1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денес е христијанскиот празник:

Дискусија во 'Религија' започната од Snow-Queen, 19 август 2012.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Искрено, претпоставував дека овој одговор ќе го добијам и затоа и го поставив тоа прашање. Мојата цел беше сосем друга, но гледам дека не може да се види или се негира тоа.
    Секој со своето мислење, не продолжувам понатаму со дискусија, иако имам уште многу да напишам ;) .

    Од друга страна пак, останаа безброј неодговорени и заобиколени прашања, а штом нема одговор значи...
     
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки

    Serafima, сите прашања поврзани со темата околу славењето на празникот успение на Богородица ти беа одговорени и потврдени со Светото Писмо.
    Праша зошто ја нарекувам Марија блажена, ти одговорив со конкретен библиски цитат каде што Марија кажува дека сите родови ќе ја нарекуваат блажена.
    Праша зошто со тој збор не му се обраќаме на некој друг? Ти покажав дека во Светото Писмо еден куп луѓе се наречени блажени од устата на Исус Христос.

    Сите понатамошни прашања од типот „каде е твојата молитва за мене“ беа оф-топик лични муабети и секако дека јас нема да ја злоупотребам темава за да пишувам молитви за тебе или нешто слично.
    Од друга страна кога јас во контекст на воскресението на Марија те прашав дали веруваш дека и мажот на Марија (праведниот Јосиф) воскреснал, ти го заобиколи тоа прашање.
    Значи, во случајов, не сум јас тој кој што избегнува или заобиколува прашања, туку ти.

    Значи тука со Ортофил си почнавме дискусија на тема празникот успение на Богородица, за веродостојноста на тој празник (воскресението на блажена Марија). Ако сум пропуштил да ти одговорам некое прашање на таа тема, повели повтори го. Поздрав.
     
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Амин и тебе
    фала ти срцка
    еве и јас најдов еден рецепт баш за овој празник

    Фануропита

    1 чаша шеќер
    1 чаша растително масло
    2 чаши сок од портокал
    3/4 чаша суво грозје
    3/4 чаша сецкани ореви
    1 лажичка сода бикарбона
    1 лажичка ванила
    4 чаши брашно
    Малку сол

    Измешајте ги шеќерот и маслото додека да се згустат. Растворете ја содата во сокот од портокал и истурете ја полека во шеќерната мешавина. Додадете ги другите состојки и истурете во намрсен плех. Печете на 180ºC околу 45 минути. Исечете на коцки, откако ќе биде благословено од свештеникот.


    еве и линк каде е повеке објаснето за празникот
    http://megica.wordpress.com/2008/12/06/ ... %B8%D1%98/
     
    На Orthophill и Serafima им се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    серафима душо, супер ми испадна питава, попот ми ја пееше и едвај чекав дома да стигнам да се најадам. Инаку беше по кршлива, ама па нема ниедна состојка за ствднување. Благичка ама не многу туку таманка по мој вкус.
    Кога му ја подадов на попот заедно со тањирот, прво сакаше да ја извади ама виде дека одма пукна на пола ја приврати и така ми ја пееше
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.397
    Пол:
    Машки
    Денеска е отсекувањето на главата на свети Јован Крстител - свети Јон Посен:

    Во спомен на овој настан, а со цел Христијаните да не земат учество во роденденот(пирот) на Ирода и денеска е строг пост. Погрешно е верувањето дека овој ден се пости поради земната смрт на свети Јован, кој на денешен ден слезе во адот да им проповеда на душите на праведниците, дека наскоро и Христос ќе слезе таму, ќе ги раскини на Крстот оковите на гревот и ќе ги однесе сите праведници во рајот.
    Нека свети Јован Крстител и Претеча непрестано се моли за нас пред престолот Божји.
     
    На Witchman, orevokrsacka, kva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Амин.
    Денс Архиепископот Охридски и Македонски во својот говор рече , овој празник е и втор Велики петок.



    Се извунувам што ќе ви упаднам во дијалгот но би сакала да дадам свое мислење по ова прашање.
    Точно е дека и свтителите биле луѓе како што сме ние, но не може да се рече нема тука свет и посвет, а јас ќе додадам и несвет. Има и тоа како.


    Прво Светителите се луѓе како што погоре кажа и Ортофил, кои се откажале од се земно и целиот свој живот го насочиле кон Бог, и таа преданост на крај завршила со нивно “обожение“.
    Во црквите на иконите, овие луѓе се прикажани со ореол околу главата во знак дека станале светители, значи и самот име кажува СВЕТ- ители. Јас, онака лаички знам да си кажам , тоа се луѓето кои успеале во својот живот.

