ испратил по Илија огнена кочија што ја лечеле пламени коњи. Илија седнал во неа и таа се подигнала кон небото, а тој му ја фрлил својата горна облека на Елисеј, пренесувајќи му ја на тој начин дарбата за пророкување.

    Кога Исус се преобразил на ридот Таор (на Преображение), за да им покаже на своите апостоли како ќе воскресне после смртта, за што ги повел и апостолите Петар, Јаков и Јован, тука се појавиле и Мојсие и Илија (кои одамна биле умрени). Тие зборувале со Исус за тоа што ќе се случи по неговата смрт.

    Во чест на пророкот Илија, Светата христијанска црква го востановила празникот што се празнува на 2 август според новиот односно на 20 јули според стариот календар.

    Бидејќи во народното верување Св. Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици, очигледно е дека врз Св. Илија се пренесени многу елементи на врховниот пагански бог на Словените, громовникот Перун.

    Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во лето време кога да биет ровја, Св. Илија трчал со кочијата по облаци, за да ја втаса ламјата и штотуку да ја втасал ќе врлел со еден камен морски и одошто силно ќе удрел со камчето, огон силен излегувало и кај ќе удрело ќе расипело и ќе убиело. Ламјата од страв кај ќе и се вдаит, тамо ќе се скриет, за да не ја убиет. Тешко му кај ќе се скриет.” И во Кумановско Свети Илија се држи како празник и не се работи од страв да не бијат громови по полето, луѓето и стоката и сл.

    Ефтим Спространов меѓу другите записи на обичаи од Охрид запишал и верување дека ако грми на Свети Илија, оревите ќе бидат шупливи. Во пролет и во лето кога има грмежи Свети Илија се шета по небото со златна кола и ја бара ламјата за да ја убие. Таа оди да ги пасе житата, а тој штом ќе ја забележи, фрла по неа со огнени стрели. Е. Спространов забележал дека Св. Илија е празник на кожуварите.

    И Кузман Шапкарев кој објавил богати записи на многу македонски обичаи и верувања забележал дека на 20 јули (стар стил) на споменот на пророк Илија празнуваат еднафите: кожуварите, самарџиите и ѓерамидџиите како што и на чевларите празникот им е на Св. Спиридон, а пак на корабџиите Св. Никола, како претседател и покровител на речните еснафи. Од нив двата први т.е. кожуварскиот и самарџискиот за време на празникот на Св. Илија до неодамна даваа општа гозба (угостување) на своите момоци, работници во еснафот на кој ден сите заедно, мајстори и калфи се гоштеваа на една или неколку софри на некое место за веселење, надвор од градот и се веселеа. Тие два еснафи принесуваа во црква восочни свеќи - ламбада и пет леба како што се принесува и на секоја служба. Последниот тоа не го прави. За него велат за да го умилостивел светецот та да не врне преку летото, за да можат ѓерамидџиите без пречки да работат погребувал живо магаре за жртва. Но, тоа во наше време не е вистина дека го правеле, вистина е само дека вечерта спроти празникот прават тркала од неисушени ѓерамиди како симбол на колата врз која пророкот се возел по воздух и од која грмело и пуштал дожд во кого веруваат како Бог Грмник. К. Шапкарев, исто така го забележал и верувањето дека ако на Илинден загрми таа година оревите ќе бидат шупливи.

    Во Гевгелиско се сметало дека Св. Илија е сред лето. Исто така овој ден се сметал за тежок празник и тогаш никој не работел зашто тој бил „аталија - може да те мл'сне и тресне”. Народот верувал дека Св. Илија секогаш држи во раката некој буздоган и со него ја брка ламјата, а кога го фрла буздоганот, тогаш треска, удира гром. Народот верувал и тоа дека и Св. Илија како и Св. Андон може да лекува некои болести поради што многумина ги земале од црквата иконите на Св. Илија и ги држеле кај болниот. Исто така и му ветувале нешто за болниот да оздрави. Во Дојран се одржувала црковна служба и панаѓур кои што траеле два дена, а болните ноќта спиеле под иконата на Св. Илија.

    Свети Илија е присутен и во народните песни и во народните преданија. Во песната од Дебарско „Три светители и света Недала” од зборникот на Иван Јастребов (но и во други зборници со песни од западна Македонија) се пее за големата борба меѓу тројцата светители „кој да земит кључи од рајови” и за епилогот:

    Свети Петар кључи од рајови,

    Свет' Илија - сиљни секавици,

    Свети Јован - кумство, побратимство

    Неделица, празник да празнуват.

    Веќе споменатите функции на Свети Илија да располага со небесните височини, со облаците и дождовите се опеани и една песна од зборникот на Миладиновци :

    На Свети Илија што му паднало?

    Паднало му летни грмежи,

    Он да имат, он да и повељат.

    Христијани страхот да му имат.

    Како што се пее во оваа песна кога легенските христијани започнале да не го слават Бога, ниту другите светци од годината, кога започнале и меѓусебно да не се почитуваат, Свети Илија бил тој што од Бога побарал за нив казна.

    И што беше стар Свети Илија,

    помоли се на наш Христос,

    та му даде кључеве од небеси,

    си закључи м'гли и облаци,

    три години дожд не заврна,

    три години с'нце не угреа,

    три години ветер не подунал,

    не се роди ни вино ни жито.

    Дури по три години кога сфатиле дека мораат да се покорат на Божјите закони и кога се покајале,

    дури тогај дожд им заврнало,

    што сејали све им се родило,

    родило се и вино и жито.

    Свети Илија го среќаваме и во македонскиот прозен фолклор, пред се во преданијата и легендите. Не едно место тој како старец посетува еден дом и ги моли наречниците на новороденото да му одредат поубав живот, на друго место испратен од Бога ги казнува арамиите и го смирува царството, на трето место се заканува дека на денот кога ќе му биде името со рофја ќе го уништи веков, па сестри му Марија и Магда не му кажувале кога е тој ден, „еднуш му велеле оту уште не дошол, а друг пат оту поминал и така го дочувале светот нерасипан досега”.

    Марко Цепенков бележејќи ги еснафските празници на едно место забележал дека 20 јули Свети Илија го служеле орачите, фурнаџиите и кочиџиите (пајтонџиите), а на друго место дека калфите и чираците од кожуварскиот и ќурчискиот еснаф празнувале на - Свети Елисеј, 14 јули, а мајсторите од двата еснафа заедно со калфите и чираците - на 20 јули го празнувале Свети пророк Илија.

    Тропар

    Свети пророк Илија

    Анѓел во тело, столб на пророците, втор претеча на Христовото доаѓање, Илија славен, откако одозгора му испрати благодат на Елисеј, овој болести прогонуваше и прокажени очистуваше. Затоа на оние што го почитуваат им дава исцеление.

