На денов му личи доминација и гордост во златно - жолта боја. Еден од низата на хороскопскиот Лав што ќе го величам за една недела. Чест ми е што сум дел од царството...
7ми ден, 7ма ноќ .... и ме потсети на песната од Сашо-пијан и млад. БЕЗ КОФЕИН, хтела сам речи. Уоуууу оу оу оу. Цела неделааааа тебе те сонуваам..... Да си го зачистам умот малце, не ќе биде лошо. Од мисли и брканици,оти без хигиена ништо не се бива.
Денот рано почнат, воглавно обврски околу домот, попладне на шопинг, па се вратив па пак досредував. Некако и бааги време минав во кујна, ми трнат нозете, испив магнезиум и ај добра ноќ
Мислите ме возат на тркалца... Лабаво одам по патот со облаците и му се поклонувам на првиот знак Стоп кој ме враќа во баланс. Тивок спокој вирее во душата како продукт на свеж монолог. Има некоја магија во прегратката на целта и желбите што ги прави различни. И кога ќе допре до малите ќелии како одново да си воскреснал во сегашноста.
Само сакам да гледам во синило и да слушам шум од бранови, душа да ми одмори. Најдобро во време кога заоѓа сонце и се палат светла во градот. И д и л а
Подарени зборови што слатко ме провоцираат да се истурам од смеа. Се смеам нечујно со ширум отворени очи зашто така мигот е само мој, а и онака не е за колективно скокоткање. Си приуштувам сочно задоволство зачинето со новооткриени мирудии. Ја ископав смислата на пораката и непрестанувам да нижам бисерна мечта. Утре, задутре, понатаму...Ќе си ја емитувам истата епизода со премиерно доживување проектирано низ секвенца на фотографската меморија.
Денес...не ми текнува како влегов, а богами па и не знам како да излезам од овој филмов на набљудувач. Ептем некако у реакционерство се заглавив, чекајќи што интересно ќе се деси сега, послем, послем послем-то. Ко шо не знам да балансирам, се некоја пиздарија правам на крај. Живот е ова бре. Некад, жими се' се понашам ко да сум бесмртна и над се' и над сите. Богдачуваидабрани.
Денес... what душа wants, душа gets. Тркалото мора да се сврти уште еднаш. Овој пат и да застане - на истото место, иста дестинација.