Ќе се подетинувам...нели така најдобро се гледаат децата,да се спуштиш на нивно ниво и да го гледаш светот со нивните очи...
Уште сaбaлевo тaткo ми ми ги руши сништaтa, oсoбенo кoгa немaм рaбoтa. И дa пaк денес ќе се влечкaм пo бoлници. И ми се виде денoт сaбaјлешки
Цел ден ми се врти низ глава: -Ја излези Ѓурго Ме потсети на времето кога уште не бев ни момаринка а слушав вистински приказни за она како некој на некоја и пеел серенади. Сакав што побрзо да пораснам да го доживеам и јас тоа. Пораснав,надраснав,нема за момаринка серенатка. Се променија вредностите.
Денес, му дојде крајот на многу нештенца. На пожолтените лисјенца, на многуте потонати чамци, на неизреализираните идеи кои не вредат ни скршена паричка.На сомнежите.На еден проект. На врвовите од мојата коса, на неколкуте непотребни килограми и на еден слој мртва кожа. На заклучените соништа, на заборавените неуспеси. На многу од овие, често им доаѓа крајот. Некогаш и повеќепати, само на љубовта и на желбата, никогаш.
Денес - скршив делче(изгледа, не многу битно) од принтерот на работа - се испотресов за принтеров, душава не ми е мирна (кој си ја има мувата на капата) - а баш утрото даваше надеж на убав ден - ме мрзи вечер да одам на вежбање, уплатено ми е за месец Март и едвај чекам да заврши месецов - се осеќам како да имам трка со времето - и губам во трката.
Не се тркај со времето, смирено и полека дочекувај го секој момент. Планирај на подолга стаза, а кратките стази решавај ги со идеја да ги споиш со долгата стаза. Уживај го секој момент од секојдневието па и оној како кога си го скршила принетрот.
Денес си приуштив повеќе задоволства и за тронка повеќе се сакам себеси. Денес добив неверојатно многу љубов од мало човече. Големината не е важна Денес продолжувам со потрагата, селекција беше неодложна, врвиме кон целта
Не ми беше убав денот. Лежам и галам меше, а мажот ми нервозен од работа мене ми се истури. Џабе потоа , веќе ме повреди и солзите сами течат..... Не му простувам
Знаевте дека спиењето е нешто што најмногу го сакам? Епа денес го засакав уште повеќе. Ќе легне човек нерасположен, а кога ќе стане - како нов.
Од вчера до денес едноденоноќие помина, а во мислите се уште ми провејува марамата во окер боја. Денес веројатно обвиткува нечиј врат. Мојот остана оголен. И без неа женскиот врат секогаш изгледа привлечно. Убаво е и така да се погледнам во огледало. Колку за утеха на моја сметка...
Денес веројатно ќе се справувам со последиците од само еден збор, изговорен во погрешно време, на погрешно место. Вообичаено сум контролирана и ги одмерувам зборовите, но вчера претерав, се сетив и замолчив. Се извинив, неколку пати, но последици има, а јас со второ кафе собирам сили и мисли за да тргнам во борбата. Не сакам да има трајни последици, сакам и двете страни да го памтиме тоа случување како позитивно искуство, од кое сме научиле за границите на однесување. „Борец сум, ќе го издржам ова“ се зборови, кои ги употребува некој на кој му е тешко и се самомотивира во момент на недостаток на сили. БОРЕЦ СУМ, ЌЕ ГО ИЗДРЖАМ ОВА!