    Прво би трганала од едно многу едноставно и обично гледање на работите.
    Зар ние еднаш во годината не славиме родендени, порано се правеа банкети за одење во војска, па денес се фрлаат огромни пари за матурски, и не знама веќе какви се не славења измислуваме.
    А еднаш, само еднаш во годината се слави Св. Петка, Св. Димитрија, Св. Ѓорѓија,...

    Порано тоа имало значење и на социјализација на луѓето, бидејќи немале матурски и сигурно на баба ми не и славеле доденден.
    Славите подразбирале подготовка на храна, чекање на гости и меѓусебно дружење и комуникација, бидејќи немало телефони, и фејсбук. Меѓудругото луѓето се труделе и за она што веќе во друѓи теми е зборувано, да се одржува роднинската врска и информираност , да се знае кој кому му е братучед, да не случајно се “засакаат“ братучедите.
    ( но секако се ова што го кажав е споредна работа, но била и функционална и добра, на крај луѓето не правеле ништо лошо, еднаш во годината се прави трпеза за своите блиски, а во чест и сеќавање на светителот кој си го земале за заштитник на својата фамилија).

    Е сега прашање е како луѓето пак утврдиле дека тие се свети, нели, па земале да ѓи слават.
    Јас не сум експерт по оваа тема, но како еден еве да речам номинален верник, знам дека на многу од нив моштите им се нетлени, многу луѓе се исцелиле од поклонение на мошти, и сл...
    За пример може да се даде токму житието на Св.Петка, чии мошти се откриени после 2-3 века.
    Или на пример, еве од нашето соседство, Св.Василие Острошки, многу чуда се имаат случено од моштите на овој светител.

    А од нашите светители ќе ги споменам:
    Св. Наум Охридски, Св.Петнаесет Тивериополски маченици( појди еднаш на денот кога се слават во Струмица во храмот посветен на нив, кога ќе ја почуствуваш неизмерната благодат, ќе видиш зошто се слават), Св. Злата Мегленска, Св. Гаврил Лесновски , па Св. Гаврил Светогорски, па Св. Јоаким Осоговски, нависитна долг е списокот.

    Има многу книги во кои се собрани и прераскажани чудата на светителите, една од нив е Чудата на Св.Наум Охридски.

    Наједноставно, ѓи славиме бидејки ни требаат, бидејки некому му помогнале, бидејки некој се почувствувал заштитен, бдејки некој се моли за помош во иднина, итн...
    Па кога ние ако некој пријател ни помогне во некоја мала работа, му благодариме, понекогаш го каниме на ручек, се однесуваме кон него со почит, и којзнае што уште не правиме, тогаш зошто да не ги празнуваме светителите барем еднаш годишно и во нивна чест да не направиме литургија, кога и тие ни помогнале во многу за нас значајни работи во овоземното наше телесно постоење.
     
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Јас многу ги почитувам христијаните кои дале свој придонес и своја жртва за Божјото Царство и ширење на спасоносното евангелие. Сепак сум уште поголем љубител на вистината, онаа Божја чиста вистина објавена во Светото Писмо, без накалемени човечки преданија, додатоци, легенди и сл.
    За жал, многу од житијата што ги читаме за христијаните што подоцна се направени светци и им се нацртани ореоли на главите, се измешани со митови и легенди, немаат веродостојно историско потекло, спаѓаат во категоријата „усни преданија“ што значи дека се пренесувале во вид на приказни од колено на колено, од баба на внуче додека согорувал огинот во вечерните часови.

    На сите ние е познато, а особено им е познато на етнолозите, дека при усните раскажувања приказните лесно добиваат митски елементи, изменувања, дополнувања, со цел да станат поинтересни, повпечатливи, поохрабрувачки, со цел да се нагласи и пренагласи храброста на херојот, силата на силниот, се додаваат чуда и така настануваат житијата. Земете го за пример Крале Марко, кој од турски вазал, со раскажување од колено на колено денес за него се зборува дека пиел по 10 бочви вино (и ништо не му било), дека со боздоганот кога ќе замавнел црна арапина летал у буниште, па со коњот исто така чуда праел итн.

    Слично е и со житијата. Еве, сите сме сведоци дека за малку и Тоше Проевски ќе го направеа светец, да не беше реакцијата и потсмевот на граѓаните со тоа. Се појавија дури и икони со Тоше. Денес за него се зборува дека беше голем хуманитарец, човек со добра душа, многу го нарекуваат и ангел и сл. Но никој не зборува за тоа дека Тоше имаше 3-4 девојки сменето, можеби и некое женско срце скршено, никој не зборува дека Тоше ниту една песна не напиша за Исус, некоја Велигденска или Божиќна песна (како што би се очекувала од некој посветен христијанин кој го живее животот за Божја слава), туку повеќето му беа романтични и сл. Не го пишувам ова за да го нарушам угледот на Тоше, да не се разбереме погрешно, туку само за да ви појаснам што значи реално светло, реална вистина за некој човек, наспроти житијата.

