Денес е христијанскиот празник:

Discussion in 'Религија' started by Snow-Queen, Aug 19, 2012.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    6,898
    Likes Received:
    9,193
    Gender:
    Female
    Христос и се обраќал на мајка си, со „ жено“ , чинам тоа и пред апостолите го кажал, сакајки да укаже дека не е само негова мајка, но од духовен аспект.Неговото обраќање и кон народот, било со цел дека сите луѓе се едно, но духовно, со една душа.Секако дека таа му е мајка, тоа тој не го негирал никаде, но начинот на кој тој тоа им го рекол било со една цел, која ја споменав претходно.Затоа, рекол „ браќа, сестри“.Не мислел на тоа дека тие се навистина, во крвно сродство, туку мислел на душата.Оттаму произлегува констатацијата, дека сите луѓе се едно, треба да бидат како едно битие.
    Но, улогата на неговата мајка, ниту ја игнорирал, ниту пак некаде е игнорирана.А тука не се работи за одбивност, воопшто и не станува збор за тоа.
     
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    Од кај знаеш па ти дали Бог ќе можел или нема да можел да се овоплоти преку не доволно чиста и праведна жена? Зар за семоќниот Бог е невозможно да се овоплоти и преку обична жена? Дали знаеш дека и блудницата (проститутката) Раав е дел од семејното дрво (родословието) на Исус Христос? Да, да, блудницата (проститутката) Раав му е прабаба на Исус спомната во Неговото родословие (ев. Матеј 1:5, Библијата) и телото на Исус имало дел и од нејзините гени, па сепак тоа не му пречело на Исус да живее безгрешен живот, да не падне на искушенијата и да ја заврши мисијата заради која дошол на Земјата.

    1. Ние христијаните немаме никаква одбивност спрема блажената Марија. Таа кај нас е достојно почитувана со сите библиски титули што ги има: благословена меѓу жените, блажена и благодатна. Тоа што ние не правиме култна личност и не ги признаваме човечко-измислените титули, не значи дека ја одбиваме, туку едноставно не веруваме во тие човечки измислици дека таа е некаква Царица и Владетелка на Небото, Господарка на ангелите, дека е покровителка и заштитничка на градот Скопје и сл човечко-измислени работи.

    2. Не е во ред луѓето да измислуваат критериуми за награди и почести и да се ставаат на Божја позиција и да наградуваат и почестуваат други луѓе на основа на своите измислени критериуми. Со тоа вие свесно или несвесно го узурпирате Божјиот престол и Божјата позиција ставајќи се на местото на Бог за да судите чие дело е повредно и кој заслужува поголема чест, слава, награда. Блажената Марија го носела 9 месеци во утробата, потоа го доела, но зошто да го игнорираме и она што мажот на Марија - Јосиф го направил за Исус? Па додека блажената Марија го доела Исус, Јосиф цепел дрва, изработувал столарски работи за да заработи некој денар и да му купи храна на Исус, на Марија и на другите деца (браќата и сестрите на Исус). Во Библијата пишува дека Јосиф и Марија биле сиромашни и сигурно Јосиф многу работел за да може да им обезбеди храна и сл.
    Понатаму, зошто да го игнорираме делото што Симон Киринеецот го направил за Исус? Па тој го носел тешкиот Голготски крст на своите плеќи за да му помогне на Исус.
    Зошто да го игнорираме и подарокот што Јосиф од Ариматеја што му го дал на Исус? Тој ја подарил својата нова гробница за да биде закопан Исус.
    И така натаму, многу личности на некој начин му послужиле и помогнале на Исус и нивната служба и помош е неспоредлива во однос на тоа што Исус направил за нив. Но поентата ми е дека не сме ние тие што треба да ги судиме делата и помагањата што луѓето ги направиле за Исус и да го наградуваме со награди, почести, титули и да создаваме култни личности од нив. Тоа е работа на Бог, а не наша.

    Во една прилика Зебедеевите синови (Јован и Јаков) преку нивната мајка побарале од Исус да ги стави на почесната десна и лева страна на Небото. Тие посакале од Исус висока позиција на небото. И прочитај што им одговорил Исус:

    „Тогаш пристапи до Него мајката на Заведеевите синови, заедно со своите синови и, клањајќи Му се, Го молеше нешто. А Он и рече: “Што бараш?” Таа Му одговори: “Заповедај овие мои два сина да седнат при Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево во Твоето царство!” Исус одговори и рече: “Не знаете што барате. Можете ли да ја пиете чашата, што ја пијам Јас; или да се крстите со кршавањето со кое се крштавам Јас?” Тие Му одговорија: “Можеме.” И им рече: “Чашата Моја ќе ја пиете, и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите; но да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не зависи од Мене; таму ќе седат оние за кои е приготвено од Мојот Отец.””“ (Исус Христос, ев. Матеј 20:20-23, Библијата)

    Читаш ли што пишува? Исус вели дека да се добие таа почесна позиција оддесно или одлево на Исус не зависи ниту од Исус (а камо ли од некој човек), туку дека ќе им припадне на оној што Бог ќе му го приготви. Јаков и Јован биле спремни дури и да ја „пијат“ страдалничката чаша што и самиот Исус ја „испи“ на Голгота само за да ја добијат таа позиција, но Исус повторно им вели дека дури и да го направат тоа, сепак не зависи од Него дали ќе бидат на таа позиција, туку тоа зависи единствено од Отецот. Ако бидеме искрени ќе признаеме дека страдалничката чаша што Исус ја испил на Голгота е многи поголема жртва отколку да носиш некое бебе во утроба или да го доиш. Впрочем тоа во поголемиот дел е задоволство, а не жртва.

    Епа драј мој Orthophill, ако Исус рекол дека не зависат од него почесните позиции на Небото, тогаш кои сме ние бедните грешници да ја ставаме блажената Марија рамо до рамо со Исус или некој од другите починати верници (Светци) да им цртаме ореоли на главите, да им даваме вакви или онакви позиции на небото. Тоа буквално значи узурпирање на Божјиот престол, на Божјиот авторитет и позиција. Не знам за тебе, но јас не се осмелувам да правам такво нешто. Бог е Судијата и Тој ќе го суди секое дело и мотивите што стојат зад сите дела и единствено Тој ќе дава награди, почести и позиции.

    Каде пишува дека се сомневале?
    И повторно правиш натпревар меѓу верата на блажената Марија и Христовите апостли сакајќи да докажеш дека таа имала поголема вера и на основа на тој човечко-измислен критериум да ја сместиш блажената Марија на повисока позиција од апостолите. Зар нема во тебе страв Божји штом се ставаш на местото на Бог да судиш според некакви твои критериуми кој треба да биде поголем, а кој помал на небото?

