Денес, ми решава детето работна со логични задачи и гледам брзо заврши. Се точно, за брзо време а прилично тешки задачи, Ајнштајн на мајка. Испрашувам, поима нема да објасни од каде одговорите. Оти препишани, од задна страна. Не, не, мало, нот ин дис фемили. ЗбеснаХ. Пералната почна да ми шета. И се излегува и неа надвор, и здосадил изгледа статичен живот. Уште една напорна недела пред мене, и оваа уште сега ја чекам да заврши.
Се жалам месецов многу работа, прекувремени, а на крај ќе имам 185 саати. Претходните два немам ни 160. Заборавив изгледа на времето кога шибав по 250 па сега свилена, и овие многу ми се. Музика ќе престанам да слушам, многу почнав да се соживувам
Ништo не нaгoвестувa прoлет кaкo млaд крoмид вo сaлaтa Прoлетнo чистење си бaрa и дoмoв, нa сите веќе ни се смaчи зимaвa. Ги гледaм пролетниве aлиштa и сaмo брoјaм денoви кoгa ќе ги стaвaм вo перaлнa сo oмекнувaч кoј чини мaлo бoгaтствo aмa мирисa кo дa си се бaњaл вo пaрфем. Трaе, ми се чини дo следнa сезoнa. Гледам што имам за пакирање од зимска гардероба и се чудам каде ќе ги сместам. Денес, денов, мириса на
Цел ден денес,сакам да ме удри сканиа,трактор,автобус, или НЛО,да ми падне саксија на глава,да се угушам во спиење... Ама изгледа,немам среќа ни за тоа.
Нуркам во кафето и мислам. А кога не мислам, еве сега се прашувам? Не преживувам јас вака , се потсетив, едноставно. Морам да го средам тоа во главата, во малиот прст во се и секаде го имам. Го носам со мене, како крлеж закачено. Морам да се оттарасам од него. Како? Претешко ми изгледа, невозможно. А си го расипувам само, ден , за ден, животот. Како ли да расчистам, како да прифатам? Од земање хартија и пишување, до техники и билдање самодоверба, се ми е поминато на кратки и долги стази, Безуспешно. И она со подголтнување на таков -каков си, беше уште еден неуспешен обид. Како да го променам она кое секојдневието ми го прави бајато ? А мое е, мое демонче, на мојот ден, на мојот живот...И не! Во исто време, ми ѕвони едно- Бабееее, кај си ти ? Најубавото дете на бааааабббббааа, ух, мх, ух. Их на баааба, чојме ли на папа? Ав, ав. Ене го чичкото, ене викни му Даркоооо!!!!!! Слушам трчање и силно цун, цун, цун. Дерење до бескрајот, за пуста еуфорија на некое си дете, случајно. Во ушето ми ѕвониииии, ми зуи. Затворив прозорот. Се освестив, забораив шо сакав да сменам.
Денес се наспав. Денес станав пред аларм. Денес полагам. И најглавно денес си одам дома и ќе си бидам со мажето ми.