Цел ден имам чувство како да сакам да ја зграпчам неделава за ракав и да речам - стој, не оди, сакам уште да те уживам...
Денес е лош ден. Денес дознав заради кого патам изминативе 7 месеци. А уште колку има? Денес имам голем бес во себе што ме излудува. Денес сакам да можам да ти кажам дека све знам.
Денеска ми се врати уназад 2 дена што помалце работа имаше на фабрика. Си велам ќе стигнам се да сработам и да присуствувам на фемина.
За помалку од минута ми се помрдна тлото под нозете.Како тоа, од нигде никаде кога ќе те побарам во мисли ми се појавуваш пред очи така насмеан? Каква средба и момент како од филмовите...треба да повнимавам со мисливе и кога те приспомнувам во нив.Ќе биде ова, долга вечер... *се зафркавам туримуго ќе спијам секако дека да пффф*