    Ако Исус некој пофалил за најголема вера, тоа бил стотникот кој дошол да бара од Исус исцелување на својот слуга:

    „А кога влезе Исус во Капернаум, Му пристапи еден стотник и Го молеше, велејќи: ”Господи, мојот слуга лежи фатен дома и многу се мачи.” Исус му рече: „Јас ќе дојдам и ќе го исцелам.” А стотникот во одговор му рече: „Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; туку кажи само збор и мојот слуга ќе биде исцелен. Зашто исто и јас сум подвластен човек, и имам војници под себе; му кажувам на едниот: ‘Оди!’ и тој оди; и на другиот: ‘Дојди!’ - и доаѓа; а на својот слуга: ‘Направи го тоа!’ - и тој прави. А кога Исус го чу тоа се зачуди и им рече на оние, кои Го следеа: „Вистина ви велам, во никого во Израел не најдов толкава вера.“ (ев. Матеј 8:5-10, Библијата)

    Од друга страна пак, ако за некого Исус кажал дека е најголем меѓу родените од жена (значи меѓу луѓето), тоа бил Јован Крстителот:

    „Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се појавил поголем од Јован Крстител“ (Исус Христос, ев. Матеј 11:11, Библијата)

    Повторно си правиш некои чудни и неоснавани критериуми за да си извлечеш повторно некакви чудни и неосновани заклучоци. Исус послушал еден куп личности во Библијата, и што значи тоа дека сите овие на Судниот Ден ќе седат околу него и ќе му дофрлуваат кого да спаси, кого да помилува, на кого да му даде поголемо почесно место, на кого поголема награда?
    Дали знаеш дека Исус во една прилика ги послушал и демоните? :) Дали тоа значи дека и нив ќе ги слуша на Судниот ден?

    „А демоните Го молеа, велејќи: „Ако нè изгониш, позволи ни да отидеме во свињите.” И им рече: „Отидете!” А тие излегоа и отидоа во свињите;“' (ев. Матеј 8:32, Библијата)

    Како не ти е срам да ги навредуваш светите Христови апостоли?!! Тие се Божји свети избраници!
    За мајката и другите жени воопшто не било проблем, ниту ризик да биде таму пред крстот, затоа што ниту римјаните, ниту евреите не ја гледале како еден од Христовите ученици и за неа воопшто не било опасна зона да стои под Христовиот крст. Додека пак апостол Петар бил принуден и да лаже дека не го познава Исус за да не биде и тој распнат како Исус од разбесната раја што го распнувала Исус. Така што не знам со кој памет ги споредуваш храбростите на Исусовата мајка и другите жени, наспроти храброста на Христовите апостоли, кога првите не биле под никаков ризик, а на другите животот им бил под прашање ако бидат таму.

    Од друга страна, во делата на апостолите никаде можеме да прочитаме како Христовите апостоли храбро застанале пред храмот во Ерусалим и храбро проповедале за воскреснатиот Исус, за што биле и потоа затворени и претепани. И не само тогаш. Тоа било само почеток на нивните храбри подвизи, заради кои и потоа маченички загинале. Вакво нешто, за воља на вистината, не можеме да прочитаме за блажената Марија.
    Сепак само Господ ги знае мотивите и големината на жртвите и храброста што ја прават луѓето и само тој може праведно да награди, праведно да одликува некого со чест и достоинство и тоа ќе можеме да го видиме по Судниот ден. Не е наше да судиме и одликуваме со небесни почести, титули и позиции. Тоа е работа на Бог кој што ги испитува длабочините на човековото срце, а не на луѓето.

    И повторно, се разбира дека на Исус му е поважно духовното сродство, а не телесното сродство и тоа јасно го гледаме од следниот библиски цитат:

    „И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака КОН СВОИТЕ УЧЕНИЦИ и рече: „ЕВЕ ЈА МОЈАТА МАЈКА и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, И МАЈКА.“
    (ев. Матеј 12:47-50, Библијата)

    Безгрешен е само Бог. Во првите векови на христијанството никој не ја сметал блажената Марија за безгрешна. Таа е наречена „безгрешна“ дури откако станал култна личност во католицизмот, а потоа и во православните цркви.

    Повторно ќе кажам, таа не била единствената што била послушна (само Бог знае кој му бил најпослушен), не била единствената што Го следела Исус (само Бог знае кој најмногу го следел), не била единствената што го сакала Исус (само Бог знае кој/а најмногу го љубел), Исусовата грижа е сеопфатна и ги опфаќа сите луѓе непристрасно итн. И повторно сеедно кој му бил најпослушен на Исус, сеедно кој најмногу го следел или љубел Исус, не сме ние тие што на основа на овие критериуми ќе судиме кој колкава награда, позиција или почести ќе добие на небото. Пак ќе кажам, богохулно е да се узурпира Божјиот престол и позоција и да се даваат почесни места и титули. Потсети се дека ни Исус не си го дозволи тоа, а колку помалку треба ние!!!
     
    Mimi123 and daylight like this.
  3. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Joined:
    Jul 10, 2010
    Messages:
    1,015
    Likes Received:
    1,186
    ;) Читај down there.. И не само ти туку и сите христијани што се многу "побожни"!

    Што вели Библијата за улогата на Марија, мајката на Исус?


    Марија мајката на Исус има епизодна, измешана улога во Светото Писмо. Прво што станува јасно на секој читател на Новиот завет е дека таа игра навистина многу кратка и епизодна улога.

    Впрочем, Марија не е ниту спомната во писанијата на Апостолот Павле, Петар, Јаков, Јуда, Јован. Исто така, во Евангелието по Марко и во Евангелието по Јован таа не е спомнато нејзиното раѓање на Исус Христос. Зар е можно Марија да има толку значајна улога во животот на црквата и на христијаните, а сите овие Библиски писатели, Апостоли и Евангелисти да не ја увидат таа нејзина важност?