    Преданија и легенди

    Свети Илија кога гледал големи неправиње на земјата

    Кога бил на земјава Свети Илија, големи неправиње гледал по луѓето што се праеле. Од тие неправиње што ’и гледал Свети Илија, се качил на една висока планина и излегол пред Бога.

    - Аир абер, старче – му рекол Господ – што си се мачил до мене нешто?

    - Да ти имам молитвата Господи – му рекол, Свети Илија. – Ако се мачив, туку те молам, Боженце мило, да не ти останит ат’р, нешто што ќе ти речам.

    - Знам, старче, што ќе ми речиш – му рекол Господ – дека големи неправиње си гледал по луѓето што се праеле, лели тоа сакаш да ми речиш?

    - О, вистина Боженце, тоа сакам да ти речам и да те молам да не остааш да ’и глобат на правина сиромасите и друзи лоши работи што се прават од лоши луѓе – му рекол Свети Илија.

    - Ја ај слези, бре старче, долу – му рече Господ - на друмот кај чешмата. Близу до чешмата имат едно дрво јаороо, во него да влезиш, чунки е шупливо, и да се скриеш, арно со шума, да да гледаш тука на чешмата. Што ќе се стори денеска и вечер, дојди за да ми кажиш, ама ер што да видиш, да траиш и за арно и за лошо.

    Му сторил Свети Илија три метании на Бога и пошол, та се скрил до дрвото.

    Не би час, довтасал на чешмата еден коњаник со оружје обружан, слегол од коњ и се наведил, та се напил вода од чешмата. Во исто време му паднала една мушама полна со алтани, без да ја сети, си вјавнал коњо и си тргнал по друм. По него дошол еден овчар да пие вода и ја нашол мушамата со алтаните, си ја зел и си ошол напреку, од радос се скина бегајќим. Не би час, втасал еден сиромав чоек окапан во алиштата, седнал до чешмата и си изваил од торбето сув лебец, та си го натопи во водата за да му омекни. Одејќи по пато коњаникот, беше се сетил оти мушамата беше му паднала до чешмата и беше се вратил назад бодињаница со коњо, што да можи да бодиња, и втасал кај чешмата, рипнал од коњ долу и грабнал сиромајот што си јадеше сув леб натопен со водичка.

    - Мушамата што ја најде овде, бре чоече, оти сега ќе те отепам – му рекол наврекнато и навјасано.

    - Аман, бре чоече Божји – му рекол сиромаиот – не тоарај ми се мене, оти јас еве сега ја седнав овде, немат пет декики време, ни мушама сум видел, ни ништо.

    - Море тебе ти велам, бре пезевенг – му свикал налутено коњаникот – извај мушамата, оти ќе загинеш на мрцина!

    Кога гледаше Свети Илија тоа што се напаѓаше од коњаникот, срцето му се кинеше од мака и уште за малце ќе се јавеше од кај што беше скриен, за да му кажит кој ја нашол мушамата. Арно ама, заповеста Божја такваа му беше за да траит до крај; тики од тоа траеше и молчеше. Повторно сиромавиот му се колнел, дури месата си јадел, оти абер немал од мушама да нашол. Најпосле, откога виде коњаникот оти нема да му кажит сиромавиот мушама, тргнал кубурот и го отепал на место. Брго-брго го слекол за да му ја најди мушамата. Арно ама, мушама не нашол. Побарал околу него да не нешто ја имал скрита, секаде барал не ’а нашол.

    - Ах, анасана, што би овој таксират мој – си рекол – и без пари останав и без душа. Мене ме пери сега пустина, а не дома одење!

    Така рекол и дупна коња, та си побегнал.

    Седел Свети Илија до вечерта и не видел ништо друго некое лошо. Утрото рано отишол кај Бога и со умо се надеал за кабаетлија да го најди Бога. Излегол Свети Илија пред Бога и му сторил три метании, та застанал со прекрстени раце, со лицето увилено.

    - Што така си нешто невесел, старче – му рекол со смеа Господ – ја кажи ми што правиње виде вчера кај што беше скриен?

    - Еда, Господи, ти за правиње ме пушти да гледам, туку јас правиње не видов, ами ти видов најлоши кривиње.

    - Ја, ај кажи ми да видиме – му рекол Господ – што виде?

    - Сам знаеш ти, Господи – му рекол Свети Илија – туку пак да ти кажам: откоа се скрив во дрвото, дојде на чешмата еден коњаник и слезе да се напиет вода, та му падна една мушама со пари и тој, кога му падна, не ја сети и си отиде по патот. Не би час, помина еден овчар, да пие вода од чешмата и си ја најде мушамата, ја грабна и си побегна в планина, не би час, еве ти еден сиромав чоек дојде и седна до чешмата, та си натопи едно короманче леб во водата за да му омекни и да си го јади. Во тоа време втаса коњаникот со бодињаница и го закачи сироматаго да го мачи, за да му ’и даит парите. Арно ама сиромавиот абер немаше од таа работа, му се отимаше, му се молеше и му се колнеше, месата си јадеше оти абер немал, најпосле тргна со кубурот и го отепа на место; го бара го чини, не му ја најде мушамата, чунки овчаро беше ја зел. Бара околу да не нешто ја закопал, пак не ја најде, си вјавна коњо и си побегна по патот. Еве ова ти гледав, златен Господи, да кажи дали е правина?

    - Според тебе, бре старче, кривина ти се гледа, а според мене голема правина. Ете како е таа работа моја тајна. Коњаникот што ја загуби мушамата со пари, тие пари беше ’и спечалил од арамилак; од татка му на овчарот, беше му забрал триста овци пред неколку години и беше ’и продал, да тие пари сет од татка му на овчарот. Алал стока не гини и да загини пак ќе се најде, така е тоа речено од мене. Разбра, старче, што ти кажав, али не разбра?

    - Разбрав Господи, и веруам оти така е, ами сиромаиот без кабает што го уби патникот, што ќе ми кажиш за него?

    - Сиромаиот старче – му рече Господ – беше од најлошите луѓе. Уште од детинство беше тргнал по ѓаола и од ден на ден, од лош уште полош се чинеше, а не поарен. Бре го осиромашив, бре понапре го обогатив, не би чаре да се покаит и сега беше пратен од едни кесеџија да калузлаиса еден домаќин со пет дечиња за да го погубат кесеџијте. Да што ќе запустеше еден добар домаќин, тој нека крши глава по ѓаола. А тој што уби (коњаникот), беше му се возродило во срцето покајање и со тоа што го уби сиромаио: уште ќе се каит и тој ќе одит во Света Гора за да се спаси од сите стари и нови греои. Ете, се што се праи на земјата без волјата моја не бидуа.

