- Ми се излегува на кафе но немам со кого. - Досаден ден, може што побрзо да заврши. - Не планирам да се објаснувам на некои личности зошто сум направила одредено нешто како што сум го направила бидејќи сакаат да слушнат за да се караат, а не дека им е грижа или сл. - Не можам да најдам ништо интересно за гледање.
Денес е еден од оние денови кога посакувам Сем Смит да ми биде најдобар другар, за да има кој да ми пее терца професионално, додека уште попрофесионално ја изведувам 'we can work from hoooome o-oh-oh-hooo'. Еве не знам, не се постигнува сам, ми треба појачање.
Дур трепнав стигна последната августовска среда развлечена од сознание до силна благодарност. Се свртив во полукруг и одекнав самоуверено. Или можеби не е прва коинциденција што ме радува со восхит...
Ја немав онаа одбивност кога треба да тргнеш на работа после подолг одмор. Си влегов во шема лесно и продолжив таму каде што застанав ко да сум немала ни ден одмор. Дали јас си ја сакам својата работа? Дали колективот ми стана мил? Како дојде до ова? Почнав да читам книги пак. На почеток се успивав после 3 страни, сега до 15 издржувам Важно, напредок се гледа.
Денес? Ех, од никаде денов на залез си побара бескрупулозност, а мене ми прилегаат сарказам и гротеска. Не наметнувам поголема величина од субјективноста што фацијално ќе ме изобличи. Игнорантно одмавнав во друг правец...
Денес ми фалат уште неколку саати +, повеќе енергија или подобра организација. Како и да е, дел од обврските останаа незавршени, јас сум мртва уморна, а сабајле пак во зори треба да станам...
Луда носталгија. Некои луѓе никад нема да ги отсакам. Чудна исполнетост предизвикува моментот кога некој друг повеќе од мене верува дека сум способна да ги исполнам моите соништа. Чудна убавина.