Јас сакам живот во полн здив. Секоја минута да ми е исполнета со обврски, проекти, патувања, концерти. И на 24 и на 94 Сакам фино бурен активен живот и многу пари Јас сум таква, просечното ме гуши, не сакам обичен живот Чудна ли сум ви била, деца ли не сум сакала, па мислам покрај тоа редно беше да сфатите дека вие сте гостите, а не мачорите
Раздвижувам и разбранувам емоции за сѐ што остана како непосакувано да го испратам заедно со јули. Ми се врти мисла дека идната година ова време сѐ ќе биде поинаку. Големи чекори на повидок. Нови луѓе спомени ќе создаваат тука. Нека. За воља на вистината ми треба ново катче за нови мигови.
На мојата најдобра другаркa вчера ѝ беше роденден. Традиционално, олд скул си испраќаме честитки за сите поводи. Нејзините секогаш мирисаат на Сан Лоран Денес ми вели дека луѓе како мене ретко се среќаваат и дека останала без зборови од мојата честитка. Всушност, таа е ретка. Храбра, неверојатно интелигентна, empowering woman, отсекогаш ме инспирирала и доказ дека со светот владеат жените. Почестена сум што ја имам во својот живот
Денес цела куќа мириса на...тешко. Кромид, лук, магданос, бамја, патлиџани, пиперки, месо, тиквици, компир, печурки, мирудии, модар патлиџан, морков...уште лева смрдена патика што нема во рецептот. Прв и последен пат, да ти и... турлитавата. Наместо со парфем се прскам со аутан, модри нозе ко тепана цела, што комарци ќе беа?
Им благодарам на сите присутни и ненајавени гости кои учествуваа во будењето на Анимали во единствениот нејзин слободен ден Нејзината карта чувствувам ќе биде one way
Во агенда, квалитетно замарање мозок низ звукот на тастатурата. Календарот брои денови од годишен одмор, а умот е под пресија на зависноста од работа...
Денес сакав да одам на базенот, ама нема сонце, се расипа времето. Е затоа ќе правам генералка по дома, па ќе пазарувам во маркетот и кој ќе погоди од прва што ќе јадам? Та дамммм ..... С У Ш И Ако прочитате у весник некој умрел од прејадување суши , да знаете дека тоа ќе бидам јас
Се прашувам, дали за цена на најдобрите двајца луѓе во мојот живот, се друго е отидено во погрешен правец?
Денес...имам чувство дека некој паралелен свет се случува и ми прави гужва. А се имаше затворено. плус, прв роденден во фамилијава без неа.
Ми недостига градот во кој израснав. Не град како град туку духот што тогаш го имаше. Полно народ, кафиќи, паркови, гитари, штикли, рок, па и турбо фолк. Сакам да видам дел од тоа време ама веќе не постои. Се губат и местата на кои градевме спомени. Клупата, за чудо, уште стои.
Лазањи, џиновска генералка и нови тапети Порано не ги сакав промените, а по кратката коса, не сум мирна ако не ја скршам монотонијата Има и моменти како утрово, кога со шолја какао и во пижами на балкон, се замислувам малку и се прашувам дали ќе беше горд на мене. Всушност знам дека да Сѐ останало исто, распоредот на предметите, дури и мирисот. Ама ништо не е исто
Ред зборови, ред мисли, ред чувства и одново, повторно и повторно. Знам, од утре друга мисла ќе ја мотам низ главава како грамофонска плоча, да се лута некаде. А зошто па за сѐ да има објаснување? Не си ја разбрав никогаш таа потреба за барање логика во секое нешто, во сечие битисување, во сите сенки на минатото и сегашноста. Денес допирам до она делче од себе кое долго беше скриено и со сета еуфорија му подарувам слобода да се покаже пред светот.
Денес-последен пат сум овде . Не толерирам вакви утки . Саат време до сега -прохујало с вихором... доволно за да знам што заслужувам
Швепс во чаша за мартини и се претварам дека е Космополитан Латино во позадина, а God bless America, ама и оној кој ги измислил фотелјите кои се нишаат
Да те цитирам после 10 години. Верувај со истиот став сум, не сакам да имам деца во мојот живот, му кажав и на дечко ми, за деца не сакам да правам муабет. Премногу живци требаат, а јас живци немам. За нивно добро , подобро е да немам деца. Она на што се фокусирам е мојата наголема љубов - работата, финансиска стабилност, можност да си дозволам да си купам што ми душа сака, да патувам каде јас сакам , без да се стегам, значи цврста финансиска стабилност. П.С. Сестра ми има термин за пораѓање сега на 13 Август, и реков не се разбирам јас во чување деца, од мене не може да очекува помош, па мајка ми ќе дојде на гости кај неа за да не е сама тука во Германија. (оти мажот и нон стоп е на работа ) Тоа што не сакам деца , не ме прави лоша личност. Ај да се спремам за на работа. Чус.