Денешново денес го ставам под лупа... Некои ситници пораснаа како надојден квасец. Делот од круцијалноста што будно го набљудувам се минимизира во просторот. Со анализа, пинцета, секцирање и сам свој оперативец повлекувам дијаметрален јаз за излез на енормната загаденост и обложувам црвена постилка за О2. Уште два дена и ќе го испратам ретроградниот Меркур...
Денес сконтав дека има уште 36 години до пензија. Елем да прогураме до таму, па после одма полесно...ќе се возиме на гага у ЈСП.
Како мислам дека ми е дома пред чистење Спојлер Како мислам дека е после генералка Спојлер Па и кафе обавезно на крај, ко цигара после секс.
Денес се присетувам на твдокорната непроменливост на некои нешта и стандардно ја туркам понатаму. Не посегнувам по нови и непознати дилеми во услови на проверено и искусено задоволство. Промената може да биде поубава од навиката, ама јас и ризикот сме на спротивна страна. Не би да се прогласам за губитник кој ја руши куполата со талентиран мајстор. Вака или поинаку животот се движи...
Денес, како и секој ден додека не се вратиме назад, сакам да го преспијам. Денес е петок, а утре сабота. Денес заштедив пари бидејќи си најдов сандали под кревет. Ваљда ги заборавила пепелашка.
Денес, го видов изгревот на сонце од друг град, држава. Го испив утринското кафе далеку од местото кај што го пиев секое утро. Се осеќам изгубен, се надевам дека сето тоа ќе донесе промени во подобар правец.
Во предосадна средина се наоѓам. Не ќе можам уште долго, познавајќи се' и ова е предолго. Чекам да пукне, да се издишам. Го тапанам во себе цело време за да предизвикам експлозија. Не е проблем, ќе збирам после парчиња, ќе се створи ново, поубаво. Само нека екне. Ајде, ајде....
Денес ми е толку досадно, што дури ми доаѓа да и се тупнам на гости на комшикава до мене у стил - ево мене ја дошла, збори ми не мора кафе да вариш.