    Второто што е интересно е дека Марија, таму каде што е спомната, не е опишана во суперлативи, туку најчесто е критикувана. Во целото Свето Писмо опишани се само 6 случки од животот на Марија, а во три од нив, таа е укорена од Исус. Еве ги тие случки:

    (1) Раѓањето на Исус

    (2) Принесувањето во храмот (како бебе)

    (3) Одењето во храмот (како дете)

    (4) Свадбата во Кана

    (5) Доаѓањето при проповедта на Исус

    (6) Пред Исусовиот крст



    Во три од овие случки (под редните броеви 3, 4 и 5) Марија е укорена од Исус заради нејзиното слабо разбирање на духовните вистини. Еве ги тие моменти:

    3. (Доаѓањето во Храмот, Лука 2:43-50) „По празникот, тие тргнаа дома, а Исус остана во Ерусалим без знаење на Неговите родители. Мислејќи дека е некаде меѓу патниците, тие патуваа цел ден, барајќи Го меѓу роднините и пријателите. Бидејќи не Го најдоа, се вратија во Ерусалим да Го бараат таму. По три дена Го најдоа во храмот, каде што седеше со еврејските учители, ги слушаше и им поставуваше прашања. Сите што Го слушаа беа одушевени од Неговите умни одговори. Кога Го видоа, Неговите родители се изненадија, а мајка му Му рече: „Зошто ни го направи тоа, чедо мое!? И татко ти и јас се изнамачивме барајќи Те!“ Тој им одговори: „Зошто сте Ме барале? Зар не знаевте дека Јас треба да бидам во служба на Мојот Татко!?“ Но тие не го разбраа Неговиот одговор.“
    Уште во првиот дијалог запишан во Библијата меѓу Исус и Марија, станува јасно дека Марија нема разбирање за духовната служба на Исус, и е укорена заради тоа.

    4. (Свадбата во Кана, Евангелие по Јован 2:3-4) „Кога виното се потроши, мајка Му на Исус Му рече: „Им снема вино!“ „Зошто ме вовлекуваш во ова, жено?“ - и одговори Исус. „Моето време се уште не е дојдено!“
    Впечатлив е остриот тон со кој Исус и се обраќа на Марија, дури нарекувајќи ја „жено“, наместо „мајко“.


    5. (Доаѓањето при проповедта на Исус, Матеј 12:46-50; Марко 3:32-35; Лука 8:19-21) „Тогаш пристигнаа мајка Му и браќата на Исус. Стоејќи надвор, тие испратија некого да Го повика. Токму тогаш околу Него се беше насобрал многу народ и некои меѓу нив Му рекоа: „Ене ги надвор мајка ти, браќата и сестрите Твои и Те викаат!“ А Тој им одговори: „Која ми е мајка и кои ми се браќа и сестри?“ Покажувајќи на седнатите околу Него, додаде: „Еве ги мајка Ми и браќата Мои! Секој што ја извршува Божјата волја ми е и брат и сестра и мајка!“
    Повторно гледаме една интересна конфронтација меѓу Марија и Исус, каде што Исус и става на знаење дека вистинското Негово семејство се духовните браќа и сестри, а не крвните роднини.


    Освен овие три случки, запишан е уште еден дијалог со Исус, во кој се спомнува Неговата мајка (иако не била присутна во тој момент). Всушност, една жена доаѓа кај Исус воодушевена од Него, но заради тоа ја благословува мајката на Исус. Еве го дијалогот во целост:
    „Додека Исус го кажуваше ова, од народот се огласи една жена, и рече: „Благословена е жената што Те родила и одгледала!“ Тој и одговори: „Уште поблагословени се оние што ја слушаат Божјата порака и ја спроведуваат во дело!““ (Лука 11:27, 28)


    Уште еднаш се гледа дека Исус не и придавал никакво посебно значење на Марија како Негова мајка, туку напротив повторно ја приземјува нејзината улога, велејќи дека поблагословен од неа е секој послушен христијанин.


    Се разбира, не е важно само тоа што Библијата и Исус го велат за Марија, туку важно е и тоа што НЕ го вели. Никаде во Светото Писмо Марија не е наречена Владичица, Пресвета, Пречиста, Спасителка, па дури никаде не е наречена ниту Богородица. Овој факт не смее да се занемари. Исто така, никаде не се спомнати молитви кон Марија. Никаде ниту Исус, ниту Апостолите, ниту Евангелистите не напишале дека треба да и се молиме на Марија. Напротив, во Светото Писмо се осудува секоја молитва која не е упатена кон Бог.


    Никаде во целото Свето Писмо (Библијата) не е запишано ниту едно чудо кое Марија го направила. Дури, гледаме дека при свадбата во Кана, таа го молеше Исус да направи чудо. Зошто би го молела, ако самата имаше таква моќ? Зошто самата не ја претвори водата во вино?


    Никаде дури не е запишано ни дека останала Девица по раѓањето на Исус. Има барем три стихови кои сугерираат дека после Исус, Марија имала и други деца. На пример, во Евангелието по Матеј 12:46 учениците му велат на Исус:
    „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да зборуваат со Тебе.“ Матеј 12:46

    Исто така, при враќањето во Назарет, неговите жители си зборуваат меѓу себе:
    „Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка му не се ли вика Марија, и браќата негови- Јаков и Јосија, Симон и Јуда? И сестрите Негови не се ли сите меѓу нас?“ Матеј 13:55-56

    Третиот стих е исто така интересен. Во него се вели:
    „И (Јосиф) не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус.“
    Матеј 1:25

    Од овој стих јасно се гледа дека Јосиф не се "доближил" до Марија т.е. немал однос со неа додека таа не го родила Исус, што алудира на тоа дека потоа Јосиф се доближил до неа. Инаку стихот би гласел „никогаш“, а не „додека“.


    Исто така стихот не вели "единороден", туку "првороден", што алудира на тоа дека по Исус следеле и втородениот, третородената итн.

    Ако Исус бил единствен син на Марија, ќе бил наречен Единороден, како што за Исус често се вели кога е во релација со Бог Таткото, а никаде кога е во релација со Марија. Значи Библијата секаде вели дека Исус бил првороден на Марија и единороден од Отецот.

    Едноставно, Светото Писмо вели дека Марија „нашла милост пред Бог“ (Лука 1:30) за да биде родилка на Исус. Штом е заради милост, јасно е дека не е заради заслуги. Исус никаде во своите бројни проповеди не рече дека Марија е одличен пример, никаде не спомна ниту дека треба да и се молиме.


    Како постапувале раните христијани кон Марија?


    Освен Библијата, интересно е да се забележи и дека раните христијани не и придавале никакво посебно место на Марија.


    На пример, нема никаква потврда од најраните историски записи, дека со телото на Марија се случило било што мистериозно. Нејзиниот гроб (иако не е научно верифициран) најверојатно се наоѓа во Ерусалим, спротивно на тврдењата дека живеела и умрела во Ефес (денешен Измир, некои 1500 км подалеку). За тоа време, нечуено е мртво тело да се пренесува на толкава огромна оддалеченост пред да биде закопано.


