1. Вежбањето е the real deal кога станува збор за нервозата и стресот 2. Сакам сега да сум во Позитано, на балкон, зајдисонце, шпагети и коктели на масата 3. Денес не сакам ни сладолед 4. Ми фали баба. Жениште
@Emy867 Емилија на Бали заминала а ти Бригито расправај се со Грцине Не ми се јaсни сo пoклoниве кoгa oдaт нa oдмoр некoлку денa. Се стискaш секaде дa ти стигнaт брoените пaри, aмa сувенири зa пoлa рoдa мoрa дa имa. Мислиш нa другиoт крaј нa светoт си зaминaл и те немaлo некoлку гoдини. Бaтaли и свекрвa и сестрa и мaјкa. Седни пoкрaј мoревo и нaјaди се кo чoвек.
Ко не можеш ти да се решиш твоите евра/франковЕ/фунти да ги трошиш на Бали, ја се решив моите денари да ги пуштам поврага Бриџо. Една што беше со нас таму, ако не купи за цел град поклони, еве на. Не оптерети и нас и дечко и со ова мора да купам, на тој мора да купам, на оној... Оток. 160еу на сувенири дала. Бре! А и уште нешто требало да докупи.
Денес.. И сто литри вода, малку се. Тесна ми е кожава. Ми треба нешто. Поим немам што. Ми се бега некаде. И тоа.
Денес нешто ќе се деси. Чувствувам. Да станам да пијам кафе уште не спиена или да пробам да поспијам? Ако не станам живи луѓе ке јадам.
1. Златни ланци и бели чорапи само на Малума прифаќам 2. Од кога почнав пред донесувањето одлуки да се прашувам дали ми прави разлика, животот стана far greater 3. I wanted, it got it 4. @Doozy Ако треба помош викни, баш сум расположена
Денес... од двосед на тросед па на фотеља, па на спална и опет. Моите не ми креваат цел ден. Ме тера да им урлам кога конечно ќе кренат, ама ќе се воздржам.
@Cka Штом му е грдо, најдете компромис. Зошто да гледа во истото секој ден ако не му е убаво? По мое мислење, има доза нескладност, што го прави да изгледа ту мач.
Напротив. На драматичен тапет или имитација на камен ќе биде супер. Мене ми се допаѓа. Нека избере он да каже што е убаво, па да гласаме. Мене ми се допаѓа многу.
Денес се осеќам како воспален синус со атомска мравка наочари и Луи Витон ташна. Ама не од кичерајските со принтови што кружат низ тезгичињата на Шу&Би, туку од тие како за прави госпоЏи, само ориџинале. Је*ала ме мај инер госпоџа.
Ако некој заслужува ориџинале торби од светски марки и такви наочари, тогаш тоа се девојки како тебе Не пачаври со лош силикон. Страв-не страв се качив на вага. 4 кг плус. Одам да си умрам.
Болењево глава ми стана секојдневие, ха? Од жешко ли е, од клима ли е, вратот ли ме боли од тренинзите, умирам ли? Останува да видиме. Те мислам денес. Те мислев и вчера, веројатно затоа што се видовме завчера. Испивме по две пива и испушивме по три цигари, како стари добри пријатели. Знаеш како би те љубела, безрезервно, без план и обврски, како првиот пат. Но не сега, немам време сега, дури ни за една ноќ. Понатаму, останува да видиме. Од утре на морски воздух, да расчистам мисли. Па можеби ќе смислам нешто паметно, за мене, за тебе, за твојот предебел мачор, за секој друг што ќе ми падне на памет во меѓувреме. А се надевам дека нема да има многу такви.
Ми ја лепна и ти ко дечко ми, ми го скрши атомик блонд филмот за наочарчиња од каталог. Не биле вакви фаци за таква пвц столарија. Осмели се да купиш по коментаров. Да пројде синусов, па да ставам прст на чело ко човек. Не за фенси наочарчињата, туку малце да се преслушам. Доста толку за денес, арно пројде денот со 0 глупости и 0 испади.
Недела на сцена со последна улога од седмицата и од алертниот викенд. Резервирано денес со години наназад за комплетно негување на височеството наречено силуета. По хронологија следува: телесно мазнење, ресетирање на сетилата, скротување на темните прамени, црвен маникир на екстремитетите, голтки мохито и заживување на денешната епизода "La vita est bella". На здравје убавина во монолог