Денес... Непланирана генералка. Го поместувам соматскиот ентериер од вчера и го враќам на место. А има ли конкретна, статична позиција за невидливите емо-парчиња? Сакам хелиумски балон, па сите нека одлетаат некаде и засекогаш...
Одмор, нозе во вис, уживанција. Лажам, пола ден во генералка го поминав, на чисто и убаво да си седам, другата половина во готвење. Откажав официјална новогодишна забава со колеги, се исклучувам скроз од работа и не сакам да мислам ниту да ги гледам до крај на празници. Ништо лично, време за себе и моите дома. Пиво и виски на последен ден за славје -доволно е. Утре ќе се пие нешто топло под отворено небо, светилки, украси и тивка музика. А сега да барам филм, Божиќен разбира се. Зенннн...
- Денес уште еднаш се потврди фразата: Дека постојат добри луѓе, ретки се ама сепак постојат. - Денес мислам дека ќе добиев срцев удар, случајно се разминав со девојка која изгледаше како неа. За момент го загубив здивот и ми застана срцето...
Гледам рецепти, видеа за готвење, барам нешто ново и интересно и не знам како од -ново и интересно дојдов до сарми ама поима немав дека Србите (или Босанци беа во видеата не знам) сарма прават без да го запржат месото и оризот. Така живо со оризот го мотаат во листови зелка и директ на варење (динстање). Една луда правеше за слава сарма со 7 кг месо и 250 листови зелка Боже, јас за една маса гости кога спремам се уморувам. И тоа дел од уморот ми е барање рецепти и припреми Значи...ново и интересно.
New Year, new me! Haha. И еднa резoлуцијa пaднa, пoсекси дa се oблекувaм пo дoмa, дa бaтaлaм пижaмите. Тoлку. Пooзбилни желби не изгoвaрaм, не пишувaм, кoлку пoвеќе ги игнoрирaм тoлку пoвеќе ми се oствaрувaaт. Нездрaв oднoс имaме aмa функциoнирa. Утре нa рaбoтa
Денес Божиќ? Работно за мене и ручек ќе се варени јајца со намаз некој, скоро ништо не остана од вчерашната вечера. Бадник си го истерав по правила и прописи а Божиќ ми е скоро секогаш работен иако ме прашаа на работа дали ќе земам слободен ден. Им реков -не, фала. Не ме фаќаат носталгии за Божиќна трпеза со родителите, баби и дедовци, тетки и стринки, немам бајковити спомени. Ден како секој друг.
Денес...се' ме боли. Реума, ишијас, укочена, урочена плус, една масажа професионална ми фали и саат време киснење во када со музика и свеќи. Чекам викенд и се ставам на релакс. Хороскопот за 2019та уште од старт почна да се исполнува Арно си верував порано и си читав редовно, што ми требаше да се откажувам за да изгледам попаметна?? Свашта значи.
Денес конечно малце да не остават нас тројца сами. Уживам во правењето ништо. Свекрва ми и золва ми отидоа на некаква презентација, мм спие во едната соба, бебуш до мене, а ја уживам во тишината и мирот што никој не ми проаѓа пред тв. И многу ми е убаво што знам дека нема никој друг дома. Два саати раат. Се надевам ќе ги задржат повеќе Денес на бебе првпат му воведов цврста храна и многу бев среќа додека го гледав како ја вкусува.
Коа ќе откриеш дека Ана Краш била девојка на твојот омилен Девендра Бенхарт.Плус србинка. Од тука, полека се одмотува клопчето. Случајно Дев Хајнс од Блад Оринџ прича српски на инстаграм, па откриваш дека Ана раскинала со Девендра па се фатила со еден од најпознатите рапери. Чекај да видам што прави Девендра? Бивша му била Натали Портман.... Денов, како у мое село. Виа со ниа, е*aте Во чест.....
Денес... Посегнувам по црно чоколадо растопено од сончевите зраци и се разлевам низ временската хронологија.
Today, i know what i wanna do, but i don't know what for.. Да се организирам и да ги искупам сите билети за сите концерти и за сите места додека ме држи ова, што и да е. Денес, денес колата ќе ми се падне.