Фактот дека колку и да се трудам, доаѓа момент кога се пропаѓа во вода. Имам чувство дека никогаш нема да бидам доволно добра.
Ме натажи видео клип како куче ја испушта душата,од е...отров и да солзи ми потекоа иако ретко пуштам солзи
Тоа што најмногу го сакав во животото сама си го уништив,ајде да беше некој друг да го уништи тоа, подобро ќе беше ама сам да се зезнеш ... еххххх
Една бабичка (русинка) во старечки дом. Шеташе избезумена. Додека стоев дојде и ме погали по косата. Нешто ми збореше, ништо не ја разбирав. За жал никој не ја разбираше. Имаше провидно сини очи и голема болка и тага во нив. Боледувала од Ајцхајмер. Не знаев што да правам, само и го фатив дланките и и климнав. Слаба точка ми се стари луѓе, дефинитивно.
Смртта на Давид Драгичевиќ. Не само денес, туку недела дена ме натажува секоја емисија која ја гледам за него. Не ми излегува од глава колку брутално е малтретиран, на крај и убиен. Не можам да сфатам како некои луѓе се толку бесчувствителни и одлучуваат да одземат туѓ живот.
Сѐ. Спојлер Се осетив ко гомно од човек што имам време за секого и што по стопати ќе гледам да ја погодам, небитно тоа што ретко кој мене ме заслушува. Ми бега цел фокус и енергија, а уште поболно ми е кога пробувам да се доискажам и (најверојатно) делувам патетично и одбивно. Не сфаќам како функционира (и ни малку не сакам да сфатам) светот и живеам единствено за денот кога ќе го слушнам звукот на врата од заклучување; кога ќе знам дека сум на место што се чувствувам мирно. Не знаев дека волку ќе ми се смени погледот и дека си ја чувам во себе замислата, оти сфаќам дека е банално да зборувам за нешто што реално нема да се оствари.
Една мк група на фејсбук. Значи толку да се немало желба за дискусија, а толку да се има желба за расправање, спуштање, сарказам. Повеќето од тие групи и ги избришав искрено, дури и вина чувствувам, ама култура и способност за одржување дискусија е - 500 кај добар дел. Господ - комплекс евривер. Сите не чинат, само тие знаат како треба, другите им љубоморат. Ништо чудно што сме поднебје коешто повеќе љуби бајачи од психолози. Сака да чуе, ,, ти љубоморат, ти си супер ", не сака решение за проблемот.
Неколегијалноста. Га*олижење и глумење заинтересираност кое АПЛА не постои. Неактивноста и беспарицата кај еден член од семејството кој стварно го бива, ама имал лоша судбина... Ќе пукнам од тага!