    Откога му стори Свети Илија три метании на Бога, си слегол од планината и си ошол дома. И од тој саат се што да видеше да се праит нешто лошо или арно, за се ќе се речеше:

    - Така е волјата Божја.

    Свети Илија и сестри му

    Свети Илија имал две сестри, Марија и Магда. Тој еднош коа се нашол на кејф, им рекол на сестри си, оту кој ден ќе му е името тога ќе го потопит векот (сфетот) со рофјата си. А пак тој не знаел кој ден му било името. Заради тоа свекогаш и опитвел сестри си. Тие знајешчем веќе оту брат им и опитвел да разберит денот, кога му било името, за да го сотрит светот, никако не му кажвеле, и дури да дојдел тој ден, тије му велеле, оту ушче не дошол; а откако ќе поминел тој ден, велеле му, поминал веќе. И така сестрите Свети Илиови го дочувале светов нерасипан досега.

    Самовилец

    Над селото Дабница има едно изворче, што течи вода низ еден камен. Таа вода и изворо се вика Самовилец. Од таа вода се мијат болни од секакви болести, од надворштините, и туѓо нагазишта и од ветроштиње.

    Штом ќе се поболи некој у нас, најповеќе по селата (селаните) и ќе појди кај некоја гледарка, да си гледа и спроти како ќе му ја најди болеста гледарката, така ќе му нарача да оди при некоја вода, како кај петочна вода, стредочна вода, на дуова вода, на Чурлин, а најпоеќе на Самовилец, да се измијет болниот; ако је многу болен да не можи сам да оди да се измиет, ќе прата некој чоек и ќе му залејит, за дома да се измијет; поарно било одвечер да клаиш една кошула околу изворо да преноќева и пред сонце водата да ја залеиш и пред сонце треба да се измиет болниот.

    На ден Свети Илија одат од вечерта спроти Св. Илија едно чудо болни луѓе, рисјани, Турци, Еѓупци и други што имаат лесна болест од туѓо налазиште за да прележат тамо; секој ќе си остаи по една кошула околу Самовилец да му преноќева и утрото пред сонце ќе се измијет од водата и ќе си ја облечит кошулата, та ќе фрлат по една стара пара и ќе остаат по еден залак леп, да и нарани самовилите, а пак со парата ќе си купат здравје. Спроти Св. Илија ќе има со стотици самовили, околу Самовилец, седнати по камењето и едно ќе угреји сонце ќе си летнат. И во друзи дни да се најди по некоја самовила, ама на ден Св. Илија има едно чудо.

    Освен што си бајат болните и му се кажувала вода и на мнозина му идело на соно да одат на Самовилец, да се измијат и да оздрават.

    За мнозина сум чул што оздравеле од таа вода, што се измиле, а па и едни умреле од кое се измиле, чунќи тие што умирале биле преземени од ветроштињето.

    Тема бајарката ми прикажуваше за коа лежала на Самовилец слушала ноќта глас од самовилите, што биле околу изворот; гласот му бил као кога да брчат пчели; како муви ноќе да брчат и изворот се гледал као да има некој во водата да се капи. Е, зер самовилите се што се капат во изворот, што се клацка водата.

    Дреноскио манастир и Подлошко

    Коа се праиле тие два манастира, се ставиле двата стопана и се прашале еден други:

    - Како, како, пријателе – му рекол дреноскио - дали го напраи манастирот барем здрав за да траит за век?

    - Ех го напраив, со Господ напред, туку за толку здрав и јак не ќе го напраив. Ами ти како, пријателе, го напраивте барем троа поарен од мојов?

    - Ех, море пријателе, што манастир јас сум ти напраил, сам Свети Илија да слези и не можи да го турнит.

    Зер беше го чул, сполај му на Св. Илија и оти се повалил праачот на манастирот и, за чудење беше, та згрготело еднашка силно, што да можи и беше го удрило ровјата прао преку стреде. И оттогај така стоит манастирот расцепен прао преку стреде. (Подготви Марко Китевски)
     
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    НЕКА НИ Е СРЕЌЕН ОВОЈ ГОЛЕМ ПРАЗНИК СВЕТА ПЕТКА НЕКА НЕ ЧУВА СИТЕ И НЕКА НИ ПОМАГА СЕКОГАШ...НЕКА И Е ВЕЧНО ИМЕТО АМИН

    Света Петка Римска во православието е признаена како христијански маченик, која живеела во текот на 2 век.
    Таа била родена во Рим, во времето на владеењето на императорот Адријан, од христијански родители - татко Агатон и мајка Политеја. Нејзините родители долго време немале деца и постојано му се молеле на Бога да им подари барем едно дете. Нејзиното име произлегува од тоа што таа била родена на денот петок. Бидејќи по потекло била од грчко христијанско семејство, таа го добила името Параскеви, односно "петок" на грчки, што е вообичаено грчко женско име. Оттука, св. Петка е позната и под името: Света преподобна маченичка Параскева Римјанка. Бидејќи, таа била родена во петок, денот кога верниците се подготвувале за празнување на саботата (Пасха), името Параскева означува и "подготовка."[3]
    Родителите на Параскева биле во добра материјална состојба, што овозможило таа да се здобие со добро образование. Уште од млади години, таа била воспитувана во духот на христијанството, така што кога научила да чита, Библијата била нејзиното омилено четиво. Исто така, како задолжителен дел од образованието на децата од добростоечките семејства во тоа време, таа ја изучувала темелно и философијата. Привлечени од нејзината извонредна убавина и интелигенција, многу синови на угледните семејства ѝ нуделе брак, но таа ги одбила сите.
     

    Прикачени фајлови:

    • images (10).jpg
      images (10).jpg
      Големина на фајлот:
      10 KB
      Прегледи:
      111
    На Orthophill и shushu им се допаѓа ова.
  9. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Свети великомаченик Пантелејмон Праведен бессребреник пострадал маченички за време на владеењето на имераторот Максимијан на почетокот на четвртиот век по Христа. Неговиот помен Црквата го празнува на 8 август (27 јули).
    Кратко Житие

    Свети Пантелејмон е роден во градот Никомидија во третиот век. По раѓањето бил наречен Пантелеон, што значи «во сѐ како лав», но подоцна тоа име било заменето со Пантелејмон, што значи «семилостив». Уште во детството бил воспитуван во христијанската вера, бидејќи мајка му била христијанка. Меѓутоа таа се упокоила кога Пантелејмон бил сеуште дете, а неговиот татко бил многубожец кој го носел сина си во идолскиот храм, и во паганско училиште. Одејќи кон училиштето, по патот Свети Пантелејмон го запознал стар христијански свештеник Ермолај, кој подцна ќе го крсти. Свети Ермолај го засакал Пантелејмон и Господ му внел во срцето желба да го просвети момчето со светлината на вистинската вера. Свети Ермолај живеел со два други свештеници, Св. Ермипиј и Св. Ермократ, и сите тројца биле преживени од масакрот на 20 000 христијани во 303 година.