    Најраните шпекулации и измислувања на неточни приказни за животот и смртта на Марија се појавуваат тек околу 5 века после нејзиниот живот. Се започнува со дебатата на Третиот Вселенски Собор (431 г.) околу тоа како да се нарече Марија: Христородица или Богородица? Во таа дебата, во која христијаните биле остро поделени, преовладува мислењето дека зборот Христородица може да имплицира дека Христос не е Бог и затоа е подобро да се каже Богородица. Забележително е од документите на овој Вселенски Собор, дека темата не била Марија, туку Исус. Заради почитта кон божественоста на Исус, христијаните од 5-тиот век не сакале да остават никаков сомнеж дека тој навистина е Бог. Кирил Александриски кој го застапувал гледиштето дека треба да се користи терминот „Богородица“, јасно истакнува дека овој збор не имплицира ништо за природата на Марија, туку единствено имплицира нешто за природата на Исус.


    Но оваа несмасна терминологија, која за прв пат се користи за Марија, ќе биде вешто искористена од спрегата на политичката-црковната власт, која ќе сака христијанството да го направи единствена религија во Римската империја. Наместо да ги искоренуваат паганските божици од свеста на варварското население, тие смислиле навидум Соломонско решение: наместо паганските божици, сега луѓето ќе можат да ја светкуваат христијанската Богородица.


    Зачудува фактот што се до 6-8 век, немаме никакви записи за наводното чудесно раѓање на Марија, за нејзиното наводно вознесение, ниту за нејзините чуда. Зар е можно во првите 6 векови (оние кои биле најблиску до самите случувања) никој од раните христијани да не запишал дека Марија имала безгрешно зачнување, дека имала чудотворна моќ, дека не умрела туку се вознела на небото? Зошто ова не го наоѓаме ниту во списите на Иринеј, ниту Тертулијан, ниту Августин, ниту Ориген, ниту Јован Златоуст, ниту Јероним, ниту во ниту еден од раните црковни мислители?


    Зошто дури имаме и спротивни изјави, како онаа на Кипарскиот Митрополит и светец според Православната црква Епифаниј, кој во 377 година запишал дека „никој не знае како завршила Марија“? Ако никој не знаел се до 377 година, како тоа некој „дознал“ во 600 или 700 година? Јасно е дека записите од 6-8 век за животот на Марија се фалсификати, бидејќи тоа би било слично како ние денес да пишуваме за животот на царот Самоил, кои претходно никој не ги запишал!


    Дали е оправдано да се продолжи со молење и обожување на Марија?


    Штом е јасно дека во Светото Писмо Марија игра епизодна и честопати негативна улога, а исто така е очигледно и дека раното христијанство 600 години не ја обожувало Марија, тогаш оправдано ли е ние денес да и се молиме и да ја обожуваме?


    За оние кои сакаат да бидат доследни на учењето на Христос, на Евангелистите и на Апостолите, како и на праксата на раните христијани, одговорот е едноставен: не! Ние можеме да продолжиме со праксата на молење кон Марија, но само со претходната свест дека сме отстапиле од вистинското христијанско учење и сме прифатиле лажни учења од средниот век.


    Сепак жално е што некои христијански служители продолжуваат да го промовираат култот на Марија, бидејќи претставува еден од најдоходовните приходи. Но со ова тие прават опасен грев и преседан: бидејќи наместо чистата Божја наука, тие проповедаат исклучиво заради своја материјална добит.


    Особено одвратни во Божјите очи се празниците посветени на Марија, кои во нашиот народ се претворени во најобични панаѓури. Луѓето наместо црквите да ги користат како места на кои можат да се поучат за Бога, да му се помолат и да го обожуваат, тие одат за да си купат гаќи, чорапи, влечки, амајлии, за да се нагостат и напијат. Гнасно е Божјиот дом да се претвора во стоковна куќа или во кафана.


    Се надеваме дека овој напис ќе даде свој скромен придонес кон освестувањето на македонската јавност од искривената претстава што ја имаме како Македонци за Марија, како и враќање кон искрената и чиста вера проповедана од Христос и од Апостолите.
     
    Gordana10 and EvAngelos like this.
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,921
    Likes Received:
    4,688
    Gender:
    Male
    Значи Евангелосе, Бог ја поставил Богородица на почестно место, а не луѓето.
    Ако ја споменуваме Раав, да споменеме дека Христос потекнува и од Адам и Ева кои први паднаа итн. Сепак Христос не го роди ни Ева, ни Раав, ни честитата Рута, но пречистата, препослушна и пресмирена Марија, која за маж никогаш не дозна! Гените се едно, ама утробата и млекото се друго.
    И Јосифа Ариматејски(втор недела по Пасха заедно со сите жени мироносици) и Јосифа дрводелецот(прва недела по Божиќ) и Симеона Киринејецот, сите нив Црквата ги слави и ги почитува.
    Свети Јован Крстител е најголемиот кој е роден од жена, ама МАЖ. Ама некои од Православните - монасите се угледуваат на Јована, ама ниеден од заедницата „Радостна вест“ не заминал да живее в пустина и да носи алишта од камилски влакна и да пости цел живот. Не тие височините небески ги достигнуваат со клеветење и понижување на Црквата Христова.
    Демоните ги послуша Христос, зашто знаеше дека свињите се почисти и помалку можат да ги трпат легионите од луѓето. Ете видиш животните не ги поднесуваат демоните иако нечисти. Одма се турнаја и се издавија во бездната, а бесомачниот(ите) со години живееле со нив. Само глупава ти е споредбата, зашто пак ќе повторам демоните пак изгинаа и ова им беше како последна желба, а на Пречистата и` ја исполни желбата без и најмалку да и` се наштети. Нека ти служи на чест и за Судот да ви се најде и тебе и на твојата заедница што Богородица со демони ја споредувате!
    И со стотникот не можеш да правиш споредба, тој имаше слушнато за чудата што ги правел Христос, плус не се работело за неговиот живот туку за животот на неговиот слуга. (Сети се дека оние кои биле бремени вонбрачно биле каменувани!)
    Светите апостоли не ги потценувам ни навредувам и самите си знаат дека Богородица Мајка е и била помаж од нив, иако ја кажувам вистината. Сети се дека Христос за грев му го зеде на Петре неговото откажување, но тој грев му го прости. И бидејќи 3 пати Петре се откажа, исто така 3 пати беше прашан: „Ме љубиш ли Петре?“. Патем Вие ја почнувате споредбата на Богородица Мајка со апостолите, заборавате? Ама тоа е целта ваша и на легионите што ве учат како да ја потцените онаа од која тие се тресат. Бидејќи Таа има добиено од Бога, голема сила и власт!