    Околу обожавањето на светците, поклонување пред нивни икони, палење кандила и слично, би ги навел следниве библиски факти:

    1. Сите Божји луѓе во Библијата му се молеле на Бог и само на Бог. Никој од Божјите луѓе (пророците, апостолите, другите Исусови ученици) не упатиле молитва до Св. Мојсеј, до Св. Илија, до Св. Јован Крстител (за кого Исус кажа дека е најголемиот од родените од жена) или до некој друг од починатите Божји свети луѓе.

    2. Светиот апостол Петар одбил да му се поклонуваат!
    „А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!”“ (Дела 10:25, Библијата)

    3. Исус Христос во една прилика кажал дека никој од родените од жена не се издигнал повеќе од Јован Крстителот (Исус Христос, ев. Матеј 11:11, Библијата) Кога свети Јован Крстител бил погубен од страна на Ирод, во Светото Писмо читаме дека учениците правеле никакви метании над посмртните останки (моштите) на Јован, не ги бацувале, не се поклонувале пред нив, не направиле света реликвија од нив и сл. туку едноставно го погребале.

    „И неговите ученици дојдоа, го зедоа телото и го погребаа, и отидоа и Му јавија на Исуса.“ (ев. Матеј 14:12, Библијата)

    Низ целиот Нов Завет можеме да забележиме еден понизен карактер кај Христовите апостоли и можеме да видиме како тие одбивале да бидат славени заради делата што Христос ги прави преку нив, туку цела слава ја давале на Господ!
     
    На Mimi123 и aerodrom им се допаѓа ова.
  8. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Евангелос,
    ти мене не ме прозва, но јас тебе да.

    На основа на измисленита и слободно од твоја страна креирана дезинформација дека и Тоше за малку ќе го направеле светец, сметам дека нема потреба да се објаснувам со тобе за другите точки.

    Кој тоа ќе го направел светец него?
    Прво знаеш ли како, кој и што се е потребно за прогласување светител?

    Овој твој исказ и дезинформација за мене претставува груба навреда на Мојата Православна Црква!
    Сметаш дека нашите црковни лица не ги знаат правилата и како се прогласува светец!?
    Всушност ти ништо не сметаш, се користиш со лаги и дезинформации, а подолу ќе кажам зошто го правиш тоа(најнакрај)!

    Значи не ти се обраќам само тебе, туку и на останати читатели (кои можеби не знаат некои работи), па иако се декларираат како православни христијани, некој може нескајки и ќе поверува во лагите и дезинформациите.

    Постојат двајца потенцијални светители кои сеуште не се канонизирани, Јоаким Ракотински и Гаврил Светогорски, а минатата година беше извршена канонизација на тројца светители од Кичево и 1 во Битола.

    Дезинформираш со јасни однапред поставени цели.

    Инаку те гледам добро си информиран за многу работи во православието :clap: (чиј дел очигледно не си)?
    Ме чуди што толку се мачиш :o ? Јас пак воопшто не знам и не ме интересира :x што и како еве на пример Евангелистите, Јеховините сведоци или Протестантите го слават Бога (нивниот, кој и да им е),
    а да си кажам право и не ме интересира.

    Што па сите се запнале за православните :headbang: , па не треба така, не треба ова, не треба она, тоа не ви чини,
    па зошто постите, па зошто ви се икони,мошти...

    Што толку се мачите и се занимавате со нас?
    Јас времето би го искористила да се молам на Бог а не да
    “висам“ на интернет и да демантирам и дезинформирам православни христијани.
    Нека си се клањаат пред икони, нека си постат, што сакат нека си прават.

    Како тоа добро сте информирани и за нашите цркви, и за нашите светители?
    Што толкав интерес не ми е јасно, нависитна?

    Јас навистина не сум толку голем познавач на библијата, но знам дека Исус им рекол на апостолите
    ако не ги примат во некој град, нека не ги убедуваат многу, нека ја истресат прашината и нека си заминат.

    Така да и јас после овој текст, нема да се докажувам со тебе.
    Кој знае , еден ден може ќе станеш поголем православен христијанин од сите кои така се декалрираат, ако Бога така сака, нели.