    Кога се враќал од кај учителот, видел мртво дете на патот каснато од змија. Првиот впечаток бил страшен бидејќи живата змија лежела до детето. Кога ги повикал зборовите на старецот за Божјата благодат, тој се обратил со молитва кон Христа за помош. Наеднаш детето се разбудило од сон а змијата умрела. Пантелејмон многу се израдувал и веднаш побарал да биде крстен од Ермолај. Тој веќе станал познат лекар, кај него се обраќале многу на помош. Еднаш донеле еден слеп, кој што никој не можел да го излекува во градот. Поучен од Божјиот дух, Пантелејмон го повикал вистинскиот Бог преку молитвата и тој човек оздравел и поверувал. Поради тоа, и тој наскоро маченички пострадал како христијанин.

    Набљудувајќи ги неговите дела, лекарите дознале дека Пантелејмон ги лекува затворениците - христијани и за тоа се пожалиле кај царот. Царот кога го повикал го праша каква вера исповеда и му рекол дека треба да ја исповеда верата на многуте богови. Тој му рекол : ”Јас сум се откажал од лажните богови и го прославувам Христа.” Потоа го замолил императорот да донесат некој болен од кој лекарите одамна кренале раце - и рекол дека тој ќе се помоли на Живиот Бог и ќе го исцели, предизвикувајќи ги и незнабожеките лекари да го сторат истото. Луѓето донеле некој парализиран човек, кој сиот живот бил болен: паганските лекари се молеле на нивните идоли за исцелување на болниот, но ништо не се случило. Свети Пантелејмон се помолил на Господ Исус Христос, и болчниот бил излекуван. Императорот се разјарил, го убил излечениот, а Пантелејмон го дал на измачување.

    Биле доведени и тројцата свештеници кои го вовеле во христијанската вера; тие ја исповедале својата вера пред императорот и биле обезглавени. Свети Пантелејмон бил луто озмачуван, но сепак ги преживувал маките. Разбеснет, Максимијан наредил да му ја отсечат главата. Војниците, сакајќи да му ја пресечат главата додека се молел, останале вчудоневидени кога нивните мечови се стопиле на неговиот врат. Откако завршил со молитвата, се чул глас одозгора, како го повикува. Војниците биле преплашени, но Пантелејмон ги повикал да го извршат тоа што им било наредено. Потоа неговото тело било фрлено во оган, но не изгорело.

    Христијаните го извадиле од огнот и го погребале неговото тело. Тоа се случило во 305-та година а дел од неговите мошти можат да се најдат во неколку манастири и цркви во Романија, а дел од нив почиваат и во рускиот манастир на Света Гора.

    Свети Пантелејмон се повикува во молитвите за водоосветување и елеоосветување, заедно со св. Ермолај у другите бесребреници и чудотворци.
    Химнографија
    Тропар

    глас трети
    Страдалниче свети и лекаре Пантелејмоне,
    моли Го милостивиот Бог,
    да ни дарува прошка на гревовите на нашите души. Податотека:Panteleimon2.jpg
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  10. shushu

    shushu Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Успение на Пресвета Богородица
    [​IMG]
    Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата родителка. Кога висеше на крстот во маки, се сети на Неговата мајка и покажувајќи на апостолот Јован, рече: „Жено, ете ти син!“ Потоа му рече на Јован: „Ете ти мајка!“ И така ја згрижи Својата Мајка и издивна. Јован имаше дом на Сион во Ерусалим, во којшто се насели и Богородица и остана да живее во него до крајот на Нејзините денови на земјата. Со своите молитви, со благите совети, кротоста и трпеливоста, Таа многу им помагаше на апостолите на Нејзиниот Син. Целото време до смртта главно го помина во Ерусалим, обиколувајќи ги често оние места што ја потсетуваа на големите настани и големите дела на Нејзиниот Син. Особено често одеше на Голгота, во Витлеем и на Елеонската Гора. Од Нејзините подолги патувања се спомнува Нејзината посета на Св. Игнатиј Богоносец во Антиохија, посетата на Светиот четиридневен Лазар, епископ Кипарски, посетата на Света Гора, којашто самата ја благослови, и бавењето во Ефес со Свети Јован, за време на големото гонење на христијаните во Ерусалим. На старост Таа често Му се молеше на Бога на Елеонската Гора, на местото на Неговото Вознесение, што порано да Ја земе од овој свет. Еднаш Ѝ се јави архангелот Гавриил и Ѝ објави дека по три дена ќе биде упокоена. Тогаш Ѝ даде една палмова гранка за да ја носат при Нејзиниот погреб. Таа се врати дома со голема радост и посака во срцето уште еднаш да ги види сите Христови апостоли. Господ Ѝ ја исполни оваа желба и сите апостоли, носени на облаци од ангелите, одеднаш се собраа во домот на Јован на Сион. Со голема радост Таа ги виде Светите апостоли, ги охрабри, ги посоветува и ги утеши, и по ова мирно го предаде Својот дух на Бога, без никаква мака и телесна болест. Апостолите го зедоа одарот со Нејзиното тело, од коешто излегуваше благоухание и во придружба на мноштво христијани го пренесоа во Гетсиманската градина, во гробницата на Светите Јоаким и Ана. По Божја Промисла поворката од злобните Евреи ја засолнуваше облак. Некој еврејски свештеник Атониј, го дофати со рацете одарот со намера да го преврти, но во тој миг ангел Божји му ги отсече обете раце. Тогаш тој повика кон апостолите за помош, а откако објави дека поверува во Господ Исус Христос, беше исцелен. Апостолот Тома повторно по Божја Промисла изостана, за така да се открие една нова и преславна тајна за Пресвета Богородица. Третиот ден пристигна и тој, и посака да го целива телото на Пречистата Владичица. Но кога апостолите го отворија гробот, ја најдоа само плаштаницата, а телото не беше внатре. Таа вечер им се јави на апостолите самата Пресвета Богородица опкружена со мноштво ангели и им рече: „Радувајте се, ќе бидам со вас вавек“. На која возраст се упокои Богородица не се знае точно, но преовладува мислењето дека на крајот од овоземниот живот имала повеќе од шеесет години.
    :) За многу години,да ни е среќен и вечен празникот!!
     
