Денес ... досаден и нервзен ден ужасен посран !! Ми иде да правам автостоп и да незнам каде да избегам далеку само...
Возвишено денес кое пулсира во ритамот на полет, занес, насмевки. Голтка освежување, овошна салата и неодоливи зборови полни поддршка. Ме освои нечија харизма...
Убав и исполнет ден. Сите среќни,весели ...зезање до 101 и назад . Срцето ми е полно кога ги гледам како и двајцата се смеат искрено од срце -а тоа ми е најбитно за нив ....да продолжат ,да не заглават емотивно
Си натоварив обврски еден тон, со гледање филмови, серии, читање книги, правење пити (волонтерски) и доброволни други деликатеси...Треба да ги одволонтирам сега од секојдневието. Одам на вАздух низ Карпош после целодневно замарање и одмарање мозок, истовремено.
Денес е понеделник .... Ќе направам да ми биде ко да е викенд (оптимист левел-про ) Обврски напаѓајте... СЕГАА!
Денес сум многу тажна. Ми иде да се затворам некаде и да се исплачам едно убаво. Не дека ќе сменам нешто, колку да ми олесни, барем малку.
Ептен тивко денес, дури мртво.Едино гласно нешто е тоа дека ми ѕвонеше мигрена 3-4 саати од денов.А да и имав толку жив сон, ептен.Пожив и од мене. Апстинирам од кофеин. Не знаев дека сум толкав зависник, море, море....Срце ми спие.
Денес... да знаеja лугето, колку многу откриваат со едни прости, микро-секундни мимики - ке го ставеа Лавров на рипит. Два пати сонувам иста личност, и два пати ме спасува од исто нешто. Да се нотира. Не ме весели.
Денес...запамти ги дешавките и муабетите. Коа некоj ти личи ко да вреди да го цапнеш и у исто време се понаша ко жалче, не го жали. Жалче не е Цапни и одjeби, иначе види сеа у кое сранje си се уплетка, аген. )))) Гаддем. Патетики.
Чувствата ми се во интензивни бои- дреч црвени и нежно розеви, некогаш металик сиви. Денес ми се во мојата омилена нијанса, нежна индиго.Лакирам ножни прсти со боја на ириси, а знам дека ќе ги прелакирам покасно Се спремам за на море, тивко, бесшумно.Барам и нова книга за дружба
Сакав да ти пишам порака ама немаш таква опција.Долго време те читам дека си во лош период. Па сега јавно ќе ти пишам 2 реда. Заеби депресија и нервози , среди си мисли и гледај си дете.Ако не ти иде со мт има милијарди други мажи ќе го најдеш вистинскиот.Ако проблем ти е работата ќе си најдеш работа не се нервирај за џабе.Ако имаш проблем со здравјето тогаш е проблем за се друго има решение.Ти си најпрекрасна мајка за твоето дете мисли на тоа и знај и добро и лошо се ќе помине. Можеш да се слушнеш со некоја другарка, мајка, сестра да си споделиш проблемот и може ќе го најдеш решението одма.Можеш и мене да ми пишеш