    Читано ми е тоа, сепак јас ги пратам активностите на Евангелос и на заедницата „Радосна вест“, не се секирај. Ама улогата на Богородица е толку „епизодна“, само што ако не беше Таа кој знае дали сеуште ќе се родеше главниот Лик на Новиот Завет...
     
    Witchman and Serafima like this.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    Да бе, ти ја виде кога Бог ја постави да биде Царица на Небото и Владетелка на ангелите...
    Никој не спори дека Бог ќе и даде некое почесно место и одредени награди како што ќе добијат и другите христијани. Но кој колку ќе добие и кој на кое место ќе биде, тоа се уште не знаеме. Тоа не го одредува ни Христос, туку само Бог Таткото.

    „Но мнозина први ЌЕ бидат последни, а последните - први.”“ (Исус Христос, ев. Марко 10:31, Библијата)
    Тука гледаме дека Исус вели дека рангирањето на почесни места ќе биде во идно време, а не во сегашно.

    Понатаму во параболата со благородникот што им разделил сребреници на своите слуги (ев. Лука 19:12-25, Библијата) Исус јасно кажува дека благородникот ги поставува своите слуги на почесни позиции ПО НЕГОВОТО ВРАЌАЊЕ, а не кога католиците или православните ќе одлучат некоја личност да ја прогласат за Царица на Небото или Владетелка на ангелите и сл.

    Ајдеее сега и млекото е аргумент. Што е следно, пелените што блажената Марија му ги дала на Исус да бидат аргумент дека таа треба да биде Царица на Небото? А што е со рибата што Јосиф ја уловил за да го најаде Исус? И не само Исус, Јосиф морал да спечали и да ги нахрани и блажената Марија и браќата и сестрите на Исус. Браќата биле четитири на број, а сестрите бидејќи се спомнати во множина, најмалку две. Не е лесно да одржуваш 7 члено семејство. Јака му душа на Јосиф. Ете, според вашата логика, што не го ставите и тој да биде Цар на Небото? Зарем не заслужил? Зошто е дискриминиран?

    И факт е дека Исус преку гените наследил и телесна природа и од Ева и од блудницата Раав и од блажената Марија. Гентие се пренесуваат од колено на колено. Твоите родители можат да имаат темни очи, а ти да имаш светли ако твојот дето имал светли очи. Ти го имаш генот на дедо ти. Тоа е генетика

    Како тоа блажената Марија не дознала за маж, кога Светото Писмо јасно ни кажува дека Јосиф и бил маж? Вистина е дека кога Марија и Јосиф биле свршени (верени), Јосиф наумил да ја остави (откако дознал дека е бремена), но во Светото Писмо пишува дека ангел Господов го известил да не се плаши да ја земе Марија за своја жена, дека зачнатото во неа е од Светиот Дух и тогаш Јосиф си ја земал и заедно си живееле и сите го градот Назарет ги знаеле како семејство.

    „А нејзиниот маж Јосиф, бидејќи беше праведен и не сакаше јавно да ја засрами, намисли да ја остави тајно. Но штом го намисли тоа, ете, Господов ангел му се јави на сон и му рече: „Јосифе, сине Давидов, не бој се да ја земеш Марија, својата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух. Таа ќе роди Син и ти ќе Му го дадеш името Исус, зашто Тој ќе го спаси својот народ од нивните гревови.” А сето тоа стана за да се исполни она, што Господ го рече преку пророкот, кој вели: ”Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануел, кое преведено значи: „Бог со нас!” А кога Јосиф се разбуди од сонот, направи како што му заповеда Господовиот ангел, ја зеде својата жена. И не ја позна (немале односи), додека таа не Го роди нејзиниот Син, Првородениот; и тој Го нарече Исус.“ (ев. Матеј 1:19-25, Библијата)

    Исто така кога во една прилика блажената Марија и Јосиф го изгубиле Исус и подоцна го нашле, Марија му рекла:
    „Кога Го видоа се зачудија и мајка Му Му рече: „Чедо, што ни направи така? Гледај! Татко Ти и јас се измачивме, барајќи Те.”“ (ев. Лука 2:48, Библијата)

    Чекај малку, Исус не вели дека никој од мажите родени од жена не се издигнал повеќе од Јован, туку вели:

    „Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јована Крстител“ (Исус Христос, ев. Матеј 11:11, Библијата)

    Ти да не очекуваш Исус да рекол: „меѓу родените од жени не се подогнал и не се подигнала поголем/а од Јован Крстител“? :) Дали можеш да најдеш барем уште еден пример од Светото Писмо каде што писателот посебно нагласувал дека тврдењето се однесува за мажи и жени?
    Дали знаеш дека ако вака ситничариме со сите Божји заповеди, тогаш ќе испадне дека пола од нив не важат за жените само затоа што таму пишува „никој“, а не пишува „никоја“ или „секој“, а не „секоја“ и сл.?

    Прво, не е вистина дека сите оние бремени вонбрачно биле каменувани. Кога Јосиф дознал дека Марија е бремена, тој решил тајно да ја остави, за јавно да не ја засрами, а не за да ја спаси од каменување.

    „А нејзиниот маж Јосиф, бидејќи беше праведен и не сакаше јавно да ја засрами, намисли да ја остави тајно.“ (ев. Матеј 1:19, Библијата)

    Каменувањето се вршело само ако блудникот и прељубницата биле фатени на самото дело на прељуба и тоа со најмалку двајца сведоци:

    „Осудените на смрт нека бидат погубени на изјава на двајца или тројца сведоци. На збор на еден сведок не смеат да бидат погубени. “ (Второзаконие 17:6, Библијата)

    Таман работа ако така лесно каменувале во тоа време. Прво и основно, зарем не би можела бремената жена да биде силувана ноќно време од маскиран силеџија? И што сега таа спроред тебе, кај што била силувана, па сега треба да биде и каменувана само затоа што е вонбрачно бремена? Тешко им на жените ако ти беше законодавец во тоа време. :(

    Кога пред Исус донеле прељубница за да ја каменуваат, фарисеите потенцирале дека прељубницата ја фатиле на самото дело на прељуба, а не затоа што така начуле од комшијата.