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Какво драматично и сензационално искуство на апостолите.
    Замислете си ангели да во носат на облаци...
    Замислете да видете уште едно воскреснато тело...
    Замислете да ви се јави Марија со мноштво ангели и да ви рече (слично како што Христос рекол) "Радувајте се, ќе бидам со вас навек.."
    Зарем не би го запишале ова во вашиот дневник? Зарем не би го напишале ова во вашето писмо до вашите браќа и сестри од другиот град?

    Чудно, но апостолите, иако според наведеното житие, го доживеале сето ова тие сепак не изустиле ниту една буква во своите посланија? Никој ништо не напишал, никој ништо не спомнал за ова драматично и спектакуларно искуство во своите посланија.
    Апостол Лука пишувајќи за делата на апостолите напишал 28 поглавја детални случки, патешествија, авантури, згоди и незгоди на апостолите, но заборавил да напише за нивното патување на облаците со ангелска придружба и за нивното сведоштво за УШТЕ ЕДНО воскресение и вознесение покрај Христовото?
    Замислете, тоа го заборавил и апостол Јован, и апостол Јаков, и апостолот Петар, и апостолот Јуда.
    Па дури и Павле во своите 13 посланија до разните цркви заборавил и да го спомне пресветото и пречистото име на пресветата владичицата богородица, а камо ли да спомне за ова спектакуларно доживување на апостолите. Во своето писмо до христијаните во Коринт, тој на долго и широко зборува за воскресението на мртвите, но повторно, дури и во овој контекст, тој не го спомнува воскресението на пресветата и пречиста владичица богородица.

    Што мислите вие, зошто? Зошто апостолите го изоставиле овој спекакуларен детал во нивните посланија?
    Дали има некоја посебна причина за овој зачудувачи молк на апостолите и евангелистите?
    Дали можеби се работи за некоја тајна завера за да се сокрие овој детал? Но зошто? Кои би биле мотивите? Зарем не е би било тоа охрабрително за првите христијани, да знаат дека Христос не е единствениот воскреснат, туку ете и Марија воскреснала?

    Исто така нема никаква потврда од најраните историски записи, дека со телото на Марија се случило било што мистериозно. Зачудува фактот што се до 6-8 век, немаме никакви записи за наводното чудесно раѓање на Марија, за нејзиното наводно вознесение, ниту за нејзините чуда. Зар е можно во првите 6 векови (оние кои биле најблиску до самите случувања) никој од раните христијани да не запишал дека Марија имала безгрешно зачнување, дека имала чудотворна моќ, дека не умрела туку се вознела на небото? Зошто ова не го наоѓаме ниту во списите на Иринеј, ниту Тертулијан, ниту Августин, ниту Ориген, ниту Јован Златоуст, ниту Јероним, ниту во ниту еден од раните црковни мислители?

    Зошто дури имаме и спротивни изјави, како онаа на Кипарскиот Митрополит и светец според Православната црква Епифаниј, кој во 377 година запишал дека „никој не знае како завршила Марија“? Ако никој не знаел се до 377 година, како тоа некој „дознал“ во 600 или 700 година? Јасно е дека записите од 6-8 век за животот на Марија се фалсификати, бидејќи тоа би било слично како ние денес да пишуваме за животот на царот Самоил, кои претходно никој не ги запишал!
     
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    За волја на вистината, а против ересите што ги шири (и) на овој форум Горковестителот во прилог ги поставувам писмата на св. Дионисија Ареопагит и свети Игњатија Богоносец за Пречистата, Преблагословена, славна Владичица наша Богродица и секогаш Дева Марија. Во продолжение следи и историјата на воспостановувањето на овој празник.

    Св.Дионисиј Ареопагит (+96)
    кој беше покрстен од св.ап.Павле ја посетил Богородица во Ерусалим, а потоа му го пишал на св.ап.Павле следново:

    Невозможно е за човечкиот ум да го поими тоа што го видов, не само со очите на мојата душа, туку и со моите телесни очи. Со своите очи ја видов најпрекрасната и света Мајка на нашиот Господ Исус Христос .... Тоа време за мене беше време на неопислива радост, благодарејќи на највозвишениот и најславниот Бог, и божествената Дева, големиот Апостол Јован, и тебе (св.Павле), за вашето милосрдие што ме дарувавте со толку голем благослов.
    Сведочам пред Бога, дека покрај Бог, нема ништо толку исполнето со божествена моќ и милост. Никој не може потполно да го разбере она што го видов. Исповедам пред Бога: кога бев со Јован (Богослов), кој светеше меѓу апостолите како Сонцето на небото, (и) кога бев однесен пред лицето на Пресветата Дева, искусив неописливо чувство. Пред мене сјаеше некој боженствен блесок, кој го закова мојот дух. Го осетив благоуханието од неопсливи мириси и се исполнив со таков восхит, што телото ми ослабна, а духот не можеше да издржи тие знаменија и знаци на вечно величие и небесна сила. Нејзината благодат ми го исполни срцето и ми го потресе духот. Да не ми имаше кажано, ќе си помислев дека Бог е пред мене. Невозможно е да се стои пред поголемо блаженство од ова кое го видов.


    Нејзинот Игнатиј до Христородната [1] Марија

    Ти треба да ме утешиш и охрабриш мене,кој кој сум неофит (новопросветлен) и ученик на твојот (возљубен) Јован. Бидејќи чув нешта прекрасни за твојот (син) Исус и сум воодушевен од таквото кажување. Но со сето срце посакувам да дознаам повеќе за она што го чув од тебе,која беше секогаш блиска и поврзана со Него и која беше запознаена со сите негови тајни. Јас и претходно ти имам пишувано и те имам прашувано за истите работи. Секое добро на тебе, и нека новопросветлените, кои се со мене бидат утешени од тебе и во тебе. Амин.

    Понизната слугинка на Христа Исуса, до Игнатиј, нејзиниот возљубен соученик

    Она што си го чул и научил од Јована за Исуса е вистина. Верувај во тоа, поврзи се со него, и држи ги заветите на тоа христијанство кое си го прифатил, и прилагоди ги твоите навики и твојот живот на тие завети. Ќе дојдам со Јован да те посетам тебе и тие со тебе. Стој во верата и биди мажествен [2] , не дозволувај силните прогони да те обеспокојат, но нека духот твој биде силен и нека се радува во Бога, Спасителот твој [3] . Амин.

    [1]Пресветата овде е наречена χριστοτόκος, а не θεοτόκος, што укажува на несторијански додаток.

