Го сакам денешново денес. Одамна не сум почувствувала ваква поднослива леснотија. Сега бил моментот...
Чекам неделава да заврши. Ќе частам на крај. Месецов како брзо ми помина, мислам уште февруари е. Почнаа на врата едни секташки да ми идат, ќе ме учеле како да си го подобрам духовното здравје, како да водам поквалитетен живот. Ајде фина со нив, сепак работа им е, ама колку повеќе ги слушаш толку повеќе напнуваат и се почесто ти идат. Па и дрски на крај ако не се сложиш со нив и не им купиш од тоа што го нудат. Неосвестена меѓу редови ќе те направат па и неписмена Требало од старт врата да им треснеш пред нос.
Денес одам во кафана со една пријателка која со месеци не сме се виделе Да, понеделнички, да тргне неделава
Во душава тешка пролет, а не можеш, кога надвор од тебе е како во зима. Непредвидливост,олуја и невремиња. И по нешто искршено, од недојдијата...
Отпорност, сила, карактер - вештини што ги учиш преку пречки. Тоа и е животот, всушност, трка со пречки. Како ќе научиш да се собереш и да се трудиш повеќе ако на паднеш? Почнуваш од ништо, градиш соништа, и паѓаш. Овој пат паднав главечки, така силно што си ги скршив соништата. Ќе можам ли пак по истиот пат? Ќе можам ли пак со истите стравови, истото исчекување? Конечно успех после толку време, и одеднаш се распрсна во прашина. Во еден момент мислев дека ми е преку глава од се'. Денес, сфаќам. Добро. Можеби е потребна катастрофа за да изградиш поцрврста основа. Денес, добро. Спремна сум да почнам одново. Колку сака долго нека трае, колку сака жртви нека бара. Дебела ми е кожата, bring it on!
Денес имам турболентно утро како и секој друг ден - мозокот ми работи 300 на саат. Денес рано сабајле го скротив својот список на приоритети, запалив цигарче и испив јако горко турско кафенце. Денес ќе одам на кино да ги пуштам вијугите на пасење. За денес тоа е планот!
Четврток е? Ајде уште малку па да заврши неделава. Не ми се верува што ќе кажам ама сонце ми фали. Каде ми е сонцето? Ќе се пуштам во шопинг и ќе купувам во бои, секакви. Нека ечи, нека дречи. И блонд ако треба ќе се фарбам, и аватар на фемина ќе сменам со цвеќиња. И Каролина нема да ја слушам оти е тажна. Време за промени.
Малку по малку, цитат по цитат, ќе ги исчитам сите книги на П. Коељо. И после фб џабе губење време било. Моментално им завидувам на луѓе што од еден оброк, кафе и малку музика знаат да направат пријатна атмосфера и да уживаат во неа. Јас пијам кафе и мислам што следно. Кога имам слободни денови, мислам на денот кога треба да се вратам на работа. Кога мислам на одмор мислам колку кратко ќе ми трае. Кога мислам на купување убави ствари, мислам прво на пари. Време имам а постојано ко да брзам некаде. Рилакс, бади.
Денов, почетоков му е ептен убав. Ама многу денови убаво почнаа... Не можам да се наоружам и стегам пак, работите си имаат свој тек. Чудно, што се ме погодува. Или па, се лажам дека е чудно ? И се' се случува во една недела. Не можеш ни од другата страна да ги гледаш работите, нит светла точка да изнајдеш таму во сивилото. Истрошени се сите причинско последични поговорки, утешителни зборови , надежи, добра волја... Сеедно, не можам веќе да пумпам, немам од каде.