    „Тогаш книжниците и фарисеите доведоа една жена, фатена во прељуба, откако ја поставија насредина, Му рекоа: „Учителе, женава е фатена во самото дело на прељуба. А Мојсеј ни нареди во Законот да ги убиваме со камења таквите; а Ти што велиш?”“ (ев. Јован 8:3-5, Библијата)

    Второ, повторно и неуморно се обидуваш да најдеш некаква човечка логика за да ја поставиш верата на блажената Марија над сите други, при тоа игнорирајќи го тоа што Исус кристално јасно го кажал. Еве во случајот Исус за стотникот рекол:

    „А кога Исус го чу тоа се зачуди и им рече на оние, кои Го следеа: „Вистина ви велам, во никого во Израел не најдов толкава вера.“ (ев. Матеј 8:10, Библијата)

    Или сега повторно ќе фаќаш кривини и ќе речеш: Ама тука Исус вика ВО НИКОТО ОД МАЖИТЕ од Израел не најдол таква вера :D

    Ајдеее блажената Марија била помаж од апостолите :) Абе се читаш ли што пишуваш? Не се секирај, знам како ти е. Не е лесно да се бранат анти-библиски догми со помош на Библијата.

    Како прво, не е наше да оценуваме кој бил похрабар. Тоа само Бог знае.
    Како второ, за апостолите директно е пишано дека примиле сила од Бога (Дела 1:8, Библијата) после која ревносно и до смрт проповедале за Исус и сите (освен Јован) маченички загинале заради непоколебливото проповедање на евангелието (што не било случај со блажената Марија).
     
    Mimi123 and Gordana10 like this.
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,274
    Темата очигледно замина во друг правец, но во ред :) .

    Од старт мораме само едно да констатираме, дека суштината е утната, ама потполно.
    Никој не го оспорува фактот на она во што некој верува, само има доста празнини низ се’ тоа, како што некој се обидува да пронајде празнини и кај нас.

    Суштината е тоа што овде се дискутира за воскресение и на крај излегува, дека некој кој вика дека верува во тоа, сепак го негира тој факт. Тоа е исто како да се негира и Воскресението на Господ Исус Христос.
    Не знам навистина што е толку чудно, невистинито, нелогично во се тоа?! Бидејќи и Господ Исус Христос се овоплоти на чудесен начин, па и од тоа ако вака одиме, ќе дојдеме до заклучок (по нечиј) дека тоа не е точно. И тоа само затоа што тоа не е објаснето детално?! Бидејќи никој не запишал подробно се, бидејќи апостолите „го заборавиле„ тоа во Евангелијата и посланијата!
    Така е и во конкретниот случај со неверувањето на Воскресението на Мајката Божја.

    Воскресението ни е нашиот центар, нашиот живот. Коренот на нашата вера, бидејќи ако тоа не беше, нашата вера ќе беше празна. Не сакам навистина премногу да се „расфрлам„ со цитати, зашто верата е нешто многу повеќе од цитат и дискусуја. Таа е живот, вистинско живеење. Дискусијата е едно, но животот е друго.
    Верата, православната вера се манифестира преку животот. Затоа и ќе поставам само едно и единствено прашање лично и конкретно:
    - Каде се доказите на верата (на протестантизмот)?!
    Не доказите од минатото, туку сега, денес во ова време?

    За разлика од тоа, православието и покрај сите тие напади и покрај сите силни бури опстојувало и во минатото, но и понатаму, денес. Бидејќи (ќе споменам само дел од еден цитат) Господ рече „...бидете совршени...’’. Каде е тоа совршенство, ама совршенството откако е раширен протестантизмот?
    Можеме да дискутираме до бескрај, ама некој да гази нешто свето како празниците и најважно името на Мајката Божја, тоа сепак не е во ред. Зашто и колку да се негира светоста на Мајката Божја, се поставува прашањето, зошто баш Неа Бог ја одбрал за таа да го носи во себе?
    Одговорот е очигледен, само кој сака да го види.

    Господ Исус Христос додека беше тука на земјата на никој не му ја наметна верата присилно. Секој можеше да расуди, да „го види’’ и да „ги види’’ безбројните настани, чудесни настани, направени од чистата вера, од чистото срце. Но ете нажалост, од кај протестантите, јас немам ништо слушнато. Или можеби не сум слушнала?
    Вие ја дискутирате, објаснувате, цитирате верата и Светото Писмо, но доказот каде е?! Зашто кога се негира Воскресението на една Пресвета личност, личноста која во себе Го носела Бог, што можеме да дискутираме понатаму. Очигледно постои некоја пукнатина која многу е очигледна. Односно, поточно се добива заклучокот, дека воопшто и не се верува во најважното, Воскресението на душите.


    Ќе поставам само уште едно прашање за крај, најважното од целава дискусија.
    Што сме толку ние православните „трн’’ во око на сите?
    Зошто не се дискутира за некој друг, за нечија друга вера?
    Зошто ние сме „топ’’ тема?!

    Убаво од ваша страна што некој сака „да не просветли’’ со својата вера и благодариме за потрошеното време, но навистина не ни е потребно.Си знаеме во што веруваме, па како што ние не ќе ви докажеме вас, ама онака како ние што веруваме, изворно и чисто, така и вие нема да можете да не преобратите и да ви поверуваме на вам и во вашето верување. :)
     
    Orthophill and stylishh like this.
  7. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,921
    Likes Received:
    4,688
    Gender:
    Male
    Сестро Серафима,
    мислам дека во сржта го погоди проблемот кој што го имаат протестантските секти, а тоа е недостатокот на подвижништво во нивните заедници. А по наговор на паднатите ангели мрзливиот чувствува одбивност од вредниот, нечистиот од чистиот, сиромавиот од богатиот, здравиот од болниот... Се плашам дека тоа е причината за одбивноста на оние кои се надвор од Црквата кон Пресвета Богородица.
    Откако ги добивме сите овие цитати, го добивме текстот против Богородица (без евангелието на средбата на Богородица и св. Елисавета, во кое се наоѓа химната која Богородица Му ја испеала на Бога), не ќе е лошо од Евангелос (и Миме123) да добиеме и некоја поука за тоа какви подвизи треба да прави еден Христијанин. Уште подобро да ни го напише овде богослужбениот поредок (типикот) на неговата заедница, по можност со се богослужбените текстови.
     
    Witchman and Serafima like this.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    Никој не го негира фактот дека Исус Христос воскресна и дека, кога ќе се врати Тој, дека ќе ги воскресне сите луѓе, и верните и неверните, едните за вечен живот, другите за вечна осуда. Јас го негирам наводното „воскресение на блажената Марија“ бидејќи тоа историски не се случило.
    Она што јас го негирам се лагите што се прилепиле кон личноста која многу ја почитуван, личноста која е дел од мојата вера, личноста која го родила и израснала мојот Господ Исус Хрисос - блажената Марија.
    Ако некој навистина го сакаш, тогаш нема да ти биде сеедно кога ќе гледаш како другите му/и прилепуваат лаги, невистини, го/ја ословуваат како што не доликува, му/и лепат богохулни титули и сл.