    [2]1. Кор. 16,13

    [3]Лука 1,47

    Св.Игнатиј Богоносец (30-106)
    на својот учител – св.Јован Богослов му го пишува следново:

    Ми се даде можност, и планирам да дојдам кај вас за да ги видам верните во Ерусалим, а особено Мајката на Исус; за неа велат дека таа е чесна, мила, и возвишено чудо во се, и сите сакаат да ја видат. А кој не сака да ја види Девата и да беседи со онаа која го носеше вистинскиот Бог? Од нас таа е возвеличена како Мајка Божја (Богородица) и Дева полна со благодат и добродетели. Велат за неа дека е радосна во маките и гонењата, не жали во немаштија и оскудност, и не само што не се гневи на оние кои ја навредуваат, туку и уште повеќе добрини им укажува... сите кои ја гледаат се восхитени.


    Историја на установување на празникот: За Успението на Божјата Мајка ништо не се говори во Светото Писмо. Расказот за тој настан е зачуван во во Преданието на Црквата и се изразува преку иконата на Празникот и во црковната служба.

    Празникот Успение на Богомајката е установен од Црквата во древноста. За него се спомнува во делата на блажени Јероним, Августин и Григориј епископ на Тур. Во IV век тој веќе насекаде се празнувал во Византија. По желба на византискиот император Маврикиј, (кој на 15 август 595 г. ги победил Персијците, т.е. на денот на Успението на Богомајката) празникот станал општоцрковен.

    Но, првично празникот не се празнувал истовремено: на едни места – во јануари, на други – во август. Така, на Запад, во Римската Црква (VII в.) на 18 јануари се празнувало „упокоението на Дева Марија”, а на 14 август – „заминувањето на небо.” Заедничкото празнување на Успението на 15 август, во повеќето источни и западни Цркви се установува во VIII-IX в.

    Основна цел на установувањето на празникот било прославувањето на Богомајката и Нејзиното Успение. Кон оваа основна цел во IV-V в. се присоединува и друга – осуда на заблудите на еретиците кои посегнувале по достоинството на Богомајката, конкретно, заблудите на колиридијаните, еретици од IV век, кои ја одрекувале човечката природа на Пресвета Дева (заради што одрекувале дека таа и се упокоила на земјата).

    Во V век, Анатолиј патријарх Константинополски напишал стихири за овој празник, а во VIII век – два канона напишале Косма Мајумски и Јован Дамаскин.

    Тропарь, гл.1. В рождестве девство сохранила еси, / во успении мира не оставила еси, Богородице, / преставилася еси к животу, Мати сущи Живота, / и молитвами Твоими избавляеши от смерти / души наша.

    Кондак, гл.2. В молитвах неусыпающую Богородицу, / и в предстательствах / непреложное упование, / гроб и умерщвление не удержаста: / якоже бо Живота Матерь, к животу престави, / во утробу Вселивыйся приснодевственную.

    Величание. Величаем Тя, / пренепорочная Мати Христа Бога нашего, / и всеславное славим успение Твое.


    ПС: Најискрено прашање до тебе Евангелос, дали вчера беше на работа? И зошто не?
     
    На Witchman, shushu, Philippa и 2 други им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Па тоа го велам и јас, дека апостолите и евангелистите на долго и широко зборуваат за воскресението на Исус Христос, а ниту еден не го спомнал наводното воскресение на блажената Марија и ПОКРАЈ тоа што според ткн. „житие“ сите апостоли летале на облаците за да дојдат на неа и потоа сите биле сведоци на нејзиното наводно воскресение.
    Дали можете да дадете некакво објаснување за овој неочекуван молк на апостолите за овој многу важен настан (воскресението на блажената Марија)?
    И зошто ранохристијанските писатели исто така не го спомнал овој настан (ако навистина се случил)?
    Чуму потребата од молк и криење на ова сензационално воскресение кое по многу детали наликува на Христовото воскресение?

    Ортофил, можеш ли да го пишеш најраниот историски документ каде што се спомнува воскресението на блажената Марија?

    Благодарам.
     
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Значи ако апостолите почнеле да пишуваат дека и Пресветата, Пречиста, Преблагословена, славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија воскреснала и се вознела на Небо, тогаш голема била можноста да се појават разни Мариолошко-сотиролошки ереси...
    Во евангелието и во дејанијата не пишува како се претставила Богородица, но пишува колку Христос ја сакал. Во дејанијата не пишува многу за повеќето апостоли, но дали значи дека тие не проповедале?
    Ако можел апостол Петар да оди по водата (во неделата го слушнавме тоа евангелие), зошто да не можел и да лета на облак? Што е тука чудно? Како вели свети Јован Богослов на крајот од евангелијата, за чудата кои што се случиле? Дека се` што се случило не може да се напише во сите книги на светот!
    Или еве уште едно поинтересно прашање, зошто во евангелието по Јована нигде не се спомнува за раѓањето на Христа? Зарем тој никогаш не се заинтересирал да ја распрашува Богородица како биднало тоа? Зарем таа нему не му раскажала најдетално како се случило? Зарем не му раскажувала и за детството Христово?
    Ако веќе Црквата во Рим знаела за воскресението и вознесението на Најсветата Твар и Мајка Божја, тогаш сигурно тоа јас не сум им го пренесол туку св. ап. Павле.
    На крајот од краиштата ние Богородица не ја славиме бидејќи сама по себе била света (иако во животот немала направено ниеден грев, но го носела првородниот грев), туку ја славиме поради Оној Кој ја осветил (и ја очистил од првородниот грев), а Тој е Христос!
    Знам дека главниот проблем на сите оние кои што ја понижуваат Пресветата е тоа што се замислуваат дека се, или сакаат да бидат посвети од Нејзе, но за нивна жал и за жал на нивните паднати ментори Бог Словото преку Богородица - Дева Марија се вочовечи и Младенец би!
    Уште не ми одговори дали вчера беше на работа и зошто не?
     
    На Witchman и Serafima им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    хмм..демек апостолите го криеле тој настан за луѓето да не почнат да ја слават блажената Марија, а зошто не ги криеле чудата што тие ги правеле во името на Исус? Или во тој случај не им било гајле дали луѓето ќе почнат да ги обожаваат? Зарем не можеле да пишат дека Марија воскресна ама да потенцираат дека тоа не било од нејзината моќ, туку дека Бог ја воскреснал - слично како што рекол и апостол Петар кога го излекувал сакатиот дека тој не го излекувал со своја моќ, туку дека тој бил излекуван преку Исус Христос.

    А од друга страна и факт е дека подоцна католичката и православната црква си го измислиле ова човечко предание (дека Марија воскреснала и се вознела на небото) и Мариолошко-сотиролошките ереси се појавиле и затоа блажената Марија добила богохулни титули како Владичица, Спасителка на верните, Господарка, Царица, Владетелка на ангелите, Најголемата и сл.

