1.Љубов во прав 2. Ова ќе му дојде, течна љубов? За да се соедини, хемијата 3.Си матиш љубовни состојки, дур се осеќаш така љубАвно И вака изгледа крајот, љубовно.
Ако е едноставно, да вариш леќа, гмечиш, мешаш, пржиш со саати, оставаш да се цадат....Чистиш хаосот... Тогаш Едноставни ќофтиња од леќа за денес,мхм. Во темава само јас си пишувам, си ја присвоив.
Денес маж ми квалитетно ме зафркна. Синоќа се слушна со еден пријател од друг град и ми рече дека сакале за денеска да дојдат. И јас од сабајле прво во шопинг, па после пола ден во кујна. Спремај салати, ордевери, ручеци... И кога се јави попладнето маж ми да праша до каде се - ...гостите не доаѓале. Овој мојов како и по обичај не разбрал како што треба и ме изака за сите пари денеска. Сега, ако некој е за на гости-бујрум!
Имало денес за ажурноста на македонскиот бирократски систем. После седум месеци талкање по ходници и чекање ред пред шалтери завршив "голема" административна работа (читај:немам врски, па на некој начин очекувано). За возврат... па и треба да бидам среќна што им беа доволни само три годишни времиња зашто четвртото е резервирано за користење на стар и нов годишен одмор после макотрпната работа и хроничниот замор. Гледав исти физиономии, некои присутни и на пауза, други отсутни во работно време со самопрогласена целодневна пауза.Тоа е таа позната глетка низ лавиринтите на институциите која ми се врежа во мозочните клетки. Паричните казни за непочитување на законските рокови важат само за граѓаните, но не и за неефикасните административци кои ги интересира само како да стигнат до професионално унапредување без оправдување (читај:градење кариера) Секоја чест незаменливи сте во извршување на работните обврски, ама не сте вие виновни што нема потрага по замена, па си допуштате да подработите нешто кога работите ќе кулминираат. Толку од стручноста, професионалноста и посветеноста на работа која постои само вербално...
Денес сум многу кревка, денес сум многу слаба. Животот ми се сврте во друга насока. Пред мене е само неизвесност, а морам да зачекорам таму. Не ќе е страшно со надеж во срцето..
Денес, утре... Нека се случи, ама во посакувана насока. Животна промена!? А што беше тоа што предизвикува сончев израз на лицето? Рикверц повеќе не ми функционира. Заглавив на една брзина...
Денес... А, бе, а, бе! Расте оваа самобендисанот, самоувереност...што и да е, поголема е од мене. И петте минутки ми се истенчија, станаа пет секунди. А, како се случуваат ствари, едно по друго, едно по друго.. и секундите ќе ги снема Можда јас се спржив ама, прошетав една бубамара од еден крај на скопјево до друг. Се видовме уште од старт ама, нит таа се испопотресе, нит пак направив нешто да ја испопотресам
Денес тежол ден,се опоравувам од анестезијата мислам сеуште после втор ден од операција..Главава ми е како да сум пиела цел ден Се надевам утре ќе можам едно кафе конечно даиспијам а да не ми се лоши