Па што не ме прашаш мене? Јас знам. И тоа точно знам каде ќе е . Сакаш да и одиме и да и се тупнеме со крпа до нејзината лежалка? Е сега треба ќеш за тоа задоволство ама ќе ја "видеме која е " е @Bridget
за малку ке направев огромна грешка на талба си пишува стоп а јас излегувам на пат како да е мој и цел сообракај го блокирав леле мајко ако се чукнев со некоја кола имаше казни да си плакам
Ако е само крпа не е толку страшно, да не е комплет маса со столчиња, прибор за салата и ракија, неколку чадори, радио, па и колата во близина...ко што знае една
Нема да те брукаме до толку де Он топик Денес е денот кога душата за прв пат не ми побара благо. Утре нека биде ден без да ми се припуши цигара.
Денес бев на работа, цел ден ќе се средувам мотивирана за депилации и убавина стотка сум.. и мислам дека донесов една важна одлука.
Денес, и вчера, и цела недела сум така под притисок, нервоза и стрес од работа што кога навечер ќе си дојдам мислам главата ќе ми испука од болка. Цел ден се прашувам што можам да направам и како да најдам подобро работно место без многу контакт со луѓе бидејќи секојдневно се среќавам со лицемерни, исфрустрирани кои само чекаат да им се појавиш ти пред очи па да те понижат на било кој начин и да си ја истурат нервозата врз тебе. Еве пратив CV на три места денес и стискам палци да ми се јават.
Денес ми е многу низок притисокот од жешково, со швепс во рака се движам, ама кај и да е, ќе се приберам дома под клима.
Кој ни внесе во глава дека во слободно време треба да правиме нешто корисно, да имаме хоби кое не исполнува и го практикуваме редовно со страст, да шетаме и патуваме и истражуваме...па сега еден ден ако го поминам дома на кревет и стандард домашни обврски, ми поттикнува чувство на вина. Опушти се будало, од утре пак си на работа. Хобито, ако е судено, само ќе си дојде, нема што ти да го бараш со сила Се мислам да купам професионален апарат и да почнам да глумам уметник, но нешто ми вели дека ќе ми здосади за брзо. Не не, ќе почекам само да ме повика. Едно утро ќе се разбудам и ќе знам дека тоа е тоа. Свашта.
Студент, штотуку завршен, земал стипендија од фирмата во која сум за време на студии со единствен услов да работи година дена после завршување, за плата нормално, без да враќа ништо. Ако не сака да работи ќе треба да ја врати стипендијата. Дојде минатиот месец, не му се свиѓале некои ситници, даде отказ и до крај на месецов ќе си оди. Си нашол друга работа и подобро му било да ги врати парите отколку да работи година дена под услови кои не му се допаѓаат. Храбро и одважно, браво. На друг колега, денес му се слоши, пребледна, шеќер му паднал рекоа, дијабетичар. Сите околу него, уште директорот што не дојде (не беше тукa). Доктор се викна, го однесoa дома и сигурнo уште нaјмaлку недела денa ќе го нема. Се потсетив на една ваква слична ситуација во Мк. И плиснаа вода на жената, се повртија околу 10 минути околу неа со -ајде ништо не ти е и кога си придојде продолжи да работи. Тoвa е. Идaм вo нoќен живoт
Денес спиев 13 часа. Си легнав во 19ч, станав во 8ч. О.о Оди биди нерасположен да те видам. Се разбудив во 4 и ме мрзеше уштр да спијам, ама презаспав. Чудо за човек со проблеми со спиењето.
Кажувам збогум на пиво и вино, си најдов различни коктелчиња од по 250 мл со вкусови што можам да ги поднесам. Мохито, космополитен, пина колада. Малку алкохол помешано со сокче, полита варијација на оргигиналните коктели ама ок. Се гледа финале Ѓокович и Федерер, да речеме дека интересно ми е. Ќе навивам за Ѓоко, атер за Македонско девојче што испеа
Денес баш сум горда на себе, уште една победа врз моите inner demons. Требаше само малку волја, малку концентрација и сѐ беше готово за неколку часа. Конечно можам мирно да легнам да спијам. Добра ноќ
Денес сериозно ми дојде да се запрашам, како може да сум опкружена со толку песимистични луѓе? Не знаеш на кој му фали поголема даска. Нив или мене што ги слушам....
Денес во план да тргам униформите за чистење во плакар и да си извадам најубавите алишта оти нели за Мк се спремам. Да биде ко што треба. Ауто треба да се зачисти, нокти да се средат, фарба, фризура...заби таму ќе правам. Here I come.