    Свети Серафим Роуз поминал многу фази,не се сеќавам на редоследот, но бил и католик, адвентист, атеист, па на крај кога се “сретнал“ со православието сватил дека тоа е тоа и накрај станал Светител.
    Св.Апсотол Павле, прво бил Савле, итн., има бројни приемри.

    Па така и ти, откај да знам што е Божјата промисла за тебе :D ,
    освен ако ова твое “уходање“ на православните не го правиш од други причини, во најмала рака да речеме за пари :cash: .
    Упс, многу бев груба знам, но ... не ми остави друг избор. Толкаво познавање ( а плус и намерно, тенденциозно дезинформирање) не ми остава друг избор.
    Но твоите постови против православните, никако , ама никако не смеат да бидат сватени наивно .

    п.с.
    ако ме сретнеш некаде, прави се дека не ме познаваш :swear: , те молам, ќе сносиш вина дека ме соблазнуваш да бидам груба :tmi: кон тебе.
    лека ноќ
     
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Прво, не реков дека МПЦ сакала да го направи светец, туку многумина верски фанатици. Сепак МПЦ не ја негираше можноста Тоше да биде прогласен за светец во иднина. Еве ти линк за тоа:
    http://preminportal.com.mk/content/view/717/82/
    http://www.makedon.net/html/body_angel_si_ti18.html

    На вториот линк се вели:
    МПЦ ќе ја разгледува можноста Тоше Проески во иднина да биде прогласен за светец по зачестените барања на верниците, најави вчера преспанско-пелагонискиот владика Петар, претседател на црковната Комисија за канонизација.

    За жал кутриов наш народ, како порано (кога се правеле првите светци), така и денес и склон кон правење култ на личности. Неколку месеци по смртта на Тоше отворив анкета на еден друг форум (не знам дали е дозволено ставање линкови од други форуми тука) околу тоа што бил и што е сега Тоше и речиси сите се изјаснија дека Тоше еџ ангел, светец, Божји син и сл.
    Но убаво велат од МПЦ, рано е за некој да се направи светец, особено не непосредно по неговата смрт. А зошто е тоа така? Тоа е така затоа што и покрај тоа што постојат многу луѓе кои што се склони кон култивизирање и обожавање личности, сепак постојат и разумни луѓе кои би рекле: „Алоо? Чекајте малку. Па Тоше имаше и 3-4 девојки, Тоше правеше и ова, и она, го направи овој грев, оној грев и сл.“ А не бива светец со такво житие нели? Па затоа се чека да помине барем една генерација, да умрат лошите спомние за светецот, а да останат само оние екстра добрите (по можност напумпани, преувеличени), па уште ако се појави (читај: измисли) некое чуденце, е тогаш е спремна подлогата за канонизација на светецот и се одобрува и правење икони, упатување молитви и се остало.

    А за Тоше се појавија многу работи во насока да го направат светец. Во Сиднеј владиката Петар организираше панихида за Тоше Проевски. Се појавија молитви до Тоше. Посети го гробот на Тоше и ќе видиш луѓе како му се поклонуваат, некои и му се молат. Иконите (без ореоли) со Тоше на слика ги видов на празникот св. Пантелемојн во Нерези (изработени од слободни уметници), се шушкаше и некое чудо кое демек го направил Тоше во посета на Ерусалим итн. Значи многу верници веќе го направија светец за нив, а ако притиснеа мнозинството, ти гарантирам дека за една деценија или две, и МПЦ ќе го канонизираше за светец. А може и ќе биде тоа, не знаеме, рано е.

    Дали ако ти би се родела во Саудиска Арабија, во традиционално исламско семејство ќе велеше слично како сега: „Јас сум си муслиманка и воопшто не ме интересираат другите верувања“? Тогаш излегува дека вистината за тебе би била зависна од тоа каде си родена и каква вера си „наследила“ од родителите.

    Епа јас не бев таков. Јас изразнав во класично православно традиционално семејство со комунистички примеси. Сепак, во мене постоеше копнеж за трагање по вистината за Бог и затоа истражував повеќе вери и убедувања, читав и читам доста книги. Затоа сум солидно информиран и за православието, и за протестантството, и за католицизмот, и за адвентистите, и Јеховините сведоци, и за Исламот, и за атеизмот, а имам познавања и за будизмот. Не ги истражив сите вери (бидејќи нели тоа е невозможно во еден живот), но доволно за да сфатам дека христијанството е вистинската вера и тоа конкретно она христијанство што го проповедале Исус и апостолите во 1-от век, она старо библиско христијанство, без човечките (пагански) елементи кои му биле прикалемени со вековите подоцна.
     
