Денес беше ден за бладање; си реков крај, готово, ми се смачи, се фарбам црна. Поевтинко, поубаво, поздраво, па, па, пааа...ха, бланширани плавуши, ве победив!!!! Како да не посакаш да станеш црнка кога ќе си го свртиш Покахонтас филмот. После ми светна дека со тенов поверојатно е да личам на Северус Снејп отколку на фем фатал, но добро, да пројде денот во продуктивно размислување барем...
Денес со мислите сум во Ровињ. Прво со брод до Црвени Оток и назад, па вечера на зајдисонце во некое ресторанче со убав поглед и за крај коктел во Валентино бар... Ми треба да го осетам тој свеж мирис на море, ми треба да шетам по тие прекрасни улички... Ме потсетуваат на едно минато време. Можеби подеднакво тешко, но далеку поубаво.
Како не се погоди маж ми со 'њух' зa фoтoгрaфијa и уметнoст, кој ми е крив што не го ставив тоа во -карактеристики што треба да ги поседува. На кој да му текне. Гледам еден кaкo се врти околу сoпругaтa, од овој агол, од оној, вака застани, натаму гледај, исправи ја главата, клекни, стани...со мерак да го гледаш како се труди да долови перфектна слика. Мојов дур се наместам веќе сликнал, го оставил апаратот и си пoрaчaл зa пиење. Муза нешто, Божица?
Денес сватив дека за никој не треба да си го ставам здравјето на ризик.Поради нервоза сега ми е висок протисокот и ми тече крв од носот цел ден а можеби ќе прерасне во нешто посериозно.Никој не е вреден за мојот живот кој го имам а ми е само еден.
Спиеле на работа и се карале зошто некој имал 2 саати пауза па си седел во чаршија на кафе (нововработените од сдсм) а другите само 1 саат и не смееле да излезат од објектот, додека паузата реално треба да им е 30 минути на сите. За натпросечна плата, државна работа секако. Па -ќе видат они кога ние ќе дојдеме на власт. Од друга страна никакви услови за општи работници без книшка на приватно. За греота. И после -зошто сите сакале државно? Понудата да платам за работно место под државна капа, секоја година ми е нудена. И се чудат како можам да одбијам таква понуда. Јас се чудам со кој памет тие мислат дека ќе се вратам за да клатам стари врати и да се расправам со политика секојдневно? Луд народ.
Денес ми се пие турско кафе од едни фенси филџани кои мајка ми на времето ги чуваше демек како за пред гости. Мали црни во форма на осумаголник, со црвен раб горе. Тоа посебни, што да ти кажувам, ама многу модерни беа тогаш. Сакам кафе од тој филџан и крај, ми иде да обавам тантрум со легнување на земја и трескање со сите четири истовремено. Не сум јас да ме остави човек без обврски, губам време во глупости. Впрегни го таму створчето, нека ровари нека ја тумачи. Да не се знаело да се искористи слободен ден, брука.
Ми се оди некаде каде што ќе можам да се изнавикам и да се изнаплачам сама. Никој да не ме чуе. Да излези сево ова од мене, барем малку да ми е полесно. Камо да беше поинаку..
Денес си гушнав друг маж у гужвата. Уште ми е глупо. Само мене може да ми се случи. Ај тоа... ама што речиси за гз го фатив... и имаше 10 секунден блед обостран поглед. Истата маичка, истиот облик на глава и брада у профил... Ќе ја кажам уште 3 пати пред спиење Оче наш и Господи помилуј ме мене грешниот, да се опере ова од мене. Денес се откорнав од смеење и плачење. И притисокот ми се качи до 180, буквално. Чуден ден.
Денес е прекрасно.Си слушам музика си јадам благо си пишувам во дневникот.Среќата е надвисната над мене се смејам само како будала а незнам зошто,едноставно сум среќна и нема причина затоа.Сега ќе си одам на работа ќе си поработам кога ќе си дојдам ќе си гледам некои интеесни филмови.Прекрасен среќен ден.
Денес дознав дека имам 600 страни за учење за натпревар кој ќе се одржи за десетина дена. Ај на здравје!