Денес се рашетав уздуж и попреку.. полни гради чист воздух, добар рибен ручек некаде во Мавроскиот регион, и прошетка по истиот. Исполнет убав ден ...морав да надокнадам за пропуштеното од вчера...Инаку ми немаше спас
Како го поминавте денот... Денот само што започна,а јас веќе бев да ми земат брис од нос и грло и бев во своч и си купив најјјјубав саат
ме разбуди дечко ми на моб. пиев кафе со другарки. направив вечера. се избањав и испаднав со дечко ми тоа беше денес
Бев дежурна на врата во школо и ич не седнав. Се прејадов ко свиња и после неможев да стојам на нозе.
Бев на лекар во 6 попладне и за прв пат во мојот живот ми направија крвна слика за 15 мин.во ниедно време...се чудев.Со на толкави јазли на вратот,ми рече,ма се ти е уредно,како да си си ти ова (а која да бидам?!поинаква сум кога сум болна?!),НЕ ЗНАМ што ти е,а потечени ти се лимфните јазли.Ај шо збориш?Не го знаев тоа!!!Побогу жено не можам да зевам колку ме болат,паника ме фати дојдов во ниедно време и ти не знаеш што ми е??????????Крвна слика мај ес,не ми е добро бре!Башка работа што синуси ме болат.Ова грутки,топки ми е цел врат,мислам дека сум на умирање,ко рак некој да имам! И така...сега пијам антибиотик,кој го немаше оригинал,па ми дадоа донација од Обединето Кралство,кој би требало да го претставува тој препишаниот...да.За греота сум,ако не преживеам,еве вие знаете,викнете ги од А1 да направат сторија!!! И ушињата ме болат кога ќе ги подстиснам од позади!
Мила а да не ти се потечени крајниците?И јас ги имав сличните симптоми и имав гној на ангина.Се надевам дека помогнав барем малку и извинете за офф топикот.
Набабрени се крајниците исто и тоа доста,ама ми го гледаше цело грло,ми вика се е ок,ништо нема.Не може да нема ништо,во паника сум цела.Цел врат ме боли,лошо спијам ноќе зошто имам чувство дека тлеам целата...Нека поминат празниците ќе си го барам чарето на друго место,ама до тогаш на сто ума ќе бидам.
Денес па баш и не се случи нешто посебно. Како куќна визитарка бев, од сабајле кога ги поредив куќите, цел ден не се свртев дома
денес креветот ми беше омилено место, можеби станав само на 2 саата. Стомакот ме болеше и еве уште ме боли на доста незгоден начин...
Денес рано станав и сега се расонувам, а да заспијам па неможам. Вечер ќе одам да шетнам и после тоа може да заминам на мекици.
Денеска бев многу напната, но ме расположи другарката со смешни дешавки додека си бевме на пијачка love her!
Драга,Lilit немој да се плашиш рак немаш и јас ги имав истите симптоми пред една година,а плус имав и температура онака тивка 37-37,5 тоа е знак дека системот за имунитет малку ти ослабнал,а и организмот ти е најверојатно исцрпен,не знам можеби замор или пак стрес пиј ги таблетите онака како што ти се препишани од лекар и плус Витамин Ц барем 1000мг дневно,земај многу течности и овошје и зеленчук Мене знаат пак од време на време да ми се појават но ги чувствувам уште кога почнуваат па веднаш интервенирам со витамини и течности и гледам да не дојде работата до антибиотик Антибиотици само ептен кога мора
Денес бев на кафе со другарка ми! Не бев ни свесна колку ми недостига разговорот со неа! Се смеев,зезав, разговара и уживав во друштвото на мојата најсакана другарка! Денес денот ми беше опуштен и релаксиран... се надевам ќе имам и убава завршница на денешниов ден!
DENES SE ODMARAM OD VCERASHNOTO NERVIRANJE .......I SI VIKAM,...DOJDE VREME ..COEK NEMOZE NI NORMALEN DA E !!!!!
Денес цел ден ми е некако весел, немам појма ни јас зошто, ама цел ден сум во одлично расположение! Сакам вака да остане и цела следна недела!