    Несоомнено дека Исус многу ја сакал и почитувал Својата мајка, но еве зошто Исус во евангелијата никаде не ѝ се обраќа со „мајко“, туку секаде и се обраќа со „жено“ како што им се обраќа на сите други жени во евнагелијата?

    „Кога сврши виното, Му рече на Исуса Неговата мајка: „Немаат вино.” Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено?“ (ев. Јован 2:4, Библијата)

    „А Исус, штом ја виде мајка си, и покрај неа, ученикот, кого го љубеше, и рече на мајка си: „Жено, ете ти син!”“ (ев. Јован 19:26, Библијата)

    Нема ништо во тоа Петар да лета на облак. Ако Бог сакал, Петар можел да лета и во вселената и тоа без космонаутска опрема. Чудното е зошто евангелистите го запишале одењето на Петар по водата (ев. Матеј 14:29, Библијата), Петровото излекување на инвалидот што просел пред Храмот во Ерусалим (Дела 3:6, Библијата) и другите чуда што ги правел Петар, а ова најсензационално чудо заборавиле да го запишат, и тој и сите други апостоли и евангелисти. Заборавиле да запишат и дека ја виделе блажената Марија како воскреснала и се вознела на небото (и тоа по неверојатно сличен тек на настаните и зборовите што биле кажани како и при Исусовото воскреснување - да си помисли некој дека станува збор за плагијат воскресение)


    Црквата во Рим во времето на апостолите не знаела дека блажената Марија воскреснала, а не знаела ни во првите векови од христијанството. Апостол Павле во своето послание до Римјаните не ја ни спомнал блажената Марија, како што не ја спомнал во ниту едно од своите 13 посланија што се наоѓаат во Библијата. Црквата во Рим многу подоцна го вовела ова верување дека блажената Марија воскреснала, а тоа верување нашло добра подлога во замена на Римското верување за божицата мајка Јунона што се обожавала во Рим. Фактички кај необразованиот народ блажената Марија дошла како еден вид замена за божицата мајка Јунона и затоа и оваа ерес брзо била прифатена, како што било случај и со многу други паганизми кои биле прикалемени во христијанството. (култот на светците, култот на моштите, задушниците, палењето свеќи, иконите итн)

    [​IMG]
    Римската божицата Јунона, сребрена статуа од 1-2 век.

    Зошто ги обвинувате христијаните дека ја понижуваат блажената Марија само заради тоа што тие сакаат да останат доследни на Светото Писмо и не ги прифаќаат подоцнежните прикаски и накалемени (повеќето богохулни) титули врз неа?
    Познато е дека католиците имаат многу повеќе титули за блажената Марија отколку православните и многу повеќе молитви упатуваат до неа, отколку православните. Порано кога шпанските серии беа хит, можевме и да се увериме како католиците речиси секоја молитва ја упатуваат до Марија (познатата молитва АВЕ МАРИЈА). Дали од ова би можеле да извлечеме заклучок дека и вие ја понижувате блажената Марија затоа што не ја третирате како католиците?
     
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    На тоа што ти одговара ми одговараш, на тоа што не ти одговара не...
    Жено, затоа што Богородица е едната и вистинска жена, која Го роди Христа новиот (Бого)Човек.
    Само ова ќе ти го напишам, свети Павле кога бил во Рим не им велел на Христијаните, ги имате мотие посланија читајте ги, ами живо им ја проповедал живата вера Христова и тие за жал немале диктафони во времја оно за да снимаат се` што ќе им кажи за да можи Евангелос да биди сигурен во кажаното. Ама и тогаш маани ќе најдеше.
    По трет пат, беше вчера на работа и зошто не?
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Сакаш да кажеш дека другите жени се лажни жени?
    Дали ти на мајка ти и се обраќаш (или си и се обраќај) со „жено“ само затоа што таа е едната и вистинска жена што те родила?
    А што е со оние други жени на кои Исус исто така им се обратил со „жено“. На пример таков е случајот со Самарјанката:

    „Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим.“ (ев. Јован 4:21, Библијата)

    Потоа жената што дошла кај Исус да моли исцелување за својата ќерка:
    „Тогаш Исус и одговори и и рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по твојата желба. И нејзината ќерка беше исцелена од оној час“ (ев. Матеј 15:28, Библијата)

    Потоа згрчената жена која Исус исто така ја излекувал:
    „Штом Исус ја виде, ја повика и и рече: „Жено, ослободена си од својата болест.”“ (ев. Лука 13:12, Библијата)

    Потоа прељубницата што Исус ја спасил од каменување:
    „Исус се исправи и и рече: „Жено, каде се? Ниеден ли не те осуди?”“ (ев. Јован 8:10, Библијата)

    Потоа Исус ја нарекува „жено“ и Марија Магдалена:
    „Исус и рече: „Жено, зошто плачеш? Кого Го бараш?” Мислејќи дека е градинарот, таа Му рече: „Господине, ако Го изнесе ти, кажи ми каде Го положи, и јас ќе Го земам!“ (ев. Јован 20:15, Библијата)

    Итн. Значи од тука гледаме дека Исус и се обраќал на својата мајка исто онака како што им се обраќал на другите жени во евнагелијата т.е. со зборот „жено“.

    Баш поради тоа што во тоа време немале диктафони, не знаеме, ниту јас, ниту ти, ниту никој друг човек што им кажувал апостол Павле. Но затоа знаеме што запишал и не само тој, туку и многу дурги христијани. Едно од убавините на христијанската вера е што имаме изобилство на сочувани документи (ракописи, манускрипти) од древно време и можеме да испитаме, да споредиме, да анализираме. Со тоа се бават текстуалните критичари. Во сите пишани историски документи што ги имаме од тоа време, никаде не се спомнува наводното воскресение на Марија, а кога тоа навистина би се случило, очекувано е сите апостоли и евангелисти да го спомнат. Но факт е дека не го спомнале ниту тие, ниту ранохристијанските писатели, а од нив би се очекувало и те како да го спомнуваат доколку тоа навистина се случило.
    Да се верува во воскресението на Марија кое што никој од ранохристијанските писалите не го спомнал е навреда за човековиот интелект.


    И уште една мала неконзистентност забележав во твоите коментари. Прво велиш:

    А потоа велиш:
    Дали тоа значи дека доколку апостолите пишувале за воскресението на блажената Марија, тие ќе оставеле можност за појава на разни ереси, но затоа пак со зборувањето тие не би оставиле таква можност? Која е разликата меѓу тоа некој да прочита и некој да чуе за воскресението на блажената Марија? Зарем не е поголема можноста да се појават ереси ако нешто усно се предава од уво на уво, отколку ако нешто е убаво и педантно напишано и објаснето?