    Серафима, дали ти веруваш дека праведниот Јосиф воскреснал од мртвите? Дали веруваш дека браќата Кирил и Методиј воскреснале? Ако не веруваш, кажи зошто не веруваш? Зарем ти го негираш воскресението кое што е централна тема во нашата вера? Зарем ти се сомневаш дека Бог може да воскреснува? Па нели и според твојата логика може да се каже дека тоа е исто како да се негира и воскресението на Исус Христос?
     
  9. karenin

    karenin Популарен член

    Joined:
    Mar 8, 2010
    Messages:
    1,426
    Likes Received:
    2,172
    A извинете, што се случи со она - Да се сака ближниот, да не се навредува и да не се суди?
    Секој од вас си има право да верува во она коешто самиот смета дека е правилно. Но да се поттикнува и другите да веруваат во истото или да се навредува другиот став, небива.
     
    EvAngelos and Serafima like this.
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2012
    Messages:
    3,522
    Likes Received:
    9,563
    феминки на 9 септември е св.Фануриј и на тој ден се носи лебче во црква. Сакам да знам дали некоја знае рецепт како да се замеси и направи тоа лебче.
     
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,274
    Евангелос и јас потполно те разбирам ти во што не веруваш. Ама овде ја разгледуваме суштината.

    Сега би те замолила да ми објасниш, зошто ја нарекуваш „блажена’’?
    Зарем тоа не е еден епитет кој се дава на личност, која едноставно отскокнува од сите нас по својата духовност?
    И зошто, со тој збор не му се обраќаме на некој друг?
    Значи, да дојдам до она што сакам да го кажам. Ти прво кажа ( да не те цитирам) дека ја почитуваш само како жена која го гледала Господ Исус Христос и затоа дека не се потребни празници и такви чествувања, па не се потребни такви титули и слични почесни зборови, но сепак еве и сам го кажуваш истото. Ја нарекуваш „блажена’’! Несвесно и ти ставаш титула, а фрлаш со камења по нас православните.

    Додека за воскресението и она прашање што сам ми го постави, сепак не соодејствуваат со она што сакаш да ми доловиш, а ако ти одгворам знам дека сите зборови ќе ми бидат извадени од контекст, па затоа и ќе си помолчам. Зашто под поимот Воскресение, очигледно вие и ние не сме на иста бранова должина (расудувајќи по прашањето што ми го постави за воскресението на тие свети личности).


    На последните неколку прашања си се потрудил да ми дадеш одговор и ти благодарам за издвоеното време. Но, што се вели и во Светото Писмо, дека човек можеш да го поучиш, еднаш, двапати, но кога не те прифаќа, треба да се повлечеш и да се молиш за него.
    - Каде е отстапувањето и почитувањето на туѓата волја и мислење од твоја страна?
    Бидејќи оваа дискусија се продолжува и понатаму, пред се водена по твоја иницијатива. Додека ние овде само го браниме нашиот став, ставот на православието, но тој што отвори дискусија и поставува прашања, си ти. И верувај ми не знам дали за тоа имаш напишано еден или два постови ( ако се водиме по советот од Светото Писмо).
    - Каде е твојата вера и молитвата за мене грешната што „грешам’’ постојано со својата вера?
    Пак ќе повторам, ти благодарам, но имам слободна волја дадена од Бог со која можам да расудувам, па затоа и најискрено ти кажувам дека тие „просветлувачки совети’’ не ми се потребни. Ако грешам, грешам за самата себе и дозволи ми да си „грешиме’’ сите кои веруваме во православието.
    Анализирај ме мене и за тоа нека кажат другите феминки. Дали некогаш Серафима дала реплика за нечие мислење дека тоа е точно или неточно?! Значи тргнувам од себе и не судам за ничие друго мислење. Имало плеада на личности кои го изразиле својот став низ овие теми, дека веруваат, дека не веруваат... но ете на никој досега не сум му кажала дека треба вака или вака да верува, баш како јас што верувам.
    Тоа е класично наметнување на своето мислење, дека личноста е во право, а другите не се. Па секој си има право да верува во што сака ;) .

    Само некако ми ги заобиколи првите прашања.
    Доказите што искрено ме интересираат?!
    Ама доказите од животот?!

    ***


    Стандардно благо или обично лепче мила :) . Јас го правам претежно благо, но ако сакаш може да биде и обично без шеќер. Овде, во оваа тема имам ставено и слика и рецепт. Можеш и по него да си ја направиш, ако ти се допаѓа :) .
    recepti/pogaci-za-svecenosti-t7052/?hilit=%D0%BF%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D1%87%D0%B0

    Господ, по молитвите на Св. Фануриј да ти ги услиши сите молитви :angel: .
     
    okcenzi and Orthophill like this.
  12. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Joined:
    May 25, 2012
    Messages:
    1,888
    Likes Received:
    7,540
    А каде пишува да се празнуваат овие празници? Колку што знам господ рекол 6 дена работи седмиот одмарај ,значи неделата треба да се одмара ,а овие прзници народот си ги измислил никаде во библијата не пишува дека треба да се празнува.
     
    Mimi123 likes this.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,921
    Likes Received:
    4,688
    Gender:
    Male
    Елисабета,
    Уште во Стариот Завет имало празници, кои што се запишани дури и во Библијата, најголем меѓу нив бил Пасха.
     
    Witchman and Serafima like this.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    „И Марија рече: „Мојата душа Го велича Господа! И мојот дух се зарадува во Бога, мојот Спасител, зашто ја погледна смиреноста на Својата слугинка. И ете! Отсега сите родови ќе ме нарекуваат блажена,“ (ев. Лука 1:48, Библијата)

    Ете, како што гледаш самата Марија кажала дека сите родови ќе ја нарекуваат блажена и затоа христијаните така ја нарекуваат.
    Ние не ја нарекуваме Царица Небесна, бидејќи само еден е нашиот Цар Небесен - Исус Христос.
    Ние не ја нарекуваме Пресвета, бидејќи само Господ е Пресвет!
    Ние не ја нарекуваме Господарка на ангелите, бидејќи Господ е господарот на Ангелите.
    Ние не ја нарекуваме Спасителка, бидејќи само еден е нашиот Спасител - Исус Христос.
    Итн.