  10. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    85
    Кога светците би воскреснале, само да видат што прават денешните таканаречени верници, одма би ги осудиле а истите одма би ги утепале како и секогаш што им правеле на оние кои ја кажуваат вистината. Оти на лугето полесно им е да направат некој адет или обичај отколку да ја прифатат вистината, ниту сакаат да чујат ниту сакаат да разберат, оти ако чујат може ке поверуваат и разберат па ке се промени нивното срце и ке се спасат.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Toше има направено многу за својата вера, но не ми оди некако в ум да биде БАШ светец. Естрадна личност, која живеела релативно удобен живот (откако станал славен). Немал некој ептен испоснички живот, не направил некоја голема жртва за својата вера (пример споредба меѓу смртта на Тоше и св.Ѓорѓи Кратовски).

    Значи не порекнувам дека направи многу, дека вложуваше и материјално и духовно многу за верата, за што заслужува висок статус и мислење во нашата јавност и вера, но некој ептен испоснички и измачувачки живот како оној на светците, немаше.

    Сум да биде воздигнат во спомените, СУМ за тоа да се зборува јавно за него како човек кој многу направил за својата вера, па и да му се посвети монумент, но погледнете некое житие на кој било светец и ќе сфатите зошто не ми оди некако да биде тој прогласен за светец.
     
    На DELFIN-15, Serafima, Srekicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^
    Mа нема потреба воопшто да се чита за тоа за да знаеш дека поголема глупост не може да се изрече. До каде оди патетиката на народов не ми е јасно, од каде толку таа потреба за драми, идеализирање...Бог да чува.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Тоше ви го наведов како најтазе пример, пример на кој што сите бевме очевидци, за да почувствувате како порано настанувале култните личности и светците, кои потоа „добивале“ и божествени карактеристики, способности да слушаат молитви, да бидат покровители на градови и села, да бидат заштитници на домови. А луѓето наместо да го слават Господ и да се фокусираат на учењето на Исус Христос, во пракса се обременети со тоа кој светец бил денес, па каква погача се прави за таа слава, како се пости на тој ден, дали се јадело риба, дали јајца, смеело ли запршка во гравот да се стави.. абе секакви ситници знаат за овие работи, а за Исус... е за Него веруваат дека презимето му е Христос, од Библијата ги знаат само кориците (на кои што е пожелно да има крст за да брка ѓаоли), не знаат ни 4 од 10те Божји заповеди да набројат, а на празници да не го даваа филмот за Исус, кој знае дали ќе знаеа и што се случило на крстот. Али битно ако ги прашаш дали се верници, ти вика: Даа, голем верник сум јас, за секој празник си палам свеќа во црква за здравје, за среќа. На еден комшија за Велигден му викам: Здраво комши, Христос воскресна! А он ме поправа: „Не се вели така, туку се вели: „Христос воскресе““. Ете, така се велело, така било правилно според верата наша. Кој знае колку се осеќал горд во тој момент на своето верско образование.

    Сума сумарум, на нашиов напатен народ не му требаат уште луѓе во плеадата на светци. Нашиов народ има потреба да биде осветлен од Христовата светлина, да го запознае Христос и Неговото учење, евангелието кое единствено може да ги спаси нивните души. На нашиов народ му треба покајание и вистинска вера од која ќе произлезат и соодветни дела. Дури потоа може да очекуваме Господ вистински да ја благослови нашата земја. А се додека си негуваме суеверија и празноверија, на вестите даваме гатачи и бајачи (ко да сме у 18век уште!), се додека славиме луѓе наспроти слава што единствено Му припаѓа на Бог, се дотогаш ќе си патиме од проклетствата кои самите како народ си ги влечеме и задржуваме. Господ да ни се смилува.
     
    На Mimi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Верски фанатици има секаде.
    Ама ако некој даде изјава како ти што го направи тоа, за малку и Тоше светец ќе го направеа, тоа вднаш асоцира на законодавниот орган за дадена област а тоа се знае кој е. Се знае кој одлучува.

    Не ме изнендади воопшто што веднаш експресно ги најде овие два линка :D , браво, браво :clap: , одлично си обучен. Велам јас подобро и од нас ги следите настаните кои нас не засегаат.

    Во ниеден од линковите нема трага од твојта лага и дезинформација за малку светец ќе го прогласеа.
    Во првиот јасно е , а вториот е пренесена вест интерпретирана од страна на новинар.

