Денес беше еден од оние денови кога шансите да се сопнам од зрно грав и да загинам -беa големи. Уште не е зaвршен, уште сум пoд ризик. Рaсеaнoст, несмaснoст, брзa кучкa слепи ги рaѓa -тaквa сум денес. Туку, штo си нaчекaв едни oбувки нa пoпуст гoлем, бaш мoј брoј oстaнaтo, мерaк. Инaку скржaвa ќе се туфкaв пo редoвнa ценa дури ги купaм oти мaшaлa скaпи се. Ми се спие
Денес бев расположен,полн со живот во мене,насмеан,се додека не ми текна дека,мојот добар другар го нема веќе 2 месеца,поминаа 2 месеца од неговата загуба,почна срцето да ме стега,да снемувам воздух,да се гушам,да се ежам,да плачам,и да се прашувам,зошто,зошто,зоштооооо него Господе
Треба дефинитивно да престанам да читам вести за Македонија. Полицајка натепана од функционер на ДУИ и после она излегува и тврди дека само вербално ја нападнал а таа викнала брза помош затоа што се ударила од пајакот? А тој поминува неказнето? Читај, будала една. Денес, за летен одмор се пишевме. Уште одма драма квинсиците како имале уплатено не знам каде (егзотична дестинација), па не можат да сменат, па значи предност имаат пред оние што ќе одат пример неколку стотици километри подалеку...по која логика будало? Ама пак тие ќе добијат први термин, оти гласни се, оти ако треба и солза ќе пуштат, оти ако не им дадеш боледување ќе си земат ама тој термин мора да го имаат, оти се понашаат ко незрели детишта, оти, оти, ете така. И јас резервирав ама ако треба ќе сменам термин или ќе откажам. Оти, поголеми драма квинс имало и од мене, или едноставно не сум во форма веќе
Конечно сонцето е на видик после мрзливите облаци кои направија неподнослива седенка. Викенд и ден за дополнување на залихите.Креирав шопинг листа која ја одложував некое време, па планот застрани и повторно остана само потреба на хартија. Од толку работи завршив со парче ананас. Нека ми е на здравје.
Денес... три гајлиња помалку. Две по такви, битни. Другово... и без тоа не мислам да живеам уште не знам ти колку долго
Мислев дека сум го изгубила тлотото под нозете, залутана, се потспремив за повторно да се барам.Но изгледа имам повеќе рамнотежа од било кога.
Денес изгледав еден филм што го одложував...15 години отприлика. Ај денес, ај утре, ај напролет, и си врви времето. Кога сум кај таа бројка, 15тина години имам јадење што не ми е чкртнато од листата омилени и што го јадам редовно. Чудно ми е како не ми здосади. Убав е Корубин на Каролина.
Две китки си добив денес, јееееј. Сакам цвеќиња ама не виреат под мои раце. Ги сушам, лом ги правам а ѓомити редовно им давам тоа што им треба. Не бива и не бива од мене цвеќарка. Убав букет излезе, ама како да ставам слика кога ќе помислат -ете, сигурно еднаш во годината цвеќе добива штом веднаш на нет го става. А јас и за роденден добив ама оди докажи им. Од една страна за празников погрешно толкување и несоодветно славење, потресување за подароци и наметнати обврски, а од друга притисок за жените, биди ова, биди она, не прифаќај тенџере за подарок...чил аут, сите.
Денес на работа топ тема беше вчерашната осмомартовска прослава, па како играле на стол на песните милионерче и ој шабане (некоја песна од Шабан, ама така цело време викаа ој шабане) Многу било јако
Се разбудив без непотребен, внатрешен, ментален монолог. Има некое волшебство во лутањето наутро или навечер низ пуст град, кое ме враќа во баланс.А равенкава, толку непознати има , чинам никогаш нема да ја решам. Одбирам дури, да се откажам. Час ради силата, час ради она што откажувањето посекако го носи . Ама оди откажи се? Дур не ти свисне снага, моќен си да се замараш....И кога ќе попаднеш како сув лист, тогаш ќе се родиш одново.