    Секако не е тоа заповед до христијаните да мораат пред името да кажат „блажена“ и не е грев ако ја наречеш само Марија или сестра Марија или благословената Марија или благодатна (бидејќи така ја нарече ангелот кога и ја објави веста (ев. Лука 1:28, Библијата)

    Не. Блажен значи среќен, благословен. Блажени и благословени се наречени еден куп луѓе во Библијата. Во една прилика, кога Исус проповедал, некоја жена му довикала вака:

    „А кога (Исус) го зборуваше тоа, една жена извика од народот и му рече: “Блажена е утробата, што Те носела, и на градите, од кои си се хранел!” А Тој рече: “Да, но блажени се оние што го слушаат словото Божјо и го пазат.”“ (ев. Лука 11:28, Библијата)

    Понатаму на ткн. „Гора на блаженствата“ Исус нарекува „блажени“ повеќе категории на луѓе

    “Блажени се бедните по дух, зашто е нивно царството небесно!
    Блажени се оние кои плачат, оти ќе се утешат!
    Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!
    Блажени се гладните и жедните за правда, оти ќе се наситат!
    Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
    Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога!
    Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!
    Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството небесно!
    Блажени се оние, кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови зажно - заради Мене!“
    (Исус Христос, ев. Матеј 5:3-11, Библијата)

    Понатаму „благословена меѓу жените“ е наречена и Јаил, жената на Кенеецот Хевер.
    „Нека е благословена меѓу жените Јаил“ (Судии 5:24, Библијата)


    За христијаните секој ден треба да биде празник, но исклучиво да Му се дава славата на Господ за сите добри дела што ги прави во нашите животи, за сите Негови милости, за сите наши гревови простени, за тоа што ни дава мир, заштита, трајна радост, вечен исполнет живот и се што ни е потребно. И најпосле ние треба да го славиме Бог затоа што нановородениот човек има потреба и ужива да го слави Бог.
     
    Mimi123 and Gordana10 like this.
  15. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Joined:
    May 25, 2012
    Messages:
    1,888
    Likes Received:
    7,540
    Знам за тоа дека секој дена треба да го славиме бога ,само се прашував за другите празници.На пример св.Петка ,св.Димитрија и тн.
     
    EvAngelos likes this.
  16. Philippa

    Philippa Истакнат член

    Joined:
    Apr 23, 2013
    Messages:
    33
    Likes Received:
    68
    Gender:
    Female
    Токму така, тие се удостоени да се наречат свети заради нивниот подвиг, вера и љубов кон Бога. Славејќи ги нив ние уште повеќе Го славиме Бога.
    А подетално можеш да прочиташ во нивните житија (тоа се книги во кои е опишан животот на Светците).
     
    Orthophill likes this.
  17. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Joined:
    May 25, 2012
    Messages:
    1,888
    Likes Received:
    7,540
    ОК ,јас секој ден си го славам Бог ,но нема потреба преку нив да го славам сите тие се луѓе со вера љубов како што сме ние ,нема тука тој е свет или овој е посвет од мене ко ке речат.Нема посвет и понесвет ,туку има повеке верник и поневерник во верата.Штоако ти ги славиш еве да речам тие празници кога вера во себе немаш сиромашен си со вера,тоа ти е бадијала
     
    Mimi123, hermosa and EvAngelos like this.
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,921
    Likes Received:
    4,688
    Gender:
    Male
    Елисабета, кога си слушнала од некој Христијанин (што значи Православен) да запее слава тебе св. Петко? Или слава тебе св. Димитрија? Или слава тебе Пресвета Богородице?
    Ако некогаш си била во Божји храм (на служба) сигурно си слушнала:
    - Слава Отцу и Сину и Свјатому Духу и ниње и присно и во вјек и вјеков! Амин! (Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и ссекогаш и во вековите на вековите! Амин/Така нека биде/!)
    - Слава Тебје показавшему на нас свјет... (Слава на Тебе што ни ја покажа светлината...)
    - Слава во вишњих Богу! (Слава на Бога во висините!)
    - ...јако Тебје подобает всјакаја слава, чест и поклоненије Отцу и Сину и Свјатому Духу! (...зашто Тебе Ти приличи секоја слава чест и поклонение на Отецот, Синот и Светиот Дух!)
    Дури и тропарите на светителите секогаш ги завршуваме со слава на Оној Кој ти даде тоа и тоа. Ете видиш пеејќи им и на светителите ние не престануваме да го славиме Бога. Оти Бог е прекрасен во светиите свои. (Спаси ни Сине Божји, во свјатих дивен си, појушчија Ти: Алилуија! = Спаси не` Сине Божји, Кој во светиите си прекрасен, нас кои Ти пееме: Алилуја!)
    Терминот „слава“ кој што се користи во терминологијата за означување на денот кога едно семејство или храм или целата Црква прославува некој празник е народен - словенски и се разликува од зборот „докса“ кој на грчки се користи за славење на Бога.

    ПС: Бог се пишува со голема „Б“
    ППС: Се прашувам како некогаш светиот пророк Давид, великиот покајник:

    Псалм 3
    1 Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене;
    2 мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога.
    3 Но Ти, Господи, си застапник мој, слава моја; Ти ја подигаш главата моја.
    4 Со гласот свој викам кон Господ, и Он ме слуша од Својата Света Гора.
    5 Легнувам, спијам и станувам, оти Господ ме чува.
    6 Не се плашам од многу илјади луѓе, што од сите страни навалиле на мене.
    7 Стани Господи! Спаси ме, Боже мој! Зашто Ти ги поразуваш сите мои непријатели и им ги здробуваш забите на грешниците.
    8 Од Господа е спасението. Твојот благослов нека биде на народот Твој.
     
    Witchman likes this.
  19. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Joined:
    May 25, 2012
    Messages:
    1,888
    Likes Received:
    7,540
    Секако дека несум слушнала , ама празникот се вика св.Петка ,јас секој ден си го славам бог не треба да чекам да дојде св.Петка па јас да славам за бог тоа ми е зборот.
     
    EvAngelos likes this.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,921
    Likes Received:
    4,688
    Gender:
    Male
    Па нормално секој ден се слави Бог, секој ден во парохиските цркви се служи утрена (во недела и празници и Света Литургија) и вечерна на кои се слави Бог, по живите манастири се служат и часови, повечерие и полуноќница. Во домовите на Православните Христијани, кои живеат според својата вера, се читаат утринските и вечерни молитви, Евангелие, Апостол, Псалтир и акатисти...
    Ние на Петковден се сеќаваме на личноста и делата на света Петка, кои Му се угодни на Бога, се откажала од се` светско, живеела в пустина, странствувала во својот роден град итн, се` поради Христа! Прочитај го житието на света Петка и најди некој протестантски реформатор кој направил толку многу дела за Христа и те молам да ми го кажеш.
     
    Witchman likes this.