    Во моменти кога се среќаваме со смрт на личност која била идол, по која тинејџерки коси кубат и вени сечат, во ситуација 15-16 години после одвојувањето од живот во социјализам, кога верскиот живот во земјата е на многу ниско ниво, тоа е факт, одговорните лица си знаеле каков дипломатски одговор да му дадат на народот.
    Да не случајно имало седница на Синодот на МПЦ за канонизација на споменатото лице?
    Ајде да видиме дали такво нешто било на дневен ред на Синодот?
    За сите седници уредно се водат записи кои се архивираат, чисто информативно за оние кои не знаат.

    Евангелиос, прочитај се себе си убаво што пишуваш!
    Од една страна се покажуваш како добар познавач на библијата , цитараш делови ко некој теолог,
    од друга страна не се разликуваш од селска оговарачка, демек се шушкало дека направил некое чудо по враќањето од Ерусалим.
    Читај се добро што пишуваш! Биди на ниво!

    Обучуван си ти!
    Техниката е следна: прво те биладаат со теоретски знаења за да се остави впечаток на висок интелелтуалец, а после меѓу редови се симнуваш на најниско можно ниво со коментирање на
    маалски муабети.


    Дали ако ти би се родела во Саудиска Арабија, во традиционално исламско семејство ќе велеше слично како сега: „Јас сум си муслиманка и воопшто не ме интересираат другите верувања“? Тогаш излегува дека вистината за тебе би била зависна од тоа каде си родена и каква вера си „наследила“ од родителите.

    Што сакаш да кажеш со ова кој те знае!? :D

    Едно е да тие интересираат, да ги проучуваш, а друго е да ѓи напаѓаш!
    А ти цело време колку што можам да видам, токму тоа го правиш!
    Напаѓаш! Како божемски сакаш да ни објасниш нешто не е така.

    Сто пати ти реков и во претх. пост, и сега ти велам,
    штом не си ПРАВОСЛАВЕЕН ХРИСТИЈАНИН, што се мешаш, што ме (не) убедуваш
    што било правилно а што не. Ти што си, проповедник?

    Па од авион се гледа твојата упорност!

    Е многу работи кажа, ама не одговараш на сите мои забелешки, а една од нив е
    како те плаќаат за овие активности?
    Добро ли е? Има ли да се живее, а?

    п.с.
    до останатите кои коментираа во врска со Тоше: се согласувам со вас потполно ,така е ,
    но овде во разговорот тоа не е баш главното што сака човеков да каже, верувајте ми.
    Многу подалеку “пука“ чоеков, намерите му се други, што секако нема да ги признае, се разбира.
    Кој волк облечен во овча кожа ќе признае дека е волк?!
     
    На shushu, Serafima, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки

    1. Не треба обука за на гугл да пишеш два збора „Тоше“ и „светец“ (и меѓу првите линкови ќе ти ги даде приложените). Ако тебе ти треба таква обука за пребарување на гугл, слободно ќе ти ја дадам таа обука :)

    2. Идолопоклонството и култивизирањето личности од страна на мојот народ директно мене ме засега. Не сум јас дојденец во оваа земја. Јас сум роден во Македонија и моите родители и прародители се од Македонија. Тоше ми беше омилен пејач и пееше на мој јазик и речиси на сите концерти му бев (освен на последниот).
    Верник што не го љуби својот народ е лажен верник. Нема поголем патриотизам од тоа да сакаш што е можно повеќе македонци да видиш во рајот, да се грижиш за духовното здравје на својот народ, да го насочиш кон Спасителот Христос, да го отрезнуваш од суеверието и празноверието.

    Не се работи за оговарање, туку навистина тој период, кога Тоше отиде на посета во Израел, каде што го изврши и ритуалното крштевање во реката Јордан, на интернет одеше една слика каде што наводно Тоше поминувајќи покрај Виа Долороса (патот по кој што Исус одел кон Голгота) се допрел до една карпа и таму наводно се појавила отисок од неговата рака и некои други работи. Значи не беше „оговарање во село“, туку јавна вест што за жал сега не можам да ја најдам на гугл (а може и тргната е, бидејќи често пати порталите ги тргаат старите вести во недостиг на мемориски простор).

