Денес е ден кога: 1) Имам многу за правење, а 0 концентрација. 2) Сфатив дека мојот обид за capsule wardrobe backfired кога целосно несвесно излегов со старите, скинати фармерки, а новиот пар - ист таков - си го здиплив и скоро па си го фрлив. 3) Морав да се соблечам со скинатите фармерки на лекар и тоа го сфатив 20 минути откако завршив на лекар. Успат, 15 рандом луѓе ме видоа како стојам на гаќи. Лузната беше бонус плашење. 4) Сфатив дека целото малтретирање - пута 5 - беше џабе и пак не завршив работа. На крај, ќе мора да си платам. Пак. Џабе ме избуцаа само. 5) Цела недела барам рукола. Во обид да се расположам, изодев 15 минути плус до едно место да си купам рукола. После истата таа рукола ја заборавив во маркет. 4) Откако стасав дома, ме фати инат и во цел мој self-destructive glory, не се вратив по руколата. 5) Сакам да седнам и да сркам еурокрем од тага ама ни еурокрем не ми се срка. Рукола ми се јадеше. Денес е чуден, чуден ден.
денес....мало опуштање на мозокот после напорен период...чувствувам криза за шопинг...криза за шетање...криза за одмор...
Денес добив огрлица и алка од Авон на наградна игра на инстаграм...хехехе... не ми се верува дека сепак не постоеле местенки само
Денес... Хммм, креативноста ја комбинирам со бегство од реалноста. Не е на одмет да ја послужам со процент повеќе концентрација, ама мислите диригираат по нивни ритам. А јас? Јас ја слушам пролетната симфонија заведена од моќта на новиот ден.
Прв работен ден откако мобилниот ми е на сервис и го имам заменскиот на користење. На училиште прва смена, јас на работа од 8, аларм наместен во 6 и 30. Ме буди малиот и ми бара вода. Среќа пред аларм - си велам. Одам по вода, кога гледам - 7 и 38 !!!!! Паника, узбуна... Ко на цртанине кога има убрзана снимка од дешавка сум спремила 3 деца плус себе за 10 минути, се качивме во такси и стасавме на време и на школо и на работа
Денес си поразговарав со себе и убаво ми дојде. Не на спобудален начин, туку со разбирачка. Киви за појадок, темно кафе и прибирање на 70ките облеки на малата. Пак ме стега срцето кога сфаќам колку брзо расте. Најбрзо, како огнометче во моето небо - срце. Си читав некои стари мислења, некои и лански од ова време, кога сум била бремена и испочудена. Живот ми се издесил. Среќна сум за тоа.
Го слушам и ми олеснува. Тивок, мирен, лесен и се заљубив во него. Чистина и спокој. Обожавам дожд. Спремна сум за поинакво време на едно поинакво место
Денес сум како Зомбиленд. Ми се спие ми се плаче. А и денов е таков, само за мрзелување и спиење. Нит па ми се работи...
Си кажав на работа, од утре -колку пари толку музика. Ветувања и тапкања по рамо -не. Дури не видам унапредување или поголема сума на сметка нема да видат од мене резултати за какви што знаат добро дека сум способна. Трејлерот заврши, за цел филм...Че си платите. Од пофалници немам намера да живеам и его да билдам. Рекоа демек на оваа или другата плата веќе ќе се познава. Ќе видиме. Одмор резервиран. Детево под летен одмор подразбира Македонија па оди речи му дека нема да одиме. Какви дестинации испуштам на сметка на Севернава ама се знае кој е шеф во куќа. Одам по кафе.
Да имам листа на нај turn off мажи, доктори ќе се најдат на прво место. Добро, Мк доктори. Само мене ми се причинува или имаат повеќето некоја арогантна, прикриено налудничава аура но не на секси начин, туку некако...психопатски? Инаку, нешто добро се случува, многу ветувања во најава, колку ќе биде интересно ако ништо од тоа не се исполни. Ха ха. Подобро да не ми е ветено, полесно ќе е. Уште сега се спремам за разочарување за да се заштитам од шок во случај ништо да не биде, оти нежна психа па си ја пазам.
Добар ден на сите, оваа анкета е академски проект поврзан со истражување на потребите на посебно пазарно нише- ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ. Диабест е измислена слатарница за дијабетичари која нуди различни десерти без шеќер. Анкетата можете да ја одговарате во свои име или во име на ваша роднина/познајник што е дијабетичар. Анкетата е анонимна и кратка. Ве молам доколу имате минута-две одговорете на прашањата да ни помогнете поквалитетно да го разработиме проектот. Ви благодарам однапред, убав ден! https://docs.google.com/forms/d/e/1...Q0k5g_SZu0U4SXksLEMdnXKUbIwzzvaxlW1t5BY6q9_tI
Кревет, чиста постелнина и пижами, туширана чекД, мирис од портокали штотуку изедени, викенд слободен, милина. Постои ли начин риба да се испржи а да не мириса? Би јадела редовно ама да не треба да ја спремам. Се простив веќе подолго време од баници, кифли, крофни, пецива, буреци, месено, влечено, мајонези, пржени компири и слично и немам никаква потреба. Уште од благо поточно торти(чки) со богат кремаст фил да можам ама кај без пороци па и без ова ли? Толку досадна не сум. Да има дететево лудории од мене да раскажува -ееееј мајка ми во 12 на полноќ торта има јадено! Ц ц ц, за вака ли бев? Бар цигари да пушев, ебате nerd-от.