Денес сум на годишен одмор Ќе го искористам денов за спиење... и спиење ... и спиење... ако не ме здоболи нешто.
Заборавив дека Велики Петок е, машина врти дома, Боже прости ми. И за мевцето сабајле и за другата машина што планирам да ја пуштам. Важно јајца вапцани, ќе се јади мимоза до понеделник. Денес е денот на пролетните алишта. Не ми е гајле и снег да заврни утре, јас со тенка кошулка и палтенце ќе си одам
Деновиве е лесно...После секоја мушичка претворена во бумбар, овај слон Лессснина, инжинеринг? Многу е топло, претопло. Нагли промени за вакви створењенца, не. Полако, полако. Ќе ни се стешки пак
Последниве две години, рапидно ми расте уживањето во природа, како да станувам зависна од чист воздух. Делот кога погледнувам во некој врв и сите тие убави нијанси на зелена боја.... Затворам очи , ги спуштам рацете секоја на своја страна, дишам со нос и се сконцентрирам на воздухот кој се движи горе-доле. Моментот кога настапува мир и нема такви мисли и стравови кои може да дојдат до мене. ПРЕсовршено...
На доктор бев и ме усрами, ми рече мускули ми фалеле, тонирање на тело. А за сосем трето бев. Важно естета човекот, сака фино на око да му е кога гледа. Во право е, зимава долга и мрзелива беше. Околината почна штетно да ми влијае, колку е добар мирот и смиреноста на краток рок, толку (ми) е убитачен на подолг. Едвај чекам во Мк да дојдам да ги видам моите како се караат и да им се придружам. Сепак, енергија е, страст Оооооф.
Нов ден... Сонцето ми подари румени обравчиња, а јас му возвратив со широка насмевка. Поглед широко отворен под очилата за сонце и мисли впрегнати чекор по чекор. Убаво е во своја кожа со лесна облека и тежина од 45 кг. Почна сезоната на бицепси и шише вода.
Пуштив еден филм, The shape of water, додека тргне, па кочење, па со шпанска синхронизација сум пуштила, дури сфатам поминаа 10 минути, па барај го на инглиш...и пола саат пред крај го исклучив, ми здосади. Важно 2 часа изгубив. Кој ќе ми ги врати, кој? Кога жена, која е третирана како мало дете разгалено од блиските па и сама се идентификува свесно или не со мала нежна принцеза, кога ќе добие дете веќе не знае која е. Возрасна ли е, дете ли е, и зошто не повеќе? Време за растење е. ПесМа за денеска немам, микс ако има некаков од сите можни стилови на музика, него да го ставам. Денес музиката да ми беше храна, на крај од ден ќе исповратев од тежина. ТолкуЗ.
Ќе го изгледам јас крајот некој ден, ама за денес толку е. Кај почнаа сите долги да ги прават, мислиш толку интересни.
ДЕНЕС ми легнаа такви пари што не да ме огреа сонце, ме исонча и избронза, ма ме позлати. ДЕНЕС е само почеток и тоа е најдобриот дел.
Барам некоја лимонатка за гледање, дур не дојде време да излегување. И колку мразам кога барам филм за сега...Никогаш не сум нашла, минува време во трагање и толку/
Денес планирам да се смеам под брк на моменти кои ќе ги доживуваат некои луѓе кои беа лоши кон сите Секој во животот ќе го стаса тоа што си го замесил сам Мора еднаш да научиме да бидеме коректни кон сите и да не оставаме лешеви позади нас
Пијам нескафе во кригла од пиво. Сите чаши сум ги искршила и дури кога ми се најавија гости видов дека еден пар исти не можам да сложам. Филџани исто, несофистицирана една, хаха. Вака ќе се смеам, она смајли со забите големи што блештат ме нервира. Една колешка веќе двапати успева да ме извади од контакт. Подмукло створење, лицемерно, нестабилно, емоционална зрелост на 5 годишно дете, разгалена, драма квин...ама, со привилегии во фирма па сите треба да ја толерираме и да глумиме дека е многу кул и забавна и паметна и професионална. Па погодувате кој не сака да се придружи на таа шарада и си има проблеми со неа? Пмс во најава, итс шоу тајм. Нешто за релакс
Денес, ден за лесни француски филмчиња и успат уживање надополнето со неколку кришки крем и ладно млеко со вкус на ванила. Merveilleux!
Денес е вторник, 24 Април. Не знам од каде потребата кога се збори за јавни личности кои не станале популарни заради изгледот и глупостите по нет, да се коментира едино за тоа дали се убави или не. „Леле ич не ми е убава" е прв и завршен коментар за нивната личност и дело. Не се ни тука тие за да ти бидат убави туку нешто друго од нив да слушнеш, видиш, научиш. Не само како се шминкаат и дали имаат сенс за мода. Инаку, се спремам за на море, кај и да е за 2 месеци ќе биде таман за капење. Дотогаш, ловиме попусти на купаќи, креми за сончање, препарати, крпи, лежалки, докулатки