    Инаку по смртта на Тоше се појавија и други чуда. Еве на пример ова кога Тоше се „појави“ на Велигденско јајце.
    http://grid.mk/yt/videos/8OGiZJgm6CQ/veligdensko-jajce-so-likot-na-toshe

    А еден ден потоа се појави на првоаприлска фотографија :)
    [​IMG]


    Епа ти го кажа токму првото, дека не знаеш за другите вери и дека не те интересира. Па затоа јас те прашав, дали ќе го имаше истиот став ако беше родена во исламско семејство?
    И како би дознала за вистината ако не би те интересирало ништо повеќе од Исламот?
    И од каде знаеш дека си во правата вера, ако не си ги запознала другите? Од кај знаеш, може ете баш случајно си се родила во Македонија, а си можела да се родиш во Саудиска Арабија, или во комунистичката Северна Кореја или во некое паганско племе у Африка.
    Замисли кога Павле дошол да и проповеда за Христос на првата македонка (Лидија), таа да му рекла: Абе не ме интересира за другите вери, не знам и не сакам да знам. Ај бегај таму не ми ја „напаѓај“ верата :D

    И дај те молам не биди толку чувствителна. Ова е јавен форум во секуларна држава и секој си пишува свое мислење, свое гледиште. Јас овде конкретно го пишувам моето гледиште за појавата и култот на светците, што не мора да биде и твое гледиште нели? Нема потреба од префрлање на дискусијата на лично ниво, навредување, деградирање, омаловажување и сл. Ако си многу осетлива на религиско поле, можеби ова и не е најдобар подфорум за тебе, бидејќи овде знаат и атеистите и муслиманите да пишуваат гледишта кои се спротивни на христијанските или на православните конкретно.
     
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.397
    Пол:
    Машки
    Евангелос, знаеш ли што е тоа парастос или панихида? (Гледам си пишал +Петар организирал панихида во Сиднеј, па клеветиш дека е тоа чекор кон канонизација)
    Панихида или парастос (во Русија прават разлика на панихида ја пејат и 17. катизма - Псалм 118) е богослужба која се служи за покој на душите на умрениот и за ОПРОСТУВАЊЕ на неговите гревови.
    Понатаму, на ниту еден православен фанатик (на нашки зилот или ревнител) не му паѓа на ум дека Тодор Проески, Бог да го прости, треба да биде светител.
    Јас бев присутен кога се “поднесе“ едно такво барање. Еден вознемирен маж (околу 30 години) влезе сиот забрефтан во библиското здруженије, и и` свика (со сиот ум) на жената, што работи таму, дека ако Синодот не го прогласи Тошета за светец, тогаш голем грев ќе направи... Епископатот тогаш од (црковно) политички причини велеше дека ќе го разгледаат барањето за ТОше да стани светител. (Иако јас со таа политика воопшто ниту се сложував ниту се сложувам)

    Овде ни ги клеветиш светителите, Евангелосе? Светителите не се канонизирале по не знам колку време од нивната смрт, туку скоро секогаш веднаш по нивната смрт. Еве на пример СПЦ пред некоја година го канонизираше светиот Јустин Поповиќ, кој е умрен 1979. Сеќавањата на него сеуште се свежи. Претходно го канонизираа светиот Николај епископот Жички, Охридски и Битолски. Појди во Битола и Охрид и распрашај се меѓу постарите жители кој бил српскиот владика. Свети Јован Шангајски, Санфранциски и Битолски, одма го канонизирале, ама знаеш ти кој бил свети Јован од Шангај, какви подвизи правел? Исто се случило со светите Методија и Кирил итн.
    Иконите од Тоше се изработени од чисто профитерски побуди. Ќе видиш дека за 20 години, ниту некој ќе го посетува гробот на Тоше, ниту ќе изработува негови икони.

    @aerodrom
    Светци имало и ќе има. И денеска има светители кои живеат меѓу нас, но нашата грешна природа не ни дава да ги препознаеме, но ете ниеден владика не зел чифте па да ги тепа иако ги знае.

    @kva Евангелос сам се претстави дека е “презвитер“. Според каноните на Црквата за да стани некој презвитер, т.е. поп, треба да биде ракоположен на канонска литургија од канонски епископ. Е сега бидејќи заедницата на Евангелос нема ниту канонски епископ, ниту канонска литургија, отј единствено може да биде непоп. Се извинувам што ова не ми е филувано во 24 обланди, но вистината е таа.
     
    На Witchman, kva, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    еве да го пишам и рецептот од погачата

    Погача Фанурија

    Погача Фанурија
    Состојки
    тесто
    700 г брашно
    1 пресен квасец
    1 шолја масло
    1 пециво
    7 лажици шеќер
    1 лажица какао
    50 г ореви
    шербет
    1 филџан вода
    4 лажици шеќер
    1 ванила


    Подготовка
    Оваа погача се прави во чест на Светецот Св. Фануриј. Се носи во црква. Оваа погача се прави за здравје, среќа, радост и исполнување на желби на семејството. Овој светец се слави на 9ти септември. Погачата може да се прави со мармалад , ореви и со други состојки по желба на домаќинката. Исто така се украсува на различни начини во зависност од умешноста.