    Се сеќаваш ли на детската игра „Расипан телефон“ кога од уво на уво си дошепнувавме одредена реченица и како потоа се смеевме кога на крајот реченицата беше толку извртена? :) Што мислиш, дали такво нешто би се случило доколку наместо усно да ја кажувавме реченицата, ние ја запишувавме и препишувавме од ливче на ливче?
     
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Убавината на Христијанството е тоа што живее во Црквата и што содржи богато предание: и пишано и усмено.
    Преображението Христово не го спомнал свети Јован Богослов...
    Подобро интелектуално попречен да сум во рајот со Христа и Неговата Мајка, отколку “интелектуално развиен“ и да сум во геена со Сатанаил и богородицоборците! Сепак ќе ми суди Синот на Маријам, а не интелектот.


    Во првиот цитат пишувам апостолите НЕ ЗАПИШАЛЕ, а во вториот ап. Павле им пренел (усно). Така да пишувано и кажано не е исто. Ако пишувале, ќе се јавеле ереси, од кои првите сте вие кои денеска ќе не убедувавте како Богородица е 4. ипостат на Пресвета Троица.
    Во Црквата која ја раководи Светиот Дух, не може да има расипан телефон, оти Светито ДУх не е расипан иако вие тоа сакате да го докажете.
     
    На Witchman и tessie им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Абе и муслиманинот може да рече така: подобро интелектуално попречен да сум во џенетот со Алах и со неговиот Пејгамбер, отколку „интелектуално развиен“ и да сум во џенемот со шејтанот.
    Али не е поентата у тоа кој посилна желба има за да биде во рајот или кој пореторично ќе ја изрази таа желба. Бог ни дал разум и интелект кои очекува да ги користиме, а не да ги исклучиме и слепо да веруваме во бабски приказни или прилепени пагански елементи.

    Исус Христос рекол дека најголемата заповед е да се љуби Бог со сето свое срце, со сета своја сила, со сета своја душа и СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ. (ев. Марко 12:30, Библијата) Да, Исус јасно кажал дека ова е најголемата од сите заповеди. Ако го исклучиме нашиот разум во нашето верување, ние ја прекршуваме најголемата Божја заповед и ако го правиме тоа, не треба да бидеме зачудени ако еден ден имаме желба и очекуваме да се најдеме во рајот, а всушност завршиме во пеколот.

    Баш затоа што ќе ти суди Исус, гледај да му бидеш послушен Нему, да ги исполнуваш Неговите заповеди, да го следиш Неговото учење, а не учењето на некои подоцнежни измислувачи на прикаски.
    Ако Исус кажал да му се молиме на Отецот и ако сите Божји луѓе во Библијата му се молеле на Бог и само на Бог, тогаш подобро и ние да го следиме тој пример, затоа што, како што кажа, Исус ќе ни суди на Судниот ден, а не овој или оној.
    Ако Исус не оставил ни минимален простор за обожавање на блажената Марија, тогаш подобро да не го правиме тоа, за да не го предизвикуваме Божјиот гнев.
    Погоре видовме дека Исус во евангелијата никаде не и се обраќа на блажената Марија со „мајко“, туку и се обраќа со „жено“, како што им се обраќал и на останатите жени со кои што бил во комуникација. А од друга страна пак погледни кого Исус нарекол „своја мајка“:

    „И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака КОН СВОИТЕ УЧЕНИЦИ и рече: „ЕВЕ ЈА МОЈАТА МАЈКА и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, И МАЈКА.“
    (ев. Матеј 12:47-50, Библијата)

    Од овие стихови заклучуваме дека оние што ја извршуваат Божјата воља се Христовата мајка, а Марија воопшто не е воздигната во тој поглед од Христос. Да се разбереме, јас не велам дека (порано или подоцна) Марија не почнала да ја извршува Божјата воља и со тоа дека не се вклопила во оние кои Христос ги нарекува „Негова мајка“. Но јас велам дека Христос воопшто не ја истакнува Марија како мајка над другите Христови мајки кои исто така ја извршувале, ја извршуваат и ќе ја извршуваат Божјата воља. Едноставно Христос не давал никаква предност на телесното наспроти духовното сродство.

    Додека пак православните обратно постапуваат и тие ја величаат Марија (до степен на обожување!) само затоа што била во телесно сродство со Христос. Но како што видовме погоре, Христос ја нарекува Марија "жено", а пак учениците Свои ги нарекува "мајко" и со тоа јасно дава до знаење дека за Него е многу поважно духовното сродство отколку телесното.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Значи јас, бидејќи Го сакам Христа, ја сакам и Неговата Пречиста Мајка, бидејќи ако Таа не беше толку чиста и праведна Бог Словото немаше да се овоплоти и уште ќе живеевме во духовен мрак. Ама разумот на паднатиот човек тоа не може да го сфати. А ниту апостолите, ниту собраниот народ, ниту Евангелос, ниту било кое друго човечко суштество, не Го носеа во својата утроба Христа 9 месеци, не ја прифатија Божјата волја кротко и смирено (како кога Богородица прифати во Нејзината пречиста утроба да се воплоти Бог Синот, знаејќи дека поради тоа може да биде камнеувана како прељубница), ниту пак нивните синови и ќерки висеа на крст без ниедна грешка да имат направено. Знаејќи го сето ова, пак не можам да сфатам од каде ви е таа одбивност спрема Богородица...
    Да не заборавиме, кога се собраа апостолите и илјадниците народ со 5 леба и 2 риби тие се сомневаа дека Христос може да ја умножи храната, но на свадбата во Кана Галилејска Богородица Мајка само рече, „Немаат вино!“ и „Направете како што ќе ви рече“. И иако не било дојдено времето, Христос ја послуша Мајка Си, знаејќи го тоа зошто да се сомневам дека така ќе биде и на Страшниот Суд ќе ја слуша.
    А да Му беше на Христа поважно духовното сродство, на Крстот ќе најдеше заменик учител на апостолите кои патем се разбегаа, заедно со народот кој го пратеше, а со Него останаа само најблиските роднини: Мајка Му, тетките, сестрите и внукот од неговата сестра Јован. Каде беа духовните сродници? Напикани во глувчешки дупки? Ете само од Крстот може да се виде кои го сакале најмногу Христа.
    Сума сумарум:
    1. Богородица е најчиста и без свој грев - доказ преку неа се воплотил Христос.
    2. Богородица е пример за послушност - на Благовестието, и покрај што е збунета само вика нека биде волјата Божја.
    3. Богородица со цело свое срце верувала во Христа, а Христос И` е послушен - доказ свадбата во Кана Галилејска.
    4. Богородица најмногу од сите Го сака Христа - Го следела на целиот Негов Крстен пат.
    5. Христос најмногу се грижи за Неа - доказ на Крстот и` доделува старател.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.