Денес кармин после долго време. Денес пак главоболка. Денес работа до доцна. Денес едвај почнал, а едвај чекам да заврши.
Денес... ми дојде некоја песма во глава. Прво ко тананикање, онда и текст испадна. Одеше вака: Вале, Вале, Валентиново... И помислив дека озбилно има таква песна за Валентајн (некој требало да ја измисли). И си мислев, можда оние, Росана и Маријана ја пееле (сигурно би они да ја пееле)... И ја гуглав. И не ја најдов оти песната е: „симпа, симпа, симпатија си ти“. Ама ако и некој друг се сеќава на валентиново, добро ќе е. Страв ми е понекогаш од староста. Ама ептем. Не е смешно.
Можно ли е да не се разболуваш малку посериозно со години затоа што не смееш да се разболиш, во смисол имаш обврски и нема баш кој да те тинтра, па при прва прилика кога можеш здив да земеш, болестите да те надвјасаат? Ко да чекале момент. Озбилно, можно ли е? Па вака ни како дете не сум била. Па плус мускули болење од вежбање, значииии.... Две чоколадни срциња купив денес за Валентајн, мене ништо. Овој Трифун крив е за се. Не славел он Валентајн, Трифун го славел, ко да не можеш и двата одеднаш, значииии.... Денес инаку ок денов.
Денес гo гледaв пaрoт кoј oсвoил злaтен медaл вo уметничкo лизгaње и сoлзи ми дoјдoa нa oчи. УБАВИНИ. Вo другиoт живoт некa бидaм уметник кoј вooдушевувa сo свoите делa. Или вo живoтoт пoсле тoј, oти ми се чини пoвеќе ќе требa дa пoминaт зa дa дoјдaм дo тoa нивo. Кaкo и дa е...милинa.
Утрово денес требаше да биде мрзeливо, развлечено, во слумоушн стил, АМА се разбудив со фикс идеја па еве сега дури седнувам мирно. Кафе, слушалки на уши, мјузик, баклава, тулумби, тежина од шеќер ама таков е денот. Не направив, купив, мерак за готвење во последно време скоро ич. Повелеле, простено нека ви е. Спојлер
Денов знам, ќе биде калак...ница Прво оти ќе полнам канелони и ќе ги нашибам смеса колку што треба и не треба, па ќе течат како најдојдена река, гадлива. Второ , оти ништо друго нема да правам.
Денес и некогаш си подадоа рака. Кафе или какао? А чај со лимон? Со шеќер или без шеќер? Како некаде... Денес и со и без ми е вкусно.
Денес, се изнасмеав. Еден тип и подари ситница на колешка оти му била симпатична и фина, ама наместо еден таков гест да се се изведе што понормално и поприродно, ова беше комедија Тој почна опуштено, ама закочи, па смени боја, па оваа се исплаши мислиш прстен ќе извади и ќе ја бара за жена...дури и даде еден приврзок мислев шок ќе ги удри и двајцата Па дали може да ви подарам, па да не е против правилата, па да не има камери, оваа па -не знам на што мислите, не знам дали ќе можам да прифатам, имаме некои правила ама не знам точно што е па како да ви одговорам...тупаџии Ко нема како кај нас -Маче шо пиеш?
Денес како и претходните денови се разбудив со мисла дека треба го искористам моето време, наместо "недомаќински" да го потрошам. Смислата е да живеам, а не да постојам. Стратегиски настроена го испив утринското кафе
Го преслушав новиот албум на Каролина и ми се допаѓа, со исклучок на песна, две или три Не си најдов една која ќе си ја присвојам, ама за прво слушање толку, може ќе е љубов на втор поглед т.е слушање. Има убави песни, преслушајте. А сликата на каверот ми е хипнотизирачка.
Хммм... Денес бил денот за воспевање... Белината го разобличи поимот надеж и не потсети дека кон времето треба да се однесуваме со трпение. Ништо не е задоцнето и заборавено, па ни снежните пластови.
Денес на рипит албумот нов на Керолајн. Ко ќе се запнам за песна или албум или пеач, дури не го исцедам не го пуштам. Се фаќам во последно време како побавни и потажни песни ми лежат на срце. Па и текстови повеќе слушам со внимание. Зар ми заврши тин периодот, ќе се уозбилувам ли?