    1. Се замесува тесто од брачно, квасец, млака вода, пециво, масло, шеќер. Треба да добиете средно тесто. Се остава да скисни.
    2. Тестото се дели на три дела. Во едниот дел се става рендана кора од лимон. Во вториот дел се става какао и во третиот толчени ореви. Секој дел се меси посебно. Од сите три дела се остава по малку за украсување за одозгора.
    3. Во караванче број 28 се става првин тестото со ореви, се распределува по целата површина. Врз неа се мачка со мармалад од кајсии. Потоа се става става тестото со какао и врз него се мачка со мармалад. На крај се става тестото со кора од лимон.
    4. Од тестото кое го оставивме на почетокот се украсува погачата. Јас правев цветови, украси со калапчина.
    5. Се остава да кисни, се печи во загреана релна на 150-180 степени. Пред вадење се премачкува со шербет и уште малку се печи.

    Може да се направи погачата и на друг начин во друга форма.



    http://grid.mk/read/news/73818347/85277 ... a-fanurija
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Драги браќа и сестри, Ортофил, Серафима, Шушу и Теси (и останати православни х.),

    По љубовта меѓу нас ќе не познаат дека сме Негови :) .
    Не можев порано да ве поздравам бидејки овие денови бев отсутна.
    Но сега ве поздравувам со малку повеќе благодат( се надевам :) ), од поклонението на
    православните Светители Св.Давид :angel: , Св.Јован Русин(нетлени мошти) :angel: и Св. Нектариј Егински :angel: .

    Не можам со зборови да ви ја опишам неизмерната радост и благодат која ги исполнува поклонениците пред овие светители :angel: .

    Каде може да ми биде местото ако не на оваа тема :) ?

    Не сум теоретски толку надградена во Новиот Завет се разбира, но се раководам по словото на мојот отец кој вели едно е начитан ум а друго е сведоштво од опит ;) (кој може да биде во различен степен се разбира, во зависност од Неговата воља и промисла за нас, а и нашиот труд како што би рекол отецот).

    Овие денови размислував(бидејки поминав многу време во патување и седење мирно):
    дали мора да има спротивставување, дали мора да има борба, дали треба да си седам “мирна“ или
    да одговарам( се разбира секој од нас на свое ниво) кога чувствувам дека сум нападната?
    Па се сетив, дали ние денес ќе сме го имале ова ако некој не се борел против Ариевската ерес(само како еден пример од многуте)?
    Дали да бегаме кога не гонат од нашето место, или упорно да си седиме таму каде што Тој не поставил?
    Одговорите секако ѓи знаеме, а ако подзаборавиме, тука се житијата и делата на светителите да не потсетат.

    Со многу, многу љубов кон вас.
    (кон сите, се разбира, согласно потписот на нашата мила Серафима) :inlove:

    п.с.
    Едно мало девојче од групата поклоници во еден момент рече леле колку пат поминавме, колку време во возење, за секаде по 1 час(и плус 2 часа литургија во Св.Нектариј?

    Дали некој ќе праша дали вредеа илјадници километри пат, за толку малку време присуство.
    Хм, па... :) како да ви кажам, си знаете вие од лично искуство, нели.
    Што друго на оваа земја може да те исполни за толку кратко време како на пример поклонение пред нетлените мошти на еден светител ?
     
    На shushu, Serafima и Orthophill им се допаѓа ова.
  19. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Рождество на Пресвета Богородица 21/09/2013

    Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко Ѝ беше од племето Давидово, а мајка Ѝ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи им го синот Исак. И семноќниот Бог Којшто гледа сѐ ги израдува со радост што ги надминуваше сите нивни очекувања и најубави соништа. Бидејќи им подари не само ќерка туку и Божја Мајка; ги озари не само со привремена радост туку и со вечна. Бог им даде само една ќерка, којашто подоцна им роди само еден внук - но каква ќерка и каков внук! Благодатната Марија, прославена меѓу жените, храм на Светиот Дух, олтар на Живиот Бог, трпеза на небесниот леб, кивот на светоста Божја, дрво со најсладок плод, слава на родот човечки, пофалба на женскиот род, источник на девственоста и чистотата - тоа беше од Бога даруваната ќерка на Јоаким и Ана. Родена во Назарет, а после три години одведена во храмот ерусалимски, од каде што се врати подоцна пак во Назарет, за наскоро да ја чуе благовеста на Светиот архангел Гавриил за раѓањето на Синот Божји, Спасителот на светот, од Нејзиното пречисто и девствено тело.
    Нека ни е честит праникот, роденденот на Богородица !
     
    На Orthophill и kva им се допаѓа ова.
  20. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345

    Амин,
    